Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Агенцијата за вработување објави јавен повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, подмерка – Вработување и раст на правни субјекти, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средните претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 250.000 денари, во ...
Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари. Дел од пожарникарите работат со стари возила и стара опрема. Сите треба да се организираме и да ја направиме оваа ситуација да биде подобра бидејќи ...
Основното јавно обвинителство во Гостивар во 2024 година најмногу постапувало по пријави за дела против имотот и насилни кривични дела, покажува најновиот годишен извештај на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Од вкупно 2.038 кривични пријави, дури 584 се однесуваат на дела против имотот, додека 241 се насилни дела, што ги прави овие две категории најзастапени. Покрај тоа, во извештајот се нотира и значително присуство на ...
Слушни ја веста Јавното претпријатие Комуналец од Гостивар алармира за сериозен проблем со прекумерна и неодговорна потрошувачка на вода. Како што наведуваат од претпријатието актуелните податоци од техничкиот тим покажуваат потрошувачка од 480 литри во секунда – количина многу поголемa од просекот за овој период од годината. „Најголемиот дел од оваа нерационална потрошувачка доаѓа од неодговорни дејствија, како што се полнење приватни ...
Слушни ја веста Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 158 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 4,5. Според досегашните податоци ...
Русија презема конкретни мерки за поддршка на иранскиот народ во услови на ескалација на тензиите на Блискиот Исток, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. „Имаме долгогодишни, добри и сигурни односи со Иран. Од наша страна, ние вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ“, рече Путин, нагласувајќи ја поддршката на Москва во контекст на тековните напади врз ...
Во петок, (20 јуни 2025 година) на сцената на Центарот за култура АСНОМ, актерите од НУ „Гостиварски театар“ ќе ја изведат премиерата на драмската претстава „Манијак“, на авторот Ратко Бјелчиќ. Претставата е поставена под режисерската палка на Елеонора Теова и обработува актуелна тема – состојбите и последиците што произлегуваат од ширењето на лажни вести во медиумите. Креативниот тим го сочинуваат Филип Коруновски, кој ја изработи ...
Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од утре до 27 јуни, Институтот за јавно здравје попладнево повика на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. – Покрај другите, за ранливи категории на луѓе се сметаат лицата кои работат во надворешни услови и се повеќе изложени на ...
Виена веќе не е најдобриот град во светот за живеење. По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit – ‘ЕИУ’), главниот град на Австрија е детронизиран од „прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува. Данската престолнина го зазеде првото место на топ-листата најпогодни градови за живот, на светско ниво за 2025 година, објавена неодмна. На списокот на сестринската организација ...
Слушни ја веста Цените на нафтата скокнаа над 80 долари за барел, достигнувајќи 81,4 долари, откако САД извршија напади врз три ирански нуклеарни објекти. Според Bloomberg, растот од 5,7% се должи на стравувањата дека кризата на Блискиот Исток би можела да ја загрози испораката на енергенси. Во понеделникот, фјучерсите за Brent нафтата скокнаа за над 3%, достигнувајќи 81,4 долари за барел, додека WTI порасна до 78,4 долари. Ова се петмесечни ...
Регулаторната комисија денеска донесе одлука со која се зголемуваат цените на горивата. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, и со тоа, изнесува 73,00 ден/лит. ...
Слушни ја веста Многу луѓе консумираат повеќе шеќер отколку што мислат. Иако најчесто се поврзува со колачи и газирани пијалоци, шеќерот е скриен и во многу секојдневни јадења. Клучно е да се направи разлика помеѓу природните шеќери што се наоѓаат во овошјето и додадените шеќери што се наоѓаат во преработената храна. Иако телото ги вари на сличен начин, овошјето е богато со влакна, витамини, минерали и растителни соединенија што имаат ...
Производителот на играчки, „Мател“ (Mattel) се здружува со „Опен-АИ“ (OpenAI) со цел развој на производи и услуги со вештачка интелигенција, засновани на брендовите на „Мател“. Нивниот прв производ се очекува да биде објавен оваа година. Американската компанија, којашто ги создаде „Барби“ (Barbie), „Хот вилс“ (Hot Wheels) и „Поли Покет“ (Polly Pocket), соопшти дека ќе ја користи ВИ-технологијата на „Опен-АИ“ за „да ја донесе магијата на ВИ до ...
