Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Вчера започна Светското првенство во фудбал, кое за првпат се одржува во три земји – САД, Мексико и Канада. По тој повод „Форбс“ објави листа на најплатените фудбалери кои учестуваат на Првенството. Очекувано, најплатен е португалски фудбалер Кристијано Роналдо (41). Неговиот годишен приход во периодот од јуни 2025 до јуни 2026 година изнесувал 300 милиони долари. Од нив, 235 милиони долари се од плата и бонуси како фудбалер, а 65 милиони ...
Почетокот на јуни помина во знакот на модата во познатиот туристички регион Анталија. Меѓу бројните глобални и деловни настани што таму се одржуваат, внимание привлече и деветтото издание на Неделата на модата, кое од 2 до 4. јуни на едно место успеа да собере врвни дизајнери од повеќе земји, но и водечки турски модни креатори. Овој ексклузивен настан беше одлична прилика на посетителите да им се претстави Анталија како еден од центрите на ...
Од вчера на плажата „Акротири“ во Пефкохори, на првиот крак на Халкидики во Грција, има забрана за капење откако во морето се излеаја фекалии откако пукнала канализациска цевка, пренесуваат грчките медиуми. Пефкохори е едно од најпосетуваните места од македонските туристи на Халкидики, а засега е непознато до кога ќе трае забраната. Истата се однесува за зона од 200 метри. Од Општината Касандра било извршено миење и хлорирање. Причината за ...
Македонското Собрание вчера во прво читање ги изгласа измените на Законот за игри на среќа. За нив „за„ гласаа 59 пратеници, а девет беа „против“. Со измените меѓу друго казината повеќе не смеат да бифат лоцирани поблиску од 500 метри од училиштата. Исто така се забранува рекламирањето на излозите на коцкарниците, како и на рекламите со кои коцкањето се претставува како начин за постигнување личен успех или за брза заработка. Секој апарат ќе ...
Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на Бизнис форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските односи и поттикнување ...
Македонската радио телевизија (МРТ) за првпат од независноста на земјава нема да го пренесува Светското првенство во фудбал, кое почнува денеска. Телевизиските права за оваа првенство кое се одржува во САД, Мексико и Канада, и за македонскиот пазар ги обезбеди Арена спорт на српски Телеком. Натпреварите ќе се пренесуваат само на премиум каналите кои кај операторите се вклучени во дополнителните пакети. Во основните Арена спорт 1, 2 и 3 нема ...
Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни мeдали во тимските кумите-натпревари. Машкиот тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде што со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во ...
Информацијата дека неименувана членка на Европската унија (ЕУ) ја блокирала бугарската монета од 2 евра посветена на бугарската азбука, предизвика голем интерес и во Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Вето од членка на ЕУ за Бугарија за монетата од 2 евра посветена на бугарската азбука Истата требаше да биде пуштена во промет периодов, а како што пишуваат европските медиуми, причината е што кирилицата ја преставува како бугарска азбука. На ...
За пет години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи врз основа на тендер стар 21 година и договори кои се „доверливи“, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). „Најголем дел од 73. милиони евра што ги платиле граѓаните е за добивање пасош, дури 60 милиони евра за 5 години. Документите ги изработува фирма која победила на тендер пред 21 ...
Училишниот базен во Чаир вреден 890 илјади евра – шест месеци бил завршен само на хартија, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). „Иако Општина Чаир на 21. ноември 2025 година до Електронскиот систем за јавни набавки доставила известување дека договорот за изградба на затворен базен во О.У. „Исмаил Ќемали” е 100 % реализиран, објектот беше свечено ...
Летовите за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток во вредност од 1 милион евра, биле платени однапред, над законскиот лимит, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). „Евакуациските летови од Дубаи и Ријад во март 2026 година се платени авансно, што е спротивно на Законот за јавните набавки, кој предвидува дека максималниот износ на авансот ...
Како што веќе објави еМагазин, паневропски дисконтен ланец Pepco влегува на македонскиот пазар. Својата прва продавница во Македонија ќе ја отвори на 18. јуни во Капитол мол во Скопје. Засега е планирана и продавница и во Рамстор мол. Станува збор за дисконтен ланец за разновидни производи, кој е присутен во 19 земји со повеќе од 4.000 продавници и опслужува 36 милиони потрошувачи секој месец. Повеќе инфо ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Pepco доаѓа во ...
Собранието на акционери на Адинг АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Висината на дивидендата по акција е 42 денари нето дивиденда или 46,6662 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 23.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се најголеми акционери во Адинг Адинг ги објави платите на менаџментот Собранието на акционери на Адинг АД Скопје донесе одлука за исплата на ...
На издавачот Вабтек МЗТ АД Скопје и на издавачот Неметали Огражден АД Струмица, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Македонската берза, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачите не постапија согласно член 39, став 5 од Правилата за ...
На седница на Централниот комитет (ЦК) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беа избрани нови членови на ЦК. Како што информираа од таму за нови членови на ЦК се избрани Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Лефков и Јованчев се актуелни пратеници на партијата, Стефковски е пак актуелен градоначалник на скопската општина Гази Баба. Повеќе детали за ЦК на партијата ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се старо-новите претседатели на општинските комитети ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повикува поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици за организирано учество во гаснењето на претстојните пожари на отворен простор и шумски пожари. Потребни се кандидати со најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на нивната возраст, независно дали се во пензија или од други причини ја ...
