Македонија активно се вклучи во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засили напорите за реализација на четирите столба на планот: постепена интеграција во единствениот пазар на Европската унија (ЕУ), регионална економска интеграција, суштински реформи и зголемена финансиска поддршка, се наведува во извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава. Во документот се додава дека клучните реформи поврзани со ЕУ е неопходно да ...
Во овогодинешниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година е забележан поголем напредок во однос на минатата година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката и образованието, вклучително и преку усвојувањето на законот за електронски комуникации, како и во преземањето чекори во владеењето на правото преку носење добри закони, рече евроамбасадорот Михалис Рокас на заедничката ...
Македонија нема постигнато напредок во превенцијата и борбата против корупцијата, во слободата на изразувањето и медиумите, како и во реформата на изборното законодавство, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија што го опфаќа периодот од 1 септември 2025 до 1 септември 2026 година. Во документот се оценува дека корупцијата останува распространета и претставува прашање од сериозна загриженост, додека предметите за висока ...

