Полицијата поднесе кривична пријава за секретарка во училиште во Куманово која сакала да прикрие три дена неоправдано отсуство од работа. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. „Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа од 05.03.2025 до ...

Нема да бидеме децениски заложници на твојот режим, му порача Петар Огњеновиќ од СДСМ, на премиерот Христијан Мицкоски. „Сите млади луѓе во Македонија го слушнаа предавникот Мицкоски. Подготвен бил да чека децении за влез во Европската Унија. Децении да стоиме во место, во изолација. Децении загубени генереции, повеќе млади со билет во еден правец. Децении за празни градови и празна иднина. Децении Македонија да биде во изолација а нас ...

ВМРО-ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“, обвинија од Левица. „ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа ...

На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија. „Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова ...

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...

Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните се уште ги слуша лошите совети на Башановиќ и на Заев. Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДС. Филипче заедно со Заев и Башановиќ ја доведоа СДС на раб на статистичка грешка, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче функционира само по директива на Заев, а сега со новиот ПР шеф Башановиќ продолжува кон тонење во политичкото ...

На денешниот брифинг за медиумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за тековните активности и политики насочени кон справување со аерозагадувањето и унапредување на заштитата на животната средина, нагласувајќи ја посветеноста на институцијата кон транспарентност и отворен дијалог со јавноста. Министерот нагласи дека подготовките за новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во 2027 ...

Борислав Михајлов, легендарниот голман и долгогодишен претседател на Бугарската фудбалска асоцијација, почина на 63-годишна возраст. Михајлов беше во индуцирана кома од крајот на минатата година откако доживеа мозочен удар. И покрај напорите на лекарите и поддршката од семејството, тој не можеше да се опорави. Ќе биде запаметен како една од клучните фигури во најголемиот успех на бугарскиот фудбал, четвртото место на Светското првенство во ...

Министрите за одбрана на Италија и Франција, Гвидо Кросето и Катрин Вотран, денес изразија длабока загриженост за влошувањето на безбедносната состојба во Либан. Во заедничка изјава, Кросето и Катрин Вотран посебно посочија на неодамнешните напади во Либан врз членовите на мировната мисија на Обединетите нации. Ваквите инциденти и зголемената опасност со која се соочуваат членовите на мисијата на ОН се неприфатливи, рекоа Кросето и Катрин ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот ‘Партизански одреди’, на потегот од мостот ‘Обединети нации’ до пешачкиот мост ‘Влае’, во површина од 1.200 метри квадратни. Оваа делница ...

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека борбата за водечки позиции во новиот свет е борба на живот и смрт. „Борбата за лидерство во новиот свет е исклучително сериозна – борба на живот и смрт. Тоа го гледаме речиси секој ден“, рече Лавров на Генералното собрание на Рускиот совет за меѓународни работи, пренесува Спутник. Некои земји едноставно ја изгубија секоја мерка, додаде Лавров. „Тие отворено ...

Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан да се договара за Никола Груевски и нивните бизниси, обвини Јон Фрчкоски од СДСМ. „Кога оди Мицкоски кај Орбан? Во време на огромни корупциски скандали што ја тресат Унгарија пред изборите. Последниот скандал: најдобриот другар на Орбан од водоводџија станува еден од најбогатите луѓе. Како? Па преку државни тендери. Дури 14% од сите државни договори од 2010 година завршиле ...

Министерот за правда, Игор Филков, заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ ) го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%. Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7% ...

Во основното училиште „Кузман Јосифовски -Питу“ во општина Кисела Вода се гради нова училишна спортска сала, која треба да биде завршена до почетокот на новата учебна година. Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри, а инвестицијата се реализира со буџетски средства во износ од 32 милиони денари. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалничката Бети Стаменкоска ...

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес го потпиша Колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, соопштија од Министерството. Со Колективниот договор се предвидува зголемувањето на платите на административните службеници да се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 година. Со договорот дополнително се уредуваат правата, обврските и ...

Ландо Норис, актуелниот шампион во Формула 1, заврши петти на Големата награда на Јапонија во Сузука. Асот на Мекларен е еден од многуте кои не се задоволни од новите автомобили и нивните перформанси, иако во финишот успеа да го престигне Луис Хамилтон. „Искрено, дури и не помислив да го нападнам Луис. Сепак, во еден момент батеријата ми беше полна, надвор од моја контрола. Го престигнав, иако не ги контролирав работите. Ова не е трка, ова ...

Вчера во 18:30 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го уапсија Љ.Ѓ.(39) од Гостивар. При претреси во неговиот дом и помошни простории на ул. „Балиндолска“ и во негов стан на ул. „Илинденска“, извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, еден сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна пушка. По целосно ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за „Аксиос“ дека продолжениот конфликт во Иран би можел да биде „многу корисен“ за Русија, но штетен за Украина. Според него, руската економија добива поттик од зголемувањето на цените на нафтата и олеснувањето на американските санкции, додека Украина би можела да се соочи со недостиг на пресретнувачи на воздушна одбрана и друго клучно оружје. Зеленски нагласи дека Украина споделила ...

Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во бруто износ од 2.470 денари, соопшти МВР. „Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2.470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026“, соопшти МВР. Од таму додаваат дека во наредниот период, со имплементација ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја отфрли можноста резеврна репрезентација да настапи на Светското првенство, инсистирајќи дека нема „план Б“ во случај Иран да одлучи да се повлече. И покрај ескалацијата на конфликтот и директните закани за повлекување што доаѓаат од иранските официјални лица, ФИФА инсистира на учеството на азиската нација. Инфантино потврди дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за да се осигури ...

Во Македонскиот КИЦ во Софија на 1 април, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на изложбата „In a Silent Way“ од Марjан Ѕингаров. „Во „In a Silent Way“ на Ѕингаров, сликарството се претвора во чин на тивко појавување. Формите не се наметнуваат, туку постепено испливуваат, како далечни тонови што се издигнуваат од поле на речиси целосна тишина. Делата се развиваат со воздржана интензивност, каде што масата, текстурата и сенката ...

Израелскиот парламент во понеделникот усвои закон со кој се воведува смртна казна за Палестинците осудени во воени судови за смртоносни напади. Законот го поддржа крајно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој отвори шампањ во парламентот откако беше усвоен законот. Групите за човекови права и палестинските претставници го осудија усвојувањето на израелскиот закон, нарекувајќи ја мерката дискриминаторска и кршење ...

Два товарни брода во сопственост на COSCO, кинескиот бродски гигант кој ги прекина своите услуги до и од Персискиот Залив на почетокот на март поради војната на Блискиот Исток, денес успешно поминаа низ Ормускиот теснец, според податоците од Marine Traffic. Контејнерскиот брод CSCL Indian Ocean го премина теснецот околу 7 часот наутро во понеделник, а CSCL Arctic Ocean 27 минути подоцна, според веб-страницата за следење на бродови. Тие ...

Италија одби да им дозволи на американските воени авиони да слетаат во воздухопловната база Сигонела на Сицилија на пат кон Блискиот Исток, потврди извор запознаен со ситуацијата. Ова ги потврдува претходните медиумски извештаи, пренесува „Ројтерс“. Дневниот весник „Кориере дела Сера“ објави дека американските бомбардери требало да слетаат во база во источна Сицилија пред да го продолжат летот кон Блискиот Исток. Според весникот, дозволата ...

Европската Унија останува цврсто со Украина и ќе продолжи да ѝ обезбедува сеопфатна поддршка, воена, финансиска, енергетска и хуманитарна, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по нејзиното пристигнување во Киев. Калас изјави дека е „задоволна“ што е во украинската престолнина заедно со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, нагласувајќи дека секоја посета на Киев е силен ...

Последниот ден од месец март претставува ден Д за преостанатите учесници во европскиот бараж од квалификации за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Деновиве, најголемо внимание привлекува дуелот на Италија со Босна и Херцеговина во Зеница, поради меѓусебно озборување, омаловажување на актерите, необична шпионажа… Од чисто спортска гледна точка, „Аѕурите“ се мали фаворити, поради нивната историја, силата на лигата, подобрите имиња… ...

Поранешната одбојкарка Кајла Симонс не привлекува внимание со својата игра на теренот, таа ја напушти одбојката во минатото, но е навистина добра во објавувањето фотографии. Убавата Кајла има речиси милион следбеници на социјалните мрежи и е многу популарна. На нејзината популарност придонесоа провокативните фотографии што редовно ги објавува, а нејзините пози во бикини се вистински рај за очите. View this post on Instagram A post shared by ...

Снимките од телефонските разговори меѓу унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други високи руски функционери покажуваат колку длабоко Будимпешта работела за интересите на Кремљ во рамките на Европската Унија, објавија истражувачкиот портал „Инсајдер“ и неговите партнерски редакции. Во разговорите, Сијарто се слуша како им пренесува доверливи детали од Брисел на Русите, ...

Иранската армија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле дрон MQ-9 во близина на Исфахан, во централниот дел на Иран, наведувајќи дека му припаѓал на американско-израелскиот „агресивен непријател“. Службениците за односи со јавноста на иранската војска изјавија дека дронот бил пресретнат и уништен порано денес и дека тоа е 146-то беспилотно летало соборено од Иран, според соопштението, пренесува „Тасним“. Дронот ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
37%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.72
29%
1020
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
39%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
6.69
34%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
8.81
41%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 15ᴼ
6.69
39%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
46%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
52%
1017
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
9.83
46%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
32%
1021
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1014
Currency

61.64

Currency

52.5688

Currency

71.0401

Currency

37.5703

Currency

38.4418

Currency

67.0149

Currency

7.69168

Currency

0.69864

Currency

0.33132

Currency

0.52501

Currency

1.16811

Currency

0.5579

Алуминиум

3.60

Бакар

12.11

Рутениум

53788.20

Паладиум

47711.71

Злато

151522.95

Калај

50.49

Кобалт

45.39

Родиум

323115.00

Иридиум

253540.09

Платина

64687.30

Сребро

2433.77

Цинк

0.00