Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Неметали Огражден АД Струмица во првите три месеци од годината остварил добивка пред оданочување од 5.453 илјади денари, што е раст од 260%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани во истиот период Друштвото имаше загуба од 3.407 илјади денари. За овој период Друштвото има повисоки оперативни приходи за 5%, споредено со истиот период лани, а расходите се намалени за 21%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Неметали Огражден откупи сопствени акции ...
Македонија не е подготвена за уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, кажа денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава. Тој рече дека во однос на условот за старт на преговорите со Европската унија (ЕУ), има недостиг на доверба, мислејќи на Бугарија, ...
И генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денеска во Скопје го кажа тоа што е општо познато – дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кои се однесуваат на правата за здружување на Македонците во Бугарија. Како што е исто така познато станува збор за дури 14 пресуди во корист на Македонците во Бугарија. На заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и ...
Во македонското Собрание денеска беше донесен Законот за Советот на јавните обвинители. За истиот 64 пратеници гласаа „за”, а 15 беа “против“. Со законот се зајакнуваат критериумите за избор на членовите на Советот, се регулира постапката за избор на членовите, се уредува дисциплинската постапка, постапката за избор на јавните обвинители, се зголемува јавноста и транспарентноста во работата на Советот и се уредува постапката по жалба и тужба ...
Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12. јуни 2026 година. Под мотото „Храбриот нов театар“, и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, уметничката директорка на фестивалот и селектор на програмата, Ана Стојаноска денеска на ...
Цените на угостителските услуги во април 2026 година се зголемени за 0.6% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8%. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3%, додека во однос на декември 2025 година ...
За првпат, Самитот Macedonia 2026 во организација на Македонија 2025, ќе му посака добредојде на Томас Лауко, главен извршен директор на Publicis Groupe за Централна и Источна Европа (CEE), кој ќе биде дел од престижниот панел „Дигитална компетитивност: Вештачка интелигенција, податоци и индустриска трансформација“, што ќе се одржи на 13. мај во Скопје. Како еден од најважните и највлијателни гласови во маркетингот, технологијата и маркетинг ...
Над 1.000 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, претставници на релевантни домашни институции и меѓународни организации, од академската заедница и деловниот сектор од земјава, како и студенти и средношколци, учествуваат на Третата регионална конференција, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Програмата на годинешната конференција, која се одржува под мотото „Генерација ...
Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, информираа од таму. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои оствариле право на пензија според истиот закон, но ...
Од денеска во Македонија се тргува со електрична енергија во речиси реално време, а тоа го овозможува „пазар во тековниот ден“ (Intraday Market), нова алатка која ја воведе Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. Тоа значи дека цената на струјата нема да ја одредуваат административни одлуку, туку пазарот преку понудата и побарувачката. Тргување започна со 21 регистриран учесник, а во наредниот период се очекува да се ...
Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргуваната на Македонската берза и во април. Како што покажува месечниот билтен на Берзата со неа во тој период бил остварен промет од 147,5 милиони денари. Следи акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 80,8 милиони денари и акцијата на НЛБ Банка АД Скопје, со која е остварен промет од 25,6 милиони денари. Во Топ 5 се и акциите на Стопанска банка АД Скопје и Македонски ...
Струмичанец кој возел за транспортна фирма од Куманово вчера загинал во стравична несреќа кај Славонски Брод во Хрватска. Информацијата за Канал 77, ја потврди Билјана Муратовска од Макамтранс. Несреќата како што пренесоа хрватските медиуми, се случила откако тој со камион удрил во столб, по што се камионот се запалил. Како што информираше Полицијата на бродско – посавската управа, тој движејќи се по јужната лента од патот, се лизнал од патот ...
По вчерашната нејасна изјава дали во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори, денеска премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пресече, дека годинава сигурно ќе нема. Како што рече, фокусот на актуелната Влада годинава ќе бидат реформите и економијата. Тој е за редовни парламентарни избори напролет во 2028 година, став што неколку пати го повторил во последните месеци, но не ја отфрла опцијата предвремени ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство изведоа материјални докази. Од таму меѓу друго посочија дека по пожарот биле пронајдени изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, црн ранец марка „најк џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехничките средства, батерија од девет волти марка „филипс“, кеса со неискористено пиротехничко ...
Вчерашната пресуда за тројцата полицајци за еден од трите предмети за трагедијата во Кочани предизвика бурни негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, а на родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“, им донесе ново големо разочарување. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ „Ова не е правда, ова е формалност“: Реакција на семејствата на загинатите во “Пулс“ за условните казни за полицајците И покрај тоа што тие се гонеа за утврдена вина ...
Македонија денеска го обележува 5. Мај, Денот на македонскиот јазик. Денот се обележува официјално од 2019 година, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 година за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 година македонскиот јазик е прогласен за официјален јазик во целата република. Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран со ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека во законскиот рок 30. април 2026 година, заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто изгенерирани се вкупно 862.896 даночни пријави. Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година ...
