Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во Алта банка АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7. ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. „На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на ...
Расте интересот за купување на Алта банка АД Битола и нејзината продажба станува најреално сценарио. Нејзиниот сопственик Алта банка АД Белград, Србија, кој поседува над 95% од акциите е веќе известен дека треба да ги стави акциите на продажба, а ако не го направи тоа на продажба акциите ќе ги стави Народната банка, која сега управува со Алта банка Битола. И за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најреална опција е продажба на ...
Прилепска пиварница АД Прилеп откупи нови сопствени акции. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Друштвото се стекнало со 12 сопствени акции. Вкупниот број на сопствени акции што ги поседува Друштвото е 1.302, што претставува 3,26% од вкупниот број на акции на Прилепска пиварница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница повторно откупи сопствени акции Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница Прилепска пиварница АД Прилеп ...
Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргуваната акција и во октомври, покажува месечниот билтен на Македонската берза. За овој период со акцијата на Комерцијална банка е остварен промет од 73,4 милиони денари. Акцијата на Комерцијална банка е најтргувана подолг период. Во најтргуваните акции останува и акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 41,7 милиони денари, како и акцијата на Макпетрол АД Скопје, со ...
Централна кооперативна банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила добивка од 25,72 милиони денари, соопштија од таму преку Македонската берза. -Забележан е пораст на вкупната актива/пасива од 4% и остварување на поставениот план од 98%. Во третото тримесечје од 2026 година, евидентиран е мал пораст на кредити и на побарувања од други комитенти за 5% во однос на крајот на годината, при што планот за овој период е исполнет ...
Во првите девет месеци од годинава Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје остварил добивка од 5.890 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупни приходи од 212.353 илјади денари, што претставува зголемување од 8% во однос на истиот период од 2025 година. Вкупните расходи изнесуваат 206.464 илјади денари, и истите се зголемени за 9%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ГТЦ лани ја намалил загубата Во првите девет месеци ...
Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој беше во бегство речиси две години, за неколку денови излегува од притвор, кој го одлежува во КПУ Затвор Скопје. Во притвор заврши откако се врати во земјава, а тој е првообвинет во случајот за злоупотреби во државната компанија за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Информацијата ја соопштија од Основниот кривичен суд, од каде информираа и дека е ...
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР), по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, сведочеше техничкиот советник Османли Јорго, предложен од одбраната на обвинетата Милка Едровска, инженерка од фирмата „Венци Проект“, чија документација првообвинетиот во случајот – Дејан Јованов Деко, ја користел за решенија и лиценци. Тој меѓу друго истакна дека документот од Едровска изготвен во 2012 година, претставува само делумна и непотполна проектна документација ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност преземаше дејствија во меѓународна координирана операција насочена кон разбивање транснационална криминална мрежа инволвирана во организирани инвестициски измами преку интернет, информираат од таму. -Операцијата беше спроведена со поддршка и координација на Европол и ...
Оливер Миланов не е повеќе директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Како што информираа од неговата матична партија – Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), тој си поднел оставка, а не негово место доаѓа Јовица Андовски. Миланов стана директор на АХВ во јули 2024 година, а претходно беше вршител на должност на истата позиција. Андовски, кадар на истата партија, е поранешен заменик министер за здравство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Македонија активно се вклучи во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засили напорите за реализација на четирите столба на планот: постепена интеграција во единствениот пазар на Европската унија (ЕУ), регионална економска интеграција, суштински реформи и зголемена финансиска поддршка, се наведува во извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава. Во документот се додава дека клучните реформи поврзани со ЕУ е неопходно да ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од таму. Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип ја искористиле ...
Поранешниот заменик министер за здравство Јовица Андовски, кој неодамна поднесе оставка, е назначен за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако Оливер Миланов поднесе оставка. Андоновски како главни приоритети во работите најавува напредување на ефикасноста, професионалноста, зајакнување на контролите и доследно спроведување на законите, заштита на безбедноста на храната, како и здравјето и благосостојбата на ...
Возачите научија каде се камерите и тоа е добро, но во 2027 година и возила на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци каде што го нема системот „Безбеден град“, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. -Со возилата на МВР ќе можеме да детектираме, пред сè, управување моторно возило со несоодветна брзина. Ценам дека таков тип на контрола е нужен за да можеме да ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова смета дека е нетипично да има медијатор помеѓу земја членка на Европската Унија и земја кандидат за членство за договори кои не се од билатерален карактер, туку се усвоени и одобрени на европско ниво. БГНЕС го пренесе одговорот на Петрова -Чамова на пратеничко прашање во врска со инсистирањето на Скопје во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија за надминување на спорните ...
