Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Конечна конкретна мерка, која може да влијае на растот на малолетничкото насилство во училиштата во Македонија. Имено со законските измени на Законот за основно образование, меѓу друго се предвидува со 250 евра да биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска. Казна ќе има и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции. ...
Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донела одлука за отворање Амбасада на Македонија во Литванија, со седиште во главниот град на земјата, Вилнус, информираа денеска од Министерство. Oттаму наведуваат дека воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални ...
Албанскиот бизнисмен Самир Мане сака да реактивира езерото ‘Треска’ во Скопје. Информацијата за која извесно време се шпекулираше во јавноста за емисијата „Дијалог на Лајми“ ја потврди градоначалникот на Општина Сарај, Мухамед Елмази, каде се наоѓа езерото кое со години не работи. Според Елмази, Мане бил еден од главните претенденти кои сакаат да инвестираат во оживување на езерото. Тој информираше и за состанок со тим на Мане, а на кој биле ...
Имаме добри идеи, но потребно е да се претворат во пракса, беше порачано на панелот посветен на потенцијалите на регионот, кој се одржа во рамки на Самитот Македонија2025. Бизнисмените бараат подобра поврзаност и подобро искористување на можностите со единствена цел, подобар живот во регионот за луѓето за да бидат мотивирани да останат овде . „Не знам колку брзо ќе случи, луѓето губат трпение, животот поминува и затоа е потребна побрза ...
Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и технологијата. Домаќин на ...
Како компаниите создаваат конкурентска предност во време на брзи технолошки и пазарни промени, каква улога имаат иновациите, организациската култура и корпоративното претприемништво во процесот на трансформација, како и колку е важна соработката помеѓу бизнисот и академската заедница – беа главните теми на конференцијата „Што ги движи иновативните компании?“, на која од бизнис, истражувачка и академска перспектива се разговараше за ...
Адинг АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, соопшти и по колку акции поседуваат членовите на менаџментот на Друштвото. Еве колку по колку акции поседуваат членовите на Управниот одбор: И членовите на Надзорниот одбор: ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Адинг ги објави платите на менаџментот Адинг лани со зголемена добивка Адинг АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, ...
Извештајот на странските експерти потврдил дека кај 9 од 13. пациенти, имало непотребни кардиохируршки интервенции, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство, Азир Алиу. -Наодите на Комисијата составена од странски експерти во значаен дел се поклопуваат со наодите на домашната интерна комисија. Од вкупно анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени или непотребно упатени за операција, странската ...
Претседателот на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији, од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е осомничен за поткуп. За Алији и судски администратор, ОЈО ГОКК, отвори истрага за кривичното дело “примање награда за противзаконито влијание“. Според ОЈО ГОКК, тие на почетокот на 2023 година наводно ѝ ветиле на странка дека ќе ѝ помогнат кај судии во граѓански спор. -Осомничените во ...
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, учествуваше на панел-дискусијата „Лидерство во предизвикувачки времиња: Одлуки со економско влијание“, во рамки на овогодишниот Самит Macedonia2025, кој се одржа во Скопје под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Дискусијата искреира инспиративен разговор за современо лидерство, култура и моќта на различностите во една компанија. Маиер ја истакна ...
Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата и потребата од заедничка акција во ...
Со официјален настан синоќа, SPAR го отвори својот прв INTERSPAR маркет во Македонија, лоциран во комплексот Retail Fresh Store на булеварот Македонско-косовска бригада 11/1, со што официјално го означи влезот на македонскиот малопродажен пазар. На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR Македонија. ...
Адинг АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, меѓу друго ги објави и годишните плати и надоместоците на членовите на Управниот и Надзорниот одбор. Мора да се каже дека ваков податок објавуваат многу малку друштва кои котираат на Берзата, но и генерално во Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Адинг лани со зголемена добивка Реизбрани членовите на Управниот одбор на Адинг Адинг АД Скопје во годишниот ...
Од Алта банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека со одлука на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност на Извршниот одбор на Народната банка од 8. мај, Стефан Николиќ е именуван за член на Управниот одбор (УО) на Банката. Тој ќе има мандат од една година. Во УО на Банката се и Зарије Коралијa и Александра Радевска, која е претседателка на УО. Со тоа како што велат од Банката составот на УО е комплетиран. ПОВРЗАНИ ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани беа прочитани исказите на двајца сведоци на Основното јавно обвинителство, кои ги дале во Обвинителството по пожарот. Исказите беа прочитани во Судот без нивно присуство, бидејќи тие поради нивната психичка и физичка состојба не биле во можност лично да сведочат. Ана Томева, која работела како келнерка во “Пулс“, како и во “Класик“, зад кои стои првообвинетиот Дејан Јованов ...
Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. Проектот, кој повеќе од една деценија се реализира во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, преку Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, добива институционална потврда за значењето и улогата во ...
За нов директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е избран Нусрет Халити, објави ТВ 21. Тој доаѓа на местото на Јетон Акику. Халити е електроинженер и магистер по интегрирани микрокомпјутерски системи. Дипломирал електроника и телекомуникации од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe. По потекло е од Тетово. Фото: Х/Халити За нов директор на Агенцијата за ...
На 7. мај поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски бил на службен разговор во Министерството за внатрешни работи (МВР), објавија повеќе медиуми, а информацијата ја потврдија и од полицијата. Засега нема официјални информации зошто Николовски, кој е и поранешен вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, бил на разговор во Единицата за економски криминал и корупција во Секторот за внатрешни ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека кога ќе му завршил премиерскиот мандат најверојатно ќе се врател помеѓу студентите на факултет, оти како што кажа, не се сметал за професионален политичар, туку за инжинер. Неговиот мандат завршува во 2028 година. Во 2019 година стана редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Христијан Мицкоски, кој е реизбран за претседател на ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и поранешен вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, се огласи на Фејсбук за информацијата дека на 7. мај бил на распит во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, неофицијално, за случај во кој бил осомничен за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Поранешниот министер Љупчо Николовски бил на разговор за ...
Речиси секоја недела од полицискиот билтен дознаваме за нов случај на малолетничко насилство. И тоа многу често, неочекувано, и помеѓу девојчиња. Последниот се случи на подрачјето на скопски Бит Пазар. Малолетничка тепала соученичка, а пак друг малолетник го снимал тепањето. И сето тоа се случувало во двор на училиште. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Малолетничка натепана од соученичка во училиште во Бит Пазар, друг малолетник го снимал тепањето Истовремено ...
Актуелниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, е еден од двајцата претседатели на владејачката коалиција Вреди, која стана партија. Другиот копретседател е Биљал Касами, актуелниот градоначалник на Општина Тетово. еМагазин разгледа каков имот пријавил Меџити до Антикорупциската комисија кога по четврти пат стана градоначалник на Општина Чаир. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Галерија) Кој дојде на Конгресот: Вреди стана партија Каков имот пријавил На ...
Купувањето криптовалута може да звучи привлечно, особено за нови инвеститори што ги привлекува можноста за високи приноси и сè поголемата популарност на дигиталните средства. Токму затоа Binance Academy им помага на корисниците подобро да ги разберат најважните работи пред да го направат првиот чекор. Главната порака е јасна: крипто-секторот носи можности, но и ризици што значително се разликуваат од оние кај традиционалните инвестиции. ...
Премиум пристап кон климатизација, сега и на локално ниво Енерџи Нет Електрик, авторизиран дистрибутер на Мицубиши Електрик, го донесе својот препознатлив пристап кон климатизацијата и на македонскиот пазар, преку два продажни центри во Скопје кои веќе функционираат и нудат поинакво искуство при избор на клима уред. Лоцирани во Мичурин и на улица Илинденска, овие простори не се класични продажни салони, туку внимателно конципирани изложбени ...
Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март највисока цена за стан во земјава е постигната за стан од 45 метри квадратни во скопската општина Кисела Вода. Истиот бил продаден за 130 илјади евра, или метар квадратен чинел 2.888 евра. Бројот на продадени станови во овој период бележи пад од 27%, споредено со последниот квартал од минатата ...
Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на ...
ЕВН Македонија го пушти во функција првиот батериски систем за складирање на електрична енергија (Battery Energy Storage System – BESS), поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“, информираат од таму. Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, системот претставува најголем батериски капацитет во рамки на целата ЕВН Групација, а воедно ја прави компанијата сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Retail Fresh Store во Скопје (Булевар “Македонско-косовска бригада“ 11/1), со што се одбележува значаен чекор во развојот на современиот малопродажен сектор во Македонија, информираат од таму. Официјалниот настан за лансирање ќе се одржи утре (13. мај), кога SPAR ќе го отвори својот прв маркет и формално ќе ...
Од Жито лукс АД Скопје, преку Македонската берза информираа дека со Решение од Централниот регистар се направени промени во Управниот одбор (УО) на Друштвото. Методи Пишев, кој беше одговорен за за набавки и логистика е отповикува од позицијата член на УО, а Василики Вацхлиоти е назначен за нов член на УО. Во УО на Жито лукс се и Николаос Воудоурис, кој е претседател на УО, генерален директор на Друштвото и извршен директор на ELBISCO SA, ...