Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Продажбата на лусузното „ауди А6„, кое го набави Општина Струга, е уште еден школски пример за тоа како се арчат парите на граѓаните. Имено, истото Општината го купи во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко за 67.000 евра, а сега на јавна аукција се продаде за околу 22.000 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Продадено аудито на Општина Струга, за кое му се судеше на Мерко Тоа беше купено во време кога Општината, туристички регион, имаше блокирана ...
Неотел АД Скопје лани значително ги зголемил приходите од продажба. Истите минатата година изнесувале 1,3 милијарда денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Добивката пред оданочување исто така бележи зголемување, и лани таа изнесувала 18,3 милиони денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор вреден 178,7 илјади евра склучи Царинска управа со Неотел Фото: Унсплеш Неотел АД Скопје лани значително ги зголемил приходите од продажба. Истите ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци за општинските тендери за бележење на пешачките премини. Истражувањето покажува дека непостоечките и избледените пешачки премини, кои секојдневно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, во голема мера се поврзани со начинот на којшто општините ги спроведуваат тендерите за нивно обележување. Истражувањето открива дека за повеќе од половина од локалните ...
Државата преку Управата за заштита на културното наследство, не прифатила да го купи хотелот “Јадран“ во Скопје, познат и како Арапска куќа, кој е во сопственост на Македонијатурист АД Скопје, објави БИРН. Македонијатурист кој го продава хотелот, според Законот за заштита на културното наследство мораше прво да го понуди хотелот на државата, бидејќи истиот е прогласен за историски споменик на културата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе го купи ли државата ...
Од Прилепска пиварница АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека Коста Мијоски не е повеќе член на Управниот одбор (УО) на Друштвото, откако тој поднесе оставка. Од таму информираат дека Надзорниот одбор на Друштвото на седница на 30. јуни едногласно за нов член на УО го избрал Марјан Стоилов, директор на секторот продажба. Тој е Магистер на економски науки. Стоилов поседува 1 обична акција на Друштвото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Реизбрани ...
Електронскиот систем за казнување “Безбеден град“ наскоро ќе почне да евидентира и да испраќа казни за сторени сообраќајни прекршоци и до странски државјани кои возат низ земјава. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. И за нив ќе важат истите казни, како и за македонските граѓани. Во текот на летната сезона значително е зголемен транзитот на странски државјани по коридорите 8 и 10, а и многу македонски ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче информираше дека ќе го номинира Горан Герасимовски, градоначалникот на скопската општина Центар, за нов потпретседател на партијата. „Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Конечниот ревизорски извештај за работењето на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, за 2024 година, информираа од таму. Истиот регистрира бројни слабости во работењето, пред се во менаџирањето со залихите, јавните набавки, сметководството, како и оптоварувањето на кадарот поради големиот број итни прегледи. Ревизорите констатирале ...
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче вчера соопшти дека ќе го предложи Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата. Герасимовски е актуелен градоначалник на скопската Општина Центар и оваа му е втор мандат, што за Филипче е една од причините зошто го предлага за оваа функција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Филипче ќе го номинира Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ Секако предлогот според процедурата треба да помине и пред органите на ...
Азир Алиу од Вреди, повеќе нема да биде министер за здравство. На негово место доаѓа Сашо Клековски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој е актуелн директор на Фондот за здравствено осигурување. еМагазин разгледа каков имот пријавил Алиу до Антикорупциската комисија. Каков имот пријавил? На свое име пријавил недвижен имот во скопски Чаир и Бањица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите министри Кои ќе бидат новите министри за правда, култура и односи меѓу ...
Во првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6% кај вредноста на извршените платежни трансакции, информираат од Народна банка. Значителен е растот на електронските плаќања, и тоа за 21,9% кај трансакциите и за 23% кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година. „Најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се ...
Прометот во трговијата на мало во мај годинава бележи раст во повеќето категории во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголемо зголемување е регистрирано кај продажбата на автомобилски горива, додека позитивен тренд е забележан и кај храната, пијалаците и тутунот. Реалната стапка на прометот во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е повисока за 9,1 процент во однос ...
Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 проценти во однос на мај минатата година, додека во периодот јануари – мај годинава бележи пад од 0,3 проценти споредено со истиот период лани, објави Државен завод за статистика. Во мај годинава, во однос на мај лани, индустриското производство бележи пораст од 6,1 проценти во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, додека опаѓање има во рударство и ...
Струмица е најновата клучна точка на инвестициската мапа на Lidl во земјава, информираат од таму. Со денешното поставување на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија, посочуваат од таму. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на Lidl во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, ...
Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП инвестираше еден милион евра во два нови уреди за напреден безбедносен преглед на рачен багаж со компјутерска томографија, заедно со две нови автоматизирани ленти, производство на британската компанија Смитс Детекшн, информираа од таму. Оваа најсовремена опрема ќе ги унапреди безбедносните стандарди, ќе ја зголеми ефикасноста на ...
