Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување за 2024 година, информираа од таму. Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесуваше 48.779 денари, а во однос на април минатата година е повисока за 7.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27 проценти, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, ...
Ребалансот на Буџетот помина на седница на Владата, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Со истиот расходниот од Буџетот дел се зголемува за околу 179 милиони евра, а од оваа сума 100 милиони евра ќе бидат за капитални инвестиции. Вкупните приходи со ребалансот се ревидираат на 379,2 милијарди денари. Како што посочи министерката, намалувањето на даночните приходи е резултат на пониската наплата од акцизи ...
ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина, информираат од таму. -Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан инвестициски циклус за ...
Убиството на 45-годишната Гркинка Ставрула Левендаки на грчкиот остров Крит останува топ тема во соседна Грција, а од вчера и официјално за тоа е осомничен македонскиот државјанин Миско. Л. (43), пренесува дописникот на еМагазин од Солун. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонскиот државјанин е осомничен за убиство со умисла на 45-годишната Левендаки Неговата сопруга пак за грчката телевизија Мега вели дека тој е невин. -Сигурна сум, мојот сопруг е невин. Го ...
Пред неколку дена на извесна бугарска Фејсбук група „Грубовци, Ениџе Вардар – родна Македонија“ беше објавен дипломатскиот документ од 6. јануари годинава на македонската Амбасада во Бугарија со кој таа го инфомира бугарското Министерство за надворешни работи, дека сопругата на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот помал син на 8. јануари ќе патуваат во Пампорово, Бугарија. Потоа документот, заврши и во медиуми во Македонија и во Бугарија. ...
Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, кој ја предводи македонската делегација на 13. Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Софија, Бугарија, оствари средба со неговата колешка Михаела Доцова. Како што информираа од Кабинетот на Гаши, средбата била конструктивна, а двајцата ја потврдиле “заедничката заложба за континуирана парламентарна соработка како клучен инструмент за ...
Пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција, не поминаа жалбите на поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Коста Митровски, поранешниот претседател на општинска изборна комисија во скопски Центар во предметот “Талески и другите против Северна Македонија“, кој произлезе од помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за кривични постапки ...
Пишува Маја Б. Талевска за SBS Македонски Ова е еден од трите најдобри филмови од македонски автори на сите времиња и едно од најдобрите филмски остварувања во светската кинематографија во минатата година. „Можам да видам зошто победи на Санденс”, вели една од неколкуте анкетирани Австралијки, на прашањето што ги натера да го гледаат „Диџеј Ахмет” на Георги М. Унковски, во киното „Нова” во Мелбурн и што мислат за овој филм по проекцијата. ...
Со изолирани ресорти, приватни базени, спа-центри од светска класа и извонредна гастрономија, Туркије се издвојува како врвна дестинација за луксузни романтични и свадбени патувања. Благодарение на лесната достапност преку глобални авионски врски и ВИП-услугите со богат избор на ексклузивни доживувања, земјата привлекува многу патници желни за незаборавни романтични искуства. Со својата медитеранска клима во текот на целата година, златни ...
Во Албанија со недели масовно се протестира за изградбата на луксузното одморалиште на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, а откако претходно обвини дека зад протестите стои Иран, сега албанскиот премиер Еди Рама, се пожали дека во Албанија на протестите дошле и Албанци од Македонија и Косово. За нив вели дека не биле дијаспора, бидејќи живееле во сопствени држави и ги нарече жртви на „политички каравани“. „Албанците од Северна Македонија не ...
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје склучи договор за набавка на Еуродизел (Д-Е V) со друштвото за производство, трговија и услуги Пуцко петрол увоз-извоз ДООЕЛ од Пласница. Договорот е во вредност од 25,960,000 денари или 422,114 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,9 милион евра склучи МВР со „Пуцко петрол“ Договор од 1,9 милион евра склучи ЕСМ со „Пуцко петрол“ Договор од 1,9 милион евра ...
Јавното претпријатите за железничка инфраструктура Железници на Северна Македонија Скопје, склучи договор за набавка на електрична енергија со друштвото за трговија и услуги Енерџи Деливери Солушнс Скопје. Договорот е во вредност од 54.280.000 денари или 882.602 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 3,1 милиони евра склучи КЈП Водовод Кочани со “Енерџи Деливери Солушнс“ Гевгелиски Комуналец склучи договор се Енерџи Деливери Солушнс, вреден 479,6 ...
Македонската компанија ЗОИЛ Македонија АД Битола, која неодамна беше купена од српската Алта груп од Белград, ќе докапитализира со 1,3 милиони евра. Таа доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност по пат на приватна понуда да ја издаде втората емисија акции во вредност од 1,3 милиони евра, наменета за единствениот акционер на Друштвото. ЗОИЛ Македонија ќе издаде 26.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 50 евра по акција, ...
По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, Агенција Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Latenta, со што станува една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја ...
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) поевтинува за 7 денари, бензинот Еуросупер БС-95 за 3,50 денари, а бензинот Еуросупер БС-98 за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 86 денари за литар, а на дизелот 80,50 денари за литар. За 7 денари поевтинува и ...
Обезбедено е и последното, петто лице, кое не беше достапно на органите на прогон, за случајот со проневра од околу 3 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Информацијата ја соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата. Тој оди во куќен притвор. Претходно на едно од петте недостапни лица му беше определен притвор, а другите три добија мерки на препазливост и ...
