На форумот ќе присуствува претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од владина делегација составена од министри кои ги водат ресорите поврзани со економијата, енергетиката, транспортот и инфраструктурата. Пријавувањето за учество е во тек. Сите заинтересирани компании можат да го пријават своето учество преку стопанските комори во Македонија. По потврдувањето на регистрацијата, компаниите ќе бидат вклучени во ...

Вардар информира за младо засилување на левата бековска позиција. „На наше огромно задоволство, денес, успеавме да го обезбедиме потписот на кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески, кој во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим. Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите ...

Темелното џвакање храна може да донесе широк спектар на здравствени придобивки – од подобро варење и намалено внесување на калории, до ублажување на стресот и анксиозноста, како и подобрување на когнитивните функции, зајакнување на меморијата и зголемување на распонот на внимание. Со оглед на тоа дека постои врска помеѓу здравјето на забите, Алцхајмеровата болест и деменцијата, експертите велат дека подобрувањето на здравјето на забите би ...

„Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка. Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред“, напиша Мицкоски. „Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно ...

„Таква опасност навистина постои. И мислам дека веќе е забележлива кај учениците. Тоа е поврзано со образовниот систем, каде што учениците се обраќаат на системи за вештачка интелигенција како ЧетГПТ и други платформи за да најдат одговори на секакви прашања. И така ја губат способноста да размислуваат“, одговори Лекторски на прашањето на РИА Новости дали широката употреба на вештачката интелигенција ќе доведе до тоа луѓето да „го користат ...

„Особено сме горди што Европската Унија го препозна усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација како конкретен и опиплив резултат на нашата посветеност. Овие стратешки документи претставуваат темел за изградба на поефикасни институции, посилно владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем“, се наведува во соопштението. Министерството за правда, се додава во него, ...

Во развиена и демократска Европа, постојат околу 25.000 мини хидроелектрани (МХЕ), додека на европскиот континент во кој спаѓа и Балканот, бројката се искачува до 30.000. Огромното мнозинство од овие електрани се изградени во Германија, Италија, Франција, Шведска и Шпанија. Официјалните податоци од 2010 година, кога и започна вистинскиот бум на изградба на мини хидроцентралите, покажуваат дека тогаш имало 21.387 електрани и план да се ...

Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена, по повеќе од една деценија набљудување на црвената планета. Вселенското летало Мејвен, лансирано во 2013 година за да ја набљудува атмосферата на Марс од орбитата, мистериозно замолкна на почетокот на декември додека минуваше зад Марс. Податоците покажаа дека вселенското летало влегло во брзо вртење што ја нарушило неговата орбита и ги испразнило неговите батерии. Истражниот одбор на ...

Пластичните труби кои се појавија на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а потоа ги имаше и на другите натпреварувања, нема да бидат дозволени на престојниот мундијал. За многумина фанови овие звуци беа иритирачки, па голем број љубители на фудбалот ја поздравија ваквата одлука на ФИФА. Според Кодексот за однесување на стадионите на ФИФА, покрај вувузелите се забранети и свирчиња, труби и сите други уреди што создаваат ...

Како што наведува издавачката куќа, авторката ги предочува темелните аспекти на идентитетот на македонскиот народ, ги посочува теоретските основи, реалните историски процеси, актуелните национални и геополитички состојби и процеси и влијанија, проблемите со несоодветните термини во идентитетските определби и потребата од општествената грижа за зачувување и афирмација на идентитетските обележја на македонскиот народ. Кепеска пишува и за некои ...

Според анализата, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај, првпат по закрепнувањето од ковидот, помал број пазари, како што се Македонија, Албанија и Молдавија, кои припаѓаат на географска Европа, но се земји надвор од ЕУ, продолжуваат да бележат зголемувања. Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, бележат двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет ...

„Како што знаете претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го започне процесот на преговори и нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и ...

Анализата на состојбите во македонската ИКТ индустрија беше презентирана од Дамјан Манчевски, член на Управниот одбор на МАСИТ, кој ги претстави најновите показатели за растот на секторот, неговото влијание врз економијата и трендовите што го очекуваат во наредниот период. Според анализата на МАСИТ, секторот во 2025 година бележи раст од 7,02 проценти на приходите и 7,13 проценти на извозот во однос на претходната година. Во индустријата ...

Љубителите на техниката до 15 јуни имаат можност да бираат сè што е најново на пазарот, достапно и кај нас, од најпознатите брендови, со најдобри услови и цени. Без разлика дали барате нов телевизор во пресрет на Мундијалот, лаптоп, смартфон, бела техника, опрема за домот или нешто од малите апарати, во СЕТЕК ќе пронајдете сè што ви е потребно – со попуст кој носи максимално привлечни цени. Акцијата СЕТЕК денови се одвива истовремено во сите ...

Според сведоштвата на нашите читатели, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало и граѓани кои чекале автобус на постојката што се наоѓа под самата Железничка станица каде секојдневно поминуваат и повеќе стотици автомобили. Граѓаните кои се нашле во близина сведочат дека густ чад се ширел низ Железничката станица, што привремено ја намалило видливоста и предизвикало непријатност кај минувачите. На терен интервенирале екипи на ...

Во изминатиот период, со километарските колони што во одредени денови се создаваат на копнените гранични премини, особено на „главната порта за влез/излез“, како што во Грција се нарекува граничниот премин Евзони, освен натписите во медиумите, реакциите од хотелиерите од северниот дел на земјата, неколку пратеници од различни партии, преку пратенички прашања доставени до надлежното Министерство побараа одговори и објаснувања за новиот систем ...

