Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе oдлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, информираа од Министерството. Со одлуката се ограничува: пловидба на скутери во период од 1 јули до 31. август 2026 година од 11 ...
Во акција на Управата за финаниската полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска се приведени неколку лица. Како што информираа од Финаниската полиција во рамки на акцијата имало претреси на домови, деловни простории и на лица на повеќе локации. Од таму не кажуваат за каква акција станува збор, но велат дека акцијата произлегувала од “предистражна постапка насочена кон откривање и документирање ...
И поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој е и поранешен потпретседател на СДСМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош, е меѓу приведените во акцијата на Управата за финаниската полиција и и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, објавија повеќе медиуми. Засега нема официјална потврда за оваа информација, ниту пак за што конкретно се однесува акцијата. Неофицијално, станува збор за ...
Во вчерашната акција на Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) беа приведени неколку лица. Меѓу нив е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој е и поранешен потпретседател на СДСМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И Стефан Богоев меѓу приведените во акцијата на Финаниската полиција Засега освен потврда за акцијата од ...
Како и што се очекуваше ништо ново не донесе вчерашната посетата на Македонија на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, тој синоќа повтори дека уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, остануваат услов за да земјата ги започне преговорите со Европската унија (ЕУ). -Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за ...
Собранието на акционери на Гранит АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Износот на дивиденда за една акција во бруто износ изнесува 49 денари. Исплатата на дивидендата ќе биде од акумулираните нераспределени добивки остварени до 31.12.2008 година, во бруто износ од 135.739.996 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2025 година е 27.05.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Тинк-тенкот „Фајненс тинк“, направи анализа на просечните плати по сектори за март, користејќи податоци на Државниот завод за статистика, а истата покажува дека во Македонија само во 12 дејности има просечна нето плата од над 1.000 евра. Анализата насловена како „Кој добива плата над 1.000 евра во Македонија“, го покажува тоа што е веќе познато – највисока просечна нето плата има во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни ...
Компанијата УниМар го претстави својот прв модел на чамец STIA 580, означувајќи почеток на едно ново поглавје во развојот на македонската наутичка индустрија. Настанот се одржа во Струга, пред бројни гости, партнери, соработници и љубители на наутиката. „Настанот не беше само промоција на нов производ, туку и приказна за визијата, истрајноста и повеќедецениската посветеност на квалитетот. Зад брендот УниМар стои компанијата Унипласт, основана ...
Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16. јуни 2026 година, информираа од таму. „Оваа иницијатива е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на влијанието на ...
Од вечерва на полноќ Еуродизелот (Д-Е В) поевтинува за 6,5 денари, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Дизелот сега ќе се продава 85,50 денари за литар, Еуросупер БС-95 за 88 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 90 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС, за 3,238 ...
Собранието на акционери на Европа АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда за 2025 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За оваа намена се предвидени 11.501.700 денари бруто. Дивидендата во бруто износ по акција изнесува 50 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 01.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Европа со драстичен раст на добивката лани Собранието на акционери на Европа АД Скопје донесе одлука за ...
Од Алта банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека согласно одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност на Извршниот одбор на Народна банка, Александра Радевска, е повторно именувана за член на Управниот одбор на Банката. Во УО на Банката се и Зарије Коралија и Стефан Николиќ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкав надоместок имале членовите на менаџментот на Алта банка Битола лани Алта банка ...
еМагазин ексклузивно споделува детали за еден од најголемите актуелни градежни проекти во Македонија. Станува збор за комплексот Берово Грин Гејт (Berovo Green Gate), а деталите за еМагазин ги сподели сопственикот Горан Јордев. Јордев е и косопственик на Дик Фагус во Печхево, Stip City Mall и Stip City Taxi. Инвестиција од над 10 милиони евра Се работи за инвестиција вредна над 10 милиони евра, која ќе се реализира во четири фази. Молот, кој ...
Горан Мисовски е реизбран за претседател на Нова социјалистичка партија (НСДП). Мисовски беше реизбран на Седмиот конгрес на партијата кој се одржа вчера во Скопје. Како што информираа од партијата на Конгресот биле избрани и 70 членови на Централниот одбор и девет членови на Надзорниот одбор. Фото: НСДП Горан Мисовски е реизбран за претседател на Нова социјалистичка партија (НСДП). Мисовски беше реизбран на Седмиот конгрес на партијата кој ...
Членот на поширокото обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, Раде Ристовски, кој ја претепа сопругата, доби условна казна. Информацијата ја соопштија од Основниот кривичен суд Скопје, од каде велат дека тој признал вина и добил казна затвор од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело. Како што информираа од Основното јавно обвинителство, Ристовски ја тепал сопругата и ја давел пред нивната ...
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој два месеци не доаѓаше на работа, на Фејсбук, соопшти оти си поднел оставка и истата му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски. На позицијата беше две години како кадар на поделената Алијанса за Албанците, а во објавата меѓу друго вели дека придонел за “реформи што имаат за цел зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото“ и дека работел со максимална посветеност. За ...
