Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова и на голем влажен воздушен бран кој ќе биде поврзан токму со овој моќен циклон од Џенова во недела навечер 25 Јануари и во текот на ноќта кон понеделник 26 Јануари во Македонија ќе имаме пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (Повремено и локално со брзина од над 60 км/час). На планините пак над 1100/1200 метри надморска височина ќе ...
Русија го потврди своето учество во денешните преговори со Украина во Абу Даби за прв пат, по разговорите меѓу американскиот специјален претставник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ. Руската делегација ќе ја предводи шефот на воената разузнавачка служба ГРУ, Игор Костјуков, изјави советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, според новинските агенции од Москва. Пред тоа, украинскиот претседател Володимир ...
Утврдениот камп во Манзе, мало село во централна Албанија во близина на главниот град Тирана, претставува дом за околу 3.000 членови на Народната муџахединска организација на Иран (ПМОИ), позната и како Муџахедин-е-Калк (МЕК). Тие се наоѓаат во Албанија од 2013 година, кога албанската влада се согласи да ги прими по барање на САД и Обединетите нации Станува збор за исламска политичка опозициска група со социјалистички идеи, основана во 1965 ...
Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”. Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај. Разгледницата ќе биде дистрибуирана ...
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека НАТО е целосно свесен за ставот на Кралството Данска: дека за сите политички прашања – безбедноста, инвестициите и економијата – може да се преговара, но не и за „нашиот суверенитет“. „Бев информирана дека тоа не е случај. И, секако, само Данска и Гренланд можат да донесуваат одлуки за прашања што се однесуваат на Данска и Гренланд“, истакна данската премиерка во изјава објавена во четврток, по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се откаже од воведување казнени царини за вкупно осум европски земји. На неговата платформа Трут соушл, Трамп пиша дека постигнал договор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со рамката за можен иден договор за Гренланд. Трамп буквално пиша дека „врз основа на многу продуктивна средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, создадовме рамка за иден договор во однос на ...
Сеопфатна регионална проценка на хидроморфолошките услови на реките низ Балканот открива забрзано и сериозно влошување на состојбата на последните недопрени водни текови во Европа. Според анализата, процентот на речиси природни реки се намалил од 30 проценти во 2012 година на само 23 проценти во 2025 година – загуба од 2.450 речни километри. Реките во Албанија бележат најбрза деградација во регионот, пред сè поради интензивниот развој на ...
Четвртото гласање за недоверба против Европската комисија под претседателство на Урсула фон дер Лајен не успеа. Јасно мнозинство во Европскиот парламент во Стразбур го отфрли предлогот за недоверба поднесен од членови на десничарските групи. За да успее предлогот, потребно беше двотретинско мнозинство од дадените гласови. 390 пратеници гласаа против предлогот, 165 беа „за“, а десет беа воздржани. Во последните три гласања во јули и октомври, ...
Чест ми е што остварив средба со амбасадорот на Република Турција (Туркије), Н.Е. Фатих Улусој и почесниот конзул во Охрид, Абдураман Бајрактар, кои ми упатија искрени честитки за новиот мандат и ја потврдија подготвеноста за продолжување на нашата соработка во повеќе сфери на општественото живеење. Исто така, ми претставува чест што во посета на Општина Охрид беше и амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, со кого ...
Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до 18 јануари, во државава биле пријавени 2.062 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 15 ...
Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност – се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски ...
Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансофрмација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, учествуваше на првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, која се одржа денеска во Битола. На настанот присуствуваа сите 18 градоначалници на двата региона, со што официјално започна оперативната фаза на регионалниот систем за управување со отпад. На седницата беше истакнато дека воспоставувањето на МОУО е резултат на ...
Битолски регион Во Општина Крушево, на регионалниот пат Крушево – Пуста Река (пат од втор приоритет), ќе се интервенира во претпладневните часови. Патот е прооден за теренски возила и возила со соодветна зимска опрема. Во Општина Демир Хисар, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се корисниците во селото Големо Илино. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот. Охридски регион Во Општина Кичево ...
На 21.01.2026 во 11:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа З.Д.(45) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната На 21.01.2026 во 12:00 часот во ...
