Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) лани и годинава изрекла 94 глоби од по 300 евра на функционери оти не ја почитувале законската обврска да го пријават имотот, информираа од таму. Вкупно изрекла казни во вредност од 28.200 евра, а некои функционери се казнети и по двапати. Законската регулатива предвидува дека откако функционер ќе стапи на одредена позиција има рок од 30 денови до ДКСК да го пријави имотот, но има обврска ...

Поранешниот министер без ресор Шабан Салиу, откако беше разрешен со последната реконструкција на Владата, стана национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Неодамна и разрешениот министер за култура и туризам, Зоран Љутков, стана национален кординатор за култура во Владата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ По разрешувањето од функцијата министер, Љутков назначен за национален координатор за култура во Владата Салиу, за ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари. Споредена со вредноста на таа за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари, информираа денеска од Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облека и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.370 денари, за транспорт 5.175 ...

Орхан Муртезани е новиот амбасадор на Македонија во НАТО. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Орхан Муртезани нов амбасадор на Македонија во НАТО Пред да дојде на оваа позиција извршуваше неколку функции, од министер до директор на државни претпријатија. еМагазин разгледа каков имот пријавил во Антикорупциската комисија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Орхан Муртезани, новиот македонски амбасадор во НАТО Каков имот пријавил Целиот имот кој го пријавил како министер за ...

Од НОМАГАС АД Скопје преку Македонската берза информираа за промени во органите на раководење и управување согласно решение на Централниот регистар. Недим Рама останува генерален директор, а Крсте Миладинов заменик генерален директор. Во Управниот одбор (УО) освен Рама, кој е претседател на УО и Миладинов, кој е заменик-претседател на УО, се и Бошко Стефановски, член, Хајриз Бучи, член и Огнен Димитров, член. Во Надзорниот одбор (НО) се Иво ...

Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14. октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за учество на конференцијата е започнато, а билетите веќе се пуштени во продажба. Деталната програма и сите информации за говорниците и билетите ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државниот студентски дом (ДСД) „Пелагонија“ Скопје за 2024 година, информираа од таму. Со извршената ревизија, ревизорите утврдиле неправилности и неусогласености во работењето на домот кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со ...

Членови на менаџментот на Алкалоид АД Скопје купија нови акции на компанијата, што покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор (УО) и генерален директор купил нови 277 акции на Алкалоид. Сега поседува 131.777 обични акции или 9,21% од вкупниот број на акции на компанијата. Виктор Стојчевски, член на УО и директор на финансии ...

Очекувано стартот на казнување и на странците кои поминуваат низ Македонија со електронскиот систем „Безбеден град„ е една од главните теми и во српските медиуми. Тие детално информираат за стартот на примена на системот и за нивните граѓани, но и за цените на казните. Вчера поради тоа на граничниот премин со Србија, “Табановце“, се создаде гужва, а граѓани за да ги платат казните кои ги направиле сега, но и од порано, чекаа со часови. ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19. модуларни болници, информираа од таму. ...

Актуелниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат на позицијата. Неговиот мандат завршува на 8. ноември, а процедурата за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК е веќе започната. Изборот на нов шеф, обвинителите од целата земја, треба да го направат во октомври. Абази пред да дојде на оваа функција од 2018 година ...

Денеска продолжи судењето за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, а на истото професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице, меѓу друго кажа дека сунѓерот за акустичната изолација во објектот бил целосно изгорен и дека вештаците неможеле да најдат остатоци, а ги барале со часови. Посочи и дека на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер, а доказ за тоа биле фотодокументацијата, снимки од ...

Откако стартуваше казнувањето со електронскиот систем “Безбеден град“ и за странците кои поминуваат низ Македонија, што предизвика гужви и застој на граничниот премин со Србија, „Табановце„, од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) имформираа дека е ставена во функција веб апликација со мобилен интерфејс – safecountry.mvr.gov.mk. Со неа тие ќе можат да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот, да ...

Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво ...

Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека согласно решението на Извршниот одбор на Народна банка, Зорица Божиновска – Лазаревска е именува за независен член на Надзорниот одбор на Банката. Таа ќе има мандат од четири години. Таа е редовен професор на Катедрата за сметководство и ревизија при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Хрисула Кутуди, која останува генерален извршен директор на ...

Агенцијата Меккен Скопје доби нов генерален директор. Од крајот на месецов истата, која е членка на Групацијата AMA, ќе ја води Горан Димовски. Димовски ја започнал својата кариера во Меккен Скопје во 2010 година. Извршувал различни функции, вклучувајќи и директор за продукција и директор за операции. Во 2018 година, по основањето на продукциската куќа AdVenture, која исто така е членка на Групацијата AMA, тој го презеде нејзиното управување. ...

Позади македонското Собрание се гради паркинг за возилата на пратениците и за службените возила. Просторот досега беше див паркинг. Тендерот за изградба и уредување го доби Стентон градба ДОО од битолското село Долно Оризари, а ќе бидат потрошени 101.951.456 денари или околу 1,6 милиони евра. Договорот објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки предвидува да се отстрани постечкиот асфалт, да се постават гранитни плочки, да се изведат ...

