Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Нашиот великан Григор Прличев заслужува огромна почит и трајно вреднување. Водени од таа обврска и оваа година подготвивме богата програма во рамки на традиоционалната манифестација “Прличеви Беседи”. Ве покануваме да бидете дел од културните настани и заедно да му оддадеме почит на неговото творештво. Нека е вечен споменот на Григор Прличев, Охрид се гордее со неговите дела ! Нашиот великан Григор Прличев заслужува огромна почит и трајно ...
Целосната имплементација на системот за влез/излез (EES) на Европската Унија е одложена од април за септември 2026 година поради страв од сериозен метеж на границите во текот на летната туристичка сезона, потврди Европската комисија. Иако EES почна постепено да се применува од октомври 2025 година, на аеродромите и пристаништата веќе се појавија значителни проблеми, вклучувајќи долги редици, доцнења и пропуштени летови. Патниците од земјите ...
Анкетите покажуваат дека, по една година од неговиот втор мандат, единствениот претседател кој бил уште помалку популарен од него е повторно Доналд Трамп, но за време на неговиот прв мандат како лидер на САД. Последното истражување на јавното мнение од институтот Пју Рисрч, објавено минатиот четврток, покажува дека 37 проценти, нешто повеќе од една третина Американци, ја одобруваат работата на Трамп. Последната анкета на Галуп од декември ...
На врнежите во Македонија им нема никаков крај, тоа значи дека кај нас и понатаму продолжува многу променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините а повремено врнежите во следниот период повторно ќе бидат многу обилни и поројни па така до крајот на седмицава во Македонија повторно постои опасност од нови излевања на реките и нови поплавувања. Територијата на Македонија до крајот на седмицава ќе биде под влијание на циклонска ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – г.п Богородица до 60 м. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Третиот научен симпозиум за Преспанските езера официјално се отвори денес на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча, собирајќи истражувачи, претставници на органите за управување со водите и локални организации од Албанија, Грција и Македонија за да разговараат за заедничките предизвици со кои се соочува сливот на Преспа. Првата научна сесија, „Климатски промени и управување со водите“, модерирана од д-р Александар Трајче, директор на PPNEA, ...
Денеска (02.02.2026) во 15:12 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.А.(42) од с.Шум, струшко. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со струшки регистарски ознаки, при што е кое констатирано дека го управувал без положен возачки испит. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. Денеска, (02.02.2026) во 14:00 часот во ...
Функционирањето на клубот „Пулс“, неговата внатрешност, издавањето карти при влез, па сѐ до моментот кога избувнал пожарот и кога димот и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, беа дел од исказите на сведоци во судницата во Идризово на денешното продолжение на судењето за случајот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прв сведочеше гостин во дискотеката „Пулс”, којшто во пожарот се здобил ...
Обвинителството во Северна Македонија има оформено предмет во врска со запленетите пет тони марихуана во Србија, за којашто српските медиуми првично информираа дека била набавена од македонска територија. „Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Северна Македонија со овој случај, со цел обезбедување ...
Амбасадорката на С. Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, ѝ врачи признание на Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија за нејзината улога во спасувањето на најтешко повредените деца и млади во пожарот во Кочани во март 2025 година. 14 од најтешко повредените во трагедијата во Кочани беа примени на лекување во „Пирогов“. За време на средбата, амбасадорката Агнеза Руси Поповска упати благодарност до раководството на ...
Сојузното обвинителство во Германија утрово (2.02) нареди апсење на пет лица, кои се обвинети за планско прекршување на трговското ембарго кон Русија. Според обвинението, мажите преку мрежа од фиктивни компании прикривале пратки од Либек упатени кон Русија. Притоа, меѓу другото, станува збор за механички и технички делови за руската воена индустрија. Пратките првично биле прикажувани како договори меѓу две фирми во покраината ...
„Нема селективна правда, нема заштитени и нема недопирливи. Украденото мора да се врати кај народот“, порача премиерот Христијан Мицкоски на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Тој истакна дека борбата против корупцијата не завршува со покренување обвинение, туку со целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Според Мицкоски, во тек се повеќе од 50 предмети за висока корупција, ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, три лица кои сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп. – Првообвинетиот како управител на кривично ...
Во периодот од 01.01.2026-31.01.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за ...
