Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Екипата на Милан има ново засилување, откако успеа да го договори Диего Мореира од Стразбур. Веста за трансферот ја објави Фабрицио Романо. Италијанскиот тим ќе треба да плати 50 милиони евра и дополнителни бонуси. Француската екипа ќе има приход и од следниот трансфер на фудбалерот во друг клуб. За белгискиот фудбалер, кој квалитетно може да игра на двете страни на теренот интерес имаше и од клубови од Германија и од Англија. Но, тој сепак ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, објави дека наскоро ќе започне преговори за нов договор со клубот од Минхен. Англичанецот е во Баерн од 2023 година, а неговиот договор трае до јуни 2027 година. Претходно, медиумите објавија интерес од Барселона за 33-годишниот напаѓач. -Имам само уште една година од мојот договор, па сега е време да разговараме за тоа. Ќе разговараме за тоа следната недела или неделата потоа. Двете страни се многу ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич, во општините Велес и Зелениково кај селата С’лп, Горно село, Карабуниште, Бузалково, ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...
Музичката програма на годинешното 66. издание на „Охридско лето“ продолжува со Унгарската вечер и целовечерниот концерт на кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. На концертот ќе бидат изведени дела од Роберт Шуман, Мате Бела, Золтан Кодај, Реже Кокаи и Бела Барток, со што публиката ќе има можност да проследи програма во која се преплетуваат германскиот романтизам и унгарската музичка традиција. Салаи е добитничка на ...
Ракометарите на Вардар постигнаа победа во првиот натпревар од новоформираната Регионална лига. Тие попладнево во Охрид ја совладаа Војводина со 36:30. Ова беше дуел од 8.коло од ова натпреварување. Двата тима се дел од турнирот во Охрид, кој почнува утре. Во регионалната лига настапуваат десет екипи, поделени во две групи, а во секоја од групите има по два македонски тима. Во групата А се Алкалоид и Еурофарм Пелистер, додека во Б група се ...
Српскиот кошаркар Никола Калиниќ на 34.години објави крај на играчката кариера. Тој во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Црвена Звезда, каде и ја играше последната сезона. „Ја завршувам кариерата, ќе бидам помошен тренер во Звезда. Поради животната ситуација сакам да бидам во Белград“, напиша кошаркарот на социјалните мрежи. Во Црвена Звезда тој настапуваше во три наврати, а во странство играше за Фенербахче со кој во 2017 ...
Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез е еден од најбараните напаѓачи овој преоден рок. Тој е цел на Барселона, но неговиот сегашен клуб Атлетико Мадрид не дозволува трансфер. Фудбалерот во меѓувреме инсистира на разговори со тренерот Диего Симеоне и раководството на клубот за трансфер во Барселона, но тоа не се случува. Последните информации се дека и менаџерот на шампионот на Премиер лигата Микел Артета, играчот го гледа како одлично ...
До 18:00 часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати. Центарот за управување со кризи соопшти дека активни е пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), с. Батинци, Општина Студеничани, с. Палиград (ниска вегетација и шума), Општина Зелениково, м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), ...
Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга. Освен ...
Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и ...
Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. – Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски. Вонредното прскање против ...
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали ги сподели своите размислувања за идните регулативи на шампионатот. – Главната цел на идните регулативи е сè да остане што е можно поедноставно и да им се дадат на Формула 1 полесни болиди со чисто гориво и, секако, електрификација. Исто така, треба да ја зачуваме можноста возачите да го притискаат лимитот, како што тие го бараа тоа. Што се однесува до преостанатите технички детали, јас се ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од 2-1 во сетови од Аргентинецот Тиаго Тиранте на Мастерсот во Синсинати донесе загрижувачки вести за организаторите на УС опен. Ова откако тенисерот изјави дека веќе неколку години има здравствени проблеми во услови на висока температура при голема влажност на воздухот. Поранешната француска тенисерка, Камил Пен која коментира за Еуроспорт, напомена дека проблемите со дишењето е лош знак особено што ...
Јувентус е заинтересиран да го потпише голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио, на позајмица, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, личните услови на 29-годишниот Италијанец веќе се договорени. Јувентус ќе понуди позајмица со опција за откуп, наместо задолжителен откуп. Преговорите меѓу клубовите ќе продолжат во текот на денешниот ден. Викарио е во Тотенхем од јули 2023 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2028 година. Во ...
