Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Во Македонија има околу 700 позитивни со ХИВ. Се проценува дека 30-ина проценти не се дијагностицирани. Од оние, пак, кај кои е потврден вирусот, 90 насто се на терапија и имаат успешен третман. Најголем предизвик останува раната дијагностика. За да се намалуваат инфекциите со ХИВ вирусот, потребен е систематски пристап, но и законски измени. Достапноста на терапијата е најважна за луѓето со ХИВ, бидејќи им овозможува здрав и нормален живот. ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Рацете на традицијата“ на авторката Елизабета Марковска. Изложбата, реализирана во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот во село Џепчиште, е посветена на традиционалните занаети и нивната трансформација од минатото кон современоста. Преку рачно изработени предмети и фотографии, посетителите ќе можат да ги откријат приказните зад секое ...
Српскиот претседател објави дека од утре запира со работа „Нафтената индустрија на Србија“ во Панчево. Ги повика граѓаните да останат смирени и најави дека ќе се обиде да има дополнителни разговори со Американците. Србија побара да се обнови лиценцата за работа на НИС додека се во тек преговорите за промена на сопственоста на компанијата која е под санкции на САД. Санкциите стапија на сила на 9-ти октомври во обид на американската ...
Газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на десетгодишна затворска казна за трагедијата кај Ласкарци повторно побарал одложување на извршувањето на казната. Иако, тој требаше денеска да замине зад решетки, повторно поднел барање за одложување зашто имал закажано операција. Претходно, шефот на возниот парк на компанијата, Ремзи Мифтари побара одложување на издржувањето на затворската казна поради операција на кила на тестиси. Тој во ...
Скокачот со стап Арманд Дуплантис и спринтерката Сидни Меклафлин-Леврон се прогласени за најдобри атлетичари во 2025 година во изборот на (World Athletics). Церемонијата на доделување награди се одржа вчеравечер во Монако. Годинава, 26-годишниот Швеѓанец стана трикратен светски шампион и трикратен светски шампион во сала, поставувајќи светски рекорди и на отворено (6,30 м) и во сала (6,27 м). Дваесет и шестгодишната Американка, ...
Три месеци откако САД го извршија првиот напад врз венецуелски брод на Карибите, на почетокот на септември, венецуелската влада реши да побара истрага која ќе ја води комисија во Националното собрание. „Ќе свикаме вонредна седница на Националното собрание со цел да предложиме формирање комисија од пратеници. Посебната комисија ќе ги истражи сериозните настани што доведоа до убиство на Венецуелци во карипските води“, изјави Хорхе Родригез, ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...
Екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес вчера извадила безживотно тело од водите на Вардар кај село Уланци во општина Градско, по дојава што ја примиле попладнето, во 14:30 часот. Трупот е предаден на надлежните служби. Информацијата ја потврди Цветанка Богоевска, јавна обвинителка на ОЈО Велес, која што информира дека биле преземени истражни мерки, меѓу кои и за утврдување на идентитетот на трупот со обдукција во Институтот ...
Денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе оствари посета на Филозофскиот Факултет – Скопје, каде заедно со деканот на факултетот Проф.д-р Оливер Бакрески, ќе потпишат Меморандум за соработка помеѓу Министерство за дигитална трансформација и Филозофски Факултет – Скопје. Во рамки на посетата ќе биде промовирана и новата бесплатна Wi-Fi зона на факултетот која е овозможена од МДТ во рамки на проектот за бесплатен ...
Утрово во државата се измерени ниски температури, кои во поголем дел од земјата се движат од -1 до 5 степени Целзиусови. Најстудено беше во Тетово, Битола и Берово со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Маврови Анови. Температура од 1 степен е забележана на Скопје-Зајчев Рид, како и во Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес. Во Крушево, Штип и Кавадарци утринската температура се ...
Денеска треба да се комплетира владината коалиција. Премиерот Мицкоски ги очекува предлозите на ВРЕДИ за пополнување на министерските места. Албанската опозиција сè повеќе се ситни. По Села, и пратеникот Илир Демири го напушта Ахмети. На повидок можно зголемување на Бадинтеровото мнозинство за клучните закони во парламентот. Откако премиерот ќе ги достави персоналните решенија, на пленарна седница во Собранието треба да ги потврди ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а ...
Почнува пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Пробниот период е предвиден до Нова година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од јануари идната година системот ќе почне целосно да се применува. Сопствениците на возилата чиешто прекршување ќе биде документирано, ќе добијат СМС ...
Да се учи за знаење а не за оценки и нема потреба од ургенции за ставање петки на крајот од секоја школска година. Вака порача министерката за образование Весна Јаневска на панел-дискусија во Струмица „Магијата е во знаењето“ на која ги повика наставниците да бидат столбот на образовниот процес. Зајакнување на соработката на релација наставник родител за реално оценување. Родителите мора да бидат и самокритични во таа насока и за однесување ...
Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот на пристапување и сте уморни од овие процеси, но сега во европската унија има моментум за проширување којшто треба да се искористи. Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во проширувањето и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина ...
