Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Ракометната федерација на Македонија објави дека новата ракометна сезона ќе стартува со натпреварот за Супер купот. Дуелот меѓу Вардар и Охрид ќе се игра на 2.септември во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија. Почетокот на дуелот е закажан за 19 часот. Двете екипи веќе одиграа еден натпревар во рамки на подготовките – финале на турнирот во Струга, а постои можност да играат и натпревар на турнирот што се одржува во Охрид. Воедно ова ќе ...
На територијата на државата до овој момент активни се повеќе од 15 пожари на отворен простор. Од нив, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, четири се големи пожари коишто ни задаваат сериозни главоболки. Најголем пожар, и понатаму останува пожарот во Мариовскиот регион, на општините Прилеп и Битола, кој денес ставен под делумна контрола. -Кракот којшто се движи над селото Крушевиште е ...
Вториот долгометражен филм на режисерката Дина Дума, „Скејтбордингот не е за девојчиња“, ја имаше својата европска премиера во официјалната натпреварувачка програма на Сараевскиот филмски фестивал и е во конкуренција за престижната награда „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, во конкуренција од вкупно девет остварувања. Како што стои во соопштението од продукцијата „Сестри и брат Митевски“, покрај долгометражниот филм на Дума, серијата ...
Вкупно десет пожари се регистрирани на отворен простор до 13 часот, од кои шест се активни, еден е под контрола и три се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни во моменов се пожарите во општина Прилеп – во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, каде што гори ниска вегетација; во општина Студеничани – на потегот село Моране – село Вртекица – село ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи утре ќе одбележи 25 години од своето формирање. Централното одбележување на големиот јубилеј ќе започне во 18 часот пред Офицерскиот дом во Битола. На свеченоста најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов. Во рамки на одбележувањето, припадниците на ЕБР ќе изведат атрактивна тактичко-показна вежба, во ...
Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот ...
Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на ...
Екипи на Територијалната противпожарна единица од Куманово и на Национални шуми, со три противпожарни возила, интервенираат на гаснење на пожарот над селото Никуштак, а се очекува во текот на денот и воздушна интервенција, соопшти ЦУК. -Моментално се наоѓам на терен, во селото Никуштак, каде што заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, со три противпожарни возила, интервенираме за ...
Радовишкото комунално претпријатие „Плаваја“ уште еднаш апелира до граѓаните да се штеди водата за пиење и да не се троши за други потреби, освен основни потреби на домаќинствата. Апелот доаѓа откако денеска во резервоарот „Коџа Баир“ се собрани само 10 сантиметри вода, а да истекува водата потребно да се соберат најмалку 40 до 50 сантиметри вода, односно резервоарот да се наполни со 1.200 метри кубни вода. -Оваа состојба е резултат на ...
Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија, се наведува во соопштението од изјавата на Филип Ѓорѓиев, секретар на ОК Центар, што МИА го пренесува интегрално. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да ...
Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. ...
Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска остварил средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаи, на која било разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните. Соговорниците, како што се наведува во соопштението од Општина ...
Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на „Скопје 2028“. Повиците се за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а преку ...
Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе станаа симбол на енергетската преобразба, роботите сега се впуштаат во нова мисија – да го претворат песокот во шума. Кина има нова, „футуристичка“ битка против пустините на северот од земјата, помошната од флота самоуправувачки роботи со погон на сончева енергија. Ширењето на песокливите површини сè повеќе им се закануваат на обработливото земјиште и на околните заедници, па се бараат решенија ...
Војниците од 9. баталјон на инженерската бригада во базата Форт Стјуарт од американската армија во Џорџија ќе добијат четиридневно отсуство и можност за играње на долгоочекуваната игра „ГТА 6“ доколку го продолжат воениот рок од 1 август до 14 ноември. Со договорот тие се обврзуваат да служат уште најмалку две години во армијата. – Според потпишаниот меморандум четиридневното отсуство ќе започне во согласност со официјалниот датум на ...
Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и од Аргентина, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на денешната ...
На Мастерсот во Синсинати ноќеска се одиграа првите четвртфинални мечеви, а пласман во полуфиналето обезбедија Артур Филс и Флавио Коболи. Во меч во три сета Коболи го совлада Томи Пол со 2-1 во сетови, откако успеа да направи пресврт и по загубениот прв сет со 2:6, а следните два ги доби со 6:3 и 6:4. Во второто четвртфинале Филс го победи Тиаго Тиранте, кој успеа да го елиминира Новак Ѓоковиќ. Филс победи со 2-0 во сетови (6:3 и 6:2). ...
