Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополит ...
По повод Успението на Пресвета Богородица во петок (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка. Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до ...
Општина Карпош информираше дека во интерес на јавното здравје, ги исклучиле четирите фонтани на нејзината територија. „Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања“, велат од Општината. ...
Американската пејачка, текстописец, актерка и продуцентка Доли Партон почина на 80-годишна возраст. Родена во двособна дрвена колиба, таа стана најбогатата ѕвезда на кантри музиката во светот, со безвременски хитови како „Џолен“, и почина на 80-годишна возраст, објавува „Индипендент“. Партон стана една од најомилените пејачки текстописци на сите времиња и продаде повеќе од 100 милиони плочи низ целиот свет, заработувајќи го прекарот ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година. „Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени. „Благодарам за прашањето. Не бев сигурен дали ова прашање ќе биде поставено, ...
Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. За фудбалерот е платено 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува најскапото летно засилување за тимот предводен од ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта. „Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на промоцијата, која дојде два дена по неговото официјално деби во дресот ...
Фудбалската федерација на Северна Ирска (ИФА) објави денеска дека е време за промени во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и порача оти нема да гласа за реизбор на претседателот Џани Инфантино идната година. Првиот човек на светскиот фудбал е под силен притисок изминатите недели поради неговиот контроверзен план да продаде 21 процент од комерцијалните права на турнирите во организација на ФИФА на приватни инвеститори. Плановите на ...
Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци – соопшти попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. – Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување – информираше градоначалникот. Тој истакна дека ...
До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...
Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска ...
Фудбалската федерација на Киргистан објави денеска дека е договорен спогодбен раскин на соработката со хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој ја напушта селекторската должност без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар. Педесетиседумгодишниот Просинечки официјално ја презеде должноста селектор на Киргистан во декември лани и ја предводеше репрезентацијата на Киргистан на четири пријателски натпревари со ефект од два порази ...
Во Пекинг вторпат годинава се одржуваат Светските игри за хуманоидни роботи. Натпреварот се одвиваше во повеќе дисциплини, но финалињата во гимнастика и трката со пречки на 400 метри привлекоа големо внимание од публиката. Во гимнастичките дисциплини роботите ги демонстрираа своите способности изведувајќи скокови и салта со што ја покажаа флексибилноста, координацијата и контролата врз своите механички тела. Но, сепак најголем интерес ...
Популарната филмска франшиза „Национално богатство“ („National Treasure“), со Николас Кејџ во главната улога би можела да добие трето продолжение, изјави режисерот Џон Туртлтауб за „Холивуд репортер“. Според него, по филмовите „Национално богатство“ од 2004 година и „Национално богатство: Книга на тајните“ од 2007 година, третиот дел е навистина возможен. „Во првите два дела Кејџ го толкува историчарот и трагач по богатства Бен Гејтс кој се ...
Верстапен ќе заработува приближно 100 милиони долари годишно во Ред Бул. Според добро познатиот инсајдер Џо Сејвард, Макс Верстапен добива плата од приближно 100 милиони долари годишно според неговиот нов договор со Ред Бул, кој важи до 2030 година. Вклучувајќи ги бонусите, платата на Холанѓанецот би можела да достигне 120 милиони долари. Слични бројки претходно објави и друг новинар, Марк Лимаш: според него, Верстапен би можел да заработува ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон се извини за своите радио коментари за време на холандското Гран при изминатиот викенд во Зандворт. Британецот на социјалните мрежи, го сподели своето мислење за неговото четврто место. – Беше тежок викенд, но освоивме вредни поени за тимот – тоа покажува дека се движиме во вистинската насока. Неверојатно сум горд на сите во фабриката кои продолжуваат да работат на ажурирањата, бараат начини да го подобрат ...
