Лекции по психоанализа (13). Во сите особено значајни моменти додека ја раскажуваше својата приказна, неговото лице добиваше чуден, сложен израз, кој се чинеше неразбирлив на прв поглед. Јас можев да го толкувам само како вид ужас пред задоволството кое тој сам не беше свесен дека го чувствува. Продолжи со големи напори и тешкотии: „Во тој момент низ мојот ум проблесна мислата дека ова (мачење со стаорци) се случува на личност која ми е многу ...

Во психоаналитичката терминологија, хистеријата е единствениот дијагностички поим кој не е создаден во деветнаесеттиот век. Поимите деменција прекокс (психоза) и перверзија биле воведени од релативно новата наука психијатрија во средината на тој век, додека терминот опсесивна невроза најверојатно го вовел самиот Фројд. Хистеријата е поинаква; таа е поим со многу долга историја. Постоела уште во античка Грција кога хистеријата се сметала за ...