Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март годинава освен станови, помалку се продале и куќи, земјоделско земјиште и деловни простори. За овој период бројот на продадени куќи во Македонија е намален за 23%. Пад од 8% има и кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми, а кај деловните простори, падот изнесува 11%. Во скопската општина ...

Од ПроКредит Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Народната банка издала решение за претходна согласност за именување на Маида Захировиќ Салом за независен член на Надзорниот одбор (НО) на Банката. Таа ќе има мандат од четири години. Од таму информираат и дека воедно е извршено и бришење од Централниот регистар на независниот член на НО, Каспар Линус Бауман, поради истек на мандат. Во НО се и Јованка Јолеска Поповска, ...

На автопатот Кичево-Охрид од Коридорот 8, проблемот со 14. свлечишта кои се појавија и дополнително го одложија неговото завршување, се решава со т.н. галерии. Станува збор за комплициран инженерски потфат. Автопатот, кој се гради 12 години, треба целосно да биде пуштен на крајот на мај следната година, а неодамна Јавното претпријатие за државни патишта и кинескиот изведувач Синохидро склучија нов анекс, осми по ред, вреден 186 милиони евра. ...

Запрена е истрагата за случајот за набавка на мазут за потребите на државната ТЕЦ Неготино, во кој според Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше сомнеж за криминал од над 167,5 милиони евра, информираа денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со истрагата беа опфатени 13 лица меѓу кои и сопствениците на фирмата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир ...

Поради провокацијата на новата бугарска министерка за надворешни работи, Весислава Петрова Чамова, која во изјава наместо македонски употреби “северномакедонски“ партнер вчера на бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков, во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) му бил упатен усен демарш во врска со употребата на терминот, информираа од МНР. „На средбата му е упатен усен демарш во врска со ...

По налог на американскиот претседател Доналд Трамп, Пентагон декласифицираше нови документи за неидентификувани летачки објекти (НЛО). Истите се базираат на сведоштва ма цивили и од астронаути, а се однесуваат на период од неколку децении, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за околу 160 датотеки, кои се достапни на страната на американското Министерство за одбрана. Се најавува објавување на уште документи. Во нив меѓу друго има и ...

Војната помеѓу САД и Иран продолжува. Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на американскиот предлог за завршување на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Одговорот на Техеран во 14 точки вклучувал итен прекин на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема да има понатамошни напади врз Иран. Во него исто така се барало надомест на ...

Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зиобро, кој беше политички азилант во Унгарија, заедно со неговата сопруга, избегал во САД, пренесуваат полските и европските медиуми. Оваа следи откако новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар најави негова екстрадиција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар Информација ја потврди и државниот обвинител на Полска, Валдемар Зурек, како и Зиобро. Не е ...

Пекабеско АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 55.646.098 денари, која е помала од остварената во истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани Друштвото имало нето добивка од 63.919.719 денари. Остварените вкупни приходи изнесуваат 1.325 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување од 1%. -Во структурата на вкупните приходи најголемо ...

Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, информираат од таму. -За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените ...

Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор. Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е реинвестирана во ...

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828), информираат од таму. Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно ...

За две години е продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8. Сега новиот рок е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Причината за продолжување на рокот според Николоски е тоа што имало застој од две години, бидејќи претходната влада не направила ништо, а во ноември лани надзорниот инженер побарал да се продолжи рокот за завршување ...

Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за четири денари, а цената на бензинот Еуросупер БС-98, за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 89,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98, 86,50 денари за литар. Цената на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува и тој понатаму ќе се продава за 85 ...

Новиот рок за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8 е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За две години продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчни Од делницата Тетово-Гостивар се завршени 8,4% од предвидените работи. На оваа делница се работи на 14 од предвидените 17,5 километри. Од ...

Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нови членови на менаџментот купиле акции на компанијата. Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 0,22% од вкупниот број на акции. Виолета Божиноска, член на Надзорниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 1,58% од вкупниот број на акции. Како што веќе пишуваше еМагазин, повеќе членови на менаџментот на Друштвото изминатиов период купуваат акции ...

Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за српскиот национален сервис РТС го кажа тоа што веќе беше познато, но се изгуби во бројните непроврени информации во македонските и српските медиуми – ако соседна Грција за време на летниот период повремено го суспендира систем за влез и излез (ЕЕС) на нејзините гранични премини, тоа ќе го прави за патници од сите држави, кои во тој момент се нашле на ...

