Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS). Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, но дека преговарачите се плашат тоа ...
Според пресметките на Ројтерс, базирани на пазарни податоци, најмалку 40 проценти од рускиот извозен капацитет за нафта е оневозможен при украинските напади со дронови. Тоа е најголемо нарушување во снабдувањето со нафта во модерната историја на Русија, вториот најголем извозник на нафта во светот, и доаѓа во време кога цените на нафтата надминаа 100 долари за барел поради војната со Иран. Производството на нафта во Русија е еден од главните ...
Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија – „Гамалеја“, при руското Министерство за здравство работи на вакцина против вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ). Почетната фаза на развој на лекот е во тек, според Владимир Гушчин – заменик-директор одговорен за истражувањa во Центарот, а научниците, се наведува, го репродуцираат имунолошкиот одговор кај заморчиња. – Раната фаза на развојот на домашна вакцина против ХИВ е во ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да работи со сите свои ресурси за да воспостави мир во војната на САД и Израел против Иран, за која рече дека ги погодила турската економија и целиот свет. Ердоган, како што пренесе „Ал џезира“ исто така, рече дека владата разгледува различни мерки за заштита на економијата од војната, која го зафати регионот и предизвика нагло зголемување на цените на енергијата. Во исто ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека очекува, доколку партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан победи на претстојните избори, да има обиди на меѓународно ниво да се доведе во прашање неговата победа. По состанокот на словачката Влада, Фицо изјави дека е невозможно да се фалсификуваат избори во демократска средина, пренесува Таср. „Со такво ниво на медиумско внимание и застапеност на политичките партии и невладините ...
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер упати остри критики кон одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран и започнување на, како што ја нарече, „нелегална“ војна против Техеран, оценувајќи дека станува збор за директно прекршување на меѓународното право. – Според мое мислење, оваа војна е кршење на меѓународното право – изјави Штајнмаер во говорот одржан во ...
Руските власти, првпат по речиси четврт век, започнаа со распродажба на физичко злато од резервите на Централната банка со цел да го покријат високиот дефицит на федералниот буџет, јавува „Москоу тајмс“. Буџетскиот дефицит за периодот 2022–2025 година надмина 15 трилиони рубљи, додека само во првите два месеца од тековната година се евидентирани дополнителни 3,5 трилиони рубљи минус. (1 рубља = 0.011 евра) Според податоците на Централната ...
Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика САД и Иран веднаш да седнат на преговарачка маса, со што де факто би завршила блокадата на Ормутска Теснина и би запреле непријателствата на Блиски Исток. Лајен, која е во посета на Австралија, каде потпиша нов договор за слободна трговија, посочи дела иранските напади врз невооружени комерцијални бродови и врз критичната инфраструктура „мора да бидат осудени“ и оти ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири под дејство на алкохол. Три лица во Скопје и по едно лице во тетовско Желино, Тетово, Демир Капија (малолетник), прилепско и Дебар возеле без возачка дозвола. Возачот во Желино управувал возило без дозвола и превезувал ...
Две лица се приведени во Германија и Шпанија под обвинение за шпионирање во корист на руското разузнавање, соопшти денеска Канцеларијата на германскиот сојузен јавен обвинител. Агенцијата наведе дека цел на шпионите бил Германец кој доставувал дронови и сродни компоненти за Украина, пренесе ДПА. Жена (45) од Романија е приведена во северозападниот германски град Рајне, додека 43-годишен маж од Украина е уапсен во југоисточниот шпански град ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека Украина нема да стане членка на Европската Унија до почетокот на 2027 година, јави Анадолија. – Мислам дека сите во оваа просторија знаат дека е невозможно Украина да стане членка на ЕУ на 1 јануари 2027 година – рече таа на настан организиран од „Политико“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски промовираше забрзана временска рамка, но Кос нагласи дека процесот за членство во ...
Граѓаните на Босна и Херцеговина располагаат со повеќе од 370.000 легално регистрирани парчиња оружје, додека бројот на нелегалното оружје, според проценките, надминува еден милион, што според експертите укажува на тоа дека населението е „вооружено до заби“. Според претходните истражувања, бројот на нелегално оружје се движел меѓу 750.000 и 800.000 парчиња, а некои понови анализи покажуваат дека тој број веќе надминува 800.000. ...