Заминувањето на Родри од Манчестер Сити во Барселона направи голема празнина во средниот ред на „граѓаните“, кои последната сезона остана и без титулата во Премиер лигата. Сега тимот од „синиот“ дел на Манчестер експресно ќе треба да најде засилување – играч на таа позиција. Англиските медиуми почнаа со шпекулации, откако Челзи ги „затвори“ сите можности за трансфер на Енцо Фернандез ова лето. Манчестер Сити сега замена за Родри гледа во ...
По заминувањето на Феран Торес од Барселона во редовите на европскиот првак ПСЖ, каталонскиот клуб до крајот на преодниот рок ќе се обиде да најде замена. Како прва опција останува Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но конкурентот од шпанската лига тешко се откажува од играчот. Во таква ситуација Барселона како нов играч можно е да го донесе напаѓачот на Арсенал и репрезентативец на Шведска Виктор Ѓокереш. Тој минатата година од Спортинг ...
Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој ја тематизира трагедијата во „Пулс“ во Кочани, синоќа имаше светска премиера во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал. Како што наведува ПР-тимот на Манчевски, „Добри луѓе” е снимен со минимална филмска екипа, само еден месец по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе. Манчевски го снимил со свои средства, во знак на почит ...
Територијалната противпожарна единица Велес утрово во 7 часот почнала да интервенира на шумскиот пожар кој се движел во насока на велешкото село Карабуниште со едно противпожарно возило возило и четворица пожарникари. По пристигнување на лице место велешките пожарникари веднаш пристапиле со гасење на кракот кој преставувал опасност за селото и истиот попладнево е изгаснат, а велешките пожарникари околу 15 часот се вратија во Велес, ...
Почна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид денеска учествуваше во првата фаза од порибувањето. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено ...
Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дисоктеката „Пулс“ во Кочани во март 2025, ризикувајќи го својот живот, е меѓу 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, им ја доделува наградата на млади од 13 до 20 години, кои со своите дела поттикнуваат позитивни ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека еден од најочекуваните проекти за жителите на Бутел, веќе влегува во својата завршна фаза – темелно уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека. „Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење. ...
Екипите на Вашингтон и на Сакраменто му понудија договор на плејмејкерот Расел Вестбрук пред кошаркарот да одлучи да се пензионира. Според инсајдер Марк Штајн, Вашингтон визардс му понудија на 37-годишниот Американец двегодишен договор, но тој не се согласи со условите и предложената улога. Вестбрук беше избран како четврти пик НБА-драфтот во 2008 година. Тој играше за Оклахома Сити до 2019 година. Беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на ...
Екипата на Ленс го освои Суперкупот на Франција, откако синоќа на домашен терен го победи Пари Сен-Жермен со 1:0. Единствениот гол го постигна Флоријан Товен во 32. минута. ПСЖ играше со предност од еден играч речиси половина од натпреварот, кога дефанзивецот на Ленс, Килијан Антонио, доби црвен картон во 39. минута. Во финишот црвен картон доби и Нуно Мендеш од ПСЖ. Ленс го освои Суперкупот на Франција за прв пат во клупската историја. Тимот ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно ...
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди две музички содржини – завршен концерт на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика и настап на Младинскиот оркестар на Западен Балкан. На завршниот концерт ќе се претстават најуспешните учесници на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, кој од 2014 година се одржува во Охрид под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан и пијанистката Тамила Гулиева. ...
Во Командата за обука и доктрини при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес во салата на Војничкиот клуб денеска свечено беа одбележани 34 години од формирањето на македонската Армија. Пред бројните присутни гости и армиски претставници и поранешни команданти, Денот на Армијата – 18 август од свечената говорница им го честита полковник Дарко Стојкоски, заменик командант на Командата за обука и доктрини (КОД). Тој потсети дека 18 август ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума. Тој предупреди ...
Вештачката интелигенција направи уште еден голем скок во биологијата. Научниците, користејќи генеративни ВИ-модели, дизајнирале цели геноми на бактериофаги – вируси што напаѓаат бактерии, а коишто сега може да се произведуваат во лабораторија. Од илјадници обиди, 16 вируси се покажале како функционални. Истражувањето го водеше д-р Брајан Хеј од Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија (САД), а користени се модели „Ево 1“ и „Ево 2“ (Evo 1 / 2), ...
Во музеј на Сицилија, украдени се четири слики со непроценлива вредност од Ренесансата, соопшти италијанскиот министер за култура, Алесандро Џулио. Надлежните потврдија дека три панели од „Полиптихот на Свети Григориј“ од 1473 година, како и двострана плоча со прикази на Богородица и распнатиот Исус Христос, биле украдени од Регионалниот интердисциплинарен музеј во градот Месина, во саботата навечер. Уметничките дела му се припишуваат на ...