Град Скопје информира дека воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства. – Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS-уреди и се следат преку современ мониторинг-центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута ...

Германците сега можат да се регистрираат во здравствената служба на Бундесверот со скенирање кју-ар-кодови што ги има на обвивките за ќебапи низ целата земја. Гласноговорникот на германското Министерство за одбрана изјави за германскиот весник „Берлинер Куриер“ дека новата кампања за регрутирање има за цел да привлече „не само млади луѓе“ кои се пред кариерни одлуки, туку и „оние меѓу две работи и квалификуваните работници“, т.е. лица кои ...

Светската поп ѕвезда Мадона, 68-от роденден го прослави во Грција, ги посети Метеора и островите Крф и Патмос, а на социјалните мрежи со нејзините фанови сподели фотографии, но и видео од прославата, кое пак го презеде и грчкиот премер Кирјакос Мицотакис ѝ и го честиташе роденденот, јави дописничката на МИА од Атина. – Роденден ми е. Сите станете и танцувајте, напиша Мадона за видеото придружено со истоимената нејзина песна. Во објавата што ...

На церемонијата одржана пред шест месеци во Градското собрание, белгискиот принц Лоран официјално го призна 26-годишниот Клеман Ванденкеркхове за свој син, од врската со белгиската пејачка Венди Ван Вантен. Според првичните информации Клеман Ванденкеркхове нема да добива кралски надомест, ниту ќе може да го наследи престолот. – Иако неколку години знам дека тој ми е татко, сè уште не сум одлучил дали ќе го земам неговото презиме. Горд сум на ...

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг го купи готскиот замок „Странкajли“ од XIX век во југоисточна Ирска, објави „Ајриш тајмс“ (Irish Times). Зданието се наоѓа на 200 километри од европското седиште на „Мета“, наведува компанијата. Замокот е изграден околу 1830 година на земјиште со поглед на реката Блеквотер. Во 2003 година бил подложен на обемни реновирања, според Националниот архитектонски архив. Трансакцијата не е наведена во ...

Според најновото истражување спроведено преку онлајн платформата „Сабмит хаб“ (SubmitHub), речиси 40 отсто од новата музика во 2026 година била создадена со ВИ. Tаа онлајн платформа каде што музичарите можат да ги достават своите песни на музички плејлисти и блогови анализирала повеќе од милион музички нумери. Со помош на алатката „СХ лабс“ 23,2 отсто од анализираните песни биле целосно генерирани со ВИ. Дополнителни 15,3 проценти од песните ...

Со концерти на Александар Тарабунов-Тара и групата „Нокаут“ синоќа на плоштадот „Делфина“ во Влае почна 17. Карпошово културно лето, во организација на Општина Карпош. Општината соопшти дека многубројната публика уживала во настапите на изведувачите, кои, како што наведува во соопштението „приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера“. – Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на најубав начин беше ...

Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров утревечер во Јавна соба ќе го промовираат авторскиот проект Jazz Extravaganza. -Jazz Extravaganza е простор во кој авторската музика добива нов живот преку импровизацијата. Композициите се почетна точка, но не и конечна дестинација, велат организаторите на концертот. Според Емин, нотниот запис е „мапа“, но вистинската ...

Со 40 фестивалски дена, 48 настани и учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји, фестивалот Охридско лето ја заокружи годинашната фестивалска програма. Охридско лето, и по 66 години, останува еден од најпрепознатливите македонски културни брендови, со силно меѓународно присуство и место на европската фестивалска сцена. Со врвни уметници, разновидна програма и публика од земјата и странство фестивалот ја продолжува својата улога на културен ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра, која, ако падне на сува трева, може да настане вистинска катастрофа. – Утрово, селата Бонче, Подмоле и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од ...

Со меѓугенерациска музичка вечер, посветена на танцот и музиката од разни епохи, културно-едукативниот центар „Лабораториум“, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе го одржи летното издание на концептот „Игранка“, со кое се одбележуваат две години од неговото почнување. Настанот е замислен како отворена градска средба без жанровски и генерациски ограничувања со цел да се понуди простор во кој разни генерации може заедно да поминат вечер во ...

Ракометарите на Вардар ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид откако вечерва во дуелот од Б групата го совладаа хрватски Нексе со 33:27. Со овој триумф Вардар ќе се бори за првото место во групата Б заедно со екипата на словенечки Тримо. Вардарци не дозволија изненадување и по 22:22 направија серија од 4-0 што се покажа како решавачка. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус од Вардар со 10 голови. На другите два ...

Бразилскиот фудбалер Габриел Жезус ќе го напушти шампионот Арсенал и во новата сезона ќе настапува во Ипсвич. На тој начин ја завршува својата кариера, без многу натпревари и минути во дресот на Арсенал, но сепак со шампионска титула. Трансферот во Ипсвич ќе треба да биде реализиран следната недела. Жезус имаше и преговори со Наполи каде требаше да биде замена на Ромелу Лукаку, но сепак се реши да остане во Англија и во Премиер лигата. Инаку, ...