На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, полициски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот на Светскиот економски форум во Давос во среда изјави дека САД нема да употребат сила за да го заземат Гренланд, но повика на итни преговори за преземање на данскиот остров. Во време кога тензиите околу Гренланд покренуваат прашања за иднината на НАТО, Трамп рече дека САД ќе застанат 100 проценти зад алијансата, но се сомнева дека сојузниците од западниот воен сојуз ќе бидат тука за САД. ...
Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности ...
По краткотрајната стабилизација и престанок на врнежите која што не очекува во наредните два до три дена, веќе особено од недела 25 Јануари 2026 попладне и навечер како и во понеделник 26 Јануари 2026 во Македонија под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова ни следува нова голема промена на времето. Ќе имаме зголемена облачност со пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен и југоисточен ветер а ќе има услови и за ...
Премиерот Еди Рама денеска на Х реагираше околу информациите во дел на медиумите и социјалните мрежи во врска со Одборот за мир на Трамп за Појасот Газа, оценувајќи ги како неточни и водени од политички цели. „Некои тврдења и во медиумите дека Албанија ќе плати милијарда евра за влез во Одборот за мир во Газа, се лага. Денешна Албанија е меѓународно почитувана земја а мојата посветеност е фокусирана на довербата што ни ја дадоа албанските ...
Бебе родено во 29. гестациска недела, со родилна тежина од само 1.100 грама и срцева мана, си замина дома. Малото и силно херојче конечно ќе ја почувствува топлината на својот дом по 50 дена поминати во болница. Моментално тоа е во одлична здравствена состојба и потешко за цел еден килограм, а оваа прекрасна и охрабрувачка вест ја сподели докторот Владимир Чадиковски, кој откри дека новороденчето по раѓањето било во исклучително тешка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во завршниот говор на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека „нема да користи сила“ за да го преземе Гренланд, но дека бара „итни преговори“ за американска аквизиција на островот. Трамп истакна дека „многумина мислеле“ дека ќе прибегне кон сила, но дека тоа не е потребно. „Не сакам да користам сила. И нема да користам сила“, порача американскиот претседател пред светската јавност што го следеше ...
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека добила лична покана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја претставува земјата во Комитетот за мир, „како член-основач“. Се очекува комитетот да го надгледува управувањето со Појасот Газа откако САД посредуваа во постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, палестинска група која Вашингтон и Европската Унија ја сметаат за терористичка организација. „Храброто ...
Десетина дена пред најавениот старт на проектот „Безбеден град“, опозициската СДСМ е децидна дека нема да го поддржи предлог-законот за прекршоци, кој е клучен за целосна имплементација на системот. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека партијата не е против зголемување на безбедноста во сообраќајот, но дека нема да даде поддршка за „парцијално и недоволно регулирано воведување на системот“. „Факт е дека токму СДСМ го започна проектот ...
Според добиените информации од регионалните центри и надлежните служби, на територијата на државата во моментот нема активни врнежи од снег. Патните правци каде што претходно имаше снежна покривка се расчистуваат и опесочуваат, а сообраќајот се одвива во зимски услови, главно по влажни коловози. Екипите на ЈП Македонија пат, општинските зимски служби и јавните комунални претпријатија се континуирано на терен и постапуваат согласно ...
Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности ...
Малиот Анѓел Симоновски води тешка, но храбра борба со аутизмот и пречки во развојот, дијагноза што целосно го промени животот на неговото семејство. Неговата мајка Марија сведочи дека Анѓел до третата година се развивал одлично. „Кога беше мал, се развиваше прекрасно. На две – две и пол години зборуваше ‘мама, тато, баба, дедо’, броеше до 10 на македонски и англиски, ја знаеше азбуката, редеше сложувалки и пееше песнички. И тогаш, на три и ...
Во продолжение беше прочитан расказот „Пејач“, кој претставува значаен дел од неговото прозно творештво. Особено значаен и емотивен момент од настанот беше обраќањето на членовите на семејството, синот Филип и ќерката Викторија, кои со лични сведоштва придонесоа за целосна слика за ликот и делото на авторот. Во завршниот дел од настанот, Општина Охрид, преку раководителот на Одделението за култура, им врачи на семејството примероци од ...
Градоначалникот Пецаков ја запозна амбасадорката Филипиду со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Беше разговарано за актуелниот проект за отворање на Регионалната депонија која ќе го опфати Охридскиот и Пелагонискиот регион. Градоначалникот и амбасадорката изразија надеж за продлабочување на прекуграничната соработка со Грција во ...
Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Целта е примачот на ...