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето и за 13. полицајци за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, еден од трите предмети за трагедијата. Сите се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност. На рочиштето беше донесена одлука за одржување на главната расправа, а Судот го одби барањето за иземањето на вториот судија Лидија Петровска, која била четврта братучетка со сопруга на полномошник на оштететен. Во ...

Катерина Зајковска е предлогот за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Таа треба да дојде на местото на Цвета Ристовска, која поднесе оставка. Вака денеска со мнозинство гласови одлучи собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Зајковска е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија, од Скопје. Таа сега треба да биде избрана и на пленарна седница во Собранието. ПОВРЗАНИ ...

Апелацискиот суд Скопје денеска на жалбена расправа ги разгледуваше жалбите на осудените на доживотен затвор – Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Тие бараат укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Според нив, првостепената пресуда ...

Новата бугарска министерка за надворешни работи, Весислава Петрова Чамова, избрана пред некој ден, провоцираше уште со првата изјава во врска со Македонија. Наместо македонски партнер, таа во изјава за бугарските медиуми употреби термин “северномакедонски„. На тоа реагираше нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски, кој преку статус на Фејсбук и објасни дека користењето на тој термин е неточно и несоодветно. -Македонците се Македонци. Ова не ...

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 ...

Рускиот претседател Владимир Путин по вчерашната парада за 9. Мај – Денот на победата на фашизмот во Москва, Русија, изјави дека смета оти војната во Украина се приближувала кон крајот, пренесуваат светските агенции. Претходно на парадата пак вети оти ќе ја порази Украина. Путин вели и дека е подготвен да преговара за нови безбедносни прашања за Европа и дека негов префериран партнер за преговори би бил поранешниот германски канцелар Герхард ...

Општина Струмица склучи договор за изведба на улици и уредување на градежно земјиште по програми на Општината, со друштвото за производство, трговија, услуги и градежништво Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица. Договорот е во вредност од 28.879.000 денари или 469.577 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,4 милион евра склучи Општина Струмица со “Евроградба-инженеринг“ Договор од 542,6 илјади евра склучи Општина Струмица со „Џови компани„ Договор од 441,2 ...

Општина Битола склучи договор за изградба на типски училишни сали во дворот на ПООУ “Даме Груев“ во Долно Оризари и ОУ “Тодор Ангелевски“, со друштвото за градежништво и услуги Пелистер ДОО Битола. Договорот е во вредност од 46.703.775 денари или 759.411 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 364,8 илјади евра склучи Општина Битола со „Зимак стретен“ Договор од 785,3 илјади евра склучи Општина Битола со “БВ инженеринг“ Договор од 937,4 илјади евра ...

Македонската берза објави преглед за тоа како работеле друштвата кои котираат на Берзата во првиот квартал. И во овој период нема никакви изненадувања, најголема добивка оствариле банките. Седум банки кои котираат на Берзата, оствариле добивка од 2,9 милијарди денари, која сепак е помала од таа која ја оствариле во првиот квартал лани – 3,1 милијарди денари. Поголема добивка имаат друштвата од нафтениот сектор, кои котираат на Берзата – 1,1 ...

Владејачката коалиција Вреди од вчера и официјална е една партија. Четирите партии Беса, Алтернатива, Демократско движење, крило на Алијансата за Албанците и подржувачите на партијата на косовскиот премиер, Албин Кури, Самопределување во Македонија, се обеднија на основачкиот Конгрес, кој се одржа во македонската Филхармонија во Скопје. На Конгресот учествуваа околу 850 делегати, а меѓу гостите беше и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа, Албанија. Таму меѓу друго беше и за откривање на споменик во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор е тој. Од таму порача дека на Македонија ѝ е потребно национално обединување и заедништво околу клучните државни интереси. „Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого ...

Членот на Советот на Општината Карпош, Неделчо Крстевски, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ги презема надлежностите на актуелниот градоначалник на Општината, Сотир Лукровски, од истата партија. Како што информираа од Општината, Лукровски бил на боледување од здравствени причини. Не е познато до кога. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Градоначалникот Сотир Лукровски не си поднел оставка, на боледување е, велат од Општината Крстевски сега нема да може да биде и член ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15