Премиерлигашиот Астон вила е во преговори со Милан за трансфер на напаѓачот Рафаел Леао, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Според Ди Марцио, англискиот клуб активно работи на трансферот и разговара за финансиските услови со Милан. Заминувањето на 27-годишниот Португалец од италијанскиот клуб во моментов се смета за речиси сигурна работа. Се забележува дека самиот играч не е против промена на клубот. Леао е во Милан од 2019 година. Во овој ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Савињо се приклучи на Тотенхем, објави прес-службата на лондонскиот клуб. Деталите од договорот на 22-годишниот Бразилец не се откриени. Новинарот Фабрицио Романо претходно објави дека трансферната сума ќе биде 87 милиони евра, без бонусите. Савињо дојде во Манчестер сити од Троа во летото 2024 година. Минатата сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и три асистенции. ...
Фудбалерот на ПСЖ, Феран Торес, го коментираше своето деби за парискиот клуб во првото коло од Лига 1 (2:2) против Рен. -Многу сум среќен што дебитирав во овој дрес и што дадов придонес од самиот почеток. Сакавме да почнеме со победа, но ќе ја паметам реакцијата на тимот и поддршката од нашите навивачи, напиша спортистот на социјалните мрежи. Дваесет и шестгодишниот Шпанец влезе по паузата при резултат 0:2 и постигна два гола, помагајќи му на ...
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го испрати голманот Микеле Ди Грегорио на едногодишна позајмица во премиерлигашот Борнмут со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната. Позајмицата ќе го чини Борнмут 1,3 милиони евра, додека за да ја активира откупната клаузула англискиот клуб ќе треба да плати 12,7 милиони евра. Во последните две сезони, по пристигнувањето од Монца, 29-годишниот Ди Грегорио одигра вкупно 84 натпревари за ...
Почнаа спортските и културно-уметничките активности за одбележувањето на големиот празник „Успение на Пресвета Богородица“, Денот на рударите и Денот на нашиот град – Пробиштип, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и додава дека е подготвена богата спортска, културна и музичка програма во која има по нешто за секоја генерација. -Во неделата, на 23 август се одржа турнирот во баскет, а во тек е турнирот во мал фудбал чие ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите на ајварска пиперка за текот на откупот и за забелешките што ги имаат во однос на пласманот на произведените количини. На средбата беа разгледани состојбите на откупните пунктови, примената на договорените цени и почитувањето на утврдената класификација. „Овде луѓето реално се загрижени за пласманот на своите ...
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и ...
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше успешен старт на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи го Албанецот Ариол Зенели во денешната четвртфинална борба во категоријата до 60 килограми. Рустемовски беше супериорен во рингот и обезбеди пласман во полуфиналето со технички нокаут во третата рунда. Противник на македонскиот боксер во полуфиналната борба за медал ќе биде Шпанецот Марин Ернандез. Полуфиналната борба е закажана за утре, ...
Производителите на црвената пиперка „ајварка“ од Струмичко денеска со блокада и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени, кои беа договорени на 12 овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и ...
Данскиот производител на играчки „ЛЕГО“ во првите шест месеци од 2026 година остварил рекордни приходи од 41,9 милијарди дански круни (5,6 милијарди евра), што претставува раст од 21 отсто во однос на минатата година. Со тоа, добивката на компанијата пораснала за 22 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 10,9 милијарди дански круни, т.е приближно 1,46 милијарди евра, информираше „Си-ен-би-си (CNBC). – Многу сме задоволни од силниот почеток на ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар има нов играч во своите редови. Станува збор за Сирики Дијабате. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има 23 години и настапува на позицијата централен дефанзивец. Дијабате е висок 192 сантиметри и ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Претходно се дозна дека стоперот на Вардар, Дарко Велковски ги напушти „црвено-црните“ прифаќајќи ја понудата од Ал-Калдија од Бахреин. ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија попладнево од Автомото сојузот на Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска присуствуваше на започнувањето на првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, што претставува новина во полицискиот систем и важен чекор кон создавање современа, професионална и одговорна полиција. Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, со цел полициските службеници да стекнат знаења и практични вештини за препознавање на ...