Лидл Северна Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, информираат од таму. Со слоганот: „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди Lidl како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит. -Лидл Северна ...
Од денес, Македонски Телеком ќе овозможи побрзо и поудобно патување со M-TAG, уред за електронско плаќање патарини. Со овој уред, поминувањето низ наплатните рампи е брзо, без чекање, а патувањето е пократко, со помалку гужви и без потреба од готовина. Како да набавите M-TAG Уредот е достапен за сите и може да се набави во Т продавниците. Цената на уредот е 1.175 денари со ДДВ и може да се плати на 24 рати, или со еднократен надоместок. За ...
Од Народна банка информираа дека на 5. мај 2026 година се одржала редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата биле разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. -На оваа седница, Извршниот одбор донесе одлука за ...
Фондот за здравство осигурување (ФЗО) лани имал вкупно 1.841.530 осигурени лица, што е зголемување за 1.993 нови лица, информираа од таму. Структурата вклучува 558.469 активни работници, 358.716 пензионери и 630.914 членови на семејства. -Трендот на стареење на осигурената популација е евидентен – пензионерите растат побрзо (+1,5%) отколку активните работници (+0,2%), посочуваат од таму. Буџетот на ФЗО лани достигнал 51,5 милијарди денари ...
Град Скопје склучи договор за набавка и монтажа на урбана опрема, детски и спортски реквизити, со друштвото за градежништво, трговија на големо и мало увоз-извоз Мастеф ДООЕЛ Скопје. Договорот е во вредност од 90.000.000 денари или 1.463.415 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор вреден 813 илјади евра склучи Град Скопје со “Мегаконс“ Договор од 1,9 милион евра склучи Град Скопје со „Вато“ Договор од 2,2 милиони евра склучи Град Скопје со „Вато“ Град ...
Од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 4. мај, Ефимија Димовска била запишана во трговскиот регистар како член на Управниот одбор – главен извршен директор на Банката. Таа претходно беше в.д. главен извршен директор, а дојде на местото на Кире Наумов, кој беше разрешен. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ефимија Димовска именувана за член на НО на Развојната банка Разрешен главниот извршен директор на ...
Димко Митрев АД Велес во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 89 илјади денари и истата споредено со истиот период лани е поголема за 10%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Вкупните приходи изнесуваат 59.304 илјади денари и се поголем за 6%, споредно со истиот период лани. -По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 92%, приходите од ...
ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје лани остварил оперативна добивка од 36.986 илјади денари, која е поголема од остварената претходната година, соопштија од таму преку Македонската берза. Вкупните оперативни приходи изнесуваат 222.885 илјади денари и истите се зголемени споредено со претходната година. Фото: Унсплеш ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје лани остварил оперативна добивка од 36.986 илјади денари, која е поголема од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска сподели нови детали за случајот со обезбедувач од неговото пошироко обезбедување, која ја претпепал неговата сопруга, по што заврши во притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Член на поширокото обезбедување на Мицкоски ја претепал сопругата, заврши во притвор Тој меѓу друго подвлече дека оваа е втор случај поврзан со лице од неговото обезбедување, но и дека интервенцијата на институциите била доказ дека системот ...
Тројцата полицајци обвинети во еден од трите предмети за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани денеска од страна на Основниот кривичен суд Скопје, добија условни казни. Тие беа обвинети дека пишувале казни за непостоечка фирма на првообвинетот во главниот случај за пожарот, Дејан Јованов -Деко, сопственикот на „Пулс“. Станува збор за прва пресуда за трагедијата, а полицајците не се гонеа за кривични дела како обвинетите во главниот ...
Денеска беше изречена првата пресуда за злоупотреба на парите од ИПАРД програмата од Европската унија. Службеничката Јасмина Костадинова, вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е осудена на 10 месеци затвор. Ама, во затвор најверојатно нема да оди, бидејќи во казната и е пресметан и куќниот притвор во кој беше од ноември лани. Од казната и остануваат уште три месеци, а куќниот притвор и е продолжен до ...
За условните казни за тројцата полицајци, обвинети во еден од трите предмети за трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, реагираа од “Здружението на граѓани 16 март 2025“, формирано од родителите на загинатите во пожарот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Условни казни за тројцата полицајци за „Пулс“: Прва пресуда за трагедијата во Кочани -За злоупотреба на службена должност, законот предвидува до 10 години затвор, а денес имаме условни казни – и тоа за ...
Темата предвремени парламентарни избори повторно е во фокусот на јавноста и медиумите, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски во изјава најави дека „набргу ќе има избори“, без да прецизира дали тоа ќе значи пред завршувањето на мандатот на актуелната Влада во 2028 година. Она што е јасно е дека досега Мицкоски, но и други владини функционери, не беа за предвремени парламентарни избори. Сепак дел од медиумите нејасната изјава на Мицкоски ја ...