Слушни ја веста Според Авто мото сојузот на Македонија на граничниот премин Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Авто мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. Од таму потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен ...

Слушни ја веста Министерот за здравство Азир Алиу, попладнево беше во посета на општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, каде со раководството во обиколка на установата ги разгледа постоечките инфраструктурни услови и деловите кадешто има потреба од подобрување. „Ние низ градовите одиме за да видиме каков тип на инфраструктура имаме како Министерство за здравство, затоа што во тек сме со агрегирање на податоци од инфраструктурна точка и ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави списокот на лица кои ќе добијат финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Како што соопштија од Министерството според резултатите: • 313 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост ќе добиваат месечна поддршка од 1.000 денари, почнувајќи од март 2025 година. • 94 згрижувачки семејства исто така го стекнуваат правото на финансиска ...

Слушни ја веста Вчера (26.06.2025г.) во 17.30 часот во СВР Тетово 77-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 11 часот била измамена од непознат маж, кој и се јавил телефонски и лажно претставувајќи се како инспектор и рекол дека нејзината ќерка прегазила малолетник и за да не оди во затвор ќе мора да му даде пари. „Таа му дала 4.200 евра, односно ги оставила на местото на кое се договориле, но подоцна сфатила дека немало никаква ...

Слушни ја веста Времето денес (петок) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне од 35 степени. Утре (сабота) нѐ очекува сончево и топло време со умерена облачност. Според ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40%. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, и изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг, и изнесува 40,188 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на ...

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Министерството ја потсетува пошироката јавност дека во периодот кој следи да биде особено внимателна бидејќи поради високите температури ќе се зголеми ризикот од појава на пожари на отворен простор и од суштинско значење е јавноста да ја разберат опасноста како и последиците од ...

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец – в понеделник, 30 јуни. Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден (1 јули), а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука ...

Суплементацијата со витамин Д може да ја намали смртноста од рак за околу 13 проценти, покажуваат три мета-анализи на клинички студии. Според научниците од Германскиот центар за истражување на ракот (DKFZ), доколку сите Германци над 50 години земаат витамин Д, може да се избегнат до 30.000 смртни случаи од канцер годишно и да се добијат над 300.000 години живот, со потенцијални заштеди во здравствените трошоци. Истражувањата во последните ...

Слушни ја веста Во 2024 година, во земјава се регистрирани вкупно 511 случаи на смрт од насилна причина, што претставува зголемување од 24% во однос на 2023 година. Насилната смрт учествува со 2,5% од вкупната смртност, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. И понатаму, најмногу случаи се евидентирани кај машките лица – дури 68.1% од жртвите на насилна смрт се мажи. Најголем дел од случаите – 78.5% – се однесуваат на несреќни ...

Слушни ја веста СВР Тетово соопшти дека ноќеска околу 3 и 45 часот после полноќ на патот Тетово – Гостивар полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 50 годишниот Б.О. од Гостивар поради омаловажување на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. „При сообраќајната контрола полициските службеници констатирале дека Б.О., кој управувал патничко моторно возило „порше“ со ...

Долгите патувања со автомобил честопати носат со себе замор, гадење, болки во грбот или некоја друга форма на непријатност. Иако повеќето од овие симптоми изгледаат безопасни, сите тие се начини на кои телото реагира на продолжено седење, ограничено движење, необични навики во исхраната и недостаток на свеж воздух. Добрата вест е дека повеќето од овие проблеми можат да се спречат или ублажат ако дејствуваме навреме. Замор Иако патниците често ...

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми”. Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП ...

Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „20-годишен странец (државјанин на Северна Македонија) е извлечен без свест од морскиот дел на плажата Ханиоти ...

Летниот период (јули-август-септември) се очекува да биде со натпросечни температури, но и со нестабилности со локализирани врнежи. Во јули и август се очекуваат топлотни бранови, особено во втората половина од месецот, кога ќе има и поголема опасност од пожари поради фазата на созревање на вегетацијата. Веќе денеска дневните температури ќе го надминат 40-тиот степен, а во петок попладне кон сабота (27/28 јуни) се очекува нестабилност. Нова ...

