Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа е непроменета, при што во февруари таа изнесува 2,19%, извести Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,45 п.п. и изнесува 4,73%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа е непроменета, при ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава. Во текот на следните два дена, Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на ...
Што кажа денеска ВМРО-ОКГ? Дека „Филипче ја уништувал СДСМ по насоки на Заев“. Лудилото нема крај, велат од опозициската СДСМ. „Дубаи, зграда од 42 спрата, Харис Џиновиќ, Венеција, Дубаи, Сент Мориц, Башановиќ, Африка, еден тон црни кампањи и јавен линч врз претседателот Филипче. Измислени афери, др Жан, Катица, Боки 13, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан. Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како ...
Американската рок група „Hollywood Vampires“, составена од Алис Купер, Џо Пери, Џони Деп и Томи Хенриксен, доаѓаат во Хрватска за првпат. Како дел од нивната летна европска турнеја, тие ќе одржат концерт на 3 септември 2026 година во Пула Арена, што ќе биде нивниот единствен настап во регионот, како што објавија организаторите Nucoast Concerts и Live Nation. Претпродажбата на билети започнува во среда, 1 април, во 10 часот наутро преку ...
Фондацијата задолжена за изградба на претседателската библиотека на Доналд Трамп ги објави првите рендери на проект кој отстапува од сите претходни – тоа е висок облакодер во центарот на Мајами. Ерик Трамп, синот на претседателот и доверител на фондацијата, ги сподели плановите за библиотеката на социјалните мрежи синоќа, вклучувајќи видео кое го прикажува изгледот на зградата што треба да се изгради на земјиште купено од Miami Dade College, ...
„Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање“. Ова ...
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан „Детски фестивал Детелинка“. „Ова е прв ваков фестивал кој има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите“, порача градоначалникот на Општина Центар, ...
Фудбалската асоцијација на Гана одлучи да ја прекине соработката со сегашниот селектор, Ото Адо. Адо си заминува по два порази во пријателските натпревари против Германија во Штутгарт (2:1) и Австрија во Виена (5:1), но тие беа само повод, а не причина. Гана не успеа да се квалификува за Африканскиот куп на нации и покрај тоа што во своите редови има ѕвезди како Антаоан Семењо и Мохамед Кудус. Асоцијацијата соопшти дека ќе ја информира ...
Пред натпреварот против Хрватска, селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, јасно ја искажа својата фудбалска филозофија и план за освојување на Светското првенство. Италијанскиот стручњак нагласи дека одбраната е поважна за резултатот отколку бразилскиот идеал за атрактивен фудбал. Запрашан за бразилскиот стил на игра познат како „Жога Бонито“, Анчелоти понуди прагматичен одговор. „Жога Бонито“? Бразил ги освои последните две Светски првенства ...
Вчера во 11:25 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лицето 22-годишниот А.А. од село Лисец, тетовско. Тој бил по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. Вчера во 11:25 часот во Тетово, полициски ...
Безбедносниот одбор на иранскиот парламент одобри нацрт-закон со кој ќе се воведе систем на патарини за премин низ Ормускиот теснец и ќе се предложи ограничување на пристапот за бродови поврзани со земји кои воведоа санкции врз Иран. Предлогот ќе биде доставен до парламентот за дебата и гласање, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари за новинската агенција ФАРС. Ќе им се забрани минување на бродовите од ЕУ Нацртот ќе им забрани на ...
Волк касна и повреди жена во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата за агенцијата ДПА доцна вчера. Полицијата го фати животното подоцна навечер во близина на пристаништето Биненалстер во центарот на градот, извлекувајќи го од водата со стапица, изјави портпаролот на полицијата. Претходно, властите добија пријави од граѓани кои го виделе волкот на тоа и на други места. Волкот е транспортиран од местото на настанот, а се очекува ...
На 2 април, четврток, со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на портрети „Анатомија на прогресот“ од Миливој Симеонов. Изложбата содржи дваесетина слики работени во техниките масло на платно и акрил и ќе биде поставена до 09 април. Миливој Симеонов е роден 1973 во Виница. Основно и средно образование завршува во Виница. Во 1997 се запишува на ФЛУ на отсек ...
На големата сцена на Националната опера и балет, на 4 април со почеток во 11.00 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години. Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ. „Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко-драмска претстава со едукативен карактер, која има за цел да ...
Посивените бели алишта се чест проблем предизвикан од остатоци од детергент, бигор или пренос на боја од друга облека. Сепак, со неколку едноставни методи, можно е да се врати свежината и белината на ткаенината. Сода бикарбона е едно од најчестите решенија, се додава во машината и помага да се отстранат сивите и непријатните мириси. Алкохолниот оцет е, исто така, корисен бидејќи ги разградува наслагите од детергент и ги омекнува влакната, ...
Ноќеска во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот М.Д. од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...
Иранските власти изјавија дека барањата на САД во тековните преговори се неприфатливи, со пораки дека директните разговори со Вашингтон во моментов не се опција. Изјавите од иранската престолнина значително се разликуваат од оние што доаѓаат од американски извори. Дипломатски извори тврдат дека директните преговори со САД не се на дневен ред, додека портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека иранската ...
