Имаме тешка група, но во оваа фаза од квалификациите сите противници се квалитетни. Очекувам фудбалерките да одиграат на највисоко можно ниво и на секој натпревар да пробаат да се надигруваат со фаворизираните противнички. Немаме намера предвреме да се предадеме, на секој натпревар влегуваме со желба да одиграме на што е можно повисоко ниво и дека ќе се прикажеме во најдобро можно издание Во договор со одговорните во Фудбалската федерација на ...

„Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура. Поседува силни ...

Минатата година, во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 проценти, а во четвртиот од 25 проценти. Агенцијата за катастар на недвижностите во извештајот од регистарот на цени и закупнини на пазарот на недвижностите за 2025 година наведе дека за годинава се прогнозира умерен раст на пазарот со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи. Во 2025 ...

Во соопштението Сељами нагласува дека еднаквоста и пристапот до сите права и услуги што ги гарантира државата треба да бидат принцип што важи за сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност. „Еднаквоста, пристапот до сето она што го гарантира државата, мора да биде принцип што ќе важи за сите, без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Сегрегацијата во училиштата и дискриминацијата мора да ја оставиме далеку зад нас доколку ...

На рочиштето, застапничката на обвинението, јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, презентираше видеоматеријали обезбедени од камерите на Безбеден град, од видеонадзорот од кафе бар „Сома“, како и од безбедносните камери на средното училиште „Нова“ на улицата „Прашка“. На снимките се забележува како патничко моторно возило „БМВ“ поминува покрај училиштето, по што обвинетиот Стојанче Јовановски и оштетената Ивана се среќаваат на тротоарот пред ...

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информира дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање. „Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска“, изјави Бесими. Советот претходно донесе одлука за продолжување на функцијата на Кети Петкова додека ѝ трае мандатот како член на Советот до 26 јули 2027 година. На денешната ...

„Оваа работилница претставува една од клучните цели на самата организација, на земјите кандидати и потенцијални кандидати во Европската Унија, што претставува начин на размена на знаења и искуства во делот на вршење ревизија на животната средина и посебно на целите за одржлив развој. На работилницата учествуваат претставници од повеќе држави“, рече во изјава за медиумите, главниот државен ревизор Максим Ацевски. Аластер Сварбрик, виш советник ...

Радев вели дека не го повлеков ветото додека не издејствувал услов за Македонија – промена на Уставот и внесување на Бугарите во македонскиот конститутивен акт. „Една година, додека во Бугарија имаше моја техничка (службена) влада, бев подложен секојдневно на по едно јавување на претседател или премиер на некоја држава, вклучително и државниот секретар на САД – неколку пати, за да дозволиме Македонија да ги започне преговорите со Европската ...

Како што пренесува порталот, според сведоштвата, во институцијата е поставена мрежа од најмалку осум камери – распоредени на повеќе катови, кои ги покриваат ходниците, влезовите и пристапите до канцелариите. Но, она што ја прави ситуацијата алармантна, велат вработените, не е самото постоење на камерите – туку начинот на нивна употреба. Во канцеларијата на директорот е поставен монитор поврзан со сите камери. Според вработените, уредот е ...

Законот набргу треба да оди во собраниска процедура, ги поминал сите филтри на Владата, добил позитивно мислење од Венециската комисија и покрај правичната застапеност, ќе понуди и квалитет, кој, како што посочи премиерот, досега можеби не бил ставен во фокусот. „Јас мислам дека со овој закон за правична застапеност, конечно, ќе се надминат сите стереотипи од минатото, сите антиуставни елементи, сето она што претставуваше, би рекол, камен на ...

Голем број фанови откриле дека добиле полоши места од оние што мислеле дека ги купиле, иако плаќале високи суми, дури и до 1000 долари за билет од прва категорија. Според „Атлетик“, ФИФА дополнително ги прекласифицирала местата, префрлајќи дел од билетите во пониски категории без известување и без враќање на сумата од разликата. Организаторот исто така ги изменил мапите на стадионите, а дел од „премиум“ местата биле резервирани за спонзори и ...

