Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Комисијата за заштита на конкуренцијата констатираше повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од законот, особено во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи, информираат од таму. „Меѓу утврдените неправилности се непостоење на писмени договори за откуп, користење договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со законот, неусогласеност ...
Во март просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.433 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2%. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6%, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2% ...
Пропадна тендерот за набавка на 150. електрични автобуси, од кои 100 требаше да бидат за Скопје, а останатите за други градови низ земјава. Имено, како што информираа од Министерството за транспорт, Државната комисија по жалби за јавни набавки донела решение за поништување на тендерот, а на кој неодамна за најповолна беше избрана заедничката понуда на унгарската компанија Електробус – Икарус и на австриска ЕВН. Сега од страна на ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница одлучи да поднесе пријава до Основното јавно обвинителство за поранешни членови на Управниот и Надзорниот одбор на државната ТЕЦ Неготино, оти незаконски ги чувале работните места и земале двојни плати. Наместо преку јавен оглас, како што налага Законот за трговски друштва во државна сопственост, тие останале на работа, а како оправдание им биле менаџерските договори ...
Македонската државно-црквена делегација, која ја предводи претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамките на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“ во Ватикан се сретна со Папата Лав XIV. Во делегацијата се и координаторите на пратеничките групи – Никола Мицевски, Оливер Спасовски и Беким Ќоку, Зоран Љутков, министерот за култура, Марина Димовска, генералната секретарка на Собранието, Неговото Блаженство Архиепископ ...
На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Шведска, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ја имаше својата прва официјална средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чомова. Како што информираше Муцунски на Фејсбук, двајцата размениле мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. -Ја нагласив ...
Фудбалерите на Силекс од Кратово го освоија Купот на Македонија, победувајќи го тимот на Шкендија од Тетово со 1: 0. Натпреварот се одржа вчера на националната арена „Тодор Проески“, а оваа е четврти купски трофеј за Силекс. Претходно го имаат освоено во 1994, 1997 и 2021 година. Со освојувањето на Купот на Македонија Силекс успеа да избори пласман во УЕФА Конференциската лига. На почетокот на натпреварот навивачите на Шкендија ја исвиркаа ...
НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите, информираат од таму. Ова современо дигитално решение, достапно преку мобилната апликација NLB Pay, им овозможува на корисниците на платежни картички на НЛБ Банка едноставен трансфер на средства од која било НЛБ ...
„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот, информираат од таму. Со импресивни 95 IWC поени, „Babuna Red 2023“ се издвои меѓу највисоко оценетите вина во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за телевизијата Сител изјави дека македонските транспортери ќе можат да ги обезбедат професионалните визи за движење низ сите земји на Шенген зоната во хрватската Амбасада во Скопје, во нивните конзуларни претставништва или директно во Загреб. Ваков систем од претходно има и во Швајцарија, која е дел од Зоната, а процедурите се при самиот крај и со Романија. Паралелно е отворена ...
Халкбанк АД Скопје ја зацврстува својата позиција на еден од клучните столбови на македонскиот финансиски систем со нова докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени директно од матичната банка, гигантот Халкбанкаси АШ Туркије, информираа од таму. Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. -Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на ...
Податоците на Народната банка покажуваат дека во април анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, пак вкупните кредити бележат раст од 13,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор. Повеќе детали ОВДЕ. Податоците на ...
Дури 1.822 вработени во јавните здравствени установи заклучно со декември лани, ги тужат своите работодавачи. Информацијата денеска ја соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Вкупниот износ на тужбените барања изнесува 134,6 милиони денари или околу 2,18 милиони евра. Тужби има од вработени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, а најчестата причина за тужбите е неисплатата на додатоци на плата ...
Од Фабрика Карпош АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 19. мај Друштвото се стекнало со 3.546 сопствени акции. Сега вкупниот број на сопствени акции што ги поседува Друштвото е 16.580 акции што претставува 5.5% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела Фабрика Карпош лани Фабрика Карпош има вкупно 138 акционери Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош Од Фабрика Карпош АД ...
Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), како и што најави, поднесе жалба за прекинувањето на истрагата за случајот со набавка на мазут за ТЕЦ Неготино до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и до Вишото јавно обвинителство. ТЕЦ Неготино е подружница која работи во склоп на ЕСМ. Истрагата ја прекина ОЈО ГОКК, а од ЕСМ поднеле и барање за контрола и до Јавното ...
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста откако беше објавена информацијата дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) од декември лани води предистрага за наводна шпионажа во нејзиниот Кабинет. Предистрагата започнала откако до Обвинителството била доставена анонимна кривична пријава од вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР), во која се тврди ...
Градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани, кадар на Алијансата за Албанците, заработи кривична пријава од Управата за финансиска полиција за стореното кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување”. Како што информираа од таму истата е доставена до Основното јавно обвинителство Гостивар. -Пријавениот И.Ш., во текот на 2025 година, ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157 ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека вредноста на синдикалната минимална кошница за мај изнесува 68.743 денари. Во споредба со вредноста на кошницата од април кога изнесуваше 68.797 денари, таа е намалена за 54 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за ...
САД ќе го намали бројот на своите воени бригади распоредени во Европа од четири на три, соопшти американското Министерство за одбрана. Еден бригаден тим брои помеѓу 4.000 и 4.700 војници. Намалувањето на бројот на американски војници на европско тло следи по постојаното инсистирање на САД по доаѓањето на претседателската позиција на Доналд Трамп, дека американските сојузници во Европа треба да инвестираат повеќе во сопствената одбрана. Дел од ...
Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Владимир Пецовски се стекнал со 4 нови акции. Сега поседува вкупно 16.575 акции или 6,39% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продаде нови акции на Реплек “Ситко Антонио“ купи акции на “Реплек“ Сава пензиски фонд купи нови акции на Реплек Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Владимир Пецовски се ...
Компанијата М Кар, официјален увозник на BMW за Македонија и Косово, денеска пред македонската јавност го претстави новиот BMW iX3 – првиот модел од револуционерната Neue Klasse платформа на BMW, која означува почеток на една целосно нова ера за брендот. Уште пред официјалното пристигнување на пазарите, новиот BMW iX3 веќе доби значајно меѓународно признание, освојувајќи ги титулите „World Car of the Year 2026“ и „World Electric Vehicle ...
Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура. Во фокусот на Firestarter 2026 беше ...
Лани во Македонија загубите на вода на национално ниво изнесувале дури 63,05%, стои во извештајот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален (РКЕ). Споредено со лани загубите се намалени за само 0,16%. Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападен регион од 73%, додека најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен регион 47,88%. Фактурираната количина на вода во ...
Албански државјанин сакал да внесе половина милион евра во Македонија, скриени во бункер на минибус, информираа денеска од Царинската управа. Девизите и возилото се трајно одземени, а за сторителот – Џ.Г., веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд Куманово. Заплената се случила на граничниот премин “Табановце“, а минибусот е сопственост на туристичка агенција од Албанија, со кој се превезувани седум патници. Парите биле откриени по ...
Македонија од Европската комисија (ЕК) доби најмногу пари од Планот за раст на Западен Балкан на Европската унија (ЕУ) – 65,7 милиони евра. Албанија доби 49 милиони евра, Црна Гора – 44,2 милиони евра, а Србија ништо. Овие пари како што многу пати досега нагласија од ЕУ, земјите ги добиваат во зависност од тоа како ги спроведуваат реформите. За Македонија, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата. ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, од Основното јавно обвинителство беа презентирани видео снимки и слики поврзани со „Пулс“, кои покажуваат дека во објектот и пред кобната ноќ, како што веќе кажаа повеќе сведоци на претходните рочишта, се користеле огномети. Како што е веќе познато токму тие се главната причина за настанувањето на пожарот. Па, така, од Обвинителството меѓу друго презентираа видео од 2019 година на ...
Наводното шпионирање во Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста, а од декември лани предистрага за тоа води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), предводено од Ислам Абази. Предистрагата е отворена по анонимна кривична пријава испратена до ОЈО ГОКК од вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дали некој во Кабинетот на Сиљановска ...
Поради изјавите со кои го подржа протестот за полагање правосуден испит на албански јазик, на вонредниот и ополномоштен албанскиот амбасадор во Македонија, Денјон Мејдани, му бил упатен устен демарш од страна на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР). Тој не отишол во МНР, туку го пратил неговиот заменик. МНР ги оценило неговите изјави како потенцијалното мешање во внатрешните работи на земјава, како ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста откако беше објавено дека имало наводно шпионирање во нејзиниот Кабинет. За тоа од декември лани предистрага води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а истата е отворена по анонимна кривична пријава испратена до ОЈО ГОКК од вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дали некој во Кабинетот ...
Џонатан Андик, синот на основачот на модниот светски гигант „Манго“, Исак Андик (71), е уапсен за неговата смрт. Андик загина во декември 2024 година на планинарење во Каталонија, Шпанија, а неговиот син тогаш кажа дека татко му случајно паднал од карпа откако се лизнал на една од патеките. Случајот беше прогласен за несреќа, но поради недоследности во изјавите на неговиот син и други докази, шпанските истражители продолжија да го испитуваат ...