Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Академскиот пленум остро ги осуди честите апсења на студенти во Србија во изминатите денови и побара итно запирање на, како што велат, обидите за заплашување и репресија врз студентите и граѓаните. Во соопштението се наведува дека последното апсење на студент од Природно-математичкиот факултет во Нови Сад е уште еден доказ дека полицијата делува по наредба на власта користејќи репресивни мерки. Пленумот го осуди и коментарот на еден полицаец ...
Кремљ ги намали шпекулациите за претстоен самит помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека Доналд Трамп повторно повика двајцата лидери да се сретнат и да разговараат за прекинување на војната во Украина, пренесува Би-би-си. Повикот на Трамп доаѓа по неговата средба со Путин во Алјаска минатата недела, како и по понеделничките разговори во Белата куќа со Зеленски и седум европски лидери. ...
Унгарија, Швајцарија и Австрија се нудат да бидат домаќини на средбата на Путин и Зеленски, откако американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери изјавија дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на средба еден на еден со Володимир Зеленски за започнување на мировни преговори, пишува Гардијан. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека Москва не отфрла ниту еден формат за мировни преговори за Украина, но ...
Граѓаните на Нови Сад и денеска продолжуваат да ја блокираат зградата на судот и да бараат укинување на притворот за сите успсени од простестите. Блокадата веќе втор ден почнува во шест часот наутро и трае до крајот на работното време. Студентите во блокада од Универзитетот во Нови Сад изјавија дека за одлучуваат за овој чекор за да издејствуваат, укинување на притворот за, како што велат, сите политички затвореници. Како што јавува Нова, тие ...
Американските и европските воени планери почнаа да ги истражуваат безбедносните гаранции за Украина, по ветувањето на претседателот Доналд Трамп да помогне во заштитата на земјата според кој било договор за ставање крај на војната со Русија. Украина и нејзините европски сојузници беа охрабрени од ветувањето на Трамп за време на самитот во понеделникот за безбедносни гаранции за Кијив, но многу прашања остануваат неодговорени. Официјалните ...
Академскиот пленум, МАНУ, ПРОАКТИВ на Универзитетот во Приштина со привремено седиште во Косовска Митровица, Слободните универзитети во Ниш, Крагуевац и Нови Пазар, со поддршка од граѓанските организации низ цела Србија и неформалната група на инженери „Барања на инженерите“, покренаа петиција за распишување предвремени парламентарни избори во Србија. Петицијата е веќе активна во повеќе од дваесет градови, меѓу кои Белград, Нови Сад, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на преговорите со претседателот Володимир Зеленски вети дека САД ќе помогнат во гарантирањето на безбедноста на Украина во секој договор за ставање крај на војната на Русија, иако обемот на каква било помош не беше дефиниран. Трамп го даде ветувањето за време на вонредниот самит во Белата куќа, каде што беше домаќин на Зеленски и група европски сојузници по неговиот состанок во петокот во Алјаска со ...
Протестите на студентите и граѓаните на Србија се одржаа шеста ноќ по ред низ целата земја. На вечерашниот протест во Белград, просториите на владеачката партија СНС беа искршени, по што полицијата ги нападна граѓаните, а беа фрлани солзавец и димни бомби. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дојде во просториите на партијата со обезбедување и неколку поддржувачи. Полицајците ги разбиваа демонстрантите низ центарот на градот, а Вучиќ се ...
Стејт департментот поништи повеќе од 6.000 меѓународни студентски визи поради прекршување на американскиот закон и пречекорување на дозволениот престој, изјави одделот за Би-Би-Си. Агенцијата соопшти дека огромното мнозинство од прекршувањата на законите биле заради напад, возење под дејство на алкохол, кражби и поддршка за тероризам. Овој потег доаѓа во време кога администрацијата на Трамп продолжува со репресијата врз имиграцијата и ...
Хамас се согласи со најновиот предлог од регионалните медијатори за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците со Израел, изјави извор од палестинската вооружена група за Би-Би-Си. Се вели дека предлогот од Египет и Катар се базира на рамката што ја предложи американскиот претставник Стив Виткоф во јуни. Со него, Хамас ќе ослободи околу половина од 50 преостанати израелски заложници – од кои се верува дека 20 се живи, во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Вашингтон одржува средба со американскиот претседател Доналд Трамп, на која присуствуваат и повеќе европски лидери, во обид да се добијат безбедносни гаранции за Украина и да се создаде основа за мировен процес со Русија. Зеленски е придружуван од европска делегација предводена од германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, ...
