Пратеникот Миле Цеков ја напушти владејачката партија ЗНАМ и сега во македонското Собрание ќе делува како независен. Од сега неговата бивша партија велат оти подолг временски период било јасно дека тој политички и вредносно се оддалечувал од принципите, програмските определби и државотворната визија на партијата, па затоа неговата одлука да ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и да делува како независен не била изненадување. -Оттука, ...

Грција ги одложи новите правила за содржината на автомобилските аптеки, информација важна и за македонските граѓани кои патуваат таму. Одлуката ќе почне да се применува од 1. јануари следната година. Како што пренесуваат грчките медиуми, пролонгирањето е за да им се овозможи на возачите и на пазарот подобро да се подготват. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Што треба да поседувате во автомобил ако патувате за Грција: Нови прописи и казни Фото: Влада Грција ги ...

Советот на Народната банка, на редовна седница, го усвоил Годишниот извештај за 2025 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2025 година, при што било оценето дека централната банка успешно ги остварувала своите цели во текот на годината, придонесувајќи за одржување на ценовната и финансиската стабилност, информираат од таму. Советот заклучил дека банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен. Според Извештајот за ризиците ...

Министерството за енергетика и рударство на Црна Гора објави меѓународен јавен повик за доставување понуди за изведување работи за спроведување мерки за енергетска ефикасност во јавните образовни установи. Повикот е дел од проектот „Подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради – озеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“. На овој начин, Црна Гора отвора дополнителни можности за македонските градежни, инсталатерски и ...

Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје (УКИМ) изготвија студии за влијанието на ЕВН Македонија во националната економија и енергетика, како и општеството во целина во последните 20 години. Студиите од двете академски институции се обединети во една заокружена и сеопфатна целина наречена „Бела книга“ на достигнувања. Публикацијата нуди јасен и структуиран ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата моментално не размислува за намалување на ДДВ-то за горивата, а и дека акцизата за горивата ќе остане иста. Најави дека во следниот период Владата ќе носи одлуки врз основа на просечната цена на бензините и дизелот во втората половина на месецот. Тој исто така информираше дека моментално со ОКТА се преговара за продолжување на попустот. ОКТА неодамна го продолжи попустот до 30. април ...

Во првите три месеци од годинава Комерцијална банка АД Скопје оствари добивка од 1.455,8 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза. Споредено со истиот период лани кога добивката на Банката изнесуваше 1.416,5 милиони денари, има раст на истата за 2,8%. Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 115,4%, посочуваат од таму. -Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за ...

Во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, ОКТА АД Скопје меѓу друго објави и податоци за надоместоците на управните тела. Како што информираат од таму 12,9 милиони денари биле исплатени за бруто плата на извршниот член на Одборот на директори, кој е и главен извршен директор, а 2 милиони денари биле исплатени како дополнителни придонеси. Додека пак 5,2 милиони денари изнесуваат вкупните надоместоци на ...

Во првите три месеци од годинава Лотарија на Македонија АД Скопје остварила добивка од 1.600 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза. Вкупните приходи за овој период изнесуваат 7.167 илјади денари, и истите се зголемени споредено со остварените приходи во истиот период лани. -Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 95,88% имаат оперативните приходи, кои за овој период бележат зголемување во однос на ...

Фершпед АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил оперативна добивка од 9.760 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Остварените вкупни приходи за период јануари-март 2026 година изнесуваат 900.746 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2025 година бележат раст од 2%. Оперативните приходи изнесуваат 896.958 илјади денари и истите бележат раст од 2% во однос на оперативните ...

Лидерот на подмладокот на Левица, Андреј Куцуловски е уапсен, бидејќи на натпревар истакнал знаме на Палестина. „Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во СЦ „Јане Сандански“, каде се одржувал финалниот натпревар од Светско училишно првенство во ракомет помеѓу Македонија и Израел, А.К. (28) истакнал знаме од Палестина. Лицето е приведено во Полициска станица за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување на ...

И по 25 години од убиството на осумте македонски бранители кај Вејце од страна на терористичката УЧК за време на воениот конфликт во 2001 година се уште нема достоинствен споменик за нив. И вчера, како и претходните години, на местото каде што беа убиени, почит им се даваше пред импровизирана спомен-плоча со нивните имиња. На 28. април 2001 година во заседа ѕверски беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ...

Претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски е казнет со 550 евра поради тоа што го развиорил палестинското знаме на спортски натпревар. Казната, како што информираат од Левица е „за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме.“ „Солидарноста е главната одлика на социјализмот и општо на анти-империјалистичката борба. Македонскиот народ е на страната на палестинскиот народ. Иако ...

Претседателот на Швајцарија, Ги Пармелан денеска е во прва официјална посета на Македонија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на средбата со Пармелан во вила „Водно“, го потенцираше историското значење на оваа посета и пораката која Швајцарија ја испраќа кон Западен Балкан. Таа посочи дека Швајцарија е пример од кој земјава може да учи, особено во делот на демократијата, партиципативната политичка култура, локалната самоуправа и ...

Техничката влада заминува во историјата, откако Собранието го донесе Законот за изменување на Законот за Влада, по скаратена постапка. „За“ гласаа 70 пратеници, 11 беа “против“, а воздржани немаше. Против укинувањето на техничката влада беа опозициските СДСМ и коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија седницата. Техничка или преодна влада ќе има и за следните парламентарни избори, по што потоа ...