Синоќа во македонското Собрание, како и што се очекуваше, не помина интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Со интерпелацијата се бараше и негова оставка. За истата „за„ гласаа само 21 пратеник, а “против“ беа 62. Истата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, предводена од партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Интерпелацијата за мене е неиздржана, вели ...
Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2. јули треба да оди во затвор за да ја отслужи затворската казна од една година за случајот поврзан со изградбата на зградата на Општината. Неодамна казната му беше потврдена од Апелациониот суд Скопје. Бидејќи пет месеци помина во куќен притвор за одлежување му остануваат околу седум месеци. Казната за која е осуден правосилно треба да ја одлежи во затворот Скопје ...
На седница на Централниот комитет (ЦК) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, освен што беа избрани нови тројца членови на Комитетот, беа избрани и реизбрани и претседатели на општинските комитети на партијата. Станува збор за 30 претседатели во изборните единици (ИЗ) 4 и 5. Од ИЗ 4 старо-нови претседатели се: 1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски 2. Демир Капија – Андон Дрнев 3. Неготино – Павлинче Честојнова 4. Кавадарци – Тони Нешковски 5. Гевгелија – Димитар ...
За нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска во македонското Собрание беше избрана Катерина Зајковска. За неа „за„ гласаа 56 пратеници, а еден беше „против“. Таа е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Доаѓа на местото на Цвета Ристовска, која поднесе оставка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Цвета Ристовска, членката на Антикорупциска, која поднесе оставка Каков имот пријавила Цвета ...
Обвинителката Наташа Крстева Цалева и понатаму ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје, одлучи денеска на седница Советот на јавните обвинители. Таа останува вршител на должност (в.д.) шефица на Обвинителството, а за првпат беше избрана на таа функција во декември лани. Мандатот од шест месеци и завршуваше утре. Беше избрана едногласно, а ќе остане на позицијата додека не се избере нов шеф. Обвинителката Наташа Крстева Цалева и ...
На денешното рочиште за пожарот во “Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство презентираа докази за агенцијата „Рубикон Секјурити солушнс“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека. Истите како што презентираа од Обвинителството се однесуваат на начинот како се обезбедувал објектот, за дозволата за работа на агенцијата, нејзините вработени, а доказите вклучуваат и материјали обезбедени од извршени претреси во канцеларии и возила поврзани со ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15. јуни. „Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, 1. јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се ...
Горан Мисовски и понатаму ќе ја води Нова социјалистичка партија (НСДП). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Горан Мисовски реизбран за претседател на НСДП Нов мандат за претседател доби на Конгресот на партијата. еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Горан Мисовски, кој е реизбран за претседател на НСДП Каков имот пријавил На свое име пријавил недвижен имот во Центар. Вози “киа“. Има и ...
Денеска почнува Светското првенство во фудбал. Истото ќе трае до 19. јули. Ќе се игра во три земји – САД, Мексико и Канада. Натпреварите ќе се одржуваат во 11 градови во САД, три во Мексико и два во Канада. Оваа ќе биде прво светско првенство кое се игра во три држави и на кое учестуваат 48 земји. Македонија не е меѓу нив. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МРТ за првпат нема да го пренесува Светското првенство во фудбал Фото: Унсплеш Денеска почнува Светското ...
Наместо четири до пет недели како што првично најавуваше американскиот претседател Доналд Трамп, војната во Иран, која се прошири на целиот Блиски Исток трае повеќе од три месеци. Истата започна на 28. февруари. Војната ја започнаа САД и Израел, кои го нападнаа Иран, кој пак ја прошири истата, напаѓајќи воени цели на САД и Израел во регионот, но и цивилни, во Саудиска Арабија, Кувајат, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Либија… Истата ...
Македонски Телеком, Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет започнуваат партнерство за „Училишта на 21 век – Фаза 2“, проект насочен кон развој на дигитални вештини кај учениците, информираат од таму. Проектот ќе трае од мај 2026 до јули 2027 година и ќе опфати ученици на возраст од 9 до 10 години и наставници од одделенска настава кои ќе работат на критичко размислување, решавање проблеми, програмирање, сајбер ...
Од втората делница од железничката пруга кон Бугарија се завршени 36%, а напредокот кај конструктивните работи е 31%, информираше денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Станува збор за железницата на потегот Бељаковце–Крива Паланка, која е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море. Проект опфаќа изградба на три нови станици – Кратово, Романовце и Гиновце, 29 мостови, ...
Македонска берза АД Скопје го објави финанискиот извештај за работењто лани, а во него меѓу друго ја објави и акционерската структура заклучно со 31. декември 2025 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Хрватската држава влегува во Македонската берза Најголем акционер е Загребската берза. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкава плата лани имала директорката на Лотарија на Македонија Како работела Македонската берза финаниски лани Македонска берза АД Скопје го објави ...
Во македонското Собрание денеска беше констатирана оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Оставката ја поднесе на 1. јуни, откако претходно повеќе од два месеци не одеше на работа. Остана непознато дали за тој период земаше плата. Беше кадар на Алијансата за Албанците. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил вицепремиерот Арбен Фетаи, кој поднесе оставка Колкава плата земаше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој поднесе оставка Кој е ...