Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Француските и сенегалските власти открија меѓународна педофилска мрежа што дејствувала од Бове, северна Франција до градот Сали, на западниот брег на Африка. Како што објави францускиот весник „Монд“ сенегалската полиција привела 14 лица осомничени за групна педофилија, подведување, силување на малолетни момчиња од 15 години и намерно пренесување на ХИВ. Истрагата ја води француското одделение за криминалистички истраги, а сите приведени се ...
Економијата на Европската Унија (ЕУ) е во ужасна и катастрофална состојба поради смешни климатски и идеолошки цели, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо додека заминуваше на неформален самит за конкурентност во замокот Алден Бизен во Белгија, објавија словачките медиуми. Лидерите на ЕУ денеска се состануваат на разговори што ги свика претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за да влијаат врз насоката на економската политика на ...
Геополитичката моќ може да ја поседуваат оние кои се силни воено или економски, ЕУ е економска сила и ние мора да работиме за сè што им помага на компаниите, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, по нејзиното пристигнување за да учествува на проширениот состанок на Европскиот совет во Алден Бизен, Белгија. Калас истакна дека на вчерашниот состанок на европските министри за одбрана во ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Вождовац го уапсија македонскиот државјанин С.Г. (46) под сомнение за предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста на поранешните работодавци. Според информациите, пожарот се случил на 10 февруари во ресторан во Вождовац, а мотив за овој бесмислен чин бил бунтот на осомничениот поради неговото неодамнешно отпуштање од работа. Според неофицијални информации, С.Г. дошол во ...
На 12.02.2026 околу 12:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.С.С.(54) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола на возило кампер „бенимар” со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дробилка и други предмети. Запознаен е јавен обвинител и лицето е задржано во ...
Собранието на пленарната седница закажана за среда, 18 февруари се очекува да ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска. Веднаш потоа, како што велат од Собранието за МИА, треба да започне постапката за избор на нов претседател на РКЕ и на член на ДКСК. Постапката за нивен избор ќе ја води Комисијата за ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, на 13.09.2025 на место викано „Суитлак“ во Штип, откако се ...
СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе. СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на ...
Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Средствата се исплатени по Мерката 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување постојни лозови насади. – Се потврдуваат посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. ...
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. За ова говоревме минатата година во „Афера – Провизии кои чинат животи’’ каде посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за ...
Доктор Симонида Црвенкова правилно постапувала и го продолжила периодот на преживување повеќе од вообичаено кај секој пациент надвор од стандардите за просек што е потврден во научни студии и ова што сега го слушаме во судницата е тема за национален или светски конгрес на онколози, но не е тема за судница и судска постапка – изјави пред почетокот на денешното судење бранителот на Црвенкова, адвокатот Владимир Туфегчиќ. Туфегчиќ, како што ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на ...
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила. По еден возач во Скопје, Чашка и прилепско управувале возила ...
Со денови сте безволни и имате чувство дека не стигнувате се да завршите на време? Еве неколку трикови со кои ќе можете да го поправите лошото расположение, барем привремено. Енергија. Ако преку цел ден сте уморни и безволни – еве решение! Расположението е тесно поврзано со енергијата – што помалку енергија имате, расположението ви е полошо. Енергетското ниво најчесто паѓа три пати дневно: рано на сабајле, рано попладне и пред легнување. ...
Со примена на нтелектуалните активности како што се учење странски јазици, читање, пишување се намалува можноста од добивање деменција за речиси 40 отсто, покажува ново истражување на американски научници. Со ова многу луѓе би можеле да го одложат, па дури и спречат развојот на оваа болест. Според нив демeнцијата се смета за една од најголемите здравствени закани во светот, а бројот на заболени би можел да се зголеми, и до 2050 година да ...
Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој страв е прекумерен – фобија од петок 13 или параскаведекатријафобија. Ова прилично распространето суеверие, според некои познавачи, можеби потекнува од средниот век, а можеби дури и од библиско време. По некои преданија, тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнала поплавата и изградбата на ...
