Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Во тишината помеѓу првите солзи и првите зборови, научниците открија нешто што го менува начинот на кој гледаме на мајчинството, односот со бебето и една од најчувствителните состојби низ кои може да помине една жена. Во првите години од животот на детето, односот помеѓу мајката и бебето е клучен за формирање на емоционалното и социјалното здравје на детето. Во центарот на овој однос е способноста на мајката да ги препознава и именува мислите ...
Холандската Влада ќе им препорача на родителите да не дозволуваат на децата под 15 години да користат социјални мрежи, а својот прв паметен телефон да го добијат дури по завршувањето на основното училиште. Овие препораки се дел од новите национални насоки за „Здраво користење на екрани“, кои денеска ги претстави државниот секретар Винсент Кареманс, пренесе НЛ Тајмс. Препораките, кои се советодавни и не се правно обврзувачки, се однесуваат на ...
Најдобрите ученици од основните и средните училишта во Гостивар, кои беа прогласени за првенци во учебната 2024/25 година денес беа на прием кај градоначалникот Ваљбон Лимани. „На учениците им беа доделени благодарници во чест на нивната работа и постигнувања. Градоначалникот Лимани им се заблагодари на младите за нивната посветеност, на родителите за поддршката и на наставниците за нивната неуморна работа во градењето на идните генерации. ...
По вчерашното поскапување на дизел горивото, Регулаторната комиисја за енергетика и денес донесе одлука за покачување на цената. Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.06.2025 година. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит. ...
Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои како што посочуваат не се зголемени повеќе од 25 години. – Неминовно е да има измени во дел од нотарската тарифа од причина што зголемени се трошоците. Како Комора сме во корелација со Министерство за правда и Владата, како би можеле да не се оптерети буџетот на граѓаните и да се задржи нотарската професија, изјави претседателот на Нотарската комора Методија Ристоски. На ...
Малолетник од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди вчера попладне, откако со електричен тротинет удрил во паркирано возило на улицата „Питарница“ во Гостивар. Несреќата била пријавена во ОВР Гостивар во 17:35 часот. Според пријавеното, малолетникот управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и удрил во патничко возило „Рено“ со словенечки регистарски ознаки, кое било паркирано од Ф.Г. (28) од Гостивар. По судирот, малолетникот ...
Времето денеска (петок) ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 13 до 28 степени. Во деновите од викендот, како што информираа од УХМР, времето ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност. Температурата ќе опадне за ...
Обвинителство информира дека е применет инструментот на проширена конфискација во случајот против сега осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше, кој во март годинава беше фатен како прима поктуп во угостителски објект. Судот, како што информираат од Обвинителство, одлучил да го прифати предлогот и да се конфискуваат сите парични средства во вкупен износ од околу 11.600 евра што во моментот на претресот биле пронајдени кај сега ...
Доколку вие сте еден од оние кои редовно го полнат својот телефон до 100%, не сте сами – повеќето луѓе сакаат да се осигурат дека нивната батерија може да трае цел ден. Некои дури и го оставаат својот уред да се полни преку цела ноќ. Но, според експертите, оваа навика ја оштетува батеријата на долг рок и тоа повеќе отколку што повеќето корисници сфаќаат. Батеријата се троши побрзо ако ја полните до 100% во споредба со полнењето со помал ...
Од ноќеска на полноќ, дизел горивата ќе се продаваат по повисока цена за 2,5 денари по литар, додека цените на бензините остануваат непроменети. Ова е одлуката што денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според новата пресметка, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 70 денари за литар, исто колку и кај Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1). Цената ...
Уписите во детските градинки на подрачјето на Гостивар се одвиваат преку целата година, но праксата покажува дека најголемиот дел од родителите ги запишуваат дечињата во септември. Поради тоа, установата не може со точност да ги предвиди потребите и да ја планира бројноста на групите во кои се згрижуваат децата според возраста. Од управата упатуваат апел до родителите кои се заинтересирани да ги носат децата во градинка, да не го чекаат ...
Невработените лица од поширокиот гостиварски регион изразуваат голем интерес за користење на владината мерка-самовработување со грант за отворање на сопствен бизнис. Според податоците од Центарот за вработување во Гостивар, од објавувањето на јавниот повик, на 9 јуни до денес, поднесени се вкупно 311 апликации. „Интересот за користење на грантови за самовработување во Гостивар е голем. Сметам дека дека процесот на пријавување го менаџиравме ...
По седум години денеска повторно беше отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана за најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи. На отворањето беше присутен премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека комплексот ќе придонесе во развојот на туризмот и истакна дека државата бележи раст од 20 отсто споредбено ...
Бројот на умрени лица во земјава минатата година е 20 201 и бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април. Од вкупно починати 20 201, ...
Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. ...
Периодов отворени се огласи за вработувања на државни службеници во повеќе институции. Во македонското Собрание планирано е да се вработат 50-тина службеници на различни позиции, меѓу кои: државен советник за финансии, раководител на одделение за поддршка на работата на претседелот, соработници за информирање на јавноста, за социјални медиуми, за подготовка на предлог-закони и други акти итн. Месечните плати варираат во зависност од ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Лазарополе – 20 литри на квадратен метар. Во Охрид – 16 литри, 14 во Велес, 12 во Претор, 3 во Скопје – Зајчев Рид, 1 во Скопје – Петровец, Берово, Попова Шапка, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). – Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...
Загревањето е важен дел од секоја рутина за физички тренинг, иако многу луѓе често го прескокнуваат. Вложувањето неколку минути во загревање пред вежбање може значително да ги подобри перформансите и да го намали ризикот од повреда. Многу тренери нагласуваат дека правилното загревање е од суштинско значење за подготовка на телото за физички напор и оптимизирање на резултатите. Времетраењето на загревањето може да варира во зависност од ...
Вчера (17.06.2025г.) во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д.(56) од Тетово. „При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на ...
Владата усвои Стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот план, соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Овој документ, како што наведува, ја одразува непоколебливата посветеност на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран и систематски пристап, ...
Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола. Според Извештајот, објавен вчера на веб страницата на Јавното претпријатие за ...
Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ што е за 20 проценти помалку во однос на претходниот месец април. Во текот на мај, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 445 пријавени лица, се наведува во најновиот месечен билтен за движење на заразните заболувања на ...
Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на социјалните мрежи. -Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт, наведе Муцунски. До понеделникот вкупно 28 македонски државјани побараа поддршка за евакуација по ...
Кога максималната температура достигнува 40℃ во градовите и 30℃ во планините, таквата екстремна топлина може да доведе до голем број здравствени проблеми. Под суровите зраци на сонцето, луѓето се потат и дехидрираат. Но, покрај тоа, екстремната топлина може да доведе до промени во расположението, нарушени циклуси на спиење, па дури и да ги влоши постојните здравствени проблеми. Тоа значи дека топлината влијае на нашето ментално здравје. ...
Македонската кошаркарска федерација денес го промовира Марјан Илиевски во нов селектор на сениорскиот национален тим. На денешното официјално претставување пред медиумите, новиот селектор најави макотрпна работа со цел подобрување на состојбата во која се наоѓа македонската кошарка и за тоа побара време и разбирање од јавноста. – Ја прифатив селекторската функција со цел подобра иднина на македонската репрезентација. За такво нешто ќе треба ...
Агенцијата за вработување денеска го објави јавниот повик за мерката Обука на работно место кај конкретен работодавач. За платени обуки во траење од три месеци може да се пријават евидентирани невработени лица: корисници на гарантирана минимална помош, жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени лица. „На невработените лица учесници во мерката ќе им биде исплатен месечен паричен надомест од 12.000 денари ...
Кошаркарите на Партизан ја освоија титулата шампион на регионалната AdmiralBet АБА лига за сезоната 2024/25, откако во финалната серија ја совладаа Будуќност од Подгорица со вкупен резултат од 3:1. Одлучувачкиот, четврти натпревар се одигра пред полни трибини во „Штарк Арена“ во Белград, каде црно-белите триумфираа со 90:75. Избраниците на прославениот стратег Жељко Обрадовиќ одиграа моќен натпревар, во кој дури петмина играчи постигнаа ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија напад врз Информативната мрежа на Исламска Република Иран (ИРИНН), управувана од државниот радиодифузер ИРИБ, објавија израелските медиуми. Според нив, програмата на државната државна телевизија на Исламска Република Иран е во прекин. Нападот уследи откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на работ на исчезнување“. Израелскиот ...
Во детската градинка „Цветови“ во Гостивар извршена е целосна обнова на фасадата, со што објектот стана енергетски ефикасен. За проектот биле издвоени 4 милиони денари, најголемиот дел од буџетот на установата, останатиот како помош од локалната самоуправа. Во посета на градинката и разгледување на сработеното денес беше градоначалникот Ваљбон Лимани. „Објектот сега ги има сите аспекти на енергетска ефикасност, што ќе придонесе за заштеда ...
„Ако сакаме да му помогнеме на некој човек, мора да ги пронајдеме причините за штетата. Ракот е болест на целото тело. Не го заборавајте сопственото право на живот. Има во светот доволно луѓе кои се борат за вистината. Вие кои сте болни и кои барате помош избегнувајте хаос и заблуди. Побарајте помош во природата, во она што е на дофат”, вака зборувала германската научничка Јохана Бадвиг која ја сфатила биохемиската важност на есенцијалните ...