Станува збор за поточарка, лиснат зеленчук со благо пиперлив вкус, која на листата ги надмина кинеската зелка, блитвата, листовите од цвекло и спанаќот. Поточарката припаѓа на истото растително семејство како зелката, кељот, ротквичка и синапот, пренесува Дејли експрес. Богата со витамини и минерали Д-р Ејми Ли, стручњак за исхрана ги истакна нејзините предности. „Поточарката има бројни здравствени придобивки. Богата е со витамин А и калиум, ...

Како што соопшти МНРиНТ, за време на посетата, која се реализира на покана на министерот Конаковиќ, се очекува да бидат потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес. На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија. Од Министерството додаваат дека во разговорите ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно ...

Инцидентот предизвика загриженост кај сите присутни, но според лекарскиот тим на данската репрезентација, фудбалерот брзо ја вратил свеста и самостојно го напуштил теренот. Докторот на националниот тим, Мортен Боесен, потврди дека Ериксен е во добра состојба и дека пејсмејкерот функционирал нормално во моментот на инцидентот. „Кристијан е добро и комуницира со нас. Ќе бидат направени дополнителни прегледи за да се утврди причината за ...

„По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучивање“, посочуваат од Кривичен. Богоев во средата попладне беше спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје, каде што беше изведен пред судија на претходна постапка по барањето од ОЈО ГОКК за определување мерка притвор за него и за уште три лица поради постоење основано сомнение за злоупотреба на постапката за јавна набавка за ...

Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација денеска изјави дека иницијативата „Роаминг како дома“ претставува еден од највидливите придобивки од пристапувањето кон Европската Унија, затоа што директно влијае врз граѓаните и компаниите, особено оние кои патуваат во ЕУ – со помали трошоци за мобилна телефонија, СМС пораки и мобилен интернет. „Позитивно е дека преговараме секоја држава за себе, што значи дека колку побрзо ќе ги ...

За Унгарките ова беше втор натпревар на турнирот, откако вчера ја совладаа Португалија со 3-0, денеска ѝ земаа мерка и на нашата репрезентација. Македонија одлично тргна во натпреварот, се држеме до средината на првиот сет кога беше 13-15, потоа следуваше ужасен пад на нашите дами, Унгарија направи серија од 1-10 и го доби сетот со 14-25. Најголем отпор пруживме во вториот сет во кој освоивме 21 поен, беше 21-25 за противникот. Најлоши бевме ...

Фудбалерите веднаш реагираа и го опколија данскиот репрезентативец, а на тревникот влезе и неговата сопруга. Набргу Ериксен и неговата сопруга беа спроведени до возилото на итната помош. Од Данскиот фудбалски сојуз соопштија дека првите информации се охрабрувачки и дека играчот бил свесен по инцидентот. Сцените веднаш потсетија на драматичните моменти од Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен доживеа срцев удар за време на ...

Медиумите од оваа земја објавија дека фудбалерот на Македонија е пред потпис со Актобе. Според најавите, 26 годишниот играч за врска треба да се пресели во тамошниот шампионат. Со Актобе се очекува потпише договор на две и пол години. Атанасов минатата сезона го носеше дресот на Лариса, за која одигра 35 натпревари, а претходно настапуваше и во полското првенство. Медиумите од оваа земја објавија дека фудбалерот на Македонија е пред потпис ...

Младиот Италијанец имаше совршен викенд, беше најбрз во квалификациите, водеше од стартот до целта и заслужено стигна до нов триумф. Трката понуди многу возбудувања, а уште на стартот отпадна Макс Верстапен поради проблем со болидот. Ферари остана без двоен подиум откако Шарл Леклер заврши во заштитниот ѕид „разнишан“ по лоша тимска одлука. Втор заврши Луис Хамилтон, а трет Исак Хаџар. Во топ 10 беа уште Пјастри, Лосон, Линдблад, Гасли, ...

Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии. „Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува. Некаде за два месеци од денес ќе имаме аеродром кој што ќе изгледа како вчера да се изградил, целосно ново ...

Велосипедската трка „МТБ Маврово“ во огранизација на ГВ МТБ клуб досега се одржа во 2023, 2024 и 2025 година и прерасна во една од најголемите велосипедски манифестации во Македонија. Големата посетеност и позитивната атмосфера уште еднаш потврдија дека МТБ Маврово е препознатлив и значаен настан на македонската велосипедска сцена. Од година во година бројот на учесници расте, а со тоа се зголемува и интересот за планинскиот велосипедизам, ...

Отворањето на македонската филмска панорама започна со проекцијата на филмот „Медена земја“, пред полната кино-сала, на која присуствуваа дипломатки претставници од повеќе амбасади во Кина, дел од малата македонска „дијаспора“ во Пекинг, (како и од соседскиот регион, т.н. Западен Балкан), но и домашна публика од пекиншката културна и интелектуална сцена. Вистинскиот потег на организаторот на манифестацијата, амбaсадата на Македонија во Кина и ...

„Со усвоената Резолуција, ЕФА, јасно, бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци“, стои во објавата на Стерјовски на Фејсбук. Воедно, додава тој, резолуцијата ја осудува политиката на негирање и асимилација на Македонците во Албанија преку надворешни ...

По двата триумфа во спринт-трките и победите на главните трки на патеката Балатон Парк, Шпанецот стигна до четири победи во еден викенд. На тој начин Маркез стигна и до неговата 100-та победа во кариерата. За Маркез ова е прва победа по триумфот во Сан Марино, по пауза од 266 дена. Рекордер по бројот на победи во кралската класа останува Валентино Роси со 89, додека Маркез сега има 74 победи во Мото ГП категоријата. На второто место заврши ...

