Пропадна последниот обид косовскиот парламент да избере нов претседател, откако на вчерашната седница присуствуваа само 64 пратеници од Движењето Самоопределување на премиерот Курти и нивните коалициски партнери. За избор на претседател во првиот круг е потребно присуство и поддршка од најмалку 80 пратеници, поради што гласањето не беше успешно. Седницата беше прекината и најавено е нејзино продолжување денеска. Опозициските партии ја ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека иранското раководство ги „понижило“ САД и дека Техеран ја надмудрило администрацијата на Доналд Трамп во преговорите, посочувајќи на неуспешните разговори во Исламабад и откажаното патување на американските преговарачи. Во меѓувреме, Иран предложи нов план за прекин на огнот со фокус на отворање на Ормускиот теснец, додека нуклеарното прашање би се одложило. Според аналитичарите, ваквиот пристап ...

Во судир на два воза во Индонезија, во близина на Џакарта, загинаа најмалку седум лица, а десетици се повредени. Несреќата се случила кога меѓуградски воз удрил во задниот вагон на приградски воз кој бил запрен на пругата. Според властите, до застојот дошло откако возило удрило во приградскиот воз на железничко-патен премин. Во судирот се повредени 81 лице, а сите жртви биле во последниот вагон. Сите 240 патници од меѓуградскиот воз се ...

Суперјахтата „Норд“, во сопственост на рускиот милијардер Алексеј Мордашов, минала низ Ормутскиот теснец и покрај ограничувањата за пловидба во регионот. Податоците од сервисите MarineTraffic и VesselFinder покажуваат дека 142-метарската јахта испловила од Дубаи и на 25 април ноќе го преминала теснецот кон Оман. Пловидбата се случила во период на зголемени тензии и поморска блокада, при што низ теснецот минале и други бродови, вклучително и ...

Полицијата уапсила возач на автобус кој вршел превоз на патници без да има возачка дозвола. Според информациите од МВР, објавени на социјалните мрежи, вчера на улица „Панајот Гиновски“ во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници, контролиран е автобус марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој вршел јавен превоз на патници, а шоферот не поседувал важечка возачка дозвола. Против возачот З.С. (54) од Скопје и ...

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од скопската општина Карпош ќе биде без напојување со електрична енергија, јавија од ЕВН Македонија. Детали за прекинот: Општина: Скопје – Карпош Време: од 09:00 до 14:00 часот Локација: Дел од потрошувачите на ул. Козле 2 и ул. Јуриј Гагарин Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот е неопходен поради реализација на планирани активности за подобрување на квалитетот и ...

Човекот кој вооружен упадна на вечерата на Здружението на дописници во Белата куќа е изведен пред федерален суд во Вашингтон и се соочува со три сериозни обвиненија. Обвинителството го товари и за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, за што му се заканува доживотен затвор. Дополнително, обвинет е за пренос на огнено оружје преку државни граници со намера за извршување кривично дело и за употреба на оружје при насилен ...

Час поскоро треба да се затвори процесот за укинување на насадената т.н. Пржинска влада, која одамна ја изгуби својата смисла. Наместо да биде гаранција за фер избори, таа се претвори во формалност што го оптоварува системот и ја блокира државата во периодот пред избори. Македонија не смее повеќе да троши време на модели што се наметнати однадвор, а не произлегуваат од домашна потреба и реалност. Многу поважно е сега вниманието да се насочи ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати кои стапија на сила од полноќ. Цените на Бензинот од 95 октани како и 98-мицата се зголемени за 2 денари, додека дизелот е за два и пол денари поевтин. Екстра лесното масло ќе се продава за денар помалку односно за 96 денари, а кај мазутот има минимално зголемување на 46,6 денари. Регулаторната комисија за енергетика донесе ...

