Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Нејмар не можеше да ги сокрие емоциите, па бразилската суперѕвезда се расплака по последниот свиреж на судијата на дуелот со Шкотска, на кој екс-фудбалерот на Барса и ПСЖ го имаше својот прв настап на овој мундијал. Целокупната бразилска јавност изврши огромен притисок Нејмар да се најде на списокот на селекторот Анчелоти, искусниот стратег на крајот попушти, но напаѓачот неколку дена подоцна се повреди и мораше да ги пропушти првите две ...