Потресно сведочење денеска во судницата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Дејан Манасиев, кој со години работел како шанкер во објектот, ги опиша моментите на ужасот, но и голготата што ја поминува десет месеци по трагедијата. Иако нема да бара затвор за обвинетите, тој најави оштетно побарување поради уништеното здравје. „Огнот се прошири екстремно брзо. Внатре имаше околу 500 луѓе, а простор за реакција речиси и да немаше“, изјави пред ...
Во објавени електронски пораки и документи поврзани со случајот на починатиот американски милионер Џефри Епштајн се појавуваат наводи дека човечки мозоци од починати лица од Македонија биле замрзнувани и транспортирани во Соединетите Американски Држави за научно-истражувачки цели. Поранешниот директор на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума, во изјава за „360 степени“ потврдува дека станува збор за проект што се реализирал во периодот ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан нареди почеток на нуклеарни разговори со Соединетите Држави, објавија локалните медиуми во понеделник, 2 февруари откако американскиот лидер Доналд Трамп изјави дека се надева на договор за спречување на воена акција против Исламската република. По смртоносниот одговор на иранските власти на антивладините протести што кулминираа минатиот месец, Трамп се закани со воена акција и нареди испраќање на група ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров поради основи на сомнение за сторно кривично дело ...
На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид ...
Во речиси сите сојузни покраини во Германија денеска ќе има значителни проблеми во јавниот превоз. Причина е предупредувачкиот штрајк на кој повика синдикатот Верди. Автобусите, трамваите и возовите од подземните железници кај многу општински транспортни компании ќе останат во депо поради штрајкот. Според Верди, погодени се 15 сојузни покраини. Само во покраината Долна Саксонија сè уште важи обврската за мирување на штрајковите за околу ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26 јануари 2026 година. Според РКЕ, на светскиот пазар референтните цени на нафтените деривати бележат раст: бензините за 2,433%, дизелот за 4,757%, екстра лесното масло за 3,829% и мазутот за 5,973%. Дополнително, курсот на денарот во ...
Бугарија официјално ја воведе еврото како единствено средство за плаќање од 1 февруари, со што заврши едномесечниот преоден период во кој граѓаните и бизнисите можеа да користат и бугарски лев и евро при секојдневните трансакции. Од бугарското Министерство за финансии потврдија дека од вчера левовите повеќе нема да се прифаќаат за купување стоки и услуги. Трговците сега се обврзани кусурот да го враќаат исклучиво во евра, без разлика на тоа ...
На 02..02.2026 во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с.Тработивиште, делчевско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола. ...
На 01.02.2026 во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Г.(22) од с.Ношпал, битолско. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на 60 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...
На 01.02.2026 во 14:05 часот во село Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Н.(33) од истото село. Тој бил баран по наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување казната. На 01.02.2026 ...
На 01.02.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.К.(24) и Ј.С.(18), двајцата од Куманово. При претрес во домот кај М.К., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат ...
Министерството за туризам, култура и спорт на Албанија објави дека 10 икони со исклучителна национална и духовна вредност, украдени од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Лабова е Крос, повторно се вратени во сопственост на Автокефалната православна црква на Албанија. Иконите биле надвор од земјата цели 14 години, а нивното враќање е резултат на координирана акција на државната полиција и тесна институционална соработка меѓу ...
На 02.02.2026 во 02:00 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана. На 02.02.2026 во 01:05 часот на ул.„Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола. ...
Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер, изјави дека интеграцијата на Албанија во Европската Унија може да се постигне во рамките на oваа деценија. Според него, доколку албанскиот парламент и влада го одржат ова темпо на спроведување реформи, членството во ЕУ може да се постигне во рамките на мандатот на сегашниот Европски парламент, кој истекува на крајот од 2029 година. Тој учествуваше на форумот „Уште неколку ...
Германската војска моментално троши огромни суми пари. Годинава на располагање има повеќе од 108 милијарди евра – гигантска, досега невидена сума. Таа се обезбедува од тековниот сојузен буџет и од посебни фондови, за кои владата се задолжува со кредити. Со парите Бундесверот треба повторно да зајакне, откако војската со децении беше погодена од кратења на буџетот. И тоа треба да оди брзо. Министерот за одбрана, Борис Писториус (СПД), ...