Осврнувајќи се на реакциите на опозициската СДСМ за предлогот на владата за укинувањето на т.н. Пржинска или техничка влада по наредните парламентарни избори, премиерот Христијан Мицкоски повтори дека политичките партии и на лидерска средба се согласиле за напуштање на овој концепт и тие како влада направиле се што треба, па на СДСМ им посака среќа по најавите дека би можеле да го напуштат и парламентот. Премиерот повикувајќи се на изјава од ...

Ученичка од шесто одделение во два наврати била брутално малтретирана од три постари девојчиња во парк во Ѓорче Петров. Групата ја тепала, ја горела со цигари, ја понижувала и ја присилувала да јаде кучешки измет, а дел од насилството било снимено со мобилен телефон. Инцидентите се случиле среде бел ден на само неколку метри од полициската станица. Девојчето поради претрпеното деградирачко врсничко насилство добива лекарска и психијатриска ...

Јане Ченто, осуден на 13 годишна затворска казна за упадот во Собранието од 27 април 2017 година поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска за попречување на правдата и за злоупотреба на службената положба” и нагласи дека постојат дополнителни докази кои сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој се водела истрагата и судскиот процес против осудените за овој случај. Според Јане Ченто документите ...

Од Општина Кисела Вода најавуваат дека ќе извршат вонреден инспекциски надзор за околностите поради што дошло до несреќата на градилиштето на улицата Козјак во петокот, кога еден градежен работник загина, а тројца беа повредени при ископ на темели за станбена зграда. – Општината иницира вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите раководители од надлежните сектори. Ќе се направи целосна проверка на безбедносните услови, вклучително и ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на прес-конференција информираше за тековните и планираните проекти во градот, нагласувајќи дека во моментов се реализираат над 80 проекти со поддршка од Владата и дека се работи на 21 локација. Тој истакна дека и покрај проблемите што се јавуваат на терен, општината континуирано работи на нивно решавање, потенцирајќи дека Битола бележи најголем инфраструктурен развој во последните години. „Работата ...

Општина Прилеп работи, проектира обиколница на градот, а откако ќе ја испроектира, Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Прилеп, кој заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски изврши увид во реконструкцијата на Кеј 1. Мај. Николоски најави силна подршка од Владата за Прилеп и за нови проекти за развој на градот. – Овој проект за ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на UNECE Resource Management Week 2026, каде имаше свое обраќање пред високи претставници, експерти и креатори на политики од целиот свет. Во своето обраќање, Божиновска испрати силна порака дека одржливото управување со ресурсите не е избор, туку императив во време на глобални енергетски и климатски предизвици. „Се наоѓаме во период на длабока и ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 27.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 10.003,84 поени и забележа раст од 0,16%, односно 16,04 поени, додека ОМБ остана на 130,11 поени, без промена од 0,00%. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти достигна 5.954.137 денари. Ликвидноста ја предводеа Алкалоид Скопје (ALK), Комерцијална банка Скопје (KMB) и Македонски Телеком ...

Белгискиот премиер, Барт де Вевер, ја поддржува идејата Европска Унија да започне преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, објавија локални медиуми. Тој, по состанокот на Европски совет одржан во Кипар кон крајот на минатата недела, изјавил дека таквиот став го споделуваат се поголем број негови колеги. „Ќе продолжиме со целосната поддршка за Украина, но не можеме да дозволиме таа војна да трае уште со години, со толку ...

Шведска прави пресврт во образованието и се враќа кон учебниците, хартијата и пенкалото, со цел да го запре падот на писменоста. Владата смета дека дигитализацијата отишла предалеку и дека екраните им го одземаат фокусот на учениците. Затоа веќе се укинуваат таблетите за најмалите, а се воведуваат и забрани за мобилни телефони во училиштата. Училиштата добија значителни средства за набавка на учебници и класични наставни материјали. ...

Сè повеќе работници од трети земји се вработуваат во германската месна индустрија, но често под тешки и експлоататорски услови. Како што пренесува Долче Веле, истражување на АРД покажало дека тие плаќаат високи суми за посредување, поради што се задолжуваат и со години ги враќаат долговите. Најчесто станува збор за млади луѓе од Индија и Виетнам, кои доаѓаат со надеж за подобар живот, а иако имаат квалификации, во Германија често работат како ...