На 24. јуни на дневен ред на пленарна седница во македонското Собрание ќе биде и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Истата во мај ја поднесе опозициската Левица. Од партијата го обвинија министерот за саботирање истраги, селективна правда, непрофесионално работење на полицијата и за судир на интереси. Фото: МВР На 24. јуни на дневен ред на пленарна седница во македонското Собрание ќе биде и ...
Македонскиот државјанин, Миско. Л. (43), кој неколку години живее и работи во Грција и официјално е осомничен од страна на грчкото Министерство за внатрешни работи за убиство на 45-годишната Ставрула Левендаки на грчкиот остров, Крит, јавува дописникот на еМагазин од Солун. Како што е познато тој го призна убиството, и според полицијата, им покажал каде било закопано нејзиното тело. Тој бил постанар во куќа на Левендаки, а како што ...
Турција ја пушти во употреба последната делница од метро линијата М11 од Халкали до Аеродромот Истанбул. Со тоа е комплетирана најдолгата и најбрза метро линија во земјата, долга 69 километри. Со линијата Истанбул добива директна железничка врска со западните делови на градот и со деловниот центар Гајретепе. Времето на патување меѓу Халкали и аеродромот ќе биде околу 30 минути, а е проектирана за брзина до 120 километри на час и ќе биде една ...
Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни до 1. јули, нема да сообраќаат следниве патнички возови: На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и 631 (16.55). На релација Гевгелија – Скопје: 630 (04.30) и 632 (17.02). На релација Скопје – ...
Податоците на Агенцијата за електронски комуникации за четвртиот квартал лани покажуваат дека Македонски Телеком има најголеми приходи на пазарот со мобилната телефонија. Од вкупните приходи, на Македонски Телеком отпаѓаат 51,83%, на А1 Македонија, 46,48%, на МТЕЛ, 0,85%, на Телекабел, 0,74%, а на Греен Мобиле, 0,10%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој има поголем пазараен удел, Македонски Телеком или А1 Македонија? Фото: Унсплеш Податоците на Агенцијата за ...
Од денеска, 21 јуни до 18 октомври, авиокомпанијата Аустриан ерлајнс ќе лета меѓу Виена и Охрид двапати неделно, секој четврток и недела. Со свечен пречек и сечење црвена лента, за првиот лет и првите 154 патници што пристигнаа од Виена на аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, Аустриан ерлајнс (Austrian Airlines) официјално ја отвори својата нова авиолинија ...
Топ вест во Грција е убиството на 45-годишната Ставрула Левендаки во близина на Ханија, на островот Крит. Како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, убиството го извршил 43-годишен македонски државјанин. Имено, тој бил потстанар во куќата на убиената жена од селото Агиа, која се водеше за исчезната околу три недели. Тој го признал убиството и на полицијата и покажал каде го закопал телото. Според неговиот исказ до убиството дошло по ...
Осомничениот македонски државјанин М.Л. (43) и убиената Гркинка Ставрула Левендаки (45) од селото Агина, Крит, имале љубовна афера, јавува дописникот на еМагазин од Солун. Оваа во полиција го кажал осомничениот македонски државјанин, кој го призна нејзиното убиство. Тој првично тврдеше дека до убиството дошло по кавга за унишување на инвентарот во куќата која ја изнајмувал од нејзе. Сега вели дека до убиството дошло откако таа му се заканила ...
Обезбедени се уште четирите лица кои беа недостапни во случајот со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за проневера на околу 3 милиони евра, во која се осомничени и двајца поранешни претседатели на Федерацијата, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари: Детали за акцијата од Финаниската полиција Информацијата ја соопштија од Основното јавно ...
ИГМ Еленица АД Струмица лани остварила помали приходи, стои во финанискиот извештај кој Друштвото го објави преку Македонската берза. Лани Друштвото имало приходи од 142,6 милиони денари, но има зголемена добивка. Добивката изнесува 13,9 милиони денари, а претходната година била околу 6 милиони денари. Забелешка: Сумите во табелата се во 000 денари. ИГМ Еленица АД Струмица лани остварила помали приходи, стои во финанискиот извештај кој ...
Во годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза, ИГМ Еленица АД Скопје меѓу друго соопшти и дека Трајче Заев, кој е генерален директор и претседател на Управниот одбор на Друштвото поседува 24.999 акции во Еленица или 100% од вкупниот број. Заклучно со 31. декември акционерскиот капитал на Друштвото се состои од 24.999 обични акции по номинална вредност од 51.13 евра по акција, односно вкупна главница изнесува ...
Податоците на Агенцијата за електронски комуникации за четвртиот квартал минатата година покажуваат дека најмногу претплатници во мобилната телефонија има А1 Македонија. Компанијата има пазарен удел од 47,01% , а по неа следи Македонски Телеком со 46,37%. Следува МТЕЛ, со 5,13%, Телекабел со 1,39%, и Греен Мобиле со 0,10%. Вкупниот број на претплатници во мобилната телефонија за тој период изнесувал 1.992.046, што е за 5,39% помалку во однос ...
Анимираниот краток филм „Лефти и Рајти” доби поддршка за малцинската копродукција од Хрватскиот Аудиовизуелен Центар (HAVC). Како малцински копродуцент се јавува „Minya Film i Animacija“, а е во продукција на „зАнимација“, во режија на Илија Тодоровски. „Лефти и Рајти” е анимиран филм за деца каде една бела блуза и маслинести панталони со платка се главните ликови. Концептот е граден врз основа на сликовниците на Наташа Дукоска, која се ...