Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати откако во второто коло загуби од младиот Аргентинец Тиаго Тиранте со 2-1 во сетови (4:6; 6.4 и 6:4). Тој по мечот, што траеше 2 часа и 45 минути зборуваше за здравствените проблеми со кои се соочува изминативе години. Не е првпат, а сигурно ниту последен. Едноставно во прашање се здравствените проблеми. Имам проблеми особено кога влажноста е голема и со висока температура. ...
Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Ангелов, во видео од терен, ...
Германскиот пливач Јоханес Либман е новиот светски и европски рекордер на 1.500 метри слободно откако попладнево на Европското првенство во Париз го собори рекордот на Американецот Боби Финки за 3.88 секунди поставен на Олимписките игри во Париз. Тој на убедлив начин стигна до златниот медал откако во текот на целата трка беше лидер и постигна време 14:26.79 минути. Среброто му припадна на Жалан Саркањи од Унгарија, а бронзата на Оливер ...
Премиерлигашот Ливерпул ги продолжува преговорите со европскиот првак ПСЖ за францускиот репрезентативец Бредли Баркола. Преговорите за трансфер стануваат се по интензивни откако и фудбалерот на „црвените“ Коди Гакпо побара трансфер во Тотенхем. Тоа би значело дека новиот менаџер на Ливерпул Андони Ираола ќе има потреба од крилни напаѓачи откако и Мохамед Салах замина во Трабзон. Се чини дека опцијата за носењето на Баркола е станува се ...
Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот на вчерашниот ден имало 27 пожари на ...
Холандскиот репрезентативец и член на премиерлигашот Ливерпул Коди Гакпо е пред заминување од Енфилд. Според британските медиуми тој веќе ги договорил личните услови за премин од Ливерпул во Тотенхем. Гакпо наводно веќе ги информирал во Ливерпул дека сака трансфер Сепак во целата ситуација клучниот збор го има Ливерпул, кој го има под договор играчот. Тотенхем според најавите е подготвен да плати меѓу 70 и 75 милиони евра. Но, прашањето е ...
Раководството на Барселона ја упати последната понуда за фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец Родри. Според шпански АС Барселона ја зголемила понудата и третата изнесува 70 милиони евра. Во каталонскиот клуб очекуваат оваа да биде прифатена. Но, Манчестер Сити откако ги одби првите две понуди од 45 и од 60 милиони, за својот играч бараат околу 80 милиони евра. Во Барселона сметаат дека ова е превисока, особено што фудбалерот ...
Победи за Силекс и Шкендија Арачиново на денешните дуели од третото коло од Првата фудбалска лига. Силекс во вториот дел успеа да го „скрши“ отпорот на Скопје и славеше со 3:0, додека новиот прволигаш Шкендија Арачиново направи изненадување и го совлада Тиквеш на негов терен со 1:0. Во Кратово домашниот тим поведе во 48.минута преку Есмир Хасукиќ. На 2:0 во 60.минута зголеми Никола Богдановски од пенал, а поради втор жолт картон натпреварот ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. – Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и ...
Нема потреба од создавање тензии и дополнителен страв кај граѓаните, ниту темата треба да се користи за дневно-политички поенти, апелираше попладнево в.д. директорот на јавното комунално претпријатие „Бошава“ во Демир Капија, појаснувајќи дека при добивање на неисправен резултат „постојат повеќе можни фактори, вклучително и можност за контаминација при самото земање, транспортот или обработката на мострата, но, истовремено, не може да се ...
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер трактори“ со концентрирано дејство на неколку ...
Македонскиот кајакар на диви води Благој Гугинов го освои деветтото место на Европското јуниорско првенство во Грандтули, Шкотска. Ова е еден од највредните резултати за македонски претставник на континенталниот шампионат. Младиот македонски репрезентативец најпрво обезбеди пласман за финалната трка со одличен настап во квалификациите, а потоа во финалната трка имаше уште едно забележително возење. Пласманот во ТОП 10 во Европа е значајно ...
Македонската кошаркарска судијка Ема Никочевиќ доби голема признение од ФИБА. Таа е номинирана да го суди денешниот финален натпревар на меѓу Белгија и Шведска на ФИБА Европското првенство за кадетки – дивизија Б. Ема Никочевиќ ќе биде дел од судиската тројка на овој натпревар, заедно со Сузана Вујичиќ од Црна Гора и Иван Илиев од Бугарија. Шампионатот се одржува во Пјештани, Словачка. За Никочевиќ ова ќе биде прво европско финале во ...
Херојот на финалето на Мундијалот Феран Торес е новото засилување на европскиот првак ПСЖ откако го потпиша договорот до 2031 година. Тој во ПСЖ ќе настапува во дресот со број 9. – Среќен сум што почнувам нова авантура во амбициозен клуб како ПСЖ. Благодарност до претседателот Насер Ал-Келафи, Луис Кампос и до тренерот Луис Енрике што ми дадоа шанса да се приклучам на екипата, се надевам на освојување на што е можно повеќе пехари, изјави ...