Белата куќа денес ги бранеше молитвите за американските трупи вклучени во војната во Иран откако папата Лав XIV предупреди дека Бог ги отфрла молитвите на „оние што војуваат“. „Не мислам дека има нешто лошо во тоа што нашите воени лидери или претседателот бараат од американскиот народ да се моли за нашите војници и за оние што ѝ служат на нашата земја во странство“, изјави портпаролката Каролин Ливит пред новинарите кога беа прашани за ...
„Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено. Тоа е барањето на граѓаните“, велат од СДСМ Аеродром. „Го потсетуваме Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во јули минатата година изјави дека Општина Аеродром изготвила проект и дека ...
Босна и Херцеговина и Италија, во Зеница, од 20.45 часот ќе го одиграат клучниот меч за пласман на Светското првенство. Влогот за двете репрезентации е оргомен, двете репрезентации последен пат играа на Светското првенство во Бразил во 2014 година, а едната од нив ќе го пропушти третото најголемо натпреварување по ред. И додека Босна и Херцеговина ретко има вакви можности, „азурите“ се надеваат дека нема повторно да испаднат и по трет пат ...
Ѕвездата од ријалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, Крис Џенер (70), одамна е позната по својот младешки изглед, а неодамна го подигна на следно ниво благодарение на новиот фејслифтинг. Не е тајна дека Крис не штеди кога станува збор за козметички корекции, но многумина ја критикуваат дека веќе изгледа помлада од нејзините ќерки. Сепак, Крис не обрнува многу внимание на коментарите, а покрај нејзиното најново лице, таа покажа и ...
Вечерва во Даблин, на „Авива“ стадионот, Македонија ќе и гостува на Република Ирска. Ова е дуел на поразените селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство. Македонија, во четвртокот, доживеа тежок пораз во Данска (0:4), додека Ирците, во Прага, испаднаа по пенал-рулетот, откако во текот на натпреварот испуштија предност од два гола. Вечерашниот натпревар ќе биде седми меѓу двете репрезентации. Претходните шест пати се ...
Изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова, свечено ќе биде отворена на 31 март (вторник) во 17:00 часот во Македонски културно-информативен центар во Белград. На отворањето ќе се обратат директорите на КИЦ Белград Васко Шутаров, директорот на турскиот институт во Белград Јунуз Емре, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и авторката ...
„Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем. Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката“, велат од СДСМ. „Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени сите ...
Францускиот кошаркар Виктор Вембањама го постигна најбрзиот дабл-дабл во историјата на НБА, во победата на неговиот тим Сан Антонио над Чикаго Булс (129:114) во ноќта помеѓу понеделник и вторник. Лидерот во трката за МВП го заврши натпреварот со дури 41 поен и 16 скока, а достигна двоцифрен број во овие две статистички категории на почетокот на втората четвртина. Поточно, по осум минути и 31 секунда на паркетот, кога го забележа 10-от скок. ...
Саудискиот клуб Ал Кадисија наводно е заинтересиран да го доведе Дани Олм во своите редови. Иако клубот не направил никакви големи трансфери откако Деко дојде како спортски директор, постојат сè посилни индикации дека ова би можело да се промени во летниот преоден рок. Каталонскиот гигант наскоро би требало да се врати во рамките на ограничувањето на платите, што ќе му овозможи на клубот поголема флексибилност на пазарот, но исто така ќе ...
Пролетната кампања на брендот Calvin Klein, во која глумицата Дакота Џонсон ја игра главната улога, го привлече вниманието на бројни критичари, особено на еден пластичен хирург. Да потсетиме дека Дакота Џонсон е заштитно лице на пролетната кампања на брендот Calvin Klein. Актерката неодамна позираше во смели модни парчиња, или поточно, долна облека од познатиот бренд, но само во градник. Со ова, таа вешто го покри интимниот дел од телото, но ...
Селин Дион ги воодушеви обожавателите најавувајќи го своето долгоочекувано враќање на сцената, и покрај исцрпувачката борба со синдромот на вкочанета личност. Поп-иконата, која наполни 58 години, објави на Инстаграм дека ќе одржи десет концерти во париската арена „Ла Дефенс“, која има капацитет од 40.000 посетители, во септември и октомври. Таа ја објави веста вчера, на својот роденден, нарекувајќи го враќањето „најдобриот подарок во ...
Дури и најубавите и најскапите растенија можат да почнат да страдаат без очигледна причина: листовите пожолтуваат, стеблата се виткаат, а цветањето престанува. Растенијата се дел од животниот стил, симбол на свежина и поврзаност со природата. Сепак, често се случува да почнат да се влошуваат без ние дури и да знаеме зошто. Честопати не размислуваме за фактот дека проблемот не е во водата, почвата или исхраната, туку во местото каде што го ...
Квалитетот и безбедноста на зготвено пилешко месо многу зависи од тоа како се складира, затоа откријте точно колку дена е прифатливо да се чува оваа храна. Според експертите за безбедност на храната, правилно подготвеното и складирано варено пилешко месо може да се користи неколку дена по подготовката, најчесто три до четири дена. Сепак, неговата безбедност и квалитет зависат од условите за складирање, особено температурата. Готвеното ...