Во женска конкуренција, во категоријата сениорки, се најдоа Ангела Мојсовска и Викторија Јовановска. Меѓу најдобрите јуниорки беше вброена Јована Мицовска. Стефан Стојановиќ, пак, во машка конкуренција, исто така, влезе меѓу најдоброрангираните јуниори за минатата спортска сезона. Во свечена атмосфера, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, им оддаде признание на најдобрите спортисти, тренери и спортски екипи на градот за 2025 година, ...

Како еден од кандидатите се споменува Сеск Фабрегас, поранешниот фудбалер на Барселона. Фабрегас фантастично ја води екипата на Комо во Серија А, се наоѓа на позиција која води во Лигата на шампионите. Резултатите на Фабрегас го привлекуваат вниманието на големите, а шпанските медиуми пишуваат дека загризал дури и Реал Мадрид. Шпекулациите ги поттикна и присуството на Фабрегас на трибините на вчерашниот меч меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. ...

Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше коруптивни процеси при полагањето и политичко влијание, посебно на студенти блиски до партиите од власта, велат од Демократскиот сојуз. „Демократски сојуз потсетува дека македонскиот јазик е државен – службен јазик во ...

„Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и целосно почитување на човековите права“, вели Гаши во честитката. Ромската заедница, потенцира тој, е важен дел од општествениот и културниот мозаик на нашата земја. „Ја нагласувам ...

Ова го соопшти министерот за спорт Борко Ристовски на денешниот прием на освојувачите на одбојкарскиот Куп во Министерството за спорт на кој присуствуваше и потпретседателот и член на Извршниот одбор на ОФМ, Кирил Калеников. „Упатувам искрени честитки за победниците во Купот на ОФМ 2026 за освоените титули и за прикажаната игра. Завршницата на Купот беше уште една убава промоција на одбојката и показател за напредокот што се случува, особено ...

Тој честитајќи го Светскиот ден на здравјето изрази длабока благодарност до сите здравствени работници нагласувајќи дека тие се оние кои секојдневно стојат на првата линија во грижата за нашите животи. „Направивме значајни чекори во зголемување на пристапот на лекови и тоа на скапата биолошка терапија и по повеќе од една деценија ја обнвовивме позитивната листа со нови лекови. Работиме на подобрување на условите за работа, нова опрема и нови ...

Според податоците на СВР Охрид, на почетокот од овој месец протокот на патници преку Ќафасан бил 11 проценти поголем во споредба со истиот период лани. „Во период од 1 до 6 април во Полициската станица за ГП Ќафасан остварен е проток на 40.734 патници, што е за 11 проценти зголемување за истиот период во 2025 година, кога на овој премин поминале 36.775 патници. Во првите шест дена од месецот во државата влегле 20.952 патници (18.351 во 2025 ...

Со Обвинителниот акт десетте осомничени се обвинети за сторено кривично дело злосторничко здружување, на тројца од нив како организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело даночно затајување и кривично дело – перење пари и други приноси од казниво дело. Останатите седуммина според стореното се обвинети за даночна измама, фалсификување исправа и перење пари и други приноси од казниво дело. Според обвинението, во текот ...

На снимките од кобниот ден јасно се слушаа расправии и физичко насилство, при што обвинетиот Стојанче ѝ порачува на жртвата дека повеќе нема да го види детето и дека ќе ѝ го уништи животот. Покрај доказите од 2 март, во доказната постапка пред судот хронолошки беа изведени аудиоматеријали од 2024, 2025 и 2026 година, кои сведочат за континуирано семејно насилство во изминатите години. Презентираните материјални докази опфаќаат пријави ...

Според законот кој денеска го поништи Уставниот суд, коефициентот за утврдување на платата на судиите изнесуваше од 1,97 до 2,60. „Коефициентите се определуваат според видот на судот во кој судијата работи и според сложеноста на задачите и овластувањата за извршување на дополнителните работи утврдени врз основа на закон“, предвидуваше поништениот Законот за платите на судиите. Постапката за оценување на сега веќе поништениот закон, Уставниот ...

