Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
За оние што сакаат да ги истражат балканските земји без да се откажат од удобноста и луксузот, „Балканско искуство“ („Balkan Experience“) нуди несекојдневно искуство.Станува збор за ексклузивно железничко патување што го организира компанијата Голден игл лакшури трејнс (Golden Eagle Luxury Trains), кое ги поврзува Венеција и Истанбул преку некои од највпечатливите дестинации во Југоисточна Европа. За време на ова несекојдневно патување, ...
Познатата латиноглумица Софија Вергара откри дека, за време на најголемиот светски фудбалски спектакл, планира не само да ги гледа натпреварите, туку и да организира неколку големи навивачки собири. Таа зборуваше за своите планови во интервју за „Пипл (People)“. – Ќе има храна, пијалаци и танц. На крајот на краиштата, ова е Светско првенство, рече Вергара, која ќе навива за својата родна Колумбија. – А потоа, тука е енергијата што ја носат ...
Жена од јужна Германија роди близнаци по третпат. Ќерките на Јасмин Ритнер – Јулија Ања Валентина и Естефанија Лорена Мари се родени на 27 мај, објави болницата којашто се наоѓа во Фирт на „Инстаграм“. „Еднаш е посебно. Двапати е извонредно. Трипати по ред е тешко да се поверува“, се вели во објавата. Ритнер и нејзиниот сопруг Андреас ги пречекаа близнаците Даниел и Емилио во летото 2023 година, а потоа и Симоне и Анастасија една година ...
Мексиканската претседателка Клаудија Шеијбаум извлече позитивни заклучоци од отворањето на Светското првенство во Мексико Сити, и покрај протестите што се одржаа пред натпреварот. Мексико, кој е кодомаќин на турнирот, имаше совршен почеток со победа од 2:0 над Јужна Африка, пренесе ДПА: „Со голема гордост ѝ честитам на нашата мексиканска репрезентација што ни ја донесе оваа историска радост и што му ја покажа на светот големината на Мексико, ...
Во вториот натпревар од воведното коло во Групата А на Светското првенство, фудбалерите на Јужна Кореја ја совладаа Чешка со 2-1 во мексиканскиот град Запопан. Чешка, која се врати на Светското првенство по пауза од дваесет години, ја издржа доминацијата на Јужна Кореја во првото полувреме, и дојде во водство во 59. минута со голот на Ладислав Крејчи. Само осум минути подоцна, Јужна Кореја го израмни резултатот со голот на Хванг Ин-Бом. ...
Мексиканскиот напаѓач Хулијан Кињонес, кој синоќа го постигна првиот гол на Светското првенство 2026, ги пофали своите соиграчи и навивачите по стартната победа на Мексико од 2-0 над Јужна Африка. „Среќен сум и возбуден што го постигнав мојот прв гол на Светското првенство на толку спектакуларен стадион и пред одлични навивачи. Исто така, важно е да истакнам што моите соиграчи направија за да ги обезбедат првите три бода“, изјави по ...
Американските власти им дозволија влез во земјата на членовите на фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго за да настапат на Светското првенство, јавија денеска светските агенции. Репрезентацијата на ДР Конго на крајот од мај ги прекина подготвителните тренинзи во Киншаса поради епидемијата на вирусот ебола во земјата, по што се пресели во Европа. Фудбалерите и стручниот штаб мораа да поминат 21-дневен карантин надвор од ...
Од печат излезе „Раскинување на договорот“ / „Λύση Συμβολαίου“, дебитантската стихозбирка на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас, во издание на „Матица македонска“. Книгата е објавена двојазично – на грчки и на македонски јазик – а македонската верзија на песните е препев на самиот автор. Со ова издание, македонскиот јазик не е само јазик на превод, туку јазик на лична, етичка и поетска одлука. Минас, Грк без македонско потекло, самиот го ...
Панел дискусијата насловена „На работ зад сцената – менталното доживување во театарот“ е тема која Фестивалот „Војдан Чернодрински“ ја отвори ден пред затворањето на манифестацијата. И тоа е првпат, воопшто, кај нас да се разговара отворено на оваа чувствителна тема за која, според театрологот Ана Стојаноска, требало да се прозбори пред 100, 50 или пред 10 години. Сепак, говорењето на темата ќе го отвори овој прекупотребен процес кој ќе им ...
Во Амбасадата на Република Полска во Скопје, вчера е потпишан договор за реализација на развоен проект финансиран од средствата на Одделот за развојна соработка при Министерството за надворешни работи на Република Полска. Со овој проект ќе се обезбеди современа медицинска опрема за гинеколошкото одделение во Општата болница во Кочани, во вкупна вредност од 48.000 евра. Договорот е потпишан од вршителот на должноста амбасадор на Полска, Мариуш ...
Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – Охрид, утре ќе се одржи јубилејната десетта по ред меѓународна ИПА-велосипедска рекреативна тура на релација Охрид – Струга- Радожда. Стартот е закажан од Градското пристаниште во Охрид во 8 часот, од каде што учесниците ќе се движат по охридскиот кеј и низ неколку градски улици, а потоа по стариот пат кон Струга, покрај Охридското Езеро и низ живописните предели кај Калишта, ...
Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје соопшти дека авто такси превозот во Скопје се соочува со сериозни поблеми и апелира надлежните институции да преземат мерки за нивно надминување. – Девет години наназад се наталожуваат бројни нерешени прашања кои директно влијаат врз работата на авто такси превозниците, безбедноста на патниците, нереална наплата на такси услугите…. И покрај бројните укажувања и иницијативи, институциите се уште ...