Жири-комисијата селектирала девет стихозбирки во потесниот круг за доделување на наградата „Антево перо“. Жири-комисијата за доделување на наградата во состав претседател проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева Златева во потесниот круг ги селектирала поетските книги на Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е полн со небо“, Емељ Туна – „Анатомија на бршленот“, ...
Љубителите на филмската уметност наредната недела ќе имаат можност да уживаат во две различни филмски проекции во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, наменети и за најмладата публика и за љубителите на драмските остварувања. Во вторник, 18 август, со почеток во 19:00 ч., ќе биде прикажан анимираниот детски филм „Таинствената шума“, синхронизиран на македонски јазик. Филмот носи возбудлива приказна исполнета со мистерија, пријателство и незаборавни ...
Симон уште еднаш покажа и докажа дека не е само најдобриот македонски пијанист на сите времиња и еден од најмаркантните пијанисти во светот, туку и харизматична личност којашто сака и умее да комуницира во текот на концертот со музичарите на сцената, но и со слушателите, креирајќи топла, пријатна атмосфера, напиша денеска на Фејсбук претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која вчеравечер присуствувала на концерт на Симон ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу ...
Активни се шест пожари низ државата во моментов, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи, информирајќи за денешните регистрирани пожари на отворен простор до 13 часот. Од активните, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица. Ниска ...
Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека на фреквентната сообраќајницата се става првиот слој асфалт и таа се доврзшува „по триесетгодишно чекање“. -Се сеќавам уште како дете, довршувањето на овој булевар беше ветување кое се повторуваше со години. Генерации граѓани слушаа ветувања, а повеќе од 100.000 луѓе кои секојдневно гравитираат во овој дел од Скопје ...
Италијанската атлетичарка Надја Батоклети ја потврди одличната форма и својата доминција на долгите патеки на Европското првенство во Бирмингем откако по триумфот на 5.000 метри беше најбрза и на 10.000 метри. Таа синоќа го истрча и најдобриот нејзин резултат сезонава – 31:41.17 минути. Среброто и припадна на Маурен Костер од Холандија, а бронзата на Јана ван Лент од Белгија. Швајцарката Одри Веро победи во трката на 800 метри со време на нов ...
По два златни медали за Шпанија и Италија на денешните трки во брзо одење на Европското првенство што се одржува во Бирмингем, а во женска конкуренција новите шампионки поставија и светски рекорди. Највредниот резултат го постигна Софија Фиорини од Италија, која до златниот медал во маратонот во брзо одење стигна со време на нов светски рекорд – 3:15.11 часа, пред Катерина Ждрибело од Полска и Ракел Гонзалез од Шпанија. Италија го има и ...
Во чест на Кевин Гарнет, НБА екипата Минесота Тимбервулвс ќе го повлече дресот со број 21. Гарнет е еден од најдобрите играчи на Минесота во нејзината историја, а уште некои од неговите клупски рекорди се актуелни. Свечениот чин ќе се случи на 28.февруари 2027 година кога во Минесота ќе гостува Бостон Селтик, вториот тим на Гарнет каде настапуваше од 2007 година. Притоа како дел на Бостон во 2008 година ја освои шампионската титула заедно ...
Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ е пред враќање во европскиот фудбал односно во екипа од Серија А. Тој три сезони настапуваше за екипата на Ал Наср во Саудиска Арабија. За 33-годишниот фудбалер интерес во моментов има од Јувентус и соработка брзо би можела да биде договорена особено што повторно тренер би му бил Лучијано Спалети. Под негова „палка“ Брозовиќ успешно настапуваше во дресот на милански Интер. За Интер Хрватот одигра ...
Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро е нов член на Атлетико Мадрид. Со трансферот Атлетико доби квалитетно засилување, а Тотенхем 34,2 милиони фунти и дополнителни 15% од следниот трансфер на Аргентинецот. Ромеро потпиша петгодишен договор со мадридскиот клуб, претходно настапуваше во Аталанта. 28-годишниот фудбалер во последната сезона кога Тотенхем се бореше за опстанок во Премиер лигата доби два црвени картона и пропушти неколку ...
На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...
Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...
Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука, изјави ...
Симона Квадарела од Италија го освои второто злато на Европското првенство во пливање што се одржува во Париз. Таа победи и во трката на 1.500 метри слободно со време 15:46.22 минути што е нов рекорд на европските првенства. Место на пиедесталот обезбедија и Германките Исабел Госе и Маја Вернер со што имаше ист редослед како и во трката на 800 метри слободно. До златен медал со време на рекорд на првенствата освои Евгенија Чикунова на 200 ...
Фудбалерите на Арсими ја постигнаа првата победа откако попладнево во првиот дуел од 3.коло на домашен терен го победија Башкими со 1:0. Единствениот гол беше постигнат во 82.минута, а стрелец беше Колумбиецот Диего Контрерас. Арсими ги освои првите бодови во новиот шампионат, додека Башкими го претрпе третиот пораз. Утре се играат два дуела, а двојките се: Силекс – Скопје, Тиквеш – Шкендија Арачиново. Во недела се игра дербито меѓу Струга ...