Анализата на порталот Пари направена според податоци од Бизнис мрежа, покажува дека 276 трговски друштва со целосен косовски капитал, чиишто службени адреси се во земјава, лани оствариле приход од 265,1 милион евра. Истиот споредено со претходната година е намален за 2,37%. Нивниот профит пораснал за 2,05%, и лани изнесувал 9,3 милиони евра. Најголем промет има СПАР Нортх Македонија – 111,7 милиони евра, и истиот бележи раст за 12,04%. ...

Генералниот извршен директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, купи нови акции на Банката. Како што информираа од таму преку Македонската берза, тој купил 1.009 акции. Сега поседува 2,1% од вкупниот број на акции на Банката. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкави надоместоци земал менаџментот на ТТК Банка лани Како работела ТТК Банка во првото полугодие Како работела ТТК Банка лани Генералниот извршен директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, купи нови акции ...

Орхан Муртезани и официјално ја презеде новата функција – амбасадор на Македонија во НАТО, информираше тој на социјалните мрежи. Претходно во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година, беше министер за европски прашања. Тој беше разрешен од функцијата по локалните избори во 2025 година. Потоа беше дел од Кабинетот на премиерот Христија Мицкоски, задолжен за следење на реализацијата на Реформската агенда. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите девет ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешка, Петр Мацинка, кој е во посета на Македонија, денеска од Охрид по средбата со неговиот македонски колега, Тимчо Муцунски, меѓу друго кажа дека, членството на Македонија во Европската унија (ЕУ), било приоритет за неговата земја. Тој кажа и дека Чешка била подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на ЕУ и дека е подготвена да го ...

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија, информираат од МВР, откако на социјалните мрежи се појавија снимки од граничниот премин Табановце каде што луѓе чекаат во ред за да платат казни. „На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат ...

Објавен е и анкетниот лист на Јетон Шасивари, новиот министер за правда. Тој е кадар на Вреди, а со реконструкцијата на Владата ја презеде функцијата од Игор Филков, кадар на ЗНАМ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Јетон Шасивари, новиот министер за правда еМагазин во серијал Ви преставува каков имот пријавиле старо-новите министри до Антикорупциската комисија. Каков имот пријавил На свое име пријавил имот во Тетово. Пријавил и возило на име на сопругата. ...

По долга и тешка борба со ракот, почина хрватска писателка, новинарка, колумнистка, критичарка и активистка Ведрана Рудан (77), кои свои фанови во пишаниот збор имаше и помеѓу македонската публика. „Ведрана отиде на подрачје без сигнал,“ беше објавено на нејзината официјална страница. Рудан отворено зборуваше за својата болест, редок облик на рак на желудoчен канал, нагласувајќи често дека „тивко умира“. Предизвиците со болеста со кои се ...

Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека со решение на Извршниот одбор на Народната банка, Хрисула Кутуди повторно се именува за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Хрисула Кутуди, која останува генерален извршен директор на Стопанска банка Таа доби мандат од четири години. Во УО се и Владимир Тренески, Милица Чапаровска-Јовановска, Емилија Стојанова ...

76-годишен пациент со коморбидитет, кој 27 дена се лекуваше на Клиниката за инфективни болести, е четврта жртва на западнонилска треска, информираше директорот Фадил Цана. На Клиниката се хоспитализирани 20 пациенти, а на интензивна се петмина кои се се потешка клиничка слика. „Тоа што и ние како клиничари го предвидувавме со вчерашниот ден се потврди дека кај 25-годишната пациентка која се водеше како клинички суспектна, се потврди ...

По повод 34-тиот роденден на Армијата, денеска во Кампот за обука на вода во Охрид, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста се обратија: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање ...

Нов амбасадор на Македонија е Крум Ефремов. Информацијата ја соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Ефремов моментално е директор на Директоратот за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Тој е и поранешен македонски амбасадор во Украина и важи за искусен и професионален дипломат. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Крум Ефремов, новиот македонски амбасадор во Бугарија ...

Македонија денеска го обележува Денот на македонската Армија. Бројни испитувања на јавното мислење во земјава низ годиниве покажаа дека токму македонската Армија е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба. Како се роди? На 17. ноември 1991 година македонското Собрание го усвои Уставот на Република Македонија, според кој Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а територијалниот интегритет и ...

Објавен е анкетниот лист на новиот министер за односи меѓу заедниците, Агон Ферати. Како кадар на Вреди, тој дојде на местото на Иван Стоилковиќ, од Демократската партија на Србите, кој пак со реконструкцијата на Владата стана министер за локална самоуправа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Агон Ферати, новиот министер за односи меѓу заедниците еМагазин во серијал Ви преставува каков имот пријавиле старо-новите министри до Антикорупциската комисија. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42