Атлантик Група во првиот квартал од 2026 година оствари приходи од продажба во износ од 297,3 милиони евра, што во однос на истиот период од претходната година претставува раст од 14,4 проценти. Благодарение на силниот раст на продажбата и одговорното управување со трошоците, компанијата постигна значително подобрување на профитабилноста, и покрај повисоките инвестиции во вработените, како и во клучните проекти. Добивката пред камати, даноци ...

Една од најуспешните македонски каратистки, Ангела Мојсовска, која беше прогласена за најдобра каратистка за 2025 година, како и една од најдобрите спортисти на град Скопје, објави дека нема да настапи на претстојното Европско првенство иако за тоа обезбеди норма. Мојсовска, долгогодишна репрезентативка на Македонија и носителка на бројни признанија и член на карате клубот „Макпетрол” истакна дека одлуката ја донела по внимателно размислување ...

YLLO.MK е нов портал за опрема за оutdoor активности и секој што посакува да ја доживее слободата и радоста на кампувањето овој бренд ќе му го овозможи тоа, бидејќи ја има на продажба целата потребна опрема за незаборавни искуства под отворено небо. Кровни шатори, автомобилски додатоци (кровни куфери, кровни држачи, вело држачи, водни резервоари), опрема за спортови на вода, велосипеди, се дел од богатата палета на внимателно избрани ...

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе се повлечат од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), од 1. мај, јави денеска државната новинска агенција ВАМ. Одлуката била донесена заради задоволување на растечката глобална побарувачка на енергенси, како и поради инвестиции во домашното производство на енергија. Според аналитичарите, ова би значело почеток на крајот на ОПЕК, во која ОАЕ членуваше 60 години. По почетокот на војната во Иран, ...

Денеска во Скопје, Македонски Телеком организираше бизнис конференција под мотото „Следно ниво на дигиталната безбедност“, на која присуствуваа бројни претставници од деловниот сектор, институциите и експерти од областа на сајбер безбедноста. Конференцијата беше посветена на актуелните предизвици во дигиталната безбедност, новата регулатива и современите решенија за заштита од сајбер закани. Посебен фокус беше ставен на новиот Закон за ...

Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6. мај 2026 година во Скопје ќе се одржи третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Генерација со визија – Професија со иднина“. Конференцијата се очекува да обедини околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот. Ќе учествуваат и претставници од институциите, академската заедница, ...

Лидл Северна Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година, информираа од таму. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата за своите вработени. Признанието ...

Поголема сигурност во снабдувањето, повеќе можности за пристап до природен гас и пофлексибилен енергетски систем се главните придобивки што потрошувачите треба да ги добијат од поврзувањето на Македонија со гасните системи на Грција и Србија, информираат од Номагас. Со интерконекторот кон Грција и подготовките за гасоводното поврзување со Србија, Номагас ја поставува инфраструктурната основа за систем што треба да биде поотпорен во услови на ...

Лани во Македонија во 132 несреќи при работа загинале дури 31. работници, покажува Извештајот на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР). Претходната година загинале 17 работници, а Извештајот покажува и раст на смртноста при несреќите. Трендот во Македонија, покажува континуиран раст на несреќите при работа. Во 2024 година имало 133, а во 2023 година, 108 несреќи. Расте и бројот на тешко повредени работници. Во 2024 година ...

Во годишниот извештај за работењето лани објавен преку Македонската берза, НЛБ Банка АД Скопје меѓу друго објави податоци и за надоместоците на членовите на Надзорниот одбор (НО). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ НЛБ Банка ги објави платите на Управниот одбор На независниот член на НО, Зоран Јовановски на име месечен надоместок и учество на седници во 2025 година му бил исплатен бруто-износ од 1.231.706 денари (годишно). На независниот член на НО, Наташа Пукл, ...

На престојното собрание на акционери на ОКТА АД Скопје, една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда, соопшти компанијата преку Македонската берза. Предлогот е таа да изнесува 240 денари бруто по акција, а средствата се обезбедуваат од акумулираната добивка на Друштвото. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 23.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ОКТА со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици ...

Во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, Витаминка АД Прилеп, меѓу друго објави и дека лани на менаџментот на компанијата му бил исплатен 46.689.327 денари. Одборот на директори на Витаминка лани го сочинуваа Симон Наумоски, кој е претседател и неизвршен член, Сашо Наумоски, кој е генерален извршен директор и извршен член, Благоја Ѓорѓијовски, кој е неизвршен член, Горан Трајковски, независен неизвршен член ...

На престојното Собрание на акционери на Стопанска банка АД Скопје, една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда за обичните акции, соопшти Банката преку Македонската берза. Вкупната сума за таа намена е 1.030.150.620 денари бруто. Бруто дивиденда по акција изнесува 59 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 11.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела Стопанска банка Скопје лани Колку пари чувале граѓаните и фирмите ...

На престојното Собрание на акционери на Аутомакедонија АД Скопје, една од предлог одлуките е и продажба на сопствени акции, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Според предлог одлуката ќе се продаваат 4.980 акции во вкупна номинална вредност од 13.645.200 денари. -Номиналната вредност на една акција изнесува 2.740 денари. Продажбата на сопствени акции ќе се врши најмалку по просечна пазарна цена на акциите постигната на овластена берза ...

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, Основното јавно обвинителство започна со презентирање на материјални докази. Од Обвинителството ги презентираа наодите изготвени од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кои покажуваат, како што е познато уште пред стартот на судењето, дека околу 50 од загинатите починале како резултат на насилна смрт – односно од задушување од труење и ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

13.01