Утре, во земјата ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 Целзиусови степени – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град Post Views: 4 ...
Град Скопје информира дека воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства. – Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS-уреди и се следат преку современ мониторинг-центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута ...
Германците сега можат да се регистрираат во здравствената служба на Бундесверот со скенирање кју-ар-кодови што ги има на обвивките за ќебапи низ целата земја. Гласноговорникот на германското Министерство за одбрана изјави за германскиот весник „Берлинер Куриер“ дека новата кампања за регрутирање има за цел да привлече „не само млади луѓе“ кои се пред кариерни одлуки, туку и „оние меѓу две работи и квалификуваните работници“, т.е. лица кои ...
Светската поп ѕвезда Мадона, 68-от роденден го прослави во Грција, ги посети Метеора и островите Крф и Патмос, а на социјалните мрежи со нејзините фанови сподели фотографии, но и видео од прославата, кое пак го презеде и грчкиот премер Кирјакос Мицотакис ѝ и го честиташе роденденот, јави дописничката на МИА од Атина. – Роденден ми е. Сите станете и танцувајте, напиша Мадона за видеото придружено со истоимената нејзина песна. Во објавата што ...
На церемонијата одржана пред шест месеци во Градското собрание, белгискиот принц Лоран официјално го призна 26-годишниот Клеман Ванденкеркхове за свој син, од врската со белгиската пејачка Венди Ван Вантен. Според првичните информации Клеман Ванденкеркхове нема да добива кралски надомест, ниту ќе може да го наследи престолот. – Иако неколку години знам дека тој ми е татко, сè уште не сум одлучил дали ќе го земам неговото презиме. Горд сум на ...
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг го купи готскиот замок „Странкajли“ од XIX век во југоисточна Ирска, објави „Ајриш тајмс“ (Irish Times). Зданието се наоѓа на 200 километри од европското седиште на „Мета“, наведува компанијата. Замокот е изграден околу 1830 година на земјиште со поглед на реката Блеквотер. Во 2003 година бил подложен на обемни реновирања, според Националниот архитектонски архив. Трансакцијата не е наведена во ...
Според најновото истражување спроведено преку онлајн платформата „Сабмит хаб“ (SubmitHub), речиси 40 отсто од новата музика во 2026 година била создадена со ВИ. Tаа онлајн платформа каде што музичарите можат да ги достават своите песни на музички плејлисти и блогови анализирала повеќе од милион музички нумери. Со помош на алатката „СХ лабс“ 23,2 отсто од анализираните песни биле целосно генерирани со ВИ. Дополнителни 15,3 проценти од песните ...
Со концерти на Александар Тарабунов-Тара и групата „Нокаут“ синоќа на плоштадот „Делфина“ во Влае почна 17. Карпошово културно лето, во организација на Општина Карпош. Општината соопшти дека многубројната публика уживала во настапите на изведувачите, кои, како што наведува во соопштението „приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера“. – Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на најубав начин беше ...
Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров утревечер во Јавна соба ќе го промовираат авторскиот проект Jazz Extravaganza. -Jazz Extravaganza е простор во кој авторската музика добива нов живот преку импровизацијата. Композициите се почетна точка, но не и конечна дестинација, велат организаторите на концертот. Според Емин, нотниот запис е „мапа“, но вистинската ...
Со 40 фестивалски дена, 48 настани и учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји, фестивалот Охридско лето ја заокружи годинашната фестивалска програма. Охридско лето, и по 66 години, останува еден од најпрепознатливите македонски културни брендови, со силно меѓународно присуство и место на европската фестивалска сцена. Со врвни уметници, разновидна програма и публика од земјата и странство фестивалот ја продолжува својата улога на културен ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра, која, ако падне на сува трева, може да настане вистинска катастрофа. – Утрово, селата Бонче, Подмоле и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од ...
Со меѓугенерациска музичка вечер, посветена на танцот и музиката од разни епохи, културно-едукативниот центар „Лабораториум“, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе го одржи летното издание на концептот „Игранка“, со кое се одбележуваат две години од неговото почнување. Настанот е замислен како отворена градска средба без жанровски и генерациски ограничувања со цел да се понуди простор во кој разни генерации може заедно да поминат вечер во ...
Ракометарите на Вардар ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид откако вечерва во дуелот од Б групата го совладаа хрватски Нексе со 33:27. Со овој триумф Вардар ќе се бори за првото место во групата Б заедно со екипата на словенечки Тримо. Вардарци не дозволија изненадување и по 22:22 направија серија од 4-0 што се покажа како решавачка. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус од Вардар со 10 голови. На другите два ...