Овој викенд успешно учествувавме на Саемот за туризам во Шумадија во Крагуевац, каде што ги претставивме нашите аранжмани и понуди за 2026 година. Искрено им благодариме на сите посетители за интересот, довербата и убавите разговори. Вашата поддршка ни дава мотивација да продолжиме да создаваме уште повеќе незаборавни патувања. ✨✈️ Со задоволство најавуваме дека и оваа година продолжуваме со нови идеи, нови дестинации и уникатни искуства за ...

Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја. – Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач – рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска. Поранешниот ...

Фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп со затворени очи, снимени за време на официјален настан во Овалнaта соба, предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи викендов, јави Си-Ен-Ен. Снимките, направени во четвртокот, го прикажуваат Трамп додека ја објавуваше владината одлука за намалување на цените на популарни лекови за слабеење. На неколку фотографии се гледа како претседателот ги држи очите затворени, а на други како се ...

Речиси еден милион жители на Филипините ги напуштиле своите домови пред налетот на супертјaфунот „Фунуон“, кој веќе носи силни ветрови и поројни дождови. Тоа се случува само неколку дена по катастрофалниот тајфун Калмаеги што однесе повеќе од 200 животи, јави ДПА. Националната агенција за справување со катастрофи објави дека над 900.000 лица се евакуирани од источните, централните и северните покраини кои се наоѓаат на патеката на тајфунот. ...

Едно лице загина и најмалку 8 се повредени во тежок судар на автомобил „цитроен“ и автобус рано утрово на Обреновачкиот пат, меѓу селата Умка и Остружница, јави РТС. Телото на возачот од „цитроенот“ било пронајдено покрај возилото, а според првичните информации од српските медиуми, токму тој можел да премине во спротивната сообраќајна лента во моментот кога наидувал автобусот на линија 860. На местото на несреќата интервенирале три екипи на ...

Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој трагично загинал во несреќата на железничката станица во Нови Сад, веќе осми ден штрајкува со глад пред српското Собрание. Нејзиниот протест се претворил во симбол на мајчинска упорност, бидејќи таа одбила да го прифати повикот за разговор со претседателот Александар Вучиќ и му порачала дека ќе го чека пред институцијата, јави „Блиц“. – Ако господинот претседател сака да разговара, нека дојде овде ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за првпат по шпекулациите за расправија со Владимир Путин, дал отворено интервју за агенцијата РИА новости. Со смирен тон и внимателен избор на зборови, тој порачал дека Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, иако „не со брзина каква што би сакале“, јави агенцијата. Интервјуто на Лавров доаѓа откако беа откажани средбите со неговиот американски колега во Будимпешта како можна ...

Британската јавна телевизија ја тресе скандал по откритието дека нејзината емисија „Панорама“ го монтирала говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на начин што сугерирал дека тој директно ги поттикнал немирите на Капитол Хил во јануари 2021 година,. Contents Тим Дејви, генерален директор на Би-би-си, и Дебора Тарнес, извршна директорка на Би-би-Си Њуз, си заминаа по серија жестоки критики за уреднички пропусти со материјалот, јави ...

Новоизбраниот градоначалник на Кичево Александар Јовановски, кандидат на Коалицијата „Твоја Македонија“ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари за, како што го нарече, историскиот успех на локалните избори. „Почитуван народе, почитувани наши кичевчани, драги пријатели и познаници по целиот свет. Сакам длабоко од срце да Ви се заблагодарам за историскиот успех, за големата победа. Вие покажавте дека заеднички можеме многу. ...

Автобусите на приватните превозници, вкупно 55, од понеделник ќе се вклучат во јавниот градски сообраќај во Скопје, а до Нова година ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Приватните превозници денеска беа на средба со Ѓорѓиевски. Паднал договор да се вклучат поинтензивно во градскиот превоз, а наталожените долгови да им бидат исплатени. Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. Ова го соопшти Агенцијата, давајќи детали за сторениот прекршок. Според написот, на операторот му е изречена времена ...

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го ...

Возач од Турција направил хаос во скопска населба откако со автомобил „бмв 5“ удрил во неколку контејнери и паркирано возило „алфа ромео“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 22-годишниот М.А.А., кој имал привремен престој во Скопје, по несреќата избегал од местото, но полицијата брзо го пронашла и привела, јави МВР.МВР соопшти дека несреќата се случила на 8 ноември 2025 година околу 22:50 часот, на сервисната улица ...

Излизган камион на магистралниот пат Струмица – Ново Село, пред влезот во едно од селата на трасата кон граничниот премин со Бугарија, предизвика застој на сообраќајот во траење од речиси еден час, од 14:10 до 15:00 часот, јави СВР Струмица. Според нивните информации, во сообраќајката нема повредени или загинати лица, а предизвикана е само материјална штета. Камионот, кој поради лизгавиот коловоз изгубил контрола, се испречил преку двете ...

Повеќе од четири ипол илјади тони отпад биле собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја започна новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на функцијата. Во операцијата, која траела 72 часа, учествувале повеќе од две ипол илјади работници. – Освен што беа исчистени сите микролокации со контејнерите, го расчистивме и речното корито на Вардар, кој по долго време повторно тече нормално. Плоштадот „Македонија“ и кејот се ...

Од комунистички кадар до вазал на ВМРО-ДПМНЕ Кога темното минато станува денешна реалност, тогаш сосема јасно е зошто наздуваме наместо да унапредуваме. На овие локални избори поранешниот претседател Бранко Црвенкоски во два наврати јавно се покажа зад кадрите на неговата творба ЗНАМ, со што остави јасна порака на која опција припаѓа. Од окорели комунист, социјалдемократ, во неговата вечна битка за тронот во СДСМ, постана вазал на ВМРО-ДПМНЕ. ...

