Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските перспективи на земјава. – И покрај силните перформанси на јавните приходи во првите девет месеци ...

Зајакнување на капацитетите на сите фактори за одржливо управување со отпад и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“ што го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора. Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите практични искуства, постигнати резултати и знаења од областа на управувањето ...

Антикитера, мал грчки остров јужно од Пелопонез, има само 24 жители и се бори со долгорочна депопулација. За да ги зачуваат последните преостанати услуги и да внесат живот во речиси заборавената заедница, локалните власти започнаа програма што нуди исклучителни бенефиции за идните доселеници. На семејствата што ќе одлучат да се преселат во Антикитера им се обезбедуваат 500 евра месечно во текот на три години, како и куќа и земјиште, со што ...

Осум мигранти, меѓу кои и две деца, беа пронајдени во два импровизирани кампови кај местото Ресуљка, во близина на границата со Србија. Полицијата ги откри камповите за време на координирана акција насочена кон разбијување на група која со месеци шверцувала мигранти преку територијата на земјава. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мигрантите биле државјани на Пакистан и Авганистан, пренесувани илегално од Грција кон ...

Полскиот премиер Доналд Туск денеска објави нови информации за експлозијата што вчера оштети дел од железничка пруга во централна Полска. Тој потврди дека станува збор за саботажа и предупреди дека целта на напаѓачите била да дигнат во воздух воз на рутата Варшава–Дембли. Вчера беше објавено дека експлозивна направа оштетила дел од пругата во близина на Лублин. Итните служби и обвинителството излегоа на терен, а машиновозачот пријавил ...

Делови од Словенија и Италија во понеделник се борат со поплави предизвикани од обилните дождови во италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија. Тоа е автономен регион на североистокот од Италија што се граничи со Словенија и Австрија. Меѓу катастрофалните последици од обилните дождови, пишуваат словенечките медиуми, се издвојува лизгањето на земјиштето што се урна и затрупа трикатна зграда во италијанската општина Кормонс, во градот Брацано, ...

Виши суд во Белград денеска објави дека повторно е потврдено обвинението на Специјалното одделение за сузбивање корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград против раководителот на Српската железничка инфраструктура и двајца членови на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад. Во соопштението за медиумите, судот потсетува дека обвинението првично е потврдено на 17 април, но дека Апелациониот суд ја поништил ...

Германската полиција во Бохум застрела 12-годишно девојче, кое има српско државјанство во Бохум! Девојчето наводно претходно ги нападнала полицајците со два ножа, а по пукањето е пренесена во болница каде што е на интензивна нега. Полицијата во Есен, под раководство на јавното обвинителство во Бохум, ја презеде истрагата. „Околу 00:30 часот, припадници на полициската управа во Бохум интервенирале во станбена зграда бидејќи се верувало дека ...

Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, денеска официјално ја презеде функцијата од неговата претходничка. За него оваа функција не претставува привилегија, туку обврска со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упати благодарност до досегашната директорка за нејзиниот ангажман и придонес во изминатиот период. Ова е првпат по долги години на чело на ...

Авто-школите ја зголемија цената на обуките за 35% односно 8.500 денари. Новата цена важи од 1 ноември, а одлука за за поскапувањето ја донело Здружението на авто-школи. Според новите цени, обуката за возач од Б категорија од 24.500 денари е зголемена на 33.000 денари. Во цената како што е познато влегуваат 20 часови теоретската настава кои сега чинат 4.500 денари, практична настава од 36 мото часови кои сега чинат 28.500 денари. Дополнително ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе ги интервјуира пријавените кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“. На последната седница на ...

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и наКомисијата за европски прашања, на којашто се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2025 година. Укажувајќи на неиздржаноста на забелешките за немањето политичка волја во ...

Правосудниот систем претставува клучен столб на секоја демократска држава, а неговата ефикасност, капацитет и финансиска стабилност често се изложени на јавна дебата. Во Македонија ова прашање е особено актуелно во светло на реформите, кадровските промени и споредбите со европските стандарди. Прашањето за платите на судиите стана централна тема во овие денови. Според Здружението на македонските судии, значаен дел од судиите во основните ...

Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, напиша на социјалните мрежи министерот за внатрешни. работи Панче Тошковски. „Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ...

Во Македонија моментно ги реализираме најкрупните капитални проекти за изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионалниот развој, за економската стабилизација и за брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусија на Економскиот ...

Во Јапонија, децата учат за безбедност во сообраќајот преку практични, интерактивни демонстрации во наменски центри и во училиштата, а не само од учебници. Тие учествуваат во реални симулации на сообраќајни сценарија, учат како се однесуваат возилата и вежбаат преминување улици и користење пешачки премини под водство на безбедносни службеници. Овој интерактивен пристап, кој може да вклучува минијатурни улични поставки и демонстрации на судири ...

Србија се соочува со еден од најтешките економски удари во последните години, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 500 % за сите земји што тргуваат со Русија. Новата мерка, според аналитичарите, може сериозно да го наруши увозно-извозниот баланс на Белград и да ја стави српската економија под невиден притисок. Американскиот претседател Доналд Трамп објасни дека санкциите се дел од поширока ...

Дијана Хрка, мајка на Стефан, една од 16-те жртви од уривањето на кровната покривка во Нови Сад, која штрајкува со глад веќе 16-ти ден, најави прес-конференција денес во 17 часот пред шаторот во Српскиот парламент, или Чациленда. „Србија, твој ред е. Во понеделник, 17 ноември во 17 часот, прес-конференција. Студенти, средношколци, работници, хорови, граѓани, дојдете и да се договориме. Не одам никаде оттука, ве поканувам сите на договор, без ...

