Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата. Повеќе информации може да се најдат на следното известување од Макам-Транс. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100м. на патните правци Делчево – М. Каменица и Катланово – Велес и од 100 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им противречи на изјавите на водечки владини претставници за болничарот Алекс Прети, кој беше убиен за време на викендот во Минеаполис. На прашањето дали Прети, кој бил застрелан од федерални агенти за време на интервенција, бил атентатор, Трамп одговори со „Не“. Смртта на Прети, рече тој, била „едноставно многу несреќен инцидент“ кој мора да се истражи. Заменик-шефот на кабинетот на Трамп, Стивен ...

Синдикати од образованието, културата, медиумите, индустријата, трговијата, полицијата и други сектори утре в среда, 28 јануари, од 17 часот ќе се приклучат на протестот што го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Протестот почнува од пред зградата на ССМ во Скопје, а ќе заврши пред Владата. Трендафилов: „Овој протест е за платата на секој работник“ Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека протестот е одговор ...

Под влијание на циклонален вртлог со центар над Џеновскиот залив се до крајот на седмицава во Македонија ќе имаме многу променливо време со чести локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. На планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег а кон крајот на седмицава врнежи од дожд и од снег ќе има и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од Македонија. Ќе дува јужен и југоисточен ...

Денешниот ден посветен на светителот Сава ги истакнува просветата и духовното единство на српскиот народ, вклучително и на граѓаните кои живеат тука во Македонија, но во исто време е еден од камен темелниците на балканското духовно и културно наследство заедно со светлите ликови и датуми на останатите балкански народи. Тие се нашата заедничка ризница и ние како генерација сме должни да ја негуваме меѓусебната почит и разбирање и на тој начин ...

Европската комисија најави поддршка во износ од 171 милион евра за поттикнување на развојот на инфраструктурата и растот на приватниот сектор во Западен Балкан. Од овој износ, 94,7 милиони евра се наменети за инфраструктурни инвестиции, 76,3 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, додека 2,9 милиони евра се определени за четири проекти за техничка помош во Албанија и Босна и Херцеговина. Овие проекти се насочени кон подготовка на идни ...

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ( 27 јануари) ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. Утрешниот протест, како што посочи, е поради ...

На пазарот Кан во Њу Делхи, Атул Мехра е оптимист дека договорот меѓу Европската Унија, најголемиот единствен пазар во светот, и Индија, најбрзорастечката голема економија во светот, ќе го оживее неговиот бизнис со скапоцени камења и накит. Минатата година загубил четвртина од своите приходи откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 50 отсто за неговата земја. „Претрпевме огромни загуби откако беа воведени царините, ...

Европската Унија и Соединетите Држави скицираа „рамка за просперитет“ за Украина, дизајнирана да му обезбеди на Киев финансиски гаранции, заедно со безбедносни гаранции, за стабилизирање на Украина по завршувањето на војната со Русија. Документот од 18 страници, кој го виде Радио Слободна Европа вели дека иако 800 милијарди долари би можеле да бидат мобилизирани за Украина до 2040 година, непосредната цел е да се задоволи потребата на ...

Фотографијата има симболичен карактер за заканите на кои се изложени Западот, Германија и другите земји од ЕУ во хибридната војна која Русија ја води против нив. И пред сè, таа покажува колку се блиски руските агенти со германските политичари: официјалната фотографија на украинската влада го прикажува претседателот Володимир Зеленски во декември во Берлин до канцеларот Фридрих Мерц за време на еден економски конгрес. Зад Мерц и Зеленски седи ...

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во ...

На 26.01.2026 во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат с.Татомир – Кратово, во с.Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена ...

Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната ги отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници. Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока. Претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски вели дека се ...

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 од 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-9420/7 од 12.07.2022 година и Одлуката за изменување и дополнување ...

Чест ми е што денеска имав можност да присуствувам на традиционалната свеченост по повод Националниот празник на Србите – Св. Сава, која се одржува во Охрид, во организација на друштвото „Коштана“ и почесниот конзул на Република Србија, Михајло Филев. Настанот помина во духот на заедништвото и уште еднаш ја потврди важноста на меѓусебното разбирање и соживот на локално ниво. Им го честитам овој голем празник на сите сограѓани од српската ...