Триесет и осум нови случаи со ХИВ/СИДА се регистрирани во земјава од почетокот на годинава, за 25 проценти помалку од лани – стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Имало и осум смртни случаи. Вирусот и натаму најмногу ја погодува машката популација, од новите случаи 37 се мажи, а само едно лице е од женски пол. Најголем дел од заразените се млади на возраст од 20 до 39 години. Институтот за јавно здравје нотира дека Македонија ...
Во речиси една третина од мониторираните преку 1.000 изборни настани, се злоупотребиле јавните локални објекти за логистика, складирање, но и за промоција на партиските кандидати. Најчесто биле користени детски градинки, училишта, културни домови, административни згради, музеи, галерии. Имало и злоупотреби на јавни функции, а помалку на службени возила, стои, меѓу другото, во прелиминарниот извештај за злоупотребите на административните ...
Драмскиот текст „Црнила“ на Коле Чашуле е еден од лајт-мотивите, или, голем рефрен во македонската драматургија, а секоја театарска генерација има свое видување. Претставата која зборува за лекциите кои многу тешко ги учи Македонецот низ историјата е прва соработка на режисерот Дејан Пројковски со ансамблот на прилепскиот театар. „Црнила“ отвора дијалог и размислување. По 75 години постоење кога прилепскиот театар нема свој објект уште ...
Вечер на полноќ истекува рокот за собирање потписи на независните кандидати коишто сакаат да учествуваат на повторените локални избори во четирите општини Маврово-Ростуше, Врапчиште, Гостивар и Центар Жупа. Собирањето на потписите се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар. Одлуката за повторно одржување за избор на градоначалници за овие општини е поради ...
Карциномот на простата и натаму е најчестото малигно заболување кај мажите. Лани откриени нови 500 пациенти, меѓу нив има и на 40 годишна возраст. Лекарите предупредуваат дека старосната граница каде што се јавуваат тегобите на простата кај мажите е поместена, што значи дека пациенти од 45 години треба барем еднаш во годината да направат преглед за да се спречат канцерогените заболувања. И покрај загрижувачките бројки во државата, мажите ги ...
Десетина осудени лица кои издржуваат казна затвор во казнено поправната установа во Струмица се вклучени во процесот на дооформување на своето средно образование. Меѓу нив е и Димитар кој се запиша за автомеханичар и во затворот веќе учи и ги полага испитите. Струмичкиот затвор веќе адаптираше училница. Таму осудените лица имаат консултации со професори околу наставниот материјал но и полагаат. Директорот на затворот смета дека ова е уште ...
Најголемата јапонска авиокомпанија, „Ол нипон ервејс“ објави дека откажала 65 од своите домашни летови поради проблем со софтверот што влијае на илјадници авиони на „Ербас“ низ целиот свет. Се очекува откажувањата на летови да влијаат на над 9 илјади патници што го користат аеродромот Ханеда во Токио, како и на други префектури. Втората голема јапонска авиокомпанија, „Јапан ерлајнс“ пак соопшти дека нејзината флота на авиони не е засегната од ...
Попладне во Кочани уште еден „Марш за ангелите“. Родителите на загинатите во трагедијата во „Пулс“ со повик граѓаните да им се приклучат. Маршот ќе почне во 14 и 5 од Паркот на револуцијата, а е најавен како мирен и достоинствен собир, посветен на жртвите и како потсетник дека зад секоја судска одлука стојат вистински човечки животи и семејства што сè уште ја чекаат правдата што им следува. Во судницата во затворот Идризово почна судењето за ...
Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава, соопштуваат од Министерството за финансии. Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата. Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година. Граѓаните може да запишат ...
Претседателот на САД изјави дека еден од двајцата членови на Националната гарда на Западна Вирџинија, застрелан од авганистански државјанин во близина на Белата куќа, починал. По нападот, шефот на Белата Куќа најави планови за заострување на имиграцијата, велејќи дека сегашната политика го нарушила националниот напредок и дека ќе воведе трајно запирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. „Сакам да ја изразам болката и ужасот на ...
Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата цена – парното од 1 декември во просек поскапува за 5.9 проценти за корисниците што се снабдуваат преку најголемиот систем, за ЕСМ енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје север – 7,7%. Бислимовски ја направи пресметката за сметките. Бислимовски нагласи дека е потребно долгорочно стратешко планирање и сериозна модернизација на топловодната мрежа за да се намалат дефектите, да се ...
Прво се обидел да и стави пестицид во устата, а потоа со нож и нанел неколку исеченици во пределот на вратот. 48-годишен жител од струмичко Просениково ќе одговара за обид за убиство на својата сопруга – кривично дело кое се случил завчера во семејниот дом и тоа пред очите на две малолетни деца. Тие се обиделе да ја одбранат мајка си кога насилникот сакал со шприц да и вбризга во устата пестицид. „Оштетената успеала да влезе во бањата но ...
Најмалку девет лица беа убиени од израелските сили за време на судирите со локалните групи во јужното сириско село Беит Џин. Според израелската одбрана, шестмина резервисти се повредени во нападите. Инцидентот се случил за време на операција за апсење на членови на либанската исламистичка група Ал-Џама ал-Исламија. Израел спроведува операции и на Западниот Брег, по нападот врз двајца Палестинци, Тел Авив се соочи со обвинувања дека употребува ...
Во периодот од (24/27.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 15 лица, од кои 13 за возење под ...