Академскиот пленум ги осуди изјавите на претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, во кои таа ја опиша трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, како планирана саботажа. Ваквите тврдења, посочуваат од Пленумот, се изнесени без ниту еден доказ и претставуваат јавно заплашување и ширење паника, заради што го повикаа надлежното обвинителство да побара Брнабиќ да ги презентира докази за нејзините ...
Зеленски знае дека ризикува уште една заседа во Овалната соба, но мора да се претстави како доброволен учесник во мировните преговори, од страв да не биде прикажан како пречка за решение, Скајњуз. По самитот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, во Киев првично владееше измерен оптимизам, бидејќи се чинеше дека не е постигнат договор меѓу Вашингтон и Кремљ без Украина во просторијата, како што се стравуваше. Но, таа воздржана ...
Израелските медиуми објавија дека Србија е европската земја зад договорот од 1,64 милијарди долари потпишан со одбранбениот гигант на земјата, Елбит Системс, објави Тајмс оф Израел, пренесува Н1. Минатата недела, Елбит објави договор за испорака на своите прецизни артилериски ракетни системи со долг дострел и беспилотни летала, но не го именуваше купувачот. Како што понатаму се наведува во текстот, „како дел од петгодишниот одбранбен договор, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери денес ќе се сретнат со Доналд Трамп во Вашингтон за да склучат мировен договор, поради стравувањата дека американскиот претседател би можел да се обиде да изврши притисок врз Киев да прифати решение поволно за Москва, пренесува Ројтерс. Лидерите на Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Финска, Европската Унија и НАТО се надеваат дека ќе го поддржат Зеленски во клучен ...
Палестинската милитантна група Хамас вчера го отфрли планот на Израел за преселување на жителите од градот Газа и изјави дека тоа претставува нов бран на геноцид и раселување за стотици илјади жители во областа. Израелската војска изјави дека се подготвува да обезбеди шатори и друга опрема почнувајќи од вчера со оглад на нејзиниот план за преместување на жителите од борбените зони на југот од енклавата за да се осигури нивната безбедност. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да понуди заштита слична на НАТО за Украина, а Русија е отворена за идејата, изјави вчера еден од неговите високи функционери за надворешна политика пред состанокот со Украина и европските лидери за да се договорат деталите за можните безбедносни гаранции за Киев. „Успеавме да ја добиеме следната отстапка, Соединетите Држави би можеле да понудат заштита слична на Член 5, што беше прв пат да ...
Израел најави дека ќе ги сели жителите на градот Газа, пред да ја започне офанзивата која на најави премиерот Бенјамин Нетанјаху. Од денесна на жителите на Газа ќе им бидат обезбедени шатори и друга опрема за да се засолнат, пред да бидат преместени од борбените зони на југ од енклавата за да се обезбеди нивната безбедност, соопшти израелската војска. Ова доаѓа неколку дена откако Израел соопшти дека има намера да започне нова офанзива за ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер беа домаќини на состанок на сојузниците за да ја зајакнат позицијата на Володимир Зеленски, еден ден пред разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп. Тие се надеваат цврсти безбедносни гаранции за Украина, што би вклучувало улога и на САД, во преговорите за прекин на огнот со Русија. Европските лидери ќе го придружуваат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп на која ќе се разговара за можните решенија за ставање крај на војната во Украина, која ја започна Русија во февруари 2022 година. Разговорите ќе следуваат по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путив на Алјаска, која не донесе решение, но, според зборовите на Трамп, многу ги доближи ставовите на двете ...
Протестите низ цела Србија, проследени со инциденти и судири на граѓаните со полицијата продолжуваат и овој викенд. Синоќа големи собири имаше Белград, Нови Сад и други градови. Во Ваљево, беа нападнати просториите на СНС, се пукаше со пиротехнички средства и избувна пожар, кој брзо беше изгаснат, а полицијата употреби солзавец и шок бомби против антивладините протестанти. Студентите, пред почетокот на блокадите ги повикаа граѓаните, заради ...