Скопски регион До овој момент во РЦУК Скопје нема пристигнато пријави за штети предизвикани од врнежите од дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи. Струмички регион Според информациите од ЕЛС Струмица, состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување. Поради излевањето на реката Тркања кај селата Сачево и Муртино поплавени се поголеми ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека наскоро ќе се надмине проблемот со македонските превозници, кои од понеделникот, 26 јануари, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини. Тие бараат измена на правилото на Европската Унијаза електронската евиденција (ЕЕС) за престој во шенген-зоната и негово усогласување со правилото 90/180 дена. Мицкоски потсети дека ова прашање е отворено уште од септември ...

Во текот на ноќва и утре 28 Јануари среда претпладнето ни следува краткотрајно стабилизирање на времето и престанок на врнежите како и разведрување па така утрото на ден 28 Јануари 2026 среда ќе биде релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени а преку денот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 7 степени. Сепак под ...

САД распоредуваат борбени авиони, воздушна одбрана и носач на авиони што носи илјадници војници на Блискиот Исток, зголемувајќи ги тензиите со Иран и зголемувајќи ја веројатноста за воена акција, велат експертите. Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со воени напади врз Иран откако властите во Техеран убија илјадници луѓе во бруталното задушување на антивладините протести. Трамп неодамна се откажа од ваквите закани, иако не исклучи ...

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава. Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку ...

Вкупно четири пријави пристигнале на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Северна Македонија заклучно со 26 јануари. Од собраниската прес-служба потврдуваат дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали кои се подносителите. Рокот за пријавување во согласност со законот истекува денеска на полноќ. Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Северна ...

Три дена по смртоносните истрели врз 37-годишен маж во Минеаполис, првите припадници на американската служба за имиграција ИЦЕ и на граничната служба треба да бидат повлечени од големиот град. Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека повлекувањето треба да започне денеска. Тој не даде подетални информации за тоа кого или колку службеници го засега ова. Трамп ...

Леон Вајнтрауб сè уште живо се сеќава на денот кога нацистите влегле во неговиот полски роден град Лоѓ на 9 септември 1939 година: „Дојдоа, навидум бескрајни колони високи, здрави млади војници во зелени униформи на Вермахтот. Звукот на нивните потковани чизми на калдрмата сè уште ми прави трнење по ‘рбетот“, вели тој за ДВ. „Зрачеа толку многу моќ. Ќе здробеа сè на својот пат“, вели Вајнтрауб во интервјуто направено по повод Меѓународниот ...

БЛОКАДИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато. Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а ...

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со згрозеност и револт реагира на срамната пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал. Фрапантно е што и во 2026 година, во земја членка на Европската унија, се емитуваат емисии кои отворено ја ...

Црквата на Преображението Господово од 12. век во Полотск, Белорусија, е во процедура за можно вклучување на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Станува збор за еден од највредните и најдобро сочувани средновековни православни храмови во Источна Европа. Според белоруските власти, објектот претставува исклучителен пример на црковна архитектура, зачуван речиси во оригиналната форма. Посебната вредност на храмот лежи во фактот што ...

Инвеститорите, поради непредвидливоста на политиката на претседателот на САД, Доналд Трамп, се поттикнати да бегаат кон злато и сребро. Со растечката побарувачка, цената на златото во неделата за првпат ја достигна границата од 5000 долари. Една унца злато се тргуваше по 5026 долари (4237 евра), додека цената на една унца сребро уште во петокот се искачи над 102 долари. Во јануари 2024 година, цената на една унца злато изнесуваше нешто над ...

Во Обединетите Арапски Емирати, со посредство на САД, се завршени преговорите меѓу Украина и Русија во трилатерален формат. Делегациите отпатуваа за да ги усогласат позициите разработени во Абу Даби. Можно е делегациите наскоро да се вратат на преговарачката маса. Ова го објави украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот одржан во петокот и во саботата (23 и 24 јануари). „За првпат по долго време, имавме ваков формат – дводневни ...

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, додека цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар) Дизел ...

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. ________________________________________ (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) • до 10 km/h над дозволеното – 15 € • од 10 до 30 km/h – 50 € • од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
91%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
76%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
67%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
91%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.49
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
65%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.85
71%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.32
59%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
67%
1010
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.2
87%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Калај

53.60

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33