Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Заврши учебната година за над 13.000 ученици во Куманово, соопштија на денешната прес-конференција од секторот за образование од општината. Како што информираше раководителот на секторот, Александар Јовановиќ, учебната година заврши за 9.346 ученици и за 3.725 средношколци. Тој ја оцени за успешна годината, укажувајќи дека кумановските ученици освоиле голем број меѓународни и државни признанија, ученик од Куманово ќе замине на светски ...
„Доблесно ќе беше да излезете, по оние лаги и паники кои што ги ширевте во јавноста за наводно изгубените 130 милиони евра, а сега гледате дека Брисел го призна нашето добро работење во делот на сузбивање на корупцијата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски обраќајќи се на опозицијата. Во своето обраќање им посочи дека нивниот принцип на работа е ширење на паника и лага. „Во делот на финансиските ...
Општина Кисела Вода објави јавен оглас за избор на ученици кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско-едукативен камп. Право на учество имаат сите редовни ученици од општинските основни училишта на оваа територија, а огласот е наменет за талентирани спортисти, како и за ученици од социјално ранливи семејства. Што се однесува до спортските таленти, право да аплицираат имаат учениците кои освоиле награди во олимписки или неолимписки спортови на ...
Со многу насмевки, позитивна енергија и искрена радост, денес во Реонскиот парк во Ѓорче Петров се одржа првата Полуматурска парада 2026, настан кој обедини повеќе од 500 полуматуранти од сите шест основни училишта на територијата на општината. Полуматурантите, придружувани од своите наставници, родители и другари, заедно го одбележаа завршувањето на едно значајно поглавје од своето образование и почетокот на новите предизвици што ги ...
Во тек се градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, за што денеска увид извршија градоначалниците на Општина Бутел и Град Скопје, Дарко Костовски и Орце Ѓорѓиевски. Од Општината информираат дека станува збор за трансформација на запуштен простор во модерен и функционален зелен комплекс, со содржини наменети за сите возрасни категории. -Запуштениот простор долж булеварот прераснува во ...
Информираме дека Институтот за судска медицина утврди дека во парчињата салама што ги најдоа деца во Расадник, Кисела Вода, во близина на детско игралиште, има присуство на инсектицидот метомил (во јавноста познат како ланате). Станува збор за високо токсичен инсектицид, одамна забранет за употреба и за увоз во земјите на ЕУ и во Македонија, поради неговата енормна токсичност и можност за злоупотреби, најмногу со цел да се трујат животни, се ...
Општина Аеродром најостро ги отфрла политичките конструкции, манипулации и целосно неточните тврдења што ги пласира советничката група на СДСМ во врска со постапката за отуѓување на градежно земјиште на територијата на општината. Станува збор за уште еден обид за евтина политичка кампања преку свесно ширење дезинформации и без елементарно познавање на материјалите што редовно се разгледуваат на седниците на Советот. Доколку советниците од ...
Успешно враќање на тенискиот терен имаше Американката Серена Вилијамс. Таа попладнево го одигра првиот меч по УС Опен 2022. Серена Вилијамс во конкуренција на двојки со Викторија Мбоко од Канада во првото коло на Квинс турнирот ги победија Никол Мелихар-Мартинез од САД и Ерин Рутлиф од Нов Зеланд со 2:0 во сетови (7:6(2) и 6:2). И покрај паузата од четири години, Серена во мечот потсети на деновите кога доминираше во женскиот тенис. На ...
По успехот на ракометарите на Охрид во измината сезона и освоениот пехар во ЕХФ Европскиот куп новата сезона во Охрид ќе биде отворена со квалитетни екипи, кои ќе бидат учесници на 5.то јубилејно издание на ракометниот турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2026. Турнирот ќе се одржува од 18 до 22.август, а ќе учествуваат осум екипи поделени во две групи. Групата А ја сочинуваат: ГРК Охрид, Загреб, Замалек и Војводина, а во групата Б се: Вардар ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје што ќе се одржи од 10 до 14 јуни во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје. На кампот ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант. ...
