Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Струшкиот музеј „Д-р Никола Незлобински“ ја релизира третата фаза од истражувањето на археолошкиот локалитет околу црквата „Св. Архангел Михаил“ во селото Ташмаруништа, информира денеска директорката Цветлана Василевска. Со претходните сондажни археолошки истражувања на просторот северно и јужно од црквата, според директорката, биле откриени архитектонски остатоци, односно цврсто градени ѕидови кои можеби се меѓусебно поврзани, истовремени и ...
Стрип центарот на Македонија – Велес ја реализираше годишната издавачка програма финансирана од Министерството за култура и туризам со три стрип изданија и една стрип книга. Издадени се 39 и 40 број на ревијата „Стрип Креатор“ како и 9 број на периодичното издание „Стрип Алманах“. Во актуелните изданија се застапени квалитетни македонски уметници, како и реномирани автори кои доаѓаат од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, ...
Според ново истражување, топлото време би можело да доведе до зголемен ризик од каснувања од змии ширум светот, бидејќи овие животни ги менуваат своите природни живеалишта. Многу отровни видови змии, како што се водената мокасинка во Северна Америка, краитот во Азија и црната мамба во Африка, би можеле сè почесто да ги менуваат своите живеалишта поради порастот на температурите и сè поголемото човечко навлегување во природните екосистеми, ...
Нетфликс ќе ги преземе правата за американска дистрибуција на филмот „Црната топка“ („The Black Ball“), прикажан на овогодишниот Филмски фестивал во Кан, во кој споредни улоги играат Пенелопе Круз и Глен Клоуз, пренесе Холивуд Репортер. Филмот е дело на режисерското дуо Хавиер Амброси и Хавиер Калво, познати во Шпанија како „Лос Хавис“ („Los Javis“), кои заедно со полскиот режисер Павел Павликовски ја добија наградата за најдобар режисер на ...
Фабио Паратичи би можел да стане нов спортски директор на Милан, објавува „MilanPress“. Специјалниот советник на Милан, Златан Ибрахимовиќ, веќе имал прелиминарни разговори со 53-годишниот Италијанец за да ја утврди неговата достапност. Од февруари 2026 година, Паратичи е спортски директор на Фиорентина. Неговиот договор важи до 30 јуни 2030 година. Паратичи претходно беше спортски директор на Тотенхем и Јувентус. Под негово водство, Јувентус ...
Голманот на Арсенал, Дејвид Раја, верува дека победата во англиската Премиер лига 2025/26 му даде самодоверба на тимот пред финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ. – Беше неопходно, тоа беше целта откако пристигнав тука, па дури и пред тоа. Овој клуб постои за да се натпреварува и да се бори за највисоките почести, а Премиер лигата беше една од нив. Го постигнавме тоа, а сега ќе ни даде огромен поттик пред финалето на Лигата на ...
Њујорк ноќеска го победи Кливленд во четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА со 130:93. Натпреварот се одигра во Кливленд. Најдобар стрелец на натпреварот беше Донован Мичел, кој постигна 31 поен, но и тоа не беше доволно Кавалирс да го избегнат поразот. Во победничкиот тим најдобри кошаркари беа: Таунс (19 поени + 14 скока), Ануноби (17) и Шамет (16). Њујорк ја доби серијата со максимални 4:0. Тие во финалето на плејофот на ...
На напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, му е дијагностициран мускулен замор во левата нога по медицинските тестови. Неговото враќање на физичка активност ќе зависи од неговиот клинички и функционален напредок – се вели во соопштението на прес-службата на клубот. Меси ги вознемири аргентинските навивачи пред Светското првенство. Тој побара замена поради повреда на натпревар од МЛС. Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во ...
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, би можел да го промени клубот во летниот преоден рок, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Аргентинскиот напаѓач не е во суштински разговори со мадридскиот клуб за продолжување на договорот. Неговиот тековен договор важи до 2030 година. ПСЖ, Барселона и неколку клубови од Премиер лигата покажуваат интерес за Алварез. Романо забележува дека раководството на Атлетико ќе има тешкотии да го задржи ...
Претставата „Кокошка”, во копродукција на независната театарска група Вортекс и Театар Комедија, ги освои двете најзначајни награди на јубилејното десетто издание на Интернационален театарски фестивал во Приштина, кое се одржа од 18 до 23 мај, годинава во Приштина. Наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот ѝ беше доделена на Билјана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Ала во претставата „Кокошка“, додека претставата ја доби и ...
Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп в среда, на 27 мај премиерно ќе биде изведена претставата „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, чиј е и преводот и адаптацијата. Ова ќе биде втора премиера на театарот „Војдан Чернодрински“ од годишната програма за 2026 година. Сценографијата и костимографијата се на Илина Ангеловска, а изборот на музика е на Евтимов. Играат: Димитар Ѓоргиевски, Илија ...
Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од 3 до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, денеска на прес-конференција најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка. Директорот Оливер Белопета соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако се работи за јубилеј, ...
Советот на Општина Куманово донесе одлука со која централен простор во Занаетчиски дом без надомест ќе ѝ биде отстапен на Делегацијата на Европската Унија за отворање Европска куќа за млади. Според претставникот на секторот за правни работи од општина Куманово, Иван Ангеловски, станува збор за недвижен имот во сопственост на Општина Куманово. – Во конкретниот случај се работи за деловен простор во Занаетчиски дом, со површина од 48 квадратни ...
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска организираше прием за најдобрите ученици спортисти, наставници по физичка култура и тренери од кумановските основни и средни училишта во Куманово, информираа од локалната самоуправа. Приемот е организиран за учениците спортисти кои освоија бројни награди на државни првенства во индивидуални и колективни спортови. Како што наведуваат од општината, градоначалникот им честитал на младите ...