Организаторите на УС опен како и што се очекуваше го зголемија наградниот фонд за 2026 година, а тоа значи дека зголемување ќе има и за тенисерите и тенисерките во секое коло. Победниците т.е. шампионите на овој Гренд слем турнир ќе добијат по 5,5 милиони долари, додека за финалистите е предвидена награда од 2.800.000 долари. Минатата година победници добија по 5 милиони долари. Зголемена е и паричната награда и за учесниците во првото коло, ...

Во ФФМ беа одредени двојките за првите натпревари сезонава во Купот на Македонија. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. ДВОЈКИ – 1/16-ФИНАЛЕ: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим Лум Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930 Могила 2023 – Арсими 1973 БВК Коњари – Башкими 1947 ...

Безбедна и со добар квалитет е водата на скопската територија, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Информацијата попладнево ја сподели јавното претпријатие на Фејсбук. – Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец – ...

Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција. На домашен терен, пред публиката во Крушево, македонската параглајдинг репрезентација стигна до историскиот успех – сребро во екипна конкуренција, додека Бергер го освои европскиот врв во поединечна женска конкуренција. Европското првенство во параглајдинг се одржа од 8 до 19 август во Крушево, со учество на 130 пилоти од 30 ...

Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Од нив, осум се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп, село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица и крак кон Црна Река, гори ниска вегетација. Ниска вегетација и деградирана дабова шума горат во општина Крушево во ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека не би го потпишал напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал. – Не би го донел Јамал во Реал. Тој е одличен фудбалер, нема сомнение за тоа. Има огромен потенцијал да се подобри. Различен е, но… Имаме одличен состав, а јас немам потреба никој друг да го додадам во мојот тим… Моите играчи се најдобри. Барселона на Флик? Ми се допаѓа. Тие работат многу добро со Деко и имаат многу добри играчи, изјави ...

Македонскиот јазик е веќе вграден во светската културна ризница преку духовното наследство, а наша обврска е да го зачуваме и да обезбедиме неговата достојна афирмација во светот, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска на свеченото отворање на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Јаневска истакна дека образованието и науката се темели за иднината на секој јазик ...

Околу напуштените куќи во селата или викендички што ретко се користат сопствениците да направат противпожарни пресеки, широки по десетина метри во зависност од околната вегетација, апелираше раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според него, во борбата со пожарите, кои, рече, во иднина ќе ги има сè почесто поради глобалното затоплување и сушите, фокусот ...

Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор. Со реализацијата на овие активности се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината, соопшти градоначалникот Дарко Костовски. Во рамки на градежните активности се ...

Откриена „S301“, најбрзата позната ѕвезда во Млечниот Пат која со неверојатна брзина орбитира околу супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија. Со ова сознание научниците би можеле подетално да ги проучуваат црните дупки и попрецизно да ја утврдат нивната ротација. „S301“ е најблиската ѕвезда во центарот на Млечниот Пат, до супермасивната црна дупка „Стрелец А“. Со своето најблиско приближување таа е на растојание од црната ...

Американската глумица Сандра Булок првпат јавно проговори за смртта на својот долгогодишен љубовен партнер Брајан Рендал, кој почина на 5 август 2023 година, по тригодишна борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Актерката, имено, во подкастот „Смарт-лес“ (SmartLess) откри дека Рендал сакал неговата болест да остане во тајност, па затоа Булок со години не ѝ откри на јавноста за битката на Рендал со неизлечивата болест. – Ме замоли да ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, коментираше за продолжувањето на договорот со тимот. Новиот договор важи до 2030 година. Неговиот претходен договор требаше да истече во 2028 година. – Многу сум задоволен од продолжувањето на договорот. Имаме најдобри луѓе и сум воодушевен што ќе продолжиме да работиме заедно за да се вратиме на врвот. Ова е нашата главна цел, кон која сите се стремиме и ќе продолжиме да се стремиме, изјави Верстапен за ...

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во ...

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати. Активни се пожарите во Оштините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација), Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и ...

Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. – По ...

Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5 500 ученици, информираат од локалната самоуправа и нагласуваат дека со тоа ја потврдуваат својата силна поддршка за семејствата со деца во основното образование. Дополнително, како што посочуваат, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од ...

На подрачјето на градот Скопје утрово беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, со што бројот на дезинсекции против комарци во текот на оваа сезона достигна 14, напиша во објава на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Активностите продолжуваат и во наредните денови. За утре во раните утрински часови е најавен нов авионски третман, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се спроведе и терестична дезинсекција на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
70%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.97
70%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Калај

46.54