Овен Овните уживаат во Денот на вљубените што никогаш нема да го заборават. Оние што се во врска се чувствуваат исполнето и конечно ја добиваат приказната што отсекогаш ја посакувале. Денот на вљубените може да донесе многу изненадувања, па дури и веренички прстен или вест за бременост . Бик Бикот може да добие непријатни вести од својот партнер. Денот на вљубените може да донесе сознание за афера или раскинување , што ќе биде дочекано со ...
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето ...
Тесен струк, убаво обликувани бутови и задник и витки нозе се сон за многу дами. Многу жени веруваат дека ваквите совршени тела можат да се видат само во Холивуд. Но, исто така, славните дами од светот на шоу-бизнисот користат трикови за да изгледаат најдобро. Згора на тоа, некои од нив воопшто не го кријат тоа. Најчестиот и најбрзиот трик за визуелно разредување и подигнување на одредени делови од телото е користење на стилска долна облека ...
Пријателството е многу важен дел во животот на скоро секој човек, но некои луѓе едноставно не знаат да бидат добри пријатели. Според астролозите, за тоа влијание може да има и хороскопскиот знак во кој се родила личноста. А еве кои 2 хороскопски знака важат за најлоши пријатели: 1. Близнаци Пријателството е важно за Близнаците, но тие можат да бидат многу сомнителни и да гледаат многу негативно на работите откако ќе се врзат за некого. Имаат ...
Овен Овни, имате наплив на енергија и подготвени сте да преземете иницијатива. Вашите претпоставени ги забележуваат вашите напори, но важно е да не правите сè сами. Тимската работа носи подобри резултати. Денес сте директни и страствени, но внимавајте да не претерувате со импулсивни реакции. Слободните овни би можеле да започнат флерт што ќе се развие побрзо отколку што очекувале. Зафатените треба да избегнуваат расправии за ситници. Кратка ...
Европската комисија претстави мерки за подобро спречување на безбедносните инциденти во кои се вклучени дронови, откако дронови го нарушија воздушниот сообраќај и предизвикаа големи безбедносни стравови, пренесе ДПА. – Капацитетите за дронови и анти-дронови се централни компоненти во одбраната на Европа и обезбедувањето на критичната инфраструктура, изјави денеска потпретседателката на Европската комисија, Хена Виркунен. Минатата година беа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во интервју со Лари Кудлоу објасни зошто вовел царини на Швајцарија, откривајќи дека ги зголемил дополнително затоа што не му се допаѓал тонот со кој му се обратил швајцарски функционер. За време на гостувањето во Fox Business, Трамп објасни дека имал инцидент со Швајцарија, која ја опиша како „многу убава земја“, затоа што не плаќала царини и испраќала стока во САД во неверојатни количини. Поради ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има за цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската унија за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста, дури и ако не се сите 27 членки на блокот согласни со тоа. – Тука во Европа, немаме само 27 различни финансиски системи, секој со свој супервизор. Туку имаме и повеќе од 300 места за тргување низ нашата Унија, им порача денеска Фон Дер Лајен на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Брисел изјави дека Алијансата ќе го брани секој дел од сојузничката територија и оти треба да го спречи пристапот на Русија и Кина до арктичкиот регион. – Мораме да се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, рече Руте по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО во седиштето во Брисел. Руте истакна дека постои долгорочна закана од ...
Израел се приклучи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху за време на посетата на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио, на „X“ објави дека потпишал документ за пристапување на Израел во Одборот, а визуелните снимки од состанокот го покажаа како држи документ со неговиот потпис. Одборот за мир, кој Трамп го основа кон ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го постигнатиот договор меѓу САД и Македонија за реципрочна, фер и избалансирана трговија Во објава на Фејсбук, Муцунски го оценува договорот како важен и значаен исчекор во економската соработка со Соединетите Американски Држави, кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании. Министерот за надворешни работи и ...
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека ...
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски, По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија. Оваа изјава претставува јасен сигнал за ...