Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од таму. Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип ја искористиле ...

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се осомничени дека преку незаконско менување, бришење и прикривање податоци во електронскиот систем за студентски индекси се стекнале со материјална корист од околу 21.000 евра. Злоупотребите, според Основното јавно обвинителство Штип, се одвивале во период од пет години, од 2021 до 2026 година. Обвинителството поведе постапка против двајцата осомничени поради сомнение дека како ...

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување на мерка притвор од осум дена за двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Обвинителството и МВР попладнево информираа дека во случајот со бришење и манипулации во електронскиот индекс се опфатени 44 годишниот Р.Т раководител на е-индекс и 44 годишната М.М.Н советничка на студентска архива од Универзитетот ...

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР), по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во ...