Истражителите ги откриваат најморничавите детали од убиството што ја потресе штипската и македонската јавност: 74-годишниот Д.А. е осомничен дека од љубомора и љубовни недоразбирања ја усмртил 79-годишната Б.Н., ја држел против нејзина волја во својот дом, а потоа ја заклал, ја распарчил и го закопал трупот во дворот. Главата и рацете сè уште не се пронајдени. Случајот почнал да се разоткрива на 24 октомври, кога сестрата на исчезнатата, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека е објавен јавниот повик преку кој секој студент ќе може да добие 15.300 денари за набавка на електронски уред, мерка што, како што истакна, претставува исполнување на владиното предизборно ветување. Мицкоски рече дека повикот е наменет за околу 55.000 студенти, кои од денеска можат да аплицираат. – Ги повикувам сите студенти да се пријават. Она што го ветивме, тоа и го реализираме. Секој ...

Во рамките на коалицијата траат разговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали се утврдени ресорите со партенрерот ВРЕДИ во контекст на најавените промени во составот на Владата. Мицкоски, кој денеска беше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во Гази Баба, прашан дали ќе има промени на ресорите чии први луѓе доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека партијата во овој момент е фокусирана на ...

Повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша, како и Центар Жупа ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, – соопшти денеска во писмена изјава претседателот на Собранието Африм Гаши. Тој вели дека во, својство на претседател на законодавниот дом ја потпишал одлуката за распишување на изборите, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство. „Со стапувањето во сила на овој акт, ...

Зголемените буџетски вложувања за Воената академија и за секторот одбрана се во фокусот на предлог-буџетот за 2026 година, кој деновиве е пред пратениците во Собранието. Најавените средства, според пратеникот Драган Ковачки, треба да донесат посилна, помодерна и поквалификувана армиска структура. Воената академија е една од институциите што добива најголемо зголемување на средствата – дури 419 % повеќе во споредба со тековниот буџет. Ковачки ...

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците, смета премиерот Христијан Мицкоски. – Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд. Така ...

Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”. Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски. Општината учествуваше на повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на ...

Недела – работен ден Денес, заедно со претставници на Општина Дебрца остваривме значајна работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија), г-дин Петер Лотар и г-дин Јоханес Пап. Со особено задоволство ја примивме нивната вредна донација – противпожарно возило што значително ќе го засили капацитетот на општината и волонтерската противпожарна служба во справување со пожари и кризнични ситуации. Заедно со командирот Борко ...

Сојузот на синдикатите (ССМ) денеска побара минималната плата да се зголеми интервентно до крајот на годинава на 600 или 700 евра, повикувајќи се на анкета според која работниците во земјава. Владата, пак, се залага за зголемување на минималната плата според законските критериуми еднаш годишно во март, а за иннтервентно зголемување очекуваат да се договорат синдикаитте и работодавачите. Анкетата ССМ е направена на 11 и 12 овој месец на ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска порача дека Буџетот за 2026 година е „развоен, реален и одговорен“, нагласувајќи дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи државата е финансиски стабилна, сите обврски се покриени и пензиите и платите остануваат безбедни. Во гостувањето во емисијата Тема на денот на Сител, таа објасни дека проектирањето на буџетот претставувало сериозен предизвик поради обврската за фискална ...

Буџетот за судството за следната година е планиран рационално, во рамки на законските лимити и во контекст на фискалната консолидација, а во моментот се прават анализи за процентот од буџетот кој што му следува во судството согласно европските практики, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска. – Во 2025 година буџетот за судството изнесуваше 2,858 милијарди денари, а со ребалансот изнесува 2,748 милијарди денари. За ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан верува дека конфликтот во Украина би можел да заврши во блиска иднина, за која рече дека „нема шанси да го добие конфликтот со Русија“. „Мислам дека сме многу блиску до мир“, рече Орбан, додавајќи дека ако тоа се случи, Западот ќе мора да заземе единствен став, бидејќи во моментов нема консензус за украинското прашање. Додека американскиот претседател Доналд Трамп промовира мировни иницијативи, Орбан вели: ...

Минатата година, 47-годишен маж од Њу Џерси починал ненадејно по семеен пикник со хамбургери. Минатата година, 47-годишен Американец одеднаш паднал на подот во бањата и починал. Обдукцијата дури и не ја пронашла причината за смртта. Неколку месеци подоцна, неговата вдовица ја открила причината со помош на докторот. Бидејќи обдукцијата не дала никакво појаснување, вдовицата се обратила кај семејниот пријател и педијатар д-р Ерин Мекфили. ...

Во главниот град на Мексико вчера се одржаа жестоки протести што се организираа преку социјалните мрежи, против сѐ повисоката стапка на криминал, корупција и неказнивост, како и против владата на претседателката Клаудија Шајнбаум. Најмалку 120 луѓе се повредини во насилствата, голем дел од нив, дури 100 се полицајци, пренесе Би-Би-Си. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата што ја штитеше Националната палата, резиденцијата на ...

Украина ќе увезува гас од Грција за да го покривањето на зимските потреби, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, ветувајќи дека ќе обезбеди речиси 2 милијарди евра за компензација на руските напади врз домашното производство. – Денеска веќе подготвивме договор со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште еден пат за снабдување со гас за да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе. Веќе имаме договори за финансирање на ...

Македонскиот државјанин Ислами Месут (60), кој загина во страотната сообраќајна несреќа што вчера се случи на периферијата на Равена, бил почитуван и вреден човек, кој со своето семејство веќе 20 години живеел во италијанскиот град Луго, во општината Волтана. Несреќата се случи во близина на каменоломот Фосо Џијаја, каде директно се судрија два тешки камиона, при што Месут загина, а возачот на другиот камион е повреден. Според италијанските ...

Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул. Приведени се управителот на хотелот и двајца работници задолжени за дезинфекција. Со нив, бројот на уапсени во случајот се зголеми на седум. Семејството – мајка, татко и две деца од 3 и 6 години – на 9 ноември пристигнало во Истанбул од Германија, каде живеело. На 12 ноември ...

Аукциската куќа Фелцман од западна Германија се најде во центарот на скандал откако објави продажбата на предмети што им припаѓаат на жртвите од Холокаустот. Аукцијата, закажана за понеделник во Нојс, во близина на Дизелдорф, предизвика бура низ целиот свет. Меѓународниот комитет за Аушвиц (IAC) основан од преживеани од логорот на смртта Аушвиц апелираше до германска аукциска куќа да ја откаже продажбата на стотици артефакти од времето на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено изутрина по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Подоцна во текот на денот ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе ...

На денешната комисиска расправа за Предлог буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков кој истакна дека со буџетот се предвидува раст на БДП, стабилизирање на инфлацијата, односно буџет кој одговара на потребите на граѓаните и овозможува подобри услови во повеќе области. – За 2026 како основен економски индикатор се предвидува раст на БДП од 3,8%, во четири последователни квартали имаме раст од 3%, ...

На булеварот Борис Трајковски во Скопје, вчера околу 23 часот, се судрија „фолксваген голф“ и „БМВ“, двете со скопски регистерски ознаки. „Голфот“ го управувал 56-годишниот С.Х. од Скопје, а „БМВ-то“ 28-годишниот Ф.П., исто така од Скопје. Ударот бил толку силен што возачот на „голфот“ починал на самото место. Екипа на Итната медицинска помош само ја потврдила неговата смрт. Повредени се неговите сопатници – 52-годишната Н.Х., 24-годишната ...

Во Штип е расчистено свирепо убиство што ја потресе јавноста – 74-годишниот Д.А. од Штип се соочува со кривична пријава за убиство и противправно лишување од слобода. Според истрагата на СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција, тој ја држел 79-годишната Б.Н. против нејзина волја во својот дом, а потоа ја усмртил со остар предмет и го закопал нејзиното тело во дворот. Случајот почнал да се одмотува на 24 октомври, кога сестрата на ...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а дневната ќе достигне до 19 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во ...

Откако претседателката Сиљановска-Давкова предложи задолжително планинарење во физичкото образование, граѓаните одговорија: „Има уште работа, госпоѓо претседателке!” Contents Предметот Физичко образование, според новата претседателска иницијатива, треба да вклучува планинарење. Инспирирана од државите каде што рекреативното планинарење е дел од филозофијата на здрав живот, Гордана Сиљановска-Давкова најави модернизација на наставната ...

Одбраната на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по обвинувањата на Николовски за доделување земјоделско земјиште на Ана Стоилева, ќерка на притворениот директор на Платежната агенција, звучи како класична бирократска приказна: „Јас само потпишувам, не знаев на кого оди земјата.” Ова објаснување, всушност, не го ослободува министерот од одговорност – туку ја потврдува суштината на проблемот. Contents Одговорноста што се крие зад ...

Хамас се стреми да ја прошири контролата врз Газа, велат жителите, додека американските планови за идната администрација на територијата се обликуваат. Според неколку жители на Газа, групата сè повеќе го контролира протокот на стоки, одредува цени и наметнува такси, и покрај меѓународните барања да се разоружа и да се повлече. Откако минатиот месец стапи на сила прекинот на огнот, Хамас брзо ја врати контролата врз областите од кои Израел се ...

Нов лек против маларија развиен од „Новартис“ е исто толку ефикасен како и постојните третмани и може да помогне во борбата против растечката отпорност на лекови, соопшти компанијата оваа недела, презентирајќи ги резултатите од испитувањето во доцна фаза. Лекот, ганаплацид/лумефантрин, или ГанЛум, е развиен од компанијата и непрофитната организација „Лекови за маларија Венчр“. Беше повеќе од 97 проценти ефикасен во лекувањето на маларија во ...

Тајните мисии со беспилотни летала од Јужна Кореја во срцето на севернокорејската престолнина биле дел од планот на поранешниот јужнокорејски претседател да го потресе Ким Џонг Ун, тврдат јужнокорејските обвинители, откривајќи нови детали за заговорот. Се вели дека поранешниот јужнокорејски претседател го смислил заговорот пред неуспешниот обид за прогласување воена состојба. Јужнокорејските обвинители тврдат дека поранешниот претседател Јун ...

Во морето кај Сиетл, фока со црни дамки го спасила животот откако скокнала на палибата на чамец додека бегала од јато китови убијци. Неверојатниот миг го снимила фотографката Чарвет Друкер, а нејзините снимки за кратко време го обиколија светот, јави „Гардијан“. – Јадниче мое – се слуша гласот на Друкер на видеото. Додека животното јаде, таа му вели: – Добро си, само остани така, пријателе. Но, орките не се предале лесно. Изгледало како да ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено запирање на увозот на руски гас, објавува британскиот весник „Гардијан“. „Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности, кое Брисел го избра за да ја блокира владата на земја која не се согласува со него. Ова повеќе не се санкции, туку мерка на трговска политика. Ќе се ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Кобалт

59.52

Платина

72292.89

Алуминиум

3.14

Злато

144981.23

Цинк

3.10

Иридиум

169549.30

Бакар

11.84

Родиум

310254.70

Сребро

2569.43

Рутениум

44946.74

Паладиум

57935.65

Калај

44.73