Денес и утре (Понеделник и Вторник 2/3 февруари) во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено денес ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките населени места и на планините. Особено во западните предели денес ќе дува западен ветер со слаб до умерен интензитет и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во Скопје и околината ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевајне на (Калковска Река) на коловозот, се воведува забрана за ...

Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички за бело робје, Џерфи Епштајн. Во еден од мејловите, Епштајн го информираат за истражување за лек кој ќе стопира самоубиствени нагони. Во истражувањето се користеле мозоци од Македонија. – Ги зеле примероците и мозоците, најпрво на Универзитетот во Питсбург, а потоа, во 1994 година, во Колумбија. Досега имаат собрано колекција ...

Молдавија беше погоденa од прекин на електричната енергија во целата земја на 31 јануари , откако сериозен дефект во електричната мрежа на Украина предизвика колапс на клучен високонапонски далновод, со што беше прекината струјата во големи делови од земјата, вклучувајќи го и главниот град Кишињев. Властите соопштија дека снабдувањето со електрична енергија е целосно обновено подоцна истиот ден. Прекинот започна во 10:42 часот по локално ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека е подготвен за средба со синдикатот и финализирање на колективниот договор за државните службеници. Тој нагласи дека услов за преговорите е отстранување на делот за плати од Општиот колективен договор, кој, како што посочи, е збунувачки и бара дополнителни преговори. „Јас сум секогаш подготвен за средба. Можеме да договориме средба и немаше потреба од јавни коментари, бидејќи ова јас го ...

Денеска (01.02.2026) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(50) од Скопје. Околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило “сеат ибица” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М., патничко возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(25) и патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ...

Од 14.30 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево во двата правца. Од 16.05 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар. ЗАБРАНА ЗА ТТВ: Шипковица-Попова Шапка СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци ...

Економска криза, избори, па „мигранти за пари“ – вакво сценарио ја очекува државата, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче во неделното интервју за РСЕ. Власта ја обвинува за изолација на државата од европскиот пат и предупредува за врски со властите во Србија и Унгарија, но и со Русија. Наводните притисоци кон докторот Жан Митрев, според него се, „измислен рекет случај“. За случувањата во СДСМ, Филипче вели, не стравува од пуч. Господине ...

Пет тони марихуана е бројката што ја отвори најнепријатната можност за домашниот систем: дека криминалните ланци не само што минуваат низ регионот, туку можат да се потпрат и на легални шифри, дозволи и фирми кои на хартија изгледаат „чисто“. Во случајот што го водат српските органи, Обвинителството за организиран криминал соопшти дека осомничените набавиле 5.002.079,18 грама марихуана на територијата на Северна Македонија, во период од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „разговара сериозно“ со САД по неговите закани за обнова на воената акција и во услови на зголемување на американската „армада“ во напнатиот регион на Блискиот Исток. Техеран „разговара со нас и ќе видиме дали можеме да направиме нешто. Инаку, ќе видиме што ќе се случи… Имаме голема флота што се упатува таму“, изјави Трамп за Фокс њуз на 31 јануари: „Тие преговараат“. Подоцна, тој им ...

Владата на новиот чешки премиер Андреј Бабиш сигнализираше интерес за обновување на врските со Пекинг по години на затегнати односи. Но, во исто време, внимателно ги разгледува следните чекори на Прага во однос на тоа како американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се приближува на Кина и колку простор Вашингтон им остава на своите сојузници за маневрирање. Ова беше нагласено во телефонски разговор во средината на јануари меѓу чешкиот министер ...

На 01.02.2026 во 04:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Партизанска” во Битола, патничко возило ,,мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво. Б.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. На 31.01.2026 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот ...

На 01.02.2026 во 01:05 часот на ул.„Тодор Проески” во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Д.Д.(23) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило ,,голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,58 промили алкохол во крвта. На 31.01.2026 во 18:37 часот на место викано ...

На 31.01.2026 во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ш.Ш.(51), М.Х.(23), Ф.Ш. (53) од с. Чегране и 17-годишна малолетничка од с. Волковија. По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект во с. Чегране, сопственост на првопријавениот, при што кај М.Х. се пронајдени и одземени шест паковки со кокаин. Во помошна просторија на објектот ...

Започнаа врнежите од дожд и од снег во Македонија и тоа поради влијанието на циклонот кој се формираше над Јонско море и јужен Јадран. Во овие моменти врнежи имаме во поголемиот дел од Македонија и дожд претежно врне сеуште во градовите а во повисоките населени места, планините и на Скијачките центри врне снег и таму владее вистинска снежна убавина. Според табелата која ја објави УХМР до 7 часот утринава најмногу дожд има наврнато во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, притоа информирајќи ги граѓаните за начинот на функционирање на системот и за постапките во случај на евентуални несогласувања во податоците. Тошковски посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што ...