Кога нецелосни или методолошки проблематични истражувања почнуваат да ја креираат јавната политика, најголемата цена ја плаќаат граѓаните. Наместо пристап заснован на докази и проценка на реалниот ризик, одлуките се носат врз основа на заклучоци кои подоцна често се покажуваат како неточни или претерани. Во областа на намалување на штетата од тутунот, ова може директно да влијае врз милиони возрасни пушачи кои бараат подобри алтернативи од ...
Одбележувајќи седум години под брендот А1, А1 Македонија отвора ново поглавје во својот развој и ја претставува новата комуникациска платформа. Со неа, компанијата уште повеќе се доближува до корисниците и ја отсликува суштината на брендот и неговата најважна определба, според која зад секоја иновација, услуга и технолошки напредок, секогаш стојат луѓето и нивните вистински потреби. Оваа определба е заокружена во пораката „Твој А1“. Новата ...
Д-р Небојша Баткоски е добитник на престижната награда World Business Leader, која му беше доделена во рамките на The Bizz Awards 2026, глобален настан организиран од Светската конфедерација на бизниси – Worldcob. Престижниот настан се одржа од 24 до 27 август 2026 година во Виена, Австрија, и на едно место собра успешни компании, претприемачи и бизнис лидери од повеќе од 130 земји. Наградата World Business Leader претставува признание за ...
По повеќе од 20 години, почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 167,6 милиони ...
Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 20. август компанијата го потпишала договорот за изведување на работи со Јавното претпријатие за државни патишта за проектот – изградба на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово. Истиот се состои од: дел А: изградба на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово и дел Б: 5-годишно одржување на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово. Вкупна вредност на договорот изнесува ...
Прв случај со западнонилска треска е регистриран во Куманово, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. 65-годишниот човек од Куманово е во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. „Здравствената состојба на пациентот е тешка. Покрај инфекцијата со вирусот западен нил, кај него се присутни и хронични заболувања, вклучително и дијабетес, кои можат да влијаат врз текот и тежината на болеста,“ ...
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна седница на ден 26.08.2026 година, разгледување на списите на предметот, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот ...
Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста за западнонилска треска, подготвена е нова веб-страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. „Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Во моментот се направени вонредни прскања против ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека целата оваа состојба со горивата „за жал ќе потрае малку подолго од тоа што се предвидуваше, односно може да потрае и неколку години.“ Прашан дали владата ќе ја намали стапката на ДДВ за горивата, откакао дизелот надмина 100 денари, тој рече дека планирале. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае, може да потрае и неколку години оваа состојба што се случува во ...
Семос Едукација и Кариера.мк потпишаа Меморандум за соработка со кој воспоставуваат долгорочно партнерство насочено кон подобро поврзување на образованието со потребите на пазарот на труд и создавање повеќе можности за професионален развој и вработување. Соработката ќе им овозможи на слушателите и алумните на Семос Едукација полесен пристап до професионалната мрежа, огласите за работа и услугите за кариерен развој на Кариера.мк. Истовремено, ...
Годинава има 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно, а се затвораат и 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои учат од пет до осум деца, информираше министерката за образовани Весна Јаневска. „Она што успеавме да го направиме, во моментот имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование. Потенцирам дека тоа се прави со цел да им се овозможи ...
На денешното судско рочиште за „Пулс“, тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, одговараа на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев. На прашање кои се надлежностите и дали градежен инспектор може да дејствува и самостојно и откако објектот е ставен во ...
Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски за преживеаните во пожарот во Кочани синоќа беше прикажан во рамки на фестивалот „МакеДокс“. Проекција за која се бараше карта плус, и за која Куршумли Ан беше исполнет до последно место. Тоа што насетував дека филмот ќе биде тежок, немаше никаква врска со реалноста. И не, не е ништо од она што сте го читале за таа трагедија. Филмот покажа дека, реалноста всушност е ...
Македонската универзитетска карате репрезентација ги одбројува последните денови до настапот на Европското универзитетско карате првенство во Тирана, кое ќе се одржи од 7 до 12 септември. Во пресрет на европскиот шампионат, репрезентативците ги одржуваат завршните подготовки, а најголемиот дел од составот го сочинуваат каратистите на карате клубот „Макпетрол – Скопје“. За Македонија ќе настапат: Вукашин Јовановиќ-67 кг, Петар Заборски-75кг, ...