Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Софија Куновска повторно излезе со критики до раководството на СДСМ. „Секојдневно се прашувам, можно ли е ова раководство уште подолу и подолу да го тоне Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За жал уште и уште имало…“, напиша Куновска на ФБ. Куновска е поранешен висок функционер на СДСМ, експратеник и експретседател на Градската организација на Скопје на СДСМ. Софија Куновска повторно излезе со критики до раководството на СДСМ. ...
Претставници на авиоиндустријата предупредуваат дека продолжувањето на тензиите на Блискиот Исток би можело сериозно да го наруши авионскиот сообраќај во наредниот период. Според проценките, доколку ситуацијата не се стабилизира наскоро, авиокомпаниите би можеле да се соочат со зголемен број на откажани летови. Клучниот ризик, како што се посочува, е можноста за ограничување или прекин на транспортот низ Ормутскиот теснец – една од ...
Движењето Вреди (Влен), кое се состоеше од пет политички субјекти, се обедини во една партија, „затоа што само организирана, дисциплинирана и обединета сила може да го заштити албанскиот глас и еднаш засекогаш да ја затвори ерата на фрагментации, уцени и задкулисни игри“ – соопшти партијата Вреди. „Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина ...
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи заминал за Тајланд. Тоа може да се заклучи од фотографијата која ја споделил на својот Фејсбук профил на која се чекирал дека е во Бангкок, Тајланд. Во описот на фотографијата Фетаи не пишува дали е таму приватно или се работи за службена посета. Во јавноста веќе извесно време има дилеми каде е Фетаи, особено откако неговиот колега од владата, министерот за здравство Азир Алиу за „360 степени“ рече ...
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со наврнат талог од 15 до 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 ...
Атлетико и Арсенал, на „Метрополитамо“ во Мадрид, одиграа 1:1 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Реваншот, наредниот вторник, во Лондон, ќе го одреди финалистот. Во второто полуфинале, пред реваншот во Минхен, ПСЖ има преднст 5:4 против Баерн. Она што се очeкуваше тоа и го понудија Атлетико и Арсенал. Многу борба, трчање и пред се тактично надмудрување на Диего Симеоне и Микел Артета. Во првото полувреме, имаше само ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да биде брифиран од командантот на Централна команда на САД, генерал Брад Купер, за нови планови за можни воени дејствија против Иран, објави политичкиот портал „Аксиос“. Белата куќа засега не ги коментира таквите информации. Според извештаите што ги објави „Аксиос“ повикувајќи се на изјави на двајца добро упатени извори, Централната команда изготвила план за „кратка и силна“ серија удари ...
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со американскиот претседател, Доналд Трамп, за војната во Украина и состојбата на Блискиот Исток, соопшти помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Според него, Путин изразил подготвеност за привремено примирје во Украина по повод одбележувањето на Денот на победата, кој Русија го слави на 9 мај. Според рускиот претставник, Трамп ја поддржал таа иницијатива. Разговорот, кој траел околу час и ...
Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи над 125 долари за барел рано во четврток, додека азиските акции паднаа поради застојот во разговорите меѓу САД и Иран и обновените стравувања од поширока војна. Фјучерсите за јунскиот „Брент“ се зголемија за 6,2 проценти на 125,36 долари за барел, додека јулскиот „Брент“ се зголеми за 3,1 процент на 113,85 долари. Референтната американска сурова нафта се зголеми за 2,3 проценти на 109,38 долари за ...
Војната на САД во Иран досега чинеше 25 милијарди долари, изјави денеска високиот функционер на Пентагон задолжен за финансии, Џулс Херст, со што ја даде првата официјална процена за воените трошоци. Херст пред конгресмените во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом изјави дека најголемиот дел од тие пари се потрошени за муниција. Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот ...
Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за провоцирање нуклеарна војна, предупредувајќи ја Европа за последиците. Киев ја гранатира нуклеарната централа Запорожје, а Зеленски бара не само членство во НАТО, туку и нуклеарно оружје за безбедноста на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – Тој продолжува да провоцира нуклеарен ...
По години застој продолжуваат градежните активности Мостот што треба да ги поврзе улиците „Љубљанска“ и „Скупи“ влегува во завршна фаза и наскоро се очекува да биде ставен во функција, информира градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. „Зборот е збор – мостот на „Љубљанска“ конечно ќе биде ставен во функција!“, напиша Ѓорѓиевски. Тој посочи дека реализацијата на проектот продолжува по долг период на застој. „Денес, со особено задоволство ...
Цената на нафтата нагло расте на светските берзи, при што „брент“ се движи над 117 долари за барел, а американската сурова нафта достигна над 105 долари, поради зголемените стравувања од можна блокада околу Ормускиот Теснец. Според „Ројтерс“, „брент“ достигнал 117,16 долари за барел, додека американската нафта пораснала на 105,15 долари, со дневен раст од 5,3 проценти. Растот следува по извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп ...
Се работи во доцните вечерни часови да се изгради автопатот на време Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, доцна вечерва извршија увид во изградба на автопатот Охрид-Кичево. На својот фејсбук профил, вицепремиерот Николоски објави дека од утре се пушта во употреба клучка Требеништа, уште еден дел од овој автопат. Во прилог објавата и линкот до ...
Средба со земјоделците и презентација на активности Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оствари средба со земјоделци во Делчево, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. „Денеска сме повторно на терен, овде во Делчево, на средба со земјоделците. Продолжуваме со кампањата што ја започнавме како ресорно министерство, со цел да бидеме во постојана комуникација со ...
На денешната собраниска седница се обрати Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека државата има капацитет да организира фер и демократски избори, притоа наведувајќи дека техничката влада ги покажала своите слабости во минатото и треба да биде укината. Според него, првата техничка влада функционирала со одредени предизвици, но без сериозни нарушувања, за разлика од следните влади во кои, ...
Времето годинава нема да им оди во прилог на првомајските излетници, со најави за дожд и значително пониски температури од вообичаените за овој период. Во Скопје на Први мај се очекува максимална температура од околу 14 степени, со 20 проценти веројатност за дожд. Во Велес прогнозата е слична, со максимум до 13 степени. Ден претходно, во четврток, ризикот од врнежи е поголем и достигнува околу 45 проценти. Во западниот дел од земјата, ...
Забрана за комерцијални активности на стотици плажи Грција прогласи 251 плажа за целосно заштитени подрачја, каде се забрануваат сите видови градби и поставување опрема за плажа. Мерката опфаќа и изнајмени лежалки, чадори за сонце и привремени конструкции, со цел зачувување на природната состојба на крајбрежјето. Одлуката е донесена од грчкото Министерство за заштита на животната средина, кое наведува дека целта е заштита на плажите со ...
Попладне е пикот за желби за храна Новo истражување покажува дека желбата за храна кај луѓето најчесто се појавува околу 15:42 часот. Анкетата опфатила 5.000 испитаници и покажала дека просечен човек има две вакви желби дневно, додека околу една четвртина ги чувствуваат и почесто. Кога ќе се појави желбата, 60 отсто од луѓето не успеваат да ѝ одолеат повеќе од еден час. Околу 20 отсто попуштаат во првите 15 минути. Утешна храна најчест избор ...
Шеснаесетгодишната ера на национална управа во Унгарија заврши со изборите, означувајќи го почетокот на новиот период дефиниран со либерална државна управа и пронационална опозиција, порача унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан во писмо упатено до членовите на неговата партија Фидес. „Задача на нашата заедница е да ги брани големите национални достигнувања од изминатите 16 години и да го одржи идеалот на пронационалната управа. ...