Мнозинскиот сопственик на Алта банка АД Битола, Алта банка АД Белград, Србија, купи нови акции на македонската банка, информираа од таму преку Македонската берза. Српската банка купи нови 40 обични акции и сега поседува вкупно 372.114 обични акции односно 95,1754% од вкупниот број на обични акции издадени од Алата банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела лани Алта банка Битола Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор Кој е Давор Мацура, ...
Владејачкото мнозинство ќе се зголеми за уште еден пратеник. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека дел од коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, станува и Демократската партија на Турците (ДПТ), која ќе има министерско место без ресор. Преговорите со ДПТ се во тек, а со нејзиното влегување во Владата, владејачкото мнозинство ќе добие и пратеник плус кој претходно беше во опозицијата во рамки на коалицијата Европски фронт, ...
Со реконструкцијата на Владата не е предвидено да има повеќе вицепремиер за добро владеење. Информацијата за емисијата “Директно“ на телевизијата Телма, ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Со измените овој ресор оди директно под ингиренции на неговиот Кабинет. -Ценам дека како концепт би бил најпродуктивен доколку биде дел од мојот Кабинет. Таму веќе имаме секретари задолжени за следење на реализацијата на програмата на Владата и за ...
Познати се и кандидатите за нови министри од владејачката Вреди. Нов министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот. Тој доаѓа на местото на кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков. Нов министер за односи меѓу заедниците ќе биде Агон Ферати, кој доаѓа на местото на Иван Стоилковиќ, лидерот на Демократската партија на Србите, кој ќе стане министер за локална самоуправа. Јетон Шасивари пак ќе биде ...
За поранешниот директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, по спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против него за кривично дело – Примање поткуп, информираа од таму. Според обвинението, тој како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил ...
Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, не дозволи изземање на обвинителката Наташа Сарамандова. На претходното рочиште дел од адвокатите на обвинетите побараа нејзино изземање поради „пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење”. За Судот истото е неосновано, а на барањето бурно регираа и родителите на ...
Основното јавно обвинителство на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, презентираше докази во врска со работата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кој работи во рамки на Министерството за економија. Како што е познато во главниот случај се обвинети и неколку поранешни директори на ДПИ. Документацијата која ја презентираше Обвинителство покажа дека во Кафе Класик, ММММ Кафе и „Пулс”, сите во сопственост на ...
Основното јавно обвинителство Штип отвори истрага против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничена за примање поткуп, информираа од таму. Според Обвинителството, професорката, како службено лице, побарала 300 евра од студент за да му впише преодна оценка, иако претходно не го положил испитот. -На 16. јуни студентот не покажал доволно знаење за да го положи испитот, но наместо да му биде евидентиран неуспехот, ...
Денеска беше промовирна нова демократска платформа „Разговори за иднината во 12:05“, за подигнување на нивото на општествената дебата. „Времето на часовникот е симболична порака дека веќе е доцна, но не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија. Денешната прва сесија се одржа по традиционалното демократско начело „Chatham house rules“. Поканетите учесници припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. Едната група се ...
Вчера од страна на членови на опозициската СДСМ и активисти беше промовирана платформа „Разговори за иднината во 12:05“, а од таму нагласија дека не станува збор за нова политичка партија. Од СДСМ пак во реакцијата за истата велат дека истата е „Проект ЗНАМ 2.0 – платформа за иднината на Мицкоски“, односно негов сателит. Од таму велат дека промовирање на луѓе без јасна структура и порака не е случајност, туку смислено од премиерот и лидер на ...
Со изгласувањето на Законот за игрите на среќа во Собранието, власта донесе една од најштетните економски и правни одлуки во државата, реагираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). „И покрај предупредувањата на домашната и меѓународната експертска јавност, економските анализи, аргументите на легалната индустрија и бројните апели за јавна расправа, беше донесен закон кој нема да ги заштити граѓаните, туку ќе ...
На друштвата Фабрика Карпош АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола и Интернешнел Хотелс АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи и годишен извештај за работењето,усвоени од Собранието на акционери, со што друштвата не постапија согласно член 40, став 1 од Правилата за котација, ...
Од Фабрика Карпош АД Скопје преку Македонската берза информираа за смени во Надзорниот одбор (НО). Нови членови на НО се Јована Стефанова и Борко Бајалски. Членови на НО повеќе не се Јован Тодоровски и Божидар Бошковиќ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош Како работела Фабрика Карпош лани Сервис Петрол сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош Од Фабрика Карпош АД Скопје преку ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, нема да оди во затворот Скопје во Шуто Оризари на 2. јули, каде требаше да ја одлежи затворската казна. Тој како и што најави, побарал одложување поради здравствени причини, па неговото одење таму засега се одлага, додека не се донесе одлука за барањето, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. По примањето на неговото барање, судијата за извршување санкции од Судот, ја ...
Од Министерството за внатрешни рабопти (МВР) информираа дека на 29.06.2026 година во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип ја лишиле од слобода Т.А. (39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. -Претходно, на 22.06.2026 К.Б. (26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра ...