Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк. Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички. Ќе видиме дури 104 натпревари, никогаш повеќе национални тимови, никогаш повеќе натпревари. Титулата освоена пред четири ...

Научниците од Центарот за морски истражувања при хрватскиот Институт „Руѓер Бошковиќ“ ги повикаа граѓаните да придонесат за научни истражувања и заштита на морето со фотографирање на морски видови и појавите. Кампањата наречена „Не уште една од морето. Една ЗА морето!“ – е лансирана како дел од настанот на тема „Наука и иновации за одржливо море“ во Ровињ. Целта е граѓаните да фотографираат алги, медузи, школки, риби, морска трева, инвазивни ...

Силни поплави и свлечишта на индонезискиот остров Суматра минатата година уништиле најмалку седум отсто од вкупната популација на критично загрозените тaпанули орангутани, се наведува во новиот извештај објавен вчера.Според првичните информации, поплавите и свлечиштата предизвикани од циклон усмртиле најмалку 1200 луѓе уништувајќи околу 300.000 домови на островот. Од добиените податоци, најмалку 58 тaпанули орангутани, кои се редок вид на ...

Во регионот Мангистау, Казахстан е пронајден древен керамички бокал, кој според археолошките процени датира од шести век. „Овој редок историски артефакт е откриен за време на археолошки ископувања во древната населба Каракабак, а според првичните информации го изработиле локални мајстори“, информираа казахстанските медиуми. Населбата Каракабак се смета за едно од најзначајните и најпрепознатливи археолошки наоѓалишта во регионот. Се наоѓа во ...

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град, соопшти УХМР. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 6 до 9 степени. Потоа времето ќе биде стабилно, во деновите од ...

Во рамки на Интернационалниот фестивал „Share“ во Братислава, Словачка, вечер ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ со продукции на Скопје танцовиот театар 2, во рамки на програмата на театарот за 2026та под наслов „Современи кореографи“. Претставата ќе се одржи во рамки на изведувачката програма на фестивалот, на сцената „Театар – ЛАБ“ на Академијата за изведувачки уметности во Братислава, а ќе ...

Пред бројната публика во македонскиот КИЦ во Загреб, вчеравечер се одржа извонреден концерт на Триото „Интерарт“ од Битола, кое со својот врвен уметнички настап ја воодушеви публиката и беше наградено со долготрајни и искрени аплаузи. Публиката уживаше во концертната вечер исполнета со врвна уметничка интерпретација, техничка прецизност и исклучителна музичка зрелост. Флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно ...

Длабоко, на повеќе од 1,6 километри под дебелата ледена покривка на Источен Антарктик, научниците открија исклучително добро зачуван древен пејзаж кој останал речиси недопрен цели 34 милиони години. Станува збор за огромна област скриена под мразот, која претставува вистинска временска капсула и нуди единствен увид во изгледот на Земјата пред Антарктикот да се претвори во ледена пустина што ја познаваме денес, објави списанието „Нејчер“ ...

Њујорк никс ноќеска го победи Сан Антонио спарс со 107:106 во четвртиот натпревар од финалето на НБА-лигата. Домаќините се вратија од 29 поени негатива и на крајот се радуваа на победата. Најефикасен на дуелот одигран во „Медисон Сквер Гарден“ беше Џејлен Брансон, кој постигна 36 поени. Најдобар стрелец во поразениот тим беше Виктор Вембањама, кој имаше дабл-дабл од 24 поени и 13 скока. Никс сега водат во серијата со 3-1. Петтиот натпревар ќе ...

Тимот на Њујорк никс постави нов рекорд во НБА со надминување на дефицитот од 29 поени во финалето против Сан Антонио. Њујорк ноќеска го победи Сан Антонио со 107:106 дома во четвртиот натпревар од финалето на НБА. Никсите го надминаа дефицитот од 29 поени за време на натпреварот најголем во едно НБА-финале. Домашниот тим заостануваше со 19 поени по првата четвртина – најголем дефицит за домашна екипа во натпревар од финалето на НБА по првата ...

Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“. Годишниот приход на напаѓачот на португалската репрезентација (јуни 2025 – јуни 2026) изнесуваше 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари дојдоа од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот. Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, ...

Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и ...

Манчестер јунајтед размислува да го потпише голманот на Лидс, Карл Дарлоу, како слободен трансфер во летниот преоден рок, објави „The Athletic“. Лидс има намера да му понуди продолжување на договорот на 35-годишниот Велшанец, додека Јунајтед бара искусен голман како резерва на првиот избор Сене Ламенс, бидејќи се очекува Алтај Баиндир да замине од „Олд Трафорд“. Дарлоу е во Лидс од јули 2023 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2026 ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше цената на билетите за Светското првенство во 2026 година по критиките од навивачите кои тврдеа дека цената е претерана. – Почетната цена од 60 долари е најниската цена за влез од кој било американски спорт во плејофот. Доколку ги продававме билетите по пониска цена, тие ќе завршеа на секундарниот пазар по многу повисоки цени. Секој собран долар се враќа во организацијата и ќе биде потрошен за ...

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови. Пријавените творби треба да бидат необјавени и потпишани со име и презиме, а може да се достават електронски на ...

По светската премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума на „Tribeca festival“ во Њујорк, пристигнаа и првите меѓународни критики, кои го препознаваат филмот како силна, искрена и општествено релевантна приказна за женската автономија, семејството, сиромаштијата и судирот меѓу традицијата и современиот живот, се наведува во денешното соопштение од организацијата. Според „Cineuropa“, Дума покажува сигурен режисерски ...

Во просториите на „Аудиокултура“ во Скопје синоќа беше отворенo 15. издание на интернационалниот музички фестивал „Балкански музички плоштад“ (Balkan music square) со настап на џез триото „Трицкл“, составено од студенти и дипломци на џез – академијата „Гоце Делчев“ од Штип. Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20 јуни настапуваат Елена Христова од „Баклава“, а потоа групата „ВИС Билјана од Охрид“. Фестивалот ...

Македонскиот КИЦ во Белград и МТС Дворана, заеднички ја организираат изложбата „Сага за творечките немири“ посветена на великанот на македонската ликовна уметност Петар Мазев. Десет дела од приватната колекција на Игор Станковиќ ќе бидат претставени пред белградската публика во рамките на пригодното одбележување 30 години македонско-српски дипломатски односи. Петар Мазев (1927 Кавадарци-1993 Скопје), бил студент на Академијата за ликовни ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјата – информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на Опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5.36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани – Охрид – Струга. – Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III ...

Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на општина Кисела Вода, синоќа заеднички ја прославија својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација, соопштија денеска од Општина Кисела Вода. За музичкиот дел се погрижиле популарното дуо „2Бона“ и диџеј Марио Трампет, а дополнителен ...

Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) ќе почне Светското првенство во фудбал 2026 година. За прв пат во историјата на турнирот, натпреварите ќе се одржат во три земји: САД, Канада и Мексико. Мундијалот ќе се игра во 16 градови (11 во САД, три во Мексико и два во Канада). Градови домаќини на Светското првенство во фудбал 2026: САД: Њујорк, Далас, Лос Анџелес, Атланта, Сан Франциско, Сиетл, Филаделфија, Хјустон, Мајами, Бостон, ...

Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град. Температурата низ државата се очекува да се движи ...

Учениците во Мексико Сити утре ќе имаат слободен ден, а од државните службеници е побарано да работат од дома со цел да се спречи сообраќаен хаос во главниот град пред свеченото отворање на Светското првенство во фудбал на стадионот „Ацтека“ – јави ДПА. Како еден од кодомаќините на турнирот, селекцијата на Мексико во првиот натпревар ќе ги одмери силите со Јужна Африка поради што владата со вонредни мерки се обидува максимално да го растовари ...

Италијанскиот астронаут од Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави вчера раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, Џаред Ајзекмен. Се очекува лансирањето да се случи во 2027 година. Но, не се очекува вселенското летало да слета на Месечината, туку само во орбитата на Земјата заради тестови. Посадата ќе ги ...

Поранешниот селектор на Жалгирис и репрезентацијата на СССР, Владас Гарастас, почина на 94-годишна возраст, соопшти литванскиот клуб. – Во име на целата организација, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и најблиските на тренерот“, се вели во соопштението на клубот. Гарастас го тренираше Жалгирис од 1979 до 1989 година, водејќи го тимот до три шампионски титули на СССР. Во 1986 година, под негово водство, клубот го ...

На интернет веќе извесен период кружи тврдење дека израелски истражувачи зеле капка крв, ја ставале во друга просторија и наводно докажале дека крвта реагирала на емоциите на сопственикот во реално време. Тврдењето се шири без наведено име на научник, институт, списание… Изворот на ова „виртуелно сензационално откритие“ се поврзува со американската организација HeartMath и клеточниот биолог Глен Рајн. Имено, во раните 90-ти (според ...

Со децении Плутон претставуваше само нејасна светлосна точка на небото, недостижна за подетални набљудувања. Ситуацијата драстично се промени кога вселенското летало на НАСА, по долгогодишно патување низ Сончевиот систем, конечно пристигна во негова близина. Тогаш научниците за првпат добија можност одблизу да го набљудуваат овој далечен свет и открија пејзажи од огромни ледени планини, бескрајни замрзнати рамнини и тенка, мистериозна ...

Научнофантастичниот филм на Стивен Спилберг – „Ден на откривање (Disclosure Day)“, со Емили Блант, Џош О’Конор и Колин Ферт во главните улоги, којшто од денес се прикажува и во киносалите во Скопје, веќе го нарекуваат – негово најдобро дело од последниве 20 години. Спилберг стана едно од најважните имиња во Холивуд во својата повеќедецениска кариера. Тоа го потврдуваат и трите Оскари. Американкиот филмаџија, имено, ја освои наградата за ...

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт изненади голем дел од присутната публика синоќа, откако неочекувано се појави на премиерата на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“. Свифт се качи на сцената во театарот Долби, облечена во долга вечерна тоалета, каде на пијано ја изведе песната „Го знаев тоа, те знаев тебе“ („I Knew It, I Knew You“), која, како што изјави, ја напишала специјално за новото продолжение на популарната анимирана серија. ...

Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68