Организаторите на грен слем турнирот во Вимблдон објавија денеска рекорден награден фонд од 64,2 милиони фунти за овогодишното издание, што е зголемување од 20 проценти во однос на лани. Рекордното зголемување на наградниот фонд доаѓа во услови на растечки барања од тенисерите за поголем дел од приходите на грен слем турнирите. Дел од тенисерите на неодамна одржаниот Ролан Гарос ги ограничија своите медиумски настапи, па дури и се заканија со ...
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и ...
Американскиот атлетичар Џакоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки, истрчувајќи ја патеката за 12,75 секунди во квалификациите за Универзитетското првенство на САД, во Јуџин. Резултатот на Тарп е за пет стотинки побрзо од претходниот рекорд, кој го држеше неговиот сонародник Ариес Мерит со 12,80 секунди од 2012 година. „Чувствував дека трчам брзо, но кога го видов времето, останав без зборови“, рече Тарп, кој настапува за ...
Сомалискиот фудбалски судија Омар Абдулкадир Артан, кој испадна од листата судии на Светското првенство, откако му беше одбиен влез во САД, ќе биде главен судија на Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон Вила следниот месец. Триесетичетиригодишниот Артан беше назначен меѓу судиите за натпреварите на Светското првенство од 11 јуни до 19 јули, но беше принуден да го пропушти турнирот откако американските власти одбија да му дозволат влез во ...
Германските репрезентативци ќе им ги платат патните трошоци за превоз со автобус на 600 навивачи за нивниот последен натпревар од групната фаза на Светското првенство, кој Германија ќе го одигра на 25 јуни во Њу Џерси против Еквадор. Одлуката доаѓа откако градските власти повеќекратно ги зголемија цените на билетите за воз и автобус од Њујорк до стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, што предизвика незадоволство меѓу навивачите. „Со оглед на ...
Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус е заинтересиран да го ангажира 32-годишниот англиски репрезентативен дефанзивец Џон Стоунс, јавија денеска италијанските медиуми. Јувентус има ограничен буџет на располагање во летниот преоден рок, откако не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а трансферот може да се реализира без обесштетување, бидејќи договорот на Стоунс со премиерлигашот од Манчестер истекува на крајот на овој месец. Стоунс ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид, со кого потпиша тригодишен договор, објави вечерва шпанскиот фудбалски гигант. Мурињо се враќа на клупата на Кралскиот клуб со кој еднаш ја освои историската титула во Ла Лига со рекорден број бодови, воедно последна во досегашната негова тренерска кариера. „Жозе Мурињо ќе му се приклучи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат подготовките за новата сезона“, се вели во ...
Филмот „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на 66. Krakow Film Festival во Полска. Станува збор за признание што го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најрелевантните професионални организации во областа на филмската критика. Наградата има особена тежина бидејќи доаѓа од меѓународната критичка јавност и претставува признание за авторската вредност, филмскиот јазик и ...
Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2025/2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади. Исплатата на додатокот за образование, како што посочуваат оттаму, се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година; за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година; за третиот ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. За време на посетата, информираат од МЖСПП, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на ...
Руската тенисерка Мира Андреева го објави своето повлекување од турнирот ВТА 500 во Берлин по победата на Отвореното првенство на Франција. Светскиот број 6 веројатно ќе ја започне својата сезона на трева во Бад Хомбург, Германија (21-27 јуни), непосредно пред Вимблдон. Турнирот во Берлин започнува на 15 јуни и завршува на 21 јуни. Деветнаесетгодишната Русинка ја победи Полјаката Маја Хвалинска во финалето на Отвореното првенство на Франција ...
Фудбалерите на француската репрезентација се согласија со својата фудбалска федерација за износот на бонусот што ќе го добијат доколку го освојат на Светското првенство во 2026 година, објави „RTL“. Според новинарот Филип Санфорш, договорот е постигнат денес, на денот на почетокот на Мундијалот. Преговорите за ова прашање биле напнати, вклучително и бројот на билети достапни за семејствата на фудбалерите по натпревар. Франција ќе се соочи со ...
Искрениот, храбриот театар кој допира до публиката и предизвикува емоции е современ театар, сметаат македонските режисери од поновите генерации, без разлика дали работат на независната или на институционалната сцена. Во рамките на МТФ „Војдан Чернодрински“ синоќа се одржа втората од двете трибини насловена „Современ ли е современиот македонски театар? Меѓу локалната инерција и глобалните сценски текови“. Според модераторот, театарски критичар ...
Со последните претстави во официјаната и во придружната програма, и со панел дискусија денеска ќе се заокружи програмата на јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп. Од 17 часот е панел дискусијата насловена „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“. Вечер од 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, публиката ќе ја види последната од деветте претстави во ...
Финансиската стабилност на општините, продлабочувањето на децентрализацијата и новиот Стратегиски план 2026–2030 се во фокусот на втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, пред почетокот на состанокот. Тој посочи дека на седницата ќе се разгледаат клучни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, како и идните иницијативи на здружението. – Ќе ...
Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец. Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош во износ од 100.000 денари за секое починато ...
Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје. На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини. Настанот ќе се одржи на целосно обновениот терен ...
Администраторот на НАСА, Џеред Ајзекмен, синоќа го правдаше изборот на екипаж составен исклучиво од мажи за орбиталната мисија „Артемис III“. Фактот дека ниедна жена не е дел од оваа мисија предизвика критики од набљудувачите и љубителите на вселената ширум светот. „Видов реакции коишто се движат од разочарување до негодување“, напиша раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, на „Икс“. – „Во свет со ...