Сега се преоѓа кон плеј-оф и плеј-аут фазата од натпреварувањето. Во борбата за полуфинале, а подоцна и за трофејот ќе се борат: ТФТ, МЗТ Скопје, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш. Распоред за плеј-офот: Прво коло (11 април) ТФТ – Тиквеш МЗТ Скопје – Кожув Пелистер – Маџари Второ коло (15 април) Тиквеш – Маџари Кожув – Пелистер ТФТ – МЗТ Скопје Трето коло (18 април) МЗТ Скопје – Тиквеш Пелистер – ТФТ Маџари – Кожув Четврто коло (22 април) ...

„Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, зголемување на отпорноста на енергетскиот систем, обезбедување стабилен, сигурен и достапен гас за државата, јакнење на регионалната поврзаност и интеграција на пазарите“ , информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Заеднички став, потенцираат, е дека постои јасен потенцијал за ...

Тој потсети дека на вчерашниот ден на здравјето, го објавија ревизорскиот извештај на успешност во делот на она што значи ефективност, мерки и политики за дијагностицирање на малигните заболувања. За жал, рече тој, констатирале одредени состојби за што неминовно треба да се преземат мерки за подобрување на таквата состојба, во однос на рана детекција на малигните заболувања. Ревизорскиот извештај имал сериозни забелешки во делот на начинот на ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева, истакна дека државата е на почеток на процес, кој е нов и комплексен, но неопходен за заштита на демократските институции. „Станува збор за област во која сè уште не е избран, можеби, најсоодветниот модел. Токму затоа денес, како Влада, покажуваме две работи: политичка волја да го отвориме дијалогот за оваа тема, да покажеме заинтересираност и да ја прикажеме институционалната подготвеност за ...

Како што информираа од ДЗС, Ангелов истовремено се сретнал со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, коишто имаат над 300 авио-часови во спортско летање. Притоа, тој имал извидувачки лет со еден од кандидатите за пилот на „ер трактор“, над штипскиот регион. „Во овој моментов ДЗС има пет пилоти на ‘ер трактор’, еден авион е сервисиран и е на аеродром и е функционален, Два се на сервис, коишто се очекува да пристигнат сервисирани и ...

По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за потпретседател Ана Јаневска од Автонова. Претседателот Азески, посакувајќи им успешно заедничко делување во најстарата и најмоќна бизнис-заедница, посочи дека оваа дејност го ...

Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината Карпош. Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, информираат дека продолжуваат со одржување на јавната хигиена на скопските булевари, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје. “Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките ...

Учениците Павел Попоски, Анастасија Дудеска, Јаков Петков, Андреј Спасевски, Стефан Пешов, Матеа Андонова, Глигор Дединец и Петар Копачев поделени во три тима: SPACE WALKERS (на возраст од 13 до 18 години), SPACE WALKERS JR (од 13 до 18 години) и SPACE WALKERS ALFA (на возраст до 12 години), настапија во најтешката дисциплина – Pentathlon Arena. SPACE WALKERS беа први во нивната категорија, SPACE WALKERS JR се пласираа на петтата позиција, ...

„Почнати се испитувања на три нови позиции во градот Скопје, кои би значеле алтернатива за изворот Рашче. Тоа се пообемни операции што ќе се одвиваат во наредниот период, но се стратешки важни за водоснабдувањето на градот. Недопустливо е во изминатите 30-40 години да не се најде алтернатива. Засега нема опасност за Рашче, состојбата е стабилна, а водостојот е повисок отколку во изминатите 25 години“, рече градоначалникот одговараќи на ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1013
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
82%
1014
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
50%
1013
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.41
67%
1012
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.45
97%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
72%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
72%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
77%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
69%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1013
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Иридиум

253540.09

Родиум

324722.54

Паладиум

49215.93

Рутениум

55395.74

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Злато

166450.52

Бакар

12.14

Платина

66712.80

Сребро

2840.84

Калај

49.88

Цинк

3.44