Сомалискиот судија Омар Артан изјави дека минал 11 часовен разговор пред да биде спречен да влезе во САД. Фудбалскиот судија од Сомалија требаше да суди на Светското првенство, имаше „валидни документи и виза. Но, тој е „тргнат“ од листата откако му беше забранет влез во САД на Меѓународниот аеродром во Мајами. Американските имиграциски власти не објавија зошто е одбиен, а Сомалија е една од државите на кои администрацијата на Доналд Трамп им ...
Реал Мадрид соопшти денеска дека неговиот градски ривал Атлетико ја одбил понудата од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Хулиан Алварез. „Кралскиот клуб“ по состанокот на Управниот одбор испратил понуда за играчот. „Атлетико изрази благодарност на предлогот и во рамки на добрите односи на двата клуба ја одби понудата. Притоа се повика на откупната клаузула во договорот“, соопштија од Реал. Како што пренесува „Марка“ неговата откупна ...
Над 100 текстилни работнички и работници од конфекциите „Фермактекст“ и „Европа Фешн“ попладнево излегоа на протест за да си ги побараат трите неисплателни плати и придонеси за април, мај, јуни од 2025 година, како и К-15 и отпремнини кои им следуваат законски. -Па, јас се надевам дека конечно ќе дојде ред и ние работниците да бидеме заштитени, затоа што за три месеци не зедовме ни плата, не зедовме ништо, никакви придонеси, ни беше укинато ...
Ајакс е заинтересиран да го потпише голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген. Како што објави „Марка“, холандскиот клуб има тешкотии да се договори за платата на 34-годишниот Германец. Тој би сакал да добива 15 милиони евра по сезона, што е повеќе отколку што очекуваше Ајакс. Во јануари 2026 година, Барселона го позајми голманот на Жирона, каде што одигра два натпревара. Договорот на Германецот со Барселона е до 30 јуни 2028 година. ...
Фудбалската федерација на Иран (ФФИ) соопшти дека предвидениот број влезници за нивните натпревари на СП 2026 се повлечени и од таа причина голем број навивачи на оваа репрезентација и покрај тоа што имаат организирано патување нема да можат да ги следат натпреварите. Во соопштението ФФИ истакнува дека бројни навивачи имаат резервации за карти за пат и резервации за сместување, но ќе останат без влезници за натпреварите. „На помлаку од три ...
Премиерлигашот Тотенхем кој во последното коло обезбеди опстанок претходната сезона е на чекор да донесе големо засилување во преодниот рок. Според англиските медиуми бразилскиот репрезентативец Савињо, играч на Манчестер Сити е главната мета овој преоден рок. Преговорите меѓу клубовите се во напредна фаза и трансферот најверојатно, ако се случи би изнесувал околу 60 милиони фунти. Савињо и минатото лето требаше да се пресели во Тотенхем, но ...
Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е на „слатки маки“ бидејќи има неколку опции за продолжување на кариерата. По три сезони минати во редовите на „граѓаните“ играчот од одбраната се подготвува за трансфер. Но, сепак и од неговиот клуб доби понуда односно нов договор со сума од 10,5 милиони фунти годишно. Хрватот сепак најверојатно се подготвува за заминување особено што клупата на Манчестер Сити ја напушти Пеп Гвардиола. Реал Мадрид го ...
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ истакна дека репрезентацијата на Босна и Херцеговина за да се пласира на Мундијалот го „копирала“ системот на неговата селекција. Воедно тој упати и поддршка за БиХ за настапот Светското првенство. „Работеа она што и ние го работевме. Направија добра атмосфера, добар спој на искуство и младост и поставија селектор, кој носи вистински одлуки. Тоа им донесе резултат“, истакна Далиќ. Претставниците на Босна и ...