Бројот на жртвите од поплавите во Пакистан се искачи на најмалку 320 лица во последните 48 часа, соопшти денеска Националната агенција за управување со катастрофи. Најголемиот број на загинати, 307 луѓе, се регистрирани во Кибер Пахтунхва. Деветмина загинале во пакистанскиот дел на Кашмир, а уште петмина во северниот регион Гилгит-Балтистан. Повеќето жртви настрадале во надојдени води и во уривање на куќи, пишува Гардијан. Метеоролошката ...
Најмалку 60 лица загинаа, а десетици се уште се водат како исчезнати откако поплави го погодија селото каде што се сместени хиндуистички аџии во индискиот Кашмир. Вода измешана со остатоци и кал вчера започна да се слева по рид во селото Чосит во округот Киштвар, кое е лоцирано на прометен дел кој се користи како патека за аџилак до хималајско светилиште. Повеќе од 100 лица се повредени, изјави главниот министер на Џаму и Кашмир, Омар Абдула, ...
Само неколку дена пред самитот на лидерите на Русија и САД во Алјаска, руските сили пробија украински одбранбени линии во индустриското срце на Украина, Доњецк, преку серија инфилтрации, пишува Асошиејтед прес. Иако аналитичарите сметаат дека ова напредување претставува само ограничен успех и дека Русија сè уште треба да ги консолидира новоосвоените позиции за да постигне вистински пробив, ситуацијата претставува потенцијално опасен момент за ...
Академскиот пленум на Србија остро го осуди насилството врз студенти и граѓани што, според нив, го извршиле приврзаници и платеници на владејачката Српска напредна странка (СНС), како и бруталните интервенции на полицијата во повеќе градови, меѓу кои Нови Сад, Белград, Ваљево, Врбас, Ниш и Бачка Паланка. Во соопштението се наведува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прво најавил дека ќе има насилство од „другата страна“, мислејќи ...
Доналд Трамп и Владимир Путин денеска ќе се сретнат на Алјаска, за да разговараат за прекин на војната во Украина. Средбата на рускиот и американскиот лидер во воздухопловната база од времето на Студената војна во Алјаска ќе биде нивни прв разговор лице в лице откако Трамп се врати во Белата куќа и доаѓа во услови на стравувања на Украина и Европа дека Трамп може да го продаде Кијив. Белата куќа соопшти дека средбата ќе се одржи во 11 часот ...
Израелскиот крајно десничарски министер за финансии, Безалел Смотрих, објави дека ќе започне реализација на долго одложуван план за поделба на Западниот Брег што ќе го отсече од Источен Ерусалим, потег со кој се закопува идејата за палестинска држава. Палестинската влада, сојузниците и активистичките групи го осудија планот, нарекувајќи го нелегален и велејќи дека фрагментацијата на територијата ќе ги уништи мировните планови за регионот. ...
Протестите во Србија продолжија и синоќа, кога илјадници луѓе се собраа во повеќе градови низ земјата. Тие протестираа пред седиштата на Српската народна странка,СНС, кое ги обезбедуваше полицијата, а на неколку места беше пробиен кордонот. На моменти беше тензично, а полицијата употреби солзавец во неколку градови за да ги растера демонстрантите. Просториите на Српската напредна партија беа демолирани во Нови Сад, а Пеѓа Митровиќ, пратеник ...
Движењето „Крени-Промени“ најави дека денеска ќе поднесе кривични пријави против министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, како и против повеќе лица, кои, како што објави движењето, нападнале граѓани со камења и пиротехнички средства за време на протестите во Врбас и Бачки Петровац, како и во Нови Сад. „Кривичните пријави вклучуваат и лица кои раководеле со полициските сили, кои не ги спречиле ...
Повеќе од 100 организации потпишаа заедничко писмо со кое го повикуваат Израел да го запре ограничувањето на помошта во Газа, бидејќи гладот се продлабочува. Хуманитарните групи, вклучувајќи ги „Оксфам“ и „Лекари без граници“, велат дека сè почесто им се кажува дека не се овластени да доставуваат помош, освен ако не ги почитуваат построгите израелски прописи. Групите ризикуваат да бидат забранети ако ја делегитимизираат државата Израел или не ...