Низ својата долга историја, Земјата постојано била „удирана од вселената“ – од помали метеори што поминале веднаш над атмосферата, до огромни карпи што го промениле текот на животот на планетата. Научниците сè уште ги проучуваат трагите од овие инциденти и се обидуваат да разберат како би реагирала денешната цивилизација доколку се повтори слично сценарио. Низ својата долга историја, Земјата постојано била „удирана од вселената“ – од помали ...
Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека Европската Унија се наоѓа „на крајот од редот“ кога станува збор за руските енергенти. „ЕУ е на крајот од редот“, напиша Дмитриев на платформата „Икс“. Тој изјави дека има јасна претстава за сценариото по кое ќе се развива енергетската криза во Европската Унија и Велика ...
Државна субвенција на дизелот од 16 центи за литар во дистрибутивната мрежа; т.н. Дигитална картичка за гориво за околу три милиони сопственици на возила; поддршка на земјоделците со субвенција за ѓубривото и компензација на поморските компании за да се избегне зголемување на цените на билетите за траектите, се четирите мерки за економска поддршка од последиците од војната на Блискиот Исток, во висина од околу 300 милиони евра, што ги соопшти ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, ...
За семејното насилство треба да се дискутира, но лошо е што на оваа важна тема и давате политичка димeнзија и што ги посочувате случаите и зборите за жртвите во изминатата година и пол, истакна денеска од говорницата на македонското Собрание, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката Сања Лукаревска за последните случаи на семејно насилство. Министерот Тошковски рече дека што ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК Битола, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Се огласија од РЕК Битола. -Со цел ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на ...
Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот изнесуваше 3 милијарди денари. Половина од овој износ државата ќе го врати во текот на овој ...
На 24.03.2026 во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото. При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во ...
ОВЕН Денеска е одличен момент да размислите за вашите долгорочни цели и амбиции. Вашиот избалансиран пристап кон животот ќе ви помогне да ги направите вистинските избори. Сепак, не плашете се да излезете од вашата зона на удобност, бидејќи таму лежат најголемите можности за раст. Пазете се од луѓе кои се обидуваат да ве манипулираат за сопствена полза. БИК Страста и интензивноста се ваши силни страни, но денеска можеби ќе треба да ги ...
Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите. Во Собранието денеска ќе се одржи 95. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени. ...
Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, „е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Заев“. Според нив, Заев „ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционери“, потсетувајќи дека во минатото го поставил и Димитар Ковачевски. Владејачката партија наведува дека Филипче неодамна остварил средби во Ниш и во Грција со лица кои, како што тврдат, се блиски до Заев. Во ...
Поротата на Ново Мексико ја прогласи компанијата „Мета платформс“ за одговорна во тужбата за безбедност на децата, велејќи дека свесно го оштетила менталното здравје на децата и го криела своето знаење за сексуална експлоатација на деца на своите платформи. „Мета“ е сопственик на неколку платформи на социјални мрежи, како што се „Фејсбук“, „Ватсап“, „Инстаграм“ и „Тредс“. Оваа судска одлука доаѓа по речиси седум дена судење иницирано од ...
Неверството најмногу се поврзува со мажите, не заради тоа што тие повеќе изневеруваат, бидејќи и жените го прават тоа, туку заради фактот што дозволуваат да бидат „фатени“. Причините за неверство се секогаш различни, а понекогаш не мора да постои конкретна причина, туку само дадена можност која чека да биде искористена. На оваа тема е направено истражување во САД каде што се наведени најчестите места за изневерување. Биле испитани 1500 луѓе ...
Жените често велат – добро сум, сè е во ред, а не постои начин да се опуштат и да доживеат оргазми, објаснува гуруто за сексуални односи Меган Стабс. Сепак, и покрај ова, постојат низа начини да спречите недостаток на оргазам и како да се опуштите и да уживате со вашиот партнер. Важно е сè што правите, да правите што е можно побавно за да ги навикнете целото тело и ум на чувството на мир. Но, кога станува збор за сексот и позите се многу ...
Германскиот авто клуб (ADAC), како и секоја година, во април 2022 година ја објави статистиката на Службата за помош на патиштата, односно интервенциите извршени минатата година на автомобили на возраст од 3 до 10 години. Како и досега, најчести интервенции во 2022 година се оние поврзани со акумулаторите. Во текот на 2021 година, тоа било проблем во 46,2 отсто од случаите од вкупно 3,49 милиони дефекти. Една година претходно, уделот бил ...