Слушни ја веста Жителите на Гостивар и регионот ги очекува стабилна, но жешка работна недела со температури кои ќе достигнуваат до 36 степени Целзиусови. Според метеоролошките најави, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност кон крајот на неделата. Понеделник (23 јуни): Денес не очекува претежно сончево и топло време. Утринската температура изнесува околу 15°C, а дневната ќе достигне до 31°C. Слаб ветер од северен правец. ...
СВР Тетово информира дека во текот на викендот што измина (20-22 јуни) на подрачјето кое го покрива била спроведена контрола на возила и возачи. „При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 44 возачи (Тетово-31 и Гостивар-13) за погрешно и непрописно паркирање, a 43 (Тетово-13 и Гостивар-30) возила биле подигнати со специјално возило пајак.“, соопшти полицијата. Биле санкционирани и 167 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-85 и ...
Слушни ја веста Јавното претпријатие Комуналец Гостивар алармира за сериозен проблем со прекумерна и неодговорна потрошувачка на вода. Како што наведуваат од претпријатието актуелните податоци од техничкиот тим покажуваат потрошувачка од 480 литри во секунда – количина многу поголемa од просекот за овој период од годината. „Најголемиот дел од оваа нерационална потрошувачка доаѓа од неодговорни дејствија, како што се полнење приватни базени, ...
Слушни ја веста Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција на возила има на граничен премин Богородица за излез од државата и Табановце за влез во државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Слушни ја веста Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање. Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и се останато преминува под надлежност на Министерството за култура и туризам. Со ...
Во летниот период во исхраната пожелно е да се вметнат полесни и освежителни јадења, кои содржат намирници за доволно енергија и ситост, а истовремено имаат малку масти и калории. Еден таков оброк може да биде оваа медитеранската салата. Состојки: 1 филџан сварен грав 2 благи пиперки, исчистени и исечкани 1 домат или неколку шери домати 2 млади кромитчиња, ситно исечкани неколку исечкани маслинки сол, црн бибер, магдонос, нане по желба ...
Слушни ја веста Општина Гостивар информира дека на 23.06.2025 година, ќе се реализира првата терестичка дезинсекција на подрачјето на општината за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници. „Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 23:00 часот до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер дезинсекцијата се одложува за утредента или евентуално за некој ...
Вчера (21.06.2025г.) во 11.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, З.З.(42) од Гостивар, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гостивар.“, информира СВР Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. ...
Вчера (21.06.2025г.) во 21.30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје. Полициски службеници презеле мерки и активности и констатирале дека се работи за К.Ж.(29) од Скопје, кој бил лишен од слобода, информира СВР Тетово. „По извршени проверки било ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо. „Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан“, напиша Трамп. „Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Цел товар БОМБИ беше фрлен на главната локација, Фордо. Сите ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни изнесувала 64 698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80 073 денари. Зголемување од 733 денари има и кај храната и пијалоците во однос на мај. Пресметките на ССМ покажуваат дека ...
Британските пратеници денес го одобрија законот за потпомогнато умирање, со што Обединетото Кралство направи голем чекор кон легализација на оваа практика за терминално болни лица. По повеќечасовна дебата, 314 пратеници гласаа „за“, а 291 „против“ за законот што ќе им овозможи на возрасни со неизлечива болест и прогноза пократка од шест месеци да си го одземат животот. „Ова е историски момент за нашата земја и за сите кои се борат за ...
Голем пожар утрово го зафати хрватското приморје, на подрачјето помеѓу Писка и Марушиќи, источно од Омиш. Огнот брзо се прошири кон куќите, потпомогнат од силна бура, а дел од населението и туристите се евакуирани. Изгорени се најмалку 12 куќи, повеќе возила и е оштетена маслодарница. Истовремено активен е нов пожар кај Велики брд над Макарска, каде во гаснењето се вклучени и канадери. Хрватскиот автоклуб (HAK) информираше дека поради пожарот ...
Првото пријавување на учениците во средно образование се реализираше преку електронско аплицирање од 14 до 17 јуни 2025 година и доставување на потребната документација од 18 јуни до 19 јуни 2025 година, потсети Министерството за образование. Ранг листи се објавија на 20 јуни 2025 година. Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година, кој е објавен во месец март 2025 година, предвидено е во ...
Свештената бигорска Обител традиционално и годинава ќе го одбележи празникот на Пресвета Богородица, во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат. -На 23 јуни (понеделник) 2025 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 22 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во ...
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.степени е регистриран ноческка во пограничното епицентрално подрачје со Албанија, на јужниот дел на Охридското Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје. Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.7 проценти, Образование за 14.4 проценти и Административни и помошни услужни ...