Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, наскоро ќе се приклучи на ПСЖ, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, трансферната цена е 50 милиони евра. Торес игра за Барселона од летото 2022 година. Тој одигра 207 натпревари за Каталонците, постигнувајќи 65 гола и 23 асистенции. Претходно, напаѓачот играше и за Манчестер сити и Валенсија. Трансфермаркт ја проценува неговата пазарна вредност на 55 милиони евра. Дваесет и шестгодишниот ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека следува период на стабилно и потопло време. Посочуваат дека само во вторник, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Најавуваат дека минималните температури ќе се движат во интервал од осум до 20 степени, а максималните од 30 до 39 степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална ...

Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума. Како ...

Состојбата со пожарот во атарот на село Лознани, Општина Могила е алармантна. Огнот се спушти до првите куќи. Линијата на огнот е долга со километри и во гаснењето на терен учествуваат битолските пожарникари, а активирани се и тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов во видео од терен информира дека благодарение на битолските пожарникари и неколку селани е спречена голема ...

Антологиската серија „Чудовиште“ добива четврта сезона која ќе прикаже еден од најпознатите нерешени случаи во американската криминална историја, убиствата на Ендру и Аби Борден во 1892 година. Под насловот „Чудовиште: Приказната за Лизи Борден“, серијата ќе го долови случајот на многу впечатлив и драматичен начин. „Во август 1892 година Ендру и Аби Борден биле пронајдени мртви во нивниот дом во Фол Ривер, Масачусетс. За нивните убиства била ...

Музичка историја беше испишана синоќа, кога легендарниот гитарист Ричи Блекмор му се придружи на својот поранешен рок-состав „Дип парпл“ на сцената, првпат по повеќе од три десетлетија. Феноменалниот настан, којшто до вчера се чинеше невозможен поради децениската кавга меѓу музичарите, се случи на самиот крај од концертот на бендот во „Џонс бич“ театарот во Ванта, Њујорк, САД. Имено, сега 81-годишниот виртуоз им се придружи на своите ...

Способноста на левучарите истовремено да ги користат обете хемисфери на мозокот за решавање проблеми им дава предност при возење автомобил и пилотирање борбен авион, смета Валери Литвинов, виш истражувач на Одделот за хемија и биотехнологија на рускиот Национален истражувачки политехнички универзитет во Перм. Стручњакот истакна дека контролата на рацете не е директно организирана од мозокот, туку е вкрстено организирана. Кај десничари, на ...

Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА). – По состанокот на Советот на ФАИ, беше донесена одлука да се повлече писмото за поддршка што го испрати претходно оваа година. Потоа беше изготвено писмо до ФИФА во кое се објаснуваат причините. ФАИ е благодарна за поддршката на ФИФА за ирскиот фудбал, но неодамнешните настани поведоа ...

Галатасарај достави понуда за трансфер за напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, објави „ESPN“, повикувајќи се на свои извори. Понудата на турскиот клуб била приближно 45 милиони евра. Договорот на 25-годишниот Бразилец важи до крајот на сезоната 2026/27, но клубот има опција да го продолжи за дополнителни 12 месеци. Во моментов не е познато дали фудбалерот ќе се согласи на трансфер во турскиот клуб, бидејќи деталите од неговиот личен ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Струга изјави дека е шокантен предлогот на Министерството за култура до Владата Струшките вечери на поезијата наместо самостојна национална установа да биде сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга, оценувајќи го како некултурен однос кон институција која е синоним за промоција на културата во светот. Според директорот на НУ Струшки вечери на ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над ...

До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска бил во посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева оствариле работна средба со лозари. Како што соопшти Нацева на нејзината Фејсбук-страница, состанокот се одржал во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел, да поминат во најдобар ред. – На состанокот се разговараше за динамиката на ...

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти-Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јар,мов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, беше одбележана 72 годишнина од нивното убиство. За животот и делото на петтемина студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници. -Сонот на струмичките студенти заедно со нивната визија и желба за демократска, правна, економски просперитетна држава, каде правото и правдата се ...

Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. ...

Со изведба на претставата „Кармен“ на Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет ...

Во преполниот парк со публика од сите генерации во Велес синоќа се одржа големиот музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години независност на Македонија. Настапија околу 80 уметници од забавната и народната музика со познати евергрини, а преку музика, поезија, глума и танц пред многубројната публика која им ракоплескаше и пееше во рефрен со нив. Уметниците како ѕвезди од бината ги поведоа присутните низ приказната за ...

Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот ...

Пари Сен-Жермен е блиску до потпишување на нов договор со тренерот Луис Енрике. Според некои француски медиуми, страните веќе се договориле за најважните услови, но останува да се средат неколку детали. Новиот договор на шпанскиот тренер со парискиот клуб ќе важи до 2030 година, исто како и договорот на спортскиот директор Луис Кампос. Продолжувањето беше одложено поради зафатен период: враќањето на играчите од Светското првенство, ...

Евровизија од идната година воведува нови правила што не налагаат загарантирано домаќинство доколку државата е вмешана во каков било конфликт. Во тој случај, Управниот одбор на фестивалот има право да избере друг домаќин. „Доколку моменталната ситуација влијае врз фестивалот, државата нема да може да е домаќин и покрај победата“, се наведува во соопштението. Новите правила се воведуваат откако годинава повеќето држави, меѓу кои Ирска и ...

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...

Повеќе од 200 златни статуетки со ликот на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт исчезнаа од неговиот роден град Салцбург, соопштија официјални лица. Ова ја остава изложбата посветена на 270-годишнината од неговото раѓање значително попразна, пренесува „Хафпост“ (HuffPost). Фондацијата „Моцартеум“ на 15 јули откри вкупно 320 статуетки – секоја висока околу 50 см, на коишто е прикажан Моцарт со неговото куче. За само две недели, ...

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2. Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, направи шест двојни грешки и реализираше една од четири брејк топки. Во финалето, ...

Оклахома Сити му честиташе на плејмејкерот Расел Вестбрук за пензионирањето. Кошаркарот играше 18 сезони во НБА-лигата. – Расел! Легенда на и надвор од теренот, честитки за пензионирањето и ти благодариме за сè што направи за овој град, објави прес-службата на Тандер на социјалните мрежи. Вестбрук беше избран од Оклахома Сити како четврти пик на НБА драфтот во 2008 година. Во 2019 година, тој се префрли во Хјустон, а потоа играше за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...

Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на Крсте Роџевски, „Дине Донеф трио“, Националниот џез оркестар, Питер Сомуа, Нубаја Гарсија и британскиот состав ...

На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...

Челзи бара 120 милиони фунти за трансфер на играчот од средниот ред Енцо Фернандез во Манчестер сити, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, лондонскиот клуб е подготвен да се раздели од 25-годишниот Аргентинец само ако добие профитабилна понуда. „Граѓаните“ се надеваат дека ќе ја намалат цената на трансферот и контактирале со соработниците на играчот. Медиумите претходно објавија дека менаџерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, е ...

Чави е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Холандија, објави прес-службата на Холандска фудбалска асоцијација (KNVB). Договорот е со важност до 2030 година. Чави на селекторското место го наследува Роналд Куман, кој поднесе оставка на 1 јули. На 30 јуни, Холандија загуби од Мароко (1:1, 2:3 на пенали) во 1/16финалето од Светското првенство 2026 година. Чави ја тренираше Барселона од 2021 до 2024 година. 46-годишникот ги одведе ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58