Како што и се очекуваше со стартот на сезоната на одмори, дополнително се влошува состојбата по аеродромите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) во Шенген зоната. Европското здружение на аеродроми – АЦИ Европа соопшти дека анкетирало 45 аеродроми во 20 земји-членки на ЕУ, а резултатите покажале дека системот предизвикува редици и до три и пол часа. Повеќе аеродроми пријавиле ...
Собранието на акционери на Оилко КДА Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Истата ќе се исплати од кумулативната акумулирана добивка од претходните години. Вкупниот бруто износ изнесува 182.813.760 или околу 3.000.000 евра. Висината на дивидендата по акција е 240 денари бруто. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Оилко лани со зголемена добивка За менаџментот на Оилко лани 7,7 милиони денари за плата и ...
Собранието на акционери на Макпетрол АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се обезбедени 467.285.280 денари бруто. Висината на дивидендата по акција е 4.620 денари бруто. Последен ден за тргување со право на дивиденда е 12. јуни. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Макпетрол лани со зголемена добивка Андреја Јосифовски купи нови акции на Макпетрол Саша Лекиќ купи нови акции на Макпетрол ...
Собранието на акционери на Македонски Телеком АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се обезбедени 2.494.931.182 денари бруто. Висината на дивиденда по акција е 28,93 денари бруто. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој има поголеми приходи, Македонски Телеком или А1 Македонија? Колкави надоместоци имале владините преставници во Одборот на директори на Македонски Телеком лани Кој е Александар ...
Од 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори утврдено е дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно, со тестирањата констатирано е дека во производите има помал процент на млечни масти од декларираното, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). „Кај еден оператор со храна, со лабораториско тестирање на мостра од одземените 22 килограми ...
Министерство за внатрешни работи информира дека одобренијата за патувања на деца до 14 години за странство, ќе се издаваат и во сабота, до 12 часот. „Како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот ...
Алијанса за Албанците се преименува во Албанска лига, а Зијадин Села едногласно е реизбран за претседател на 5. партиски конгрес. Села најави сoздавање ограноци, нивно зајакнување, стабилизација, создавање на сите движечки структури на таков начин што Албанската лига ќе стане силна. „Албанската лига нема да седи со скрстени раце на овие тенденции за напаѓање на нашите права, напротив, ќе одговориме со напад. Бадентер во Уставниот суд, секој ...
Реконструкција на Владата биле една од темите на Централното собрание на Влен кое денеска ја одржа првата седница по формирањето на партијата. „Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните. Централното собрание направи и анализа на досегашната работа на Влен. Се ...
На Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје е донесена одлука за исплата на дивиденда за 2025 година, информираа од таму преку Македонската берза. За оваа намена се обезбедени 2.195.790.831 денари бруто. Висината на дивидендата по акција е 2.571 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 09.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ НЛБ Банка ги објави платите на Управниот одбор Колкави надоместоци имале членовите на НО на НЛБ ...
Собранието на акционери на Мермерен комбинат АД Прилеп донесе одлука за исплата на дивиденда за 2025 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се предвидени 461.186.827 денари. Износот на бруто дивиденда за обична акција изнесува 1,60 евра (1 евро = 61,50 денари). Последен ден на тргување со право на дивиденда е 09.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работел Мермерен комбинат лани Јасна Ажиевска реизбрана за член на ОД ...
Групацијата за производство на цигари, во рамките на Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, го цени фактот што во текот на подготовката на Предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи и сродни производи беше овозможена инклузивна комуникација со предлагачот на законското решение, при што дел од доставените забелешки, ставови и укажувања на деловната заедница беа земени ...
Новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, порача дека Македонија треба да се фокусира на исполнување на преземените обврски кон Европската унија (ЕУ), а не на барање конфликт со Бугарија. За телевизијата БНТ, Петрова изјави дека Бугарија нема намера да отстапи од барањето за уставни измени, бидејќи не станувало за билатерален спор, туку однос меѓу земја кандидат и ЕУ. Бугарската министерка рече и дека тонот од ...
Бизнисменот Трифун Костовски, кој е поранешен градоначалник на Град Скопје, како и поранешен пратеник на СДСМ, најави враќање во политика. Тој на својот Фејсбук профил најави дека ќе формира партија и ги повика граѓаните да му се приклучат. -Ги повикувам сите искусни и неискусни мои сограѓани кои имаат желба Македонија да опстои како држава во која ќе создадеме иднина за нашите поколенија, да размислат и да се приклучат кон ваквата моја ...
Македонско-грчката граница вчера повторно го отсликуваше она што ќе се случува во екот на туристичката сезона. Долги колони возила, метеж, нервозни патници и поттик туристите за ова лето да размислуваат за алтернативи, како би можеле да избегнат губење денови по границите. Грција, која што е една од најпогодените земји од воведувањето на новиот ЕЕС систем за влез и излез во Шенген зоната, најавува воведување на нови мерки со цел олеснување на ...