ЗАБРАНА ЗА ТТВ : Од 05:45 часот, поради врнежи од снег, e воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и ...

Иранскиот министер за надворешни работи сигнализираше подготвеност за продолжување на нуклеарните разговори со САД, додека повторно повлече цврсти црвени линии околу ракетната програма и одбранбените капацитети на Техеран, додека регионалните напори за посредување се забрзуваат поради ескалацијата на заканите од претседателот на САД Доналд Трамп. Зборувајќи на 30 јануари во Истанбул, министерот за надворешни работи Абас Аракчи рече дека ...

Илјадници граѓани повторно излегоа на улиците во Минеаполис и повеќе американски градови, протестирајќи против постапките на американската служба за имиграција ИЦЕ, откако двајца американски државјани, Рене Гуд и Алекс Прети беа убиени при акција на федералните агенти. Демонстрациите продолжуваат веќе со денови и стануваат сè помасовни. Во центарот на Минеаполис, при температури под нулата, се собраа семејства, активисти и поддржувачи на ...

На 30.01.2026 година, во СВР Штип биле пријавени два случаи на измама извршени врз повозрасни лица од Штип. Првиот случај бил пријавен во 11:30 часот од 96-годишен маж, кој навел дека бил измамен за износ од 3.500 евра. Според пријавеното, телефонски му се јавило лице кое се претставило како лекар и му соопштило дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е потребна итна операција за која требало да се плати. По претходен договор, ...

На 31.01.2026 година во 02:55 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Л.С.(52) од Охрид. Претходно на пресекот на кеј „Македонија“ со улица „Јане Сандански“ во Охрид, Л.С. управувајќи патничко возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22 годишно лице од Охрид. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека Л.С. го ...

Денеска (31.01.), полициски службеници ги лишија од слобода лицата С.А.О.(35) и К.Х.(32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти. Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко моторно возило „шкода октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ...

Јавниот долг на државата заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), објави денеска Министерството за финансии. Според официјалните податоци, вкупниот јавен долг на крајот на минатата година достигнал 10.064,1 милиони евра (околу 10 милијарди евра), од кои 4.493,9 милиони евра се надворешен, а 4.570,2 милиони евра внатрешен јавен долг. Државниот долг изнесува 5.382,5 милиони евра, односно ...

Полициски службеници од СВР Тетово на 30.01. во периодот од 14:00 часот до 16:00 часот спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово. При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви. ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град“. Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите. Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци: • непрописно паркирање; • ...

Поради продор на значително поладен воздух од север кој ќе продре во Македонија во недела на 1-ви февруари ќе дојде до формирање на секундарен циклонски систем над Јонско море и над јужен Јадран. Во ваква ситуација во Македонија ќе имаме нови врнежи кои полека и во повеќето пониски места (градови) ќе преминуваат во врнежи од снег каде ќе се формира мала снежна покривка. На планините и на Скијачките центри пак снежната покривка ќе се зголеми ...

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во Тема на денот на телевизија Сител, се осврна на темата за блокадите од страна на транспортерите кои беа актуелни изминативе денови, за што истакна дека е задоволен од тоа што ЕУ ја забрза постапката и го објави документот порано од планираното. Тој додаде дека по состанокот во Брисел ќе следи заедничка средба за разгледување на предлозите, и целта е да се понудат ...

Денеска (30.01.2026) во 17:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул.”Словенија” со ул.”Ј.Магистрала” се настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “опел” со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.Ч.(44) од Скопје и пешак малолетник од Скопје. Малолетникот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на Детска ...

Две ќерки и мајка со потекло од Турција на 25 јануари 2026 година се крстија во Српската Православна Црква во Требиње, Босна и Херцеговина. Тие пристигнале од Истанбул, го засакале и градот Требиње и Православието и за нив немало дилема. На своите турски имиња, по сопствен избор, им ги додадоа библиските имиња: Елисавета, Марија и Ана. Како што раскажуваат, претходно читале христијанска литература. Во Требиње првпат престојувале минатата ...

Превозниците од Србија и Босна и Херцеговина(БиХ) на 30 јануари објавија дека ја прекинуваат блокадата на граничните премини со шенген – зоната за товарни возила, што ја почнаа во знак на протест против построгите процедури за влез во зоната. Превозниците од Србија објавија дека во 15 часот ја прекинуваат блокадата на товарните терминали на граничните премини со шенген – зоната. Конзорциумот „Логистика“, кој ги обединува камионските ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.69
61%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
90%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.16
89%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.62
65%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.85
53%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.39
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
1.34
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.7
67%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.76
59%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
67%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
52%
1012
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.58
56%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Злато

135639.33