Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Македонскиот олимписки комитет (MOK) денес во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски. – Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, сместувањето, опремата и сето друго што се ...
Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 20 август ќе се одржува во Конгресниот центар во Охрид. Предвидено е на свеченото отворање на Школата пред учесниците да се обратат ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ...
Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска беа одбележани 34 години од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија, во пресрет на 18 Август – Денот на Армијата. На свеченоста беше истакнато историското значење на 18 август 1943 година, кога на падините на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена единица на македонската војска. Командантот на Вториот пешадиски баталјон потполковник Ристо ...
Со цел за подобрување на постоечката инфраструктура во централното градско подрачје, веќе извесен период на терен се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите на улиците Маршал Тито и Партизанска. Станува збор за тротоари за кои стручните служби утврдија дека се во незавидна состојба и делумно нефункционални, па токму затоа се пристапи кон нивна реконструкција и обнова. Во моментов се одвива реконструкција на тротоарот на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека внимателно ја следи состојбата со појавата на сипаници кај овците и дека континуирано ги спроведува потребните заштитни и контролни мерки за спречување на ширењето на болеста. Од АХВ информираат дека до Европската комисија и до Република Турција е доставено барање за донација на вакцини, додека експертската група редовно одржува состаноци и предлага соодветни мерки за справување со ...
Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества – соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачите на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на болеста. МЗШВ информира и дека ...
Холивуд е во шок по ненадејната смрт на актерката Хејде Пенетиер на само 36 години. Смртта на младата актерка ја потврди нејзиниот претставник за медиумите. Нема детали за причината за смртта. „Со длабока тага ја споделуваме трагичната смрт на нашата сакана Хејден. Таа беше неверојатна светлина и сила на природата која донесе неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа – и на милионите што ја гледаа на екранот“, рекол нејзиниот татко, ...
Судењето на Дуејн „Кифи Ди“ Дејвис, обвинет за осмислување и организирање на убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, почнува денеска во Лас Вегас. Дејвис (63) е обвинет за убиство со смртоносно оружје со намера за поттикнување, напредување или помагање на криминална банда. Обвинителите не велат дека тој бил стрелецот, туку дека го организирал нападот како одмазда за тоа што Тупак и неговата придружба го претепале внукот на Дејвис во ...
Тренерот на Ленс, Дино Топмелер, им се обрати на своите играчи по победата над ПСЖ со 1:0 синоќа во Суперкупот на Франција. – Сега сите знаат што е Ленс. Не се плашиме од никого. Можеме да победиме секого овде на наш терен. Побарав од моите фудбалери само едно, да покажат видите дека се погладни за трофејот од противниците. Го видов тоа во целост, изјави за „Eurosport“ 45-годишниот германски тренер. Ленс го освои францускиот Суперкуп за прв ...
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се осврна на поразот од Ленс со 1:0 синоќа во францускиот Суперкуп. – Мислам дека заслуживме повеќе. Но, морам да им честитам на Ленс – тие победија и играа многу добро, со нивниот вообичаен интензитет… Одигравме многу добар натпревар, но ни недостасуваше среќа, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот. Ленс го освои Францускиот Суперкуп за прв пат во клупската историја. ПСЖ го загуби ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се залага за зголемување на бројот на играчи во ростерот. Фудбалерите на Арсенал, Габриел Мартинели, Итан Нванери и Габриел Жесус, не беа вклучени во составот за победата над Манчестер сити (3:0) во Комјунити Шилд. – Се обидувам да ја убедам Премиер лигата и клубовите да го зголемат бројот на играчи во составот, бидејќи играме сè повеќе натпревари, а обемот на работа е едноставно нереален. Штета е што не им ...
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени. Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со ...
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, доби дозвола денес да отпатува во Барселона за да го комплетира својот трансфер во каталонскиот клуб, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Барселона закажала медицински прегледи за 30-годишниот Шпанец, кој треба да потпише четиригодишен договор оваа недела со важност до јуни 2030 година. Се очекува договорот да биде вреден 60 милиони евра во фиксни хонорари и 16 милиони евра во бонуси. ...
Реал Мадрид е заинтересиран да го потпише играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, објавува „TEAMtalk“. Тренер на Реаал, Жозе Мурињо, го одобрил трансферот на 27-годишниот Шпанец. При тоа, Зубименди се плаши дека нема да добие доволно време за играње во сезоната 2026/27 откако Арсенал потпиша нови играчи, па се согласува да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Прелиминарните разговори со околината на играчот веќе се одржаа. Во ...
Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено ...
Со денешните последни девет дисциплини заврши Европското првенство во пливање што се одржуваше во Париз. Третото злато италијанската пливачка Симона Куадарела на првенството го освои со победата во трката на 400 метри слободно, откако претходно беше прва на 800 и 1.500 слободно. Таа патеката ја исплива за 4:01.34 минути со време на нов рекорд на првенствата, пред Германките Изабел Госе и Маја Вернер. Кај мажите на 400 метри слободно домашниот ...