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот охридски теквондист Ненад Целески, кој освои златен медал на Балканското теквондо првенство, кое се одржа неодамна во Дупница, Бугарија. Градоначалникот Пецаков му честиташе на младиот спортист за големиот успех и за достоинственото претставување на Охрид и Македонија на ова престижно натпреварување. Градоначалникот истакна дека ваквите резултати се голем мотив за младите ...

Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ...

Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК – ОБРАЗОВЕН ДОДАТОК ЗА ...

Гастроезофагеалната рефлуксна болест – или ГЕРБ – е хронична дигестивна состојба во која желудочната киселина се враќа во хранопроводот, цевката што ги поврзува грлото и желудникот, предизвикувајќи горушица, болка во градите и тешкотии при голтање. Повеќе од 20 проценти од Британците ќе страдаат од ГЕРБ во одреден момент од својот живот – а на 1,5 милиони им е потребна долгорочна терапија со лекови за неа. Без третман, состојбата може да ...

Научниците го развија првиот тест на здивот во светот кој може да го открие ракот на панкреас во неговите најрани фази – пред да се појават симптомите. Напредната алатка анализира примероци од здивот за специфични хемиски соединенија кои укажуваат на присуство на болеста. Contents Тестот, кој трае само 30 секунди, би можел да биде достапен во ординациите на матични лекари низ Велика Британија во рок од пет години. Во тек е големо испитување ...

Јогуртот е брз и практичен начин да ја збогатите вашата исхрана со калциум и протеини. Сè повеќе луѓе низ целиот свет ја користат оваа храна за да ја подобрат својата исхрана, а истражувањата покажуваат дека потрошувачката на јогурт значително се зголемила во последните четири децении. Порција обичен грчки јогурт содржи повеќе од 10 грама протеини и околу 111 милиграми калциум. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека многу луѓе прават една ...

Во четириесеттите години, губењето тежина често станува дополнително напорно: хормоналните промени, побавниот метаболизам и помалку време за исхрана и тренинг лесно ве исфрлаат од ритам. Ставот кон храната и дневните рутини се менува, а чувството дека „сè правиме како што треба“ не мора да значи дека внесуваме толку колку што мислиме. Добрата вест е дека постојат практични решенија кои не бараат совршенство, туку конзистентност, објавува ...

Постојат многу причини да се избегнува ултра-преработена храна, вклучувајќи ја и нејзината поврзаност со срцеви заболувања, дијабетес и дебелина, но новото истражување сугерира дека зголемениот ризик од рак на белите дробови е уште една причина за загриженост. Ултра-преработената храна содржи состојки кои „никогаш или ретко се користат во готвењето, или класи на адитиви чија функција е да го направат готовиот производ повкусен или ...

Покрај тоа што даваат чувство на топлина и енергија, билни чаеви со вистинските состојки можат да го олеснат слабеењето и да придонесат за поздрав почеток на денот. Многу луѓе го започнуваат денот со кафе, но експертите истакнуваат дека одредени билни чаеви се подобар избор ако сакаме да започнеме со варење, да елиминираме вишок течности и да го забрзаме метаболизмот. Наутро, кога телото е најподготвено за природно чистење, пиењето на ...

Дури и умерени количини на дневно вежбање може да го забават напредувањето на Алцхајмеровата болест кај постари возрасни лица кои се изложени на ризик од развој на состојбата, велат истражувачите. Луѓето често се охрабруваат да прават 10.000 чекори дневно како дел од здрава рутина, но научниците откриле дека 3.000 чекори или повеќе се чини дека ги забавуваат промените во мозокот и когнитивниот пад што го доживуваат пациентите со Алцхајмерова ...

По успешната премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, која предизвика одличен прием кај публиката и бурни аплаузи, Националната опера и балет ја најавува следната изведба на ова ремек-дело, што ќе се одржи на 28 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е ...

Охрид денес се простува од уште една урбана легенда. Почина Владимир Ангеличин Жура, македонскиот новинар и публицист кој целиот свој живот го посвети на зачувување на охридското културно наследство. Contents Владо Жура, роден на 3 ноември 1946 година во Охрид, ја испиша најзначајната страница во документирањето на минатото на овој древен град. Неговата кариера започна уште како млад, кога во 1961 година стана уредник на Радио Охрид, позиција ...

Енергетската безбедност, нуклеарната технологија, инфраструктурното финансирање, природниот гас како нова карта на енергетска поврзаност во Европа и трансформацијата на енергетските системи во ерата на вештачката интелигенција се темите на Шестиот шестиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи на 6 и 7 ноември во Атина, соопшти Министерството за енергетика. Оттаму информираа дека на форумот ...

Биткоинот падна под психолошко ниво од 100.000 долари за прв пат по повеќе од 4 месеци. Падот се случи откако инвеститорите се повлекоа од поризични средства поради растечката загриженост за одржливоста на вредноста на акциите поврзани со вештачка интелигенција. Најпознатата криптовалута во светот падна на 99.966 долари во еден момент, а денот го заврши со пад од 5% на 100.893 долари. Ова беше прв пат од 23 јуни биткоинот да се тргува под ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Паладиум

57935.65

Родиум

310254.70

Злато

144981.23

Рутениум

44946.74

Бакар

11.84

Цинк

3.10

Сребро

2569.43

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Алуминиум

3.14

Калај

44.73

Платина

72292.89