Повеќе од две децении по последниот студиски албум, „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор е фронтменот Ристо Вртев, бендот ги најавува своето петто дискографско издание и големиот самостоен концерт „Срцевина“, што ќе се одржи на 13 јуни од 20 часот на стадионот на АРМ во Скопје. Ексклузивен гостин ќе биде Васил Хаџиманов. Видеоспотот за „Дни оловни“ беше премиерно прикажан денеска на ...
Македонските филмови „Ветена земја“, „Утре изутрина“ и „Неми филмови“ се наградени на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон – SEE FF 2026. Американското жири под претседателство на Партисија Корбет, познат филмски и литературен критичар, наградата за најдобар игран филм му ја доделила на „Утре изутрина“ од Македонија, кој исто така ја добила наградата за најдобро сценарио (Јани Бојаџи). За најдобра актерка е прогласена ...
Македонско-украински форум, со претставници на украински и македонски компании, се реализираше денеска во Кавадарци. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев рече дека овој настан е повеќе од деловна средба, претставува можност за градење нови мостови на соработка, за размена на искуства, идеи и визии, како и за создавање нови партнерства кои ќе придонесат за економски развој и просперитет на двете земји. Тој истакна дека двете држави ги ...
Во Тетово се одржа промоција на публикацијата насловена „Османлиски документи за историјата на Македонија — Попис на христијанското население од Скопскиот санџак, Тетовска каза 1838/39 година“Том II, книга 3, издание на Државен Архив на Република Северна Македонија. Авторот, доц. д-р Аднан Шериф, направил превод на документи од Османлискот архив во Турција од пописот спроведен во 1838 и 1839 година при што се евидентирани населбите, ...
Преку усвоениот Ребаланс на Буџетот, на денешната седница на Советот на Град Скопје биле обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Новата станица, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, ќе биде лоцирана во Општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и ...
Во многу земји, бројот на родени деца се намалува. Истражувачите сè уште се обидуваат да ги откријат причините за тој пад, па во тој контекст, две неодамнешни научни истражувања од САД укажуваат на истиот можен виновник – паметните телефони. Сопствениците на паметни телефони имаат помалку социјални интеракции, се наведува, па затоа и помалку сексуални средби во вистинскиот живот. Според наводите, во САД од 2007 година стапката на плодност се ...
Центарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, забележа три блокади ноќеска на третиот натпревар од финалето против Њујорк никс. Сан Антонио го доби натпреварот на теренот на противникот со 115:111 и намали на 1:2 во серијата прв до четири победи. Вембањама, играјќи во својата прва плејоф сезона, го зголеми својот вкупен број на 70, надминувајќи го рекордот на Дикембе Мутомбо за најмногу блокади во дебито во плејофот. Во 1994 година, ...
Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра в четврток. Во Мексико Сити ќе се соочат кодомаќинот на Мундијалот Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде ВАР судија. Вилтон има 44 години, тој е на листата на ФИФА од 2013 година. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година, а судеше на Арапскиот куп во 2021 година и на Светското првенство во Катар ...
Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, преку своите адвокати во Париз, поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и пет други швајцарски фудбалски службеници и обвинители, објави АП. Седумдесетгодишниот Платини тврди дека пред десет години се случил заговор против него за лажно обвинување и влијание за да се спречи да стане претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Адвокатите на Платини, исто ...
Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендов времето ќе биде претежно ...
„Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк – театарот и општеството“ е насловот на првата од двете трибини на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржа синоќа Во Прилеп, а говори за состојбите во македонскиот театар. Според модераторот Христина Цветаноска Станковска, во рамките на Фестивалот и неговото мото „Храбриот нов театар“ дадена е можноста да се отворат низа важни прашања за улогата на театарот денес. – Кога ...
Во ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ е отворен нов Кабинет за менаџирање на дебелина, опремен со современ апарат за проценка и следење на телесниот состав, соопштија од оваа здравствена установа. Се посочува дека со новата услуга болницата овозможува стручен, сеопфатен и индивидуализиран пристап во превенцијата и третманот на дебелината, со цел подобрување на здравјето и квалитетот на живот на пациентите. Кабинетот за менаџирање на дебелината во ...