Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Израел го потврди приемот на останките од заложникот Мени Годард, кој беше убиен на 7 октомври 2023 година. Според мировниот договор, Хамас мора да врати уште 3 тела, откако веќе ги предаде сите 20 живи заложници. За секој мртов заложник, Израел ќе врати 15 палестински тела. Израел потврди дека екстремистичкото палестинско исламистичко движење Хамас во четвртокот ги предаде останките на уште еден израелски заложник, кој беше киднапиран во ...
Во населбата Бањица во Белград денеска се случи тешка сообраќајна несреќа кога автомобил, од непознати причини, излета од коловозот и директно удри во група улични продавачи кои стоеја покрај тротоарот, точно кај семафорите, објавија белградските медиуми. Видеата и фотографиите од местото на настанот покажуваат бел автомобил кој завршил на трева, потпрен на ограда, додека голем број луѓе се собрани околу него обидувајќи се да им помогнат на ...
Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот. Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување. Во теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат ...
Како што старееме, сите сакаме да се чувствуваме ментално свежи и бистри. Но, како всушност да го одржите вашиот ум фокусиран и остар, особено во брзиот живот? Познатиот британски лекар д-р Амир Кан, кој се соочува со ова прашање секој ден во својата пракса, открил пет научно засновани навики за кои е докажано дека помагаат во зачувувањето на менталната виталност, пишува Express. Д-р Кан истакнува дека физичката активност е корисна не само за ...
Трагична несреќа што се случи во раните утрински часови во четврток предизвика тага и шок во грчкиот град Лариса, кога 49-годишна сопственичка на пекара трагично починала додека работела. Локалните грчки медиуми јавуваат дека според првичните извештаи, несреќната жена, под сè уште нејасни околности, трагично починала кога косата ѝ се заплеткала во миксер за тесто. И покрај брзата реакција на вработените и интервенцијата на лекарите од итната ...
Географска положба и пристаништата во Антверпен и Зебриж, низ кои минуваат милиони тони товар, ја направија Белгија „ветена земја“ за шверц на кокаин, хероин и синтетички дроги во Европа, оценува бриселскиот портал „Еурактив“. – Пристапот до длабоки води, постојаниот транзит на контејнери и слободите што ги нуди Шенген зоната, ја прават земјата сон за трговците со дрога и кошмар за органите за спроведување на законот, се наведува во анализата ...
Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницира измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правилото за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра. Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена „што е можно побрзо“ за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година. Тоа во пракса ...
Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски пристап кон одржлива практика, корпоративна одговорност и транспарентно управување. На вчерашната информативна и консултативна средба што се одржа во просториите на компанијата, беа разгледани приоритетните области од ESG доменот и беа споделени очекувањата, обврските и ...
Свети Николе/Скопје – Апсењето на петмина лица, меѓу кои и Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, еден ден по локалните избори, го отвора прашањето за селективната правда и политичката инструментализација на обвинителството. Додека Стоилев бил фатен на лице место со мито од 400 евра, како дел од договорени 50.000 евра, вистинското прашање е: зошто акцијата морала да почека изборите да завршат, и кој ...
Од досега анализираните 19 случаи, кај 10 пациенти е утврдено дека непотребно им се извршени васкуларни интервенции или непотребно се упатени за такви интервенции, утврди Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции што ја формираше Министерството за здравство по наводите на кардиохирургот Сашко Кедев дека на пациенти во Македонија без потреба им се вршат операции, поради профит. Од пристигнатите 25 пријави за сомнителни ...
Господине Премиер, Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се ...
Во план е студија околу тоа како се работи во приватните и државните болници низ државава што се занимаваат со кардиоваскуларна патологија, информираше на денешната прес-конференција, претседавачот на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции, доктор Жарко Христовски, одговарајќи на новинарско прашање.Јавноста на прес-конференцијата во Владата беше информирана дека до Комисијата досега биле доставени 25 случаи. Комисијата ...
Министерството за дигитална трансформација ги расчистува злоупотребите од претходните раководства и има поднесено 15 кривични пријави, откри министерот Стефан Андоновски. – Во Министерството има случаи на злоупотреби од претходни раководства и сметав дека е потребно да повикаме на одговорност. Пет од тие кривични пријави веќе се во судска постапка, што значи дека Обвинителството ги процесираше со вештачења, анализи и со документи. Дел се уште ...
Парламентот на Франција денеска ја суспендираше непопуларната реформа на пензискиот систем од 2023 година, проект на вториот мандат на претседателот Емануел Макрон. Одлуката е донесена со 255 гласови „за“ и 146 „против“, со поддршка од социјалистите, Зелените и ултрадесничарската партија Национален собир. „Воздржани“ беа пратениците од коалициската партија на Макрон – Ренесанса, додека „против“ беа пратениците од радикалната партија ...
Украински хеликоптер го собори рускиот дрон Шахид во воздух, што покажува дека властите во Киев се прилагодуваат на новите начини на одбрана од беспилотни летала лансирани од Москва. Екипажот на хеликоптерот Ми-8 успеа да го уништи Шахид во воздух користејќи ротирачки митралез М134 поставен на страната на авионот. Во видеото што стана вирално, а беше објавено вчера на сметката OSINTdefender на социјалната мрежа, може да се види украински ...
Авион од типот „Ер трактор АТ-802“, со турска регистрација, се урна во Хрватска, а телото на пилотот е пронајдено на местото на несреќата, пренесуваат хрватските медиуми. Според првичните информации, леталото исчезнало од радарот околу 17:10 часот, по што бил активиран оперативниот центар за цивилна заштита. Авионот се урнал на планински терен во близина на Госпиќ, каде што спасувачките екипи го пронашле целосно опожарен. – Денес, на 13 ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се осигура дека младите мажи од Украина не доаѓаат во Германија во голем број како бегалци, велејќи дека тие се „потребни“ во Украина. Мерц, исто така, рече дека германската влада планира да ги прилагоди бенефициите што им се даваат на украинските бегалци, така што стимулациите за работа ќе ги надминат стимулациите за останување во системот за ...
Метеоролозите за утре нѐ информираат дека наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -3 во Берово до 4 во Гевгелија, а максималните дневни од 13 во Маврово и во Берово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија. Во Скопје, сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Што се однесува до Љупчо Коцевски, почекајте и ќе видите. Вака одговори премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање во врска со најавата дека ќе продолжи процесот за разрешување на државниот јавен обвинител по завршувањето на локалните избори. Тој рече дека во шесте предложени закони од областа на правосудството, главната „реформа“ е зголемување на платите на судиите и на обвинителите, но дека тој тоа нема да го дозволи. – ...
Тивко Исчезнување на Балканскиот Бисер Преспанското Езеро, еден од најстарите и најдлабоките природни резервоари на Балканот, се соочува со најсериозната закана во својата мултимилениумска историја. Водното ниво драстично опаѓа, а еколошкиот систем е на работ на колапс. Contents Алармантни Податоци Во последните децении, езерото изгубило повеќе од 7 метри од својата длабочина (илијадници метри кубни вода). Научниците предупредуваат дека ...
Во рамки на предвидениот план и програма за работа , денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид. Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги инмформираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината. Во пријатна атмосвера ...
Градските советници денес ја одржаа третата седница, од конституирањето на новиот совет. На дневен ред беше ребаланост на буџетот на локалната самоуправа, со измени на програмите за работа на општинската администрација. Советниците на почетокот од работата, усвоија уште три точки кои се однесуваа на измени на развојните програми за капитални инвестици во областа на детската заштита и основното и средно образование. Во продолжение на ...
Десетици пациенти беа изложени на непотребен ризик бидејќи два од водечките центри за трансплантација во Велика Британија со години имплантираа срцев уред и покрај внатрешните предупредувања дека има значително повисока стапка на смртност од конкурентскиот производ. Иако британскиот здравствен систем (NHS) изрази загриженост уште во 2018 година, половина од пациентите на кои подоцна им беше поставена контроверзната механичка пумпа починаа во ...
Црниот дроб се смета за еден од најважните органи во телото бидејќи ги филтрира токсините, го регулира метаболизмот и игра клучна улога во одржувањето на здравјето на целото тело. Иако алкохолот често се наведува како главен непријател на овој орган, всушност, бројните секојдневни навики придонесуваат за неговото оптоварување, а со текот на времето можат да доведат до замастен црн дроб, пишува Elle.si, а го објавува nova.rs. Сепак, постои ...
Сè повеќе постари луѓе редовно користат канабис – честопати за ублажување на некои заболувања. Генерално недостасуваат јасни медицински податоци, но и покрај ова, постарите луѓе сè повеќе ја тестираат неговата ефикасност сами. Улрих Енерт работел напорно целиот свој живот. Тој бил мајстор столар, а дома сака да помага во градината – кога неговото тело му дозволува. Поради работата, има проблеми со колковите и грбот. Долго време користел ...
Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди врши проверка на исправноста на броилата по барање на корисниците. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска вчера го посети ова тело, чија работа опфаќа редовна и вонредна проверка на броилата, метролошка контрола на нивниот квалитет, како и вонредна инспекција на исправноста на броилата ...
Британско австралиската рударската компанија Рио Тинто го одложи проектот за експлоатација на литиум во долината на реката Јадар во западна Србија, пишува Блумберг кој тврди дека имал увид во текстот на меморандумот испратен од компанијата до српската влада. Според меморандумот испратен оваа недела, проектот Јадар ќе биде ставен во статус на „грижа и одржување“ (конзервиран). „Со оглед на недостатокот на напредок со дозволите, не сме во ...
Турција се стреми да биде еден од петте најголеми производители во светот на ретки земјени елементи и е на пат да отвори десетици рудници. Овие минерали се неопходни во голем број индустрии, а засега примат во производството има Кина. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, направени се геолошки истражувања на повеќе од 310 локации и се откриени најмалку 10 од ретките елементи. Освен ископ, Ердоган најави и центар за преработка на ...
Царинската управа во октомври ја надмина наплатата на приходи – во Буџетот се слеале 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина, информира Управата. Од почетокот на годинава, заклучно со октомври наплатените приходи од Царинската управа изнесуваат 1,77 милијарди евра, за 89,4 милиони евра повеќе од истиот период лани. ...
Роботот за ѕидање наречен WLTR успешно ги изгради ѕидовите на станбена зграда од 100 квадратни метри во 18-от округ на Будимпешта за помалку од три дена. Зградата, како што пишуваат тамошните медиуми, е изградена во септември годинава и е првата станбена зграда во Унгарија изградена од робот. – Од гледна точка на изведувачот, ова не е само технолошка куриозитет, туку и добро испланирано, економично и висококвалитетно решение – изјави Тихамер ...