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната ќе важи во следните термини: – петок од 17:00 – 22:00 часот, – сабота од 09:00 до 18:00 часот и – недела од 09:00 до 22:00 часот. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – ...

Во 2024 година, во јавниот водовод биле зафатени и преземени 306 649 илјади м3 вода за снабдување, што е за 4.6 % повеќе во однос на 2023 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 57.0 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2024 година било за 2.6 % повеќе во однос на претходната година. ...

Цените на светските нафтени деривати денеска доживеаја нагол пад, враќајќи се на нивото пред почетокот на иранско-израелскиот конфликт. Причината за падот се поврзува со веста за прекин на огнот и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина повторно може да купува нафта од Иран, што аналитичарите го толкуваат како сигнал за ублажување на американскиот притисок врз Техеран. Според податоците на CNN, денеска референтната нафта ...

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат на температурните промени, имаат поголема веројатност да имаат хронична здравствена состојба, да користат редовна терапија која може или ги менува нормалните реакции на телото на топлина. Што ...

Слушни ја веста Владата и Министерството за земјоделие најавуваат кампања преку која ќе се промовира домашното земјоделско производство. „Преку кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“ го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци. Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а ...

Во услови на високи температури препорачливо е да се пијат поголеми количини на течности за да избегнеме дехидрирање на организмот. Секако, на прво место треба да ја ставиме водата, но има и други пијалоци кои може да се конзумираат за освежување и хидрација. Овој сок е еден од нив. Сок од краставица и лимон Состојки: 1 краставица 1 лимон малку сол (по желба) 1 чаша вода коцки мраз Подготовка: Најпрво излупете ја краставицата и ставете ја ...

Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска на средба со ...

Слушни ја веста Агенција за храна и ветеринарство информира дека порастот на температурите, кој неделава според најавите на синоптичарите во одредени региони ќе го надмине четириесеттиот степен ги зголемува и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Од Агенцијата велат дека е неопходно да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. -За да се спречи евентуална појава на ...

Слушни ја веста Лубеницата е едно од најосвежувачките овошја за летото, но изборот на слатка и сочна лубеница може да биде предизвик. Познавачите даваат неколку едноставни совети за да го направите вистинскиот избор во продавница или на пазар. Клучен показател за квалитет е големината и тежината. Лубеницата треба да биде тешка за својата големина, идеално меѓу 10 и 12 килограми, што укажува дека имала доволно време да впие вода, шеќери и ...

Новата веб-страница на Министерството за здравство е во функција од вчера, а од наредниот петок, 4 јули, ќе почнат состаноците на министерот за здравство Азир Алиу со оние кои ќе закажат средба. Од денеска веќе може да се закажува средба преку веб-страницата на Министерството за здравство, информираше министерот за здравство Алиу на денешниот брифинг со новинарите. Предвидено е од 10 до 15 часот, секој петок да биде отворен ден за граѓаните, ...

Судечкиот совет при Основен кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и им пресуди доживотен затвор. Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, ...

Слушни ја веста Турција се искачи на четвртото место на ранг-листата на земји што привлекуваат најмногу туристи. Минатата година, земјата ја посетиле 56,7 милиони странци, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на податоци од Светската туристичка организација на Обединетите нации. Во топ пет најпосакувани земји за посета се Франција, Шпанија, САД, Турција и Италија. Турскиот министерот за култура и туризам Мехмет Нури, ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4. Според досегашните податоци со кои ...

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти ...

Слушни ја веста Цените на нафтата паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, потег што ги намали тензиите на Блискиот Исток и ги смири очекувањата за можни прекини во снабдувањето со нафта. Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент паднаа за 2,08 долари, или 2,9 проценти, на 69,40 долари за барел, откако претходно се намалија за повеќе од 4 проценти на најниско ниво од 11 јуни. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Паладиум

51794.85

Платина

68963.35

Сребро

2711.59

Бакар

11.73

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Калај

50.64

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66