Европската Унија воведува нова дигитална услуга „Travel to Europe“, со цел да го олесни преминувањето на границите во рамките на новиот систем EES, кој веќе е во функција на надворешните граници и важи и за граѓаните на Македонија. Со воведувањето на системот EES од април, пасошите повеќе не се печатат, туку секој влез и излез се евидентира дигитално, со задолжително фотографирање и земање отпечатоци од прсти. Наместо забрзување на ...
Три случаи на тешко повредени работници се регистрирани во изминатите 24 часа во Виница, Охридско и Куманово, информира Министерството за внатрешни работи. Во Виница, 42-годишен работник се здобил со тешки повреди откако паднал од висина додека извршувал работни задачи во фабрика. „Вчера во 12:20 часот во ОВР Виница е пријавено дека при извршување работни задачи во фабрика во Виница, од висина паднал В.М.(42) од Виница и се здобил со тешки ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде автобус на градската линија број 12 прегази 81-годишна жена и ѝ нанесе тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 28 април во 18:10 часот. „Автобус марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, управуван од 61-годишниот Б.А. од скопското село ...
Министерството за спорт активно се вклучи во реализација на проектот ELEVATE, финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската Комисија кој има за цел да ја унапреди пристапноста на стадионите и да го подобри искуството на навивачите, стои во соопштението од Министерството што МИА ви го пренесува во целост. ELEVATE проектот е насочен кон развој на практични алатки, дигитални решенија и содржини за обука кои ќе им помогнат на фудбалските ...
Американскиот Стејт департмент подготвува ограничена серија пасоши со ликот на Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави. Според информациите објавени од „Fox News“, ликот на Трамп ќе биде поставен на внатрешната страна од корицата и ќе наликува на неговиот официјален портрет од вториот мандат. Освен портретот, делумно ќе биде изменет и надворешниот изглед на пасошот. Натписот „Соединети ...
Повеќе од 1,2 милиони луѓе во Либан се соочуваат со сериозен ризик од акутен глад како последица од војната меѓу Израел и Хезболах, предупредуваат агенциите на Обединетите нации. Според заеднички извештај подготвен под покровителство на ОН, околу 1,24 милиони луѓе – речиси секој четврти од анализираното население – се очекува да се соочат со кризно ниво на глад или полошо во периодот од април до август 2026 година. Во извештајот на ...
Промена на изборниот модел по повеќе од една деценија Законските измени за Владата денеска беа усвоени во Собранието, со кои се предвидува укинување на техничката влада по одржување на следните парламентарни избори. Предлогот помина по скратена постапка, со 70 гласови „за“, 11 „против“ и без воздржани, на 98. седница. Техничкиот модел беше воведен како привремено решение пред изборите во 2016 година, со цел да се зајакне довербата во ...
Средба со хрватскиот шеф на дипломатијата Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре ќе престојува во работна посета на Загреб, на покана од хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман. Во рамки на посетата е предвидена официјална средба меѓу двајцата министри, на која ќе се разговара за билатералните односи, политичките состојби во двете држави и можностите за унапредување на ...
Што значи „големата тројка“ и каде почнува пошироката слика Кога се зборува за хороскоп, најчесто првото внимание оди кон знакот, подзнакот и Месечината. Овие три елементи во астрологијата се сметаат за основа за опишување на личноста, емоциите и начинот на кој другите нè доживуваат. Но астролошките толкувања не завршуваат тука. Покрај внатрешните планети кои се врзуваат за секојдневните карактеристики, постои и група надворешни планети. Тие ...
Тензиите меѓу Иран и САД дополнително се заоструваат, откако ирански безбедносен извор најави дека наскоро може да следи „невидена“ воена акција како одговор на, како што ја нарече, американската поморска блокада. Според информациите објавени од „Press TV“, извор близок до безбедносните структури во Техеран оценил дека трпението на Иран е при крај. Доколку продолжат американските активности околу Ормускиот Теснец, реакцијата ќе биде ...