Фестивалот почнува в петок, 5 јуни, со отворање на изложбите во МКЦ Галерија и во киното „Фросина“, по што ќе следуваат свеченото отворање на фестивалот и доделувањето на наградата „Македонско стрип наследство“ на Никола Гелевски. Во програмата се и панел со Алекса Гајиќ, промоција на неговото дело „Принцезино поле на стрипот“, како и проекција на анимираниот филм „Крал на ништо“ од 2024 година. Во текот на викендот посетителите ќе можат да ...

Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири. „Во Кишињев ќе играат осум репрезентации, со исклучок на Република Ирска, другите ги знаеме. Р.Ирска ни е непозната и не сме играле против нив. Пет-шест репрезентации се со солиден ...

Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година. Ова е истиот извештај што веќе беше презентиран на главниот предмет за пожарот што се води во судницата во „Идризово“. Според извештајот, смртта на сите 59 жртви е насилна и во најголем дел настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид. Кај некои од жртвите ...

„Тоа значи дека граѓанин, инспектор или друг субјект проверува јасно и брзо дали некоја лиценца е валидна или истечена. Со СМАРТ лиценците граѓаните добиваат можност за брза проверка на валидноста некоја лиценца, компаниите добиваат помалку административни проверки и барања за потврди, а институциите добиваат јасна врска до единствен регистар“, изјави Андоновски. Тој посочи дека досега немало начин да се провери валидноста, што сега ќе биде ...

Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52ч. Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза беше Греса Бакрачи од Косово со време 1:31:35ч., втора пристигна Биљана Кираџиева од Србија (1:34:07ч.), а трета финишираше Благица Јованова од Македонија со време ...

За дел од селекциите ова беа последни натпревари пред почеток на Мундијалот, а некои ќе имаат уште еден пријателски меч. Бразил поведе против Египет уште во седмата минута со гол на Бруно Гимараеш, но само четири минути подоцна Зико го изедначи резултатот на 1-1. Победата за Бразилците ја донесе Ендрик по седум минути игра во второто полувреме. Аргентина со голови на Лаутаро во првото полувреме и Симеоне во вториот дел го совлада Хондурас со ...

Министерот за финансии на САД Скот Бесент побара од своите помошници да ја проценат штетата што Иран досега им ја предизвикал на американските сојузници во Персискиот Залив, изјави изворот, додавајќи дека САД исто така ќе разгледаат користење на ирански средства за надоместување на каква било идна штета, објави новинската агенција Ројтерс. Информацијата беше објавена еден ден откако Мохсен Резаи, советник на врховниот лидер на Иран, изјави за ...

Обраќајќи се пред претставници на институции и парламентарни тела од земјите од Југоисточна Европа, Лабудовиќ истакна дека енергетската сигурност повеќе не може да се третира како национално прашање, туку како заедничка регионална и европска одговорност која бара координиран пристап, инвестиции и силна меѓусебна соработка. Во своето излагање тој се осврна на новиот Закон за енергетика, кој е усогласен со европското законодавство, нагласувајќи ...

Во 8:15 часот ќе стартуваат полумаратонот на 21 километар и штафетниот полумаратон, додека трката на 5 километри е закажана за 9:00 часот. Во програмата се вклучени и тим-билдинг трки, како и повеќе придружни спортски и забавни содржини. Организаторите подготвија и фитнес настани, ноќна трка, музичка програма и активности за промоција на културното и природното богатство на Охрид. Меѓу учесниците и годинава е македонскиот рекордер и олимписки ...

Ким Јо Џонг ги нарече „лажни“ американските тврдења дека кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп ја потврдиле целта за денуклеаризација за време на нивниот мајски самит. „Имаме најточни информации“ за тоа дали тврдењата се вистинити или не, рече Јо Џонг. На почетокот на неделата, Северна Кореја откри нов објект за производство на нуклеарен материјал, во кој Ким Џонг Ун повика на „експоненцијално“ проширување ...

Тоа беше негова трета победа по ред на патеката, откако минатата година славеше и на спринтот и на главната трка. Маркез зад себе го остави Педро Акоста, додека третото место му припадна на Марко Бецеки. Some nice points secured for these riders today 😎#HungarianGP 🇭🇺 pic.twitter.com/4up9I5VjsE — MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 6, 2026 Тоа беше негова трета победа по ред на патеката, откако минатата година славеше и на спринтот и на главната ...

Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Потоа ќе започне работниот дел, во кој делегатите ќе работат во групи организирани по шест програмски столбови. Во тие рамки ќе се разгледуваат и доработуваат документите кои на крајот ќе бидат предложени за усвојување во нивната финална верзија. Конгресот, како што ...

Додека граѓаните се жалат на ниски примања, а институциите постојано предупредуваат дека немаат доволно кадар и средства за нормално функционирање, податоците покажуваат дека во дел од нив со години постоеле вработени кои земале плата без да ги извршуваат своите работни обврски. Најдрастичен е случајот со ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, каде беа отпуштени 371 работник кои, според утврдените податоци, со години примале плата без да доаѓаат на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека документот кој е донесен од Владата е усогласен со експерт за човекови права делегиран од страна на Европската комисија, а зелено светло за него дале и 26 од 27 земји-членки на Унијата. „Ова го кажувам неофицијално, документот е усогласен со 26 земји-членки освен со една, исто како што таа една е против да бидеме дел од иницијативата ‘Трите мориња’“, изјави Мицкоски. За тоа што Бугарија ...

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 26 до 33 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северeн правец. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано ...

Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако се работи за јубилеј, рече, не се амбицирале да направат нешто специјално или програмски да го прошират фестивалот поради тоа што буџетот е ограничен и не постојат инфраструктурни услови за концертите. Како што посочи, со години бараат летна сцена поради тропските ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59