Рокот што Уставниот суд му го одреди на Собранието за избор на претседател на Косово истекува утре, и во моментов нема договор меѓу партиите за тоа прашање. Според одлуката на Уставниот суд, доколку претседателот на Косово не биде избран до 28 април, собранието автоматски ќе се распушти, а предвремени избори мора да се одржат во рок од 45 дена. Движењето „Самоопределување“ што има најмногу пратеници во Собранието, но не доволно за самостојно ...

Примиерот Христијан Мицкоски денес беше прашан да даде мислење околу одлуката на апелација за случајот „27 Април“. – Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат – рече Мицкоски и со жалење потенцираше на фактот дека дел на обвинители и судии денес сведочат за ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска преку прес-конференција истакна дека Брисел не бара празна реторика, туку конкретни резултати. „Филипче прво да ја стави СДСM на нозе, да престане да му слугува на Заев и да лаже, ВМРО-ДПМНЕ не е против ЕУ, туку е против лоши договори и неефикасни политики кои се слика и симбол на СДСM“, порача Петрушевски. Тој додаде дека лидерот на СДС треба да се фокусира на сопствениот двор пред да се ...

Сеќавање на херојското загинување на Никола Карев, водач на Крушевската република и еден од најголемите македонски револуционери се одбележува денеска. Карев загина на 27 април 1905 година, кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, Кочанско, во борба против османлиската војска. Роден во Крушево 23 ноември 1877 година тој е учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна ...

Бомба експлодирала во југозападна Колумбија и најмалку 13 лица се загинати а се претпоставува дека 17 се повредени. Жртвите со автобус патувале кон градот Кахибио. Командантот на вооружените сили на Колумбија, генерал Уго Лопез изјави дека нападот е терористички акт и ги обвинил Иван Мордиско, еден од најбараните лидери на вооружена група во Колумбија, како и фракцијата на Хајме Мартинез. Напаѓачите ги опиша како „терористи, фашисти и трговци ...

Завршена е потрагата по исчезнатиот жител на Вландово Горан Ременски, откако утринава е пронајден жив и во стабилна состојба во месноста Тиса, во правец кон село Чалакли, по што е предаден на семејството, соопштија надлежните служби. Во акцијата за пронаоѓање учествувале екипи од ТППЕ Валандово, кои користеле дрон опремен со термална камера, со што значително била олеснета локацијата на лицето во тешко пристапен терен. Претходно неговото ...

СДСМ во своето денешно соопштение реагира дека изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, претставува потврда на нивните тврдења за отсуство на реформски процеси и напредок во евроинтеграциите. Од партијата оценуваат дека во изминатиот период не е забележан значаен напредок, особено во делот на владеењето на правото. Се посочува дека проблем остануваат корупцијата и, како што велат, нефункционалноста на ...

Талентираните младинци се надеж за секое општество. На Македонија не и недостасуваат талентирани ученици, напротив тие често не радуваат со своите меѓународни успеси. Последен таков голем успех е освојувањето два бронзени медала на престижната Менделеев олимпијада по хемија во Москва. Средношколците – Теона Ана Георгиевска од „Јахја Ќемал” од Скопје, и Даниел Христов од „Славчо Стојменски” од Штип покажаа дека имаме таленти кои се меѓу ...

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, исто така ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ...

Иран, според порталот Аксиос, до САД испратил нов предлог за деблокада на Ормутскиот теснец и завршување на војната, при што нуклеарните преговори би биле одложени за подоцнежна фаза, потврдија американски претставник и повеќе извори запознаени со процесот. Според информациите, новиот предлог го заобиколува прашањето за нуклеарната програма со цел побрзо да се постигне договор, во услови кога дипломатските напори се во ќор-сокак, а иранското ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.04
48%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
42%
1008
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.25
40%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
52%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
35%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
58%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54