Во последниот пресек селекторот им се заблагодари на интернационалката Добрина Хаџи Тосева и на младата 16-годишна Андреа Митиќ, на кои секако ќе смета во средните репрезентативни акции. Премиерно во А селекцијата шанса добиваат примачот Даниела Горбок и средниот блокер Стефанија Кипријановска. Дамите до четврток ќе тренираат во Скопје, додека в петок рано наутро патуваат за Порто, каде на 6 јуни ќе се соочат со Унгарија, додека на 7 јуни ...

„Како сведоци на нови политички констелации, кога светот се соочува со сериозни геополитички, безбедносни, економски и општествени предизвици, мислам дека се потребни координирани европски политики, солидарност и силни партнерства на сите нас.Затоа убеден сум дека проширувањето е двигател на просперитет и безбедност, најдобриот можен инструмент на Европската унија за зајакнување и промовирање на мирот, демократијата, владеењето на правото и ...

Овој натпревар го одбележа левиот српски бек Стефан Букинац кој си даде комичен автогол. Откако доби топка на својата позиција од голманот Филип Станковиќ, не забележа дека чуварот на мрежата пријде за да му отвори позиција за пас. Букинац испрати топка назад кон својот гол, го фати голманот надвор од позиција и си даде автогол кој привлече огромно внимание. Овој натпревар го одбележа левиот српски бек Стефан Букинац кој си даде комичен ...

Младата руска тенисерка во полуфиналето беше убедлива против Марта Костјук од Украина, славејќи со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-3 по само еден час и 17 минути игра. Осмата тенисерка на ВТА листата целосно го контролираше мечот и не ѝ дозволи на својата ривалка да се надева на пресврт. За Андреева ова беше прва победа против Костјук во нивниот трет меѓусебен дуел. Поради односите меѓу Русија и Украина, натпреварот привлече дополнително ...

Наместо долгогодишно чекање на полноправно членство, официјален Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција која би им овозможила на кандидатите да добиваат конкретни придобивки уште во текот на преговорите. Иако во меѓувреме неколку држави напредуваа во преговорите, а некои отворија и затворија значителен број поглавја, процесот на проширување сè почесто се оценува како бавен, бирократски и недоволно мотивирачки. Македонија меѓу ...

По ремито со Босна и Херцеговина и поразот од Турција нашата репрезентација загуби ФИФА поени. Сега до септември на контото ќе има 1.369,16 бода и падна на 69. позиција. Промената на бодовите значи и пад од две позиции на светската ранг листа, каде што пред нашата селекција се пробија Обединетите Арапски Емирати и Кабо Верде. На самиот врв дојде до промена, откако актуелниот светски шампион Аргентина се искачи на првата позиција. Шпанија ...

Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат да создадат одржливи и иновативни решенија за здравствената работна сила, соопшти Министерството за здравство. „Малите земји не секогаш имаат најголеми ресурси, но можат да имаат најбрза адаптација, ...

„Темата е, дванаесет моклишки – ваташки младинци. Почесни гости ќе бидат блиските роднини на убиените ваташки младинци од 1943 година. Секоја година, ќе се издава и алманах, со песни и раскази од манифестацијата“, појаснија од Здружението. На конкурсот пристигнале творби од автори од целата држава, но и од Белгија, Германија, Канада, Италија, Хрватска. Притоа информираа дека читањето на творбите и доделувањето на наградите ќе биде на 13 јуни ...

Тој посочува дека клучната разлика меѓу 20. и 21. век е што денес информациските конфликти се перманентни и се водат паралелно и во демократските и авторитарните системи. На прашање кој ги води денес кампањите за дезинформации, Д’Алмеида укажува на две полиња, односно на геополитичкиот конфликт и политичките или бизнис интереси, посочувајќи на авторитарни држави, но и на популистите, компаниите, како и на личните профили на социјалните мрежи. ...

Ливерпул минатото лето потроши рекордни 450 милиони фунти на засилувања, но потфрли на теренот, заврши како петти со дури 25 бода заостанување зад шампионот Арсенал. Раководството на клубот реши да му врачи отказ на Арне Слот, и кормилото на првиот тим да му го довери на Андони Ираола, кој имаше фантастична сезона со Борнмут и за прв пат ги однесе популарните „цреши“ во Европа. „Црвените“ на шпанскиот стратег му дадоа само двегодишен договор, ...

На самитот лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- конференција. Вчера во Тиват Мицкоски веќе ја имаше првата билатерална средба со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина. „Разменивме мислења за актуелните состојби во регионот, како и регионалната ...

Според податоците на European Training Foundation, младинската невработеност во Македонија во 2024 година изнесувала 29%, додека 22,6% од младите биле надвор од образование, вработување или обука. Овие бројки дополнително ја нагласуваат потребата од посилна, посистемска и долгорочна врска меѓу образовните институции и реалниот сектор. Токму затоа, Бучим ја гради својата позиција на стратешки партнер на образовните институции, преку активности ...

Спонзорот на актуелниот шампион јавно побара ФФМ да ја преиспита и коригира донесената одлука, а во спротивно најави можност за целосно повлекување од клубот и македонскиот фудбал. „ФК Шкендија е еден од ретките клубови што функционира со сериозност, коректност и целосна усогласеност со спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините чинеше многу труд, средства и жртви. Покрај тоа, Шкендија е клубот кој со своите достоинствени ...

Од македонско6о Министерство за надворешни работи велат дека станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела на системот на Обединетите нации. „Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа“, објави премиерот Христијан ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00