Македонската Армија в четврток на 28 мај на Градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците. Во соопштението од касарната „Јане Сандански“-Штип се вели дека на настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со ...
Изречени се најстроги казни и санкции во согласност со Законот за комуналните дејности по појавата свлечиште на булеварот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичката црква, откако инспекциските служби вчера и денеска извршиле увид на состојбите и утврдиле непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. – Инспекциските служби на Општина Центар, во координација со Министерството за внатрешни работи, ...
Во Општина Чаир денеска официјално беше пуштен затворениот базен во населбата Топанско поле, проект во вредност од еден милион евра поддржан од Владата и Министерството за спорт. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити нагласи дека од следната учебна година, на околу 1.800 деца ученици од 5-то и 6-то одделение од оваа општина пливањето ќе им биде задолжителен предмет во наставната програма и базенот ќе биде во нивна функција. – Денес, го ...
На Градежниот факултет во Скопје првпат денеска се одржа „Бизнис ден 2026“, насловен „Од амфитеатар до реализација – од студент до менаџер“. Настанот, во организација на Факултетот, обедини успешни инженери, менаџери и алумни, кои го споделија своето работно искуство од градежниот сектор со студентите. Државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски, во воведно обраќање истакна дека ваквите иницијативи се дел од ...
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) во чиј состав е и синдикатот СПАИС во кој членуваат вработени од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) апелира до Град Скопје и до раководството на претпријатието да седнат заедно со синдикатот и да ги надминат проблемите со кои се соочуваат вработените. Според синдикатот, вработените во ЈСП особено возачите реагираат на распоредите за работа за верски празници, а проблеми со кои ...
Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајковска и директорката на Институтот за јавно здравје – Скопје, д-р Марија Андоновска денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции со којшто се овозможува воспоставување институционална мрежа која директно ќе придонесе кон заштита и унапредување на јавното здравје, како и подобрување на целокупните услови за живот на локалното население. Прес-службата на Општина Кисела ...
Откако вчера се скрши стомната во срцето на Општина Центар, откако пропадна тротоар и падна бандера врз автомобил, видовме како градоначалникот Горан Герасимовски истрча на терен, глуми загриженост и експресно изрекува казни. Како народна изрека вели: откако ќе се скрши стомната, ќе стоиме покрај неа и ќе пишуваме казни. Е па, тогаш ќе поднесете сметка за штетата, но ќе биде доцна, стои во соопштението од ЗНАМ. Додека градоначалникот си ги ...
Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места прогнозира Управата за хистрометеоролошки работи. -Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе има ...
На 27 и 28 мај (среда и четврток), со почеток од 20 часот, на големата сцена на Театар Комедија ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство кое живее во една рудиментарна средина и ...
Во мајскиот броj на руското списание „Иностранаjа литература” е обjавена поезиjа на Анте Поповски. Ова реномирано списание, основано во 1955 година, ги запознава читателите со дострели во странската книжевност, обjавувајќи ги наjзначаjните дела од современата светска литература во превод. На 25 мај во Библиотеката за странска литература во Москва списанието беше промовирано од страна на неговиот главен уредник – писател, литературен критичар ...
Општина Валандово вечер и утревечер ќе биде домаќин на 39. издание на „Фолк Фест Валандово”, во чии рамки се предвидува предфестивалска вечер со најпознатите рефрени на градскиот плоштад, а главниот настап со изведбата на новите композиции ќе биде во салата „Јанко Узунов“. Годинашното издание, организаторите на најпозната манифестација која ја негува македонската народна песна, го најавуваат како едно од најдобрите во поновата историја на ...
Француските власти ќе им забранат на навивачите на ПСЖ да одржат парада доколку тимот го освои трофејот во Лигата на шампионите, објави градското собрание на Осмиот арондисман на Париз. Маршот на „Шанзелизе“ нема да се одржи за да се избегнат потенцијални немири во француската престолнина. -Полициската управа презеде мерки за да ја осигури безбедноста на луѓето и имотот таа вечер. Во случај на победа, за разлика од минатата година, не е ...
Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува ...
Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка загуби од Холанѓанецот Јеспер де Јонг во првото коло на Ролан Гарос со 3:6, 6:3, 3:6 и 4:6. Мечот траеше 3 часа и 4 минути. Ова е последното учество на Вавринка на Отвореното првенство на Франција како играч. Четириесет и едногодишниот тенисер претходно објави дека се повлекува на крајот од сезоната 2026. Вавринка ја освои титулата на Ролан Гарос во 2015 година. Де Јонг ќе се соочи со Италијанецот Федерико ...
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и британскиот боксер Тајсон Фјури ќе имаат бокс меч на 1 август. Се очекува борбата да се одржи во Даблин, Ирска. Засега нема информации за официјалното емитување на борбата Ибрахимовиќ против Фјури. Деталите може да станат познати поблиску до датумот на борбата. Триесет и седумгодишниот Фјури е светски шампион во WBC, WBA, IBF, WBO и The Ring. Неговиот рекорд е 35 победи (24 со нокаут), 2 порази и 1 ...
Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, ќе ја преземе функцијата тренер на Лацио, додека Маурицио Сари ќе ја преземе функцијата тренер на Аталанта, објави инсајдер Фабрицио Романо. Гатузо ќе биде назначен за тренер на Лацио во наредните денови. Четириесет и осумгодишниот тренер ја водеше италијанската репрезентација од јуни 2025 до април 2026 година. Тој поднесе оставка откако не успеа да се квалификува за ...