Италијанскиот клуб Олимпија Милано објави дека македонската кошаркарска репрезентација ќе има нов натурализиран Американец. Станува збор за Мозес Рајт (бел дрес на фото). Тој ќе треба да се приклучи на репрезентацијата за претстојниот августовски „прозорец“ односно за дуелот што македонскиот национален тим ќе го игра против Австрија на 30. август ма гостински терен. Тоа е дуел од квалификациите за Евробаскет 2029 година. Нашата репрезентација ...
Иднината на Николас Џексон во Челзи неизвесна, клубот бара 70 милиони евра, но тешко е да се очекува дека некоја екипа ќе биде подготвена да ја плати таа сума. Фудбалерот последната сезона ја мина како позајмен во Баерн Минхен и на 23 натпревари постигна осум голови. За играчот интерес има од премиерлигашите Астон Вила и Тотенхем, како и од Атлетико Мадрид, но тешко е да се верува дека некој од овие клубови се подготвени да ја платат бараната ...
Шампионот на Англија Арсенал е освојувач на Комјунити Шилд (Супер куп на Англија) откако попладнево го победи Манчестер Сити со 3:0. Актуелниот првак Арсенал победата ја најави со голот на Рикардо Калафиори во 1.минута (24 секунда) што беше најава за освојување на пехарот. Кај Хаверц во 28.минута зголеми на 2:0 за Арсенал. На стартот на вториот дел „топџиите“ ги поставија конечните 3:0 во 48.минута со голот на Мартин Одегард, по втората ...
Првакот Вардар втор натпревар во низа е поразен откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга ТЛ со 1:0 во дербито на третото коло. Вардар имаше шанса да остане непоразен во дербито, но во судиското надополнување на вториот дел Давид Бабунски (90+5 минута) не реализираше пенал (го промаши голот). Единствениот гол на дуелот го постигна Христијан Малески во 61.минута. По голот стружани не реализираа уште неколку шанси за зголемување на ...
Кристијано Роналдо сериозно размислува за крај на својата кариера. Во интервју за „Вог“ изјави дека сериозно размислува за крај на својата кариера. Ова ќе биде веројатно мојата последна сезона во фудбалот, изјави популарниот CR7. Роналдо има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе има 42 години. Португалецот е на чекор до неверојатен рекорд односно му фалат 30 голови за да стигне до бројката од 1.000 голови. Лигата во Саудиска Арабија ...
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и ...
Млади филмски автори и студенти по филм од Западен Балкан вчера се собраа во Сараево на Втората регионална конференција за културна соработка на младите, која оваа година се одржува како Студентски форум на Сараевскиот филмски фестивал. Организатор на програмата е проектот „Лабораторија за млади од Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Советот за регионална соработка (RCC), во соработка со Сараевскиот филмски ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб. – На пожарот на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на ...
Екипите на градските служби од раните утрински часови спроведуваат активности за чистење и уредување на повеќе локации низ Скопје, во рамки на акција за почист и поуреден град – соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што посочува градоначалникот, во рамки на акцијата се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот. -Убав ...
Андреас Алмгрен од Шведска ги заслужи сите почести откако на доминантен начин победи во трката на 10.000 метри и конечно освои златен медал на едно големо натпреварување. Тој поголемиот дел од натпреварувачите ги мина речиси за еден круг, а патеката ја истрча за 27:23.44 минути со време на нов рекорд на првенствата и најдобар резултат сезонава. Втор целта ја мина Доминик Лобалу од Швајцарија, а трет Џими Гресиер од Франција. Во скок во ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска го имаше вториот настап на Европското првенство во пливање во Париз. Тој во квалификациите на 400 метри слободно постигна резултат – 4:04.05 минути и го освои 5.то место во втората од седумте групи. Ѓуретановиќ беше во водство до 170 метри, но потоа победникот на групата Биен Сибила од Андора го презеде водството. Неговото најдобро време во оваа дисциплина е 3:57.75 минути. Во вкупниот пласман ...
На маратонските трки во рамки на Европското првенство во Бирмингем победија Алисиа Ваинио од Финска и Аманал Петрос од Германија. Европска шампионка стана Алисиа Ваинио од Финска, која патеката ја истрча за време 2:22.26 часа што претставува нов рекорд на првенствата. Таа трчаше соло-трка од почетокот до крајот и златниот медал во ниту еден момент не и беше загрозен. Речиси пет минути зад победничката стигна Унгарката Лили Ана Виндич-Тот, кој ...
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонот во рамки на Европското првенство во Бирмингем. Тој маратонската патека ја истрча со време – 2:22.39 часа или имаше заостанување од 13.28 минути зад победникот Аманал Петрос од Германија. Ивановски имаше добар почеток на трката и се наоѓаше во средината од групата учесници. Но, некаде меѓу 15-20.тиот километар најверојатно поради криза имаше пад од околу 20 места. Сепак ...