Philip Morris BiH ги додаде никотинските кесички ZYN во своето портфолио на производи без чад наменети за возрасни. ZYN содржи никотин и ароми во комбинација со состојки за храна. Philip Morris International (PMI) верува дека најдобриот здравствен исход за пушачите е целосно да се откажат од пушењето. Сепак, податоците покажуваат дека само еден од десет пушачи успешно се откажува во рок од една година. За оние кои инаку би продолжиле да ...

Тригодишната кампања за воведување на вакцината против човечкиот папилома вирус (HPV) во земјите со ниски приходи спречи 1,4 милиони смртни случаи од рак на грлото на матката, објави во понеделник Глобалната алијанса за вакцини (GAVI). Се проценува дека 86 милиони девојчиња сега се заштитени од водечката причина за рак на грлото на матката, благодарение на координираните тригодишни напори на GAVI и земјите со ниски приходи“, соопшти ...

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, е осудена на смрт од суд за злосторства против човештвото. Хасина нареди задушување на масовните студентски протести минатата година, во кои загинаа околу 1.400 луѓе. Хасина ја отфрли пресудата како политички мотивирана. Кривичен суд во Бангладеш денес ја прогласи поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, за виновна за злосторства против човештвото и ја осуди на смрт, објави британскиот ...

Експлозијата што оштети дел од железничката линија Варшава-Лублин беше „невиден чин на саботажа“ насочен кон безбедноста на Полска и нејзините граѓани, изјави во понеделник полскиот премиер Доналд Туск, нагласувајќи дека сторителите ќе бидат пронајдени без оглед на тоа кој стои зад нив. Инцидентот, кој се случи на една од клучните железнички рути кон Украина, доаѓа во време кога Полска и другите европски земји се соочуваат со бран палежи, ...

Денес се случува голем астролошки настан: Јупитер, планетата на среќата, експанзијата и значењето, ја започнува својата ретроградна положба во водниот знак Рак на 11 ноември 2025 година (на 25°09′). Ова отвора период што трае до 10 март 2026 година и нè поканува да забавиме, да застанеме и повторно да се поврземе со себеси. Овој циклус ја нагласува важноста на емоционалната зрелост, нежноста кон себе и довербата во внатрешното водство. Што ...

Астролозите велат дека крајот на ноември носи извонреден период за три знаци – време на длабоки емоции, нови почетоци и изненадувачки животни промени. Астролозите предвидуваат дека крајот на ноември ќе донесе посебна енергија што ќе биде најповолна за три знаци. Вибрациите на водата и огнот, влијанието на Сонцето во Шкорпија и движењето на Марс создаваат простор за љубов, поддршка и пробиви што можат да ги допрат и личните врски и животните ...

Во просториите на Општина Дебрца денес се одржа првата конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општина Дебрца. На седницата беа верификувани мандатите на советниците, со што официјално започна мандатниот период на новиот советнички состав. За претседадел на новиот советнички состав е избран Иван Стрезоски. Свое присуство на седницата имаа и учениците од хорoт при ООУ „Дебрца“, кои со изведба на неколку композиции ја збогатија ...

Врз основа на Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој за 2025 година, од Г2 програмата за потикнување на развојот на туризмот, предвидено e субвенционирање на дел од уплатената туристичка такса, која ја уплаќаат физичките лица кои вршат угостителска дејност во општина Охрид. Согласно истата и донесениот Правилник за субвенционирање- (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност ...

Секој од нас понекогаш се фаќа себеси како седи подгрбавено, со глава наведната над телефонот или компјутерот. Но, физиотерапевтите и невролозите предупредуваат дека оваа на прв поглед безопасна навика може да има изненадувачки последици за мозокот и концентрацијата. Популарната фраза што кружи на социјалните мрежи – „кога телото се наведнува, умот се повлекува“ – можеби е поедноставена, но зад себе има научна логика. Истражувањата покажуваат ...

На 12 ноември 2025 година, во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица, ќе биде отворена изложбата на делата создадени во рамките на 35. и 36. издание на меѓународната Ликовна колонија „Галичник“. Биеналниот проект со наслов „Колективна културна меморија: Постмеморија“, е кураторски концепт на д-р Ана Франговска, кој се фокусира на улогата на личната и колективната меморија во современата уметност. Препознавајќи ја важноста ...

Во среда, на 19 ноември, Македонскиот народен театар ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Немцети Шиназ“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја”, соопшти театарот. – Ова гостување е повеќе од еднократен културен настан, и е ново поглавје во нашата меѓународна соработка. Унгарската публика ќе има можност да ја почувствува енергијата на „Ничија земја”, а ние со ист ентузијазам го очекуваме нивното ...

Сериозна паника за она што треба да го спроведат се изразува во обраќањето на судиите до премиерот Христијан Мицкоски, оцени Ѓорѓија Сајкоски во синоќешното гостување на ТВ Сител. – Во однос на писмото и како тие реагираат, мислам дека писмото е повеќе насочено кон самите нив, а не кон ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи со ваква реакција и со вакво писмо тие укажуваат дека кај нив се случува сериозна паника за она што треба да го спроведат – рече тој. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Цинк

3.10

Паладиум

57935.65

Калај

44.73

Алуминиум

3.14

Родиум

310254.70

Кобалт

59.52

Злато

144981.23

Платина

72292.89

Иридиум

169549.30

Сребро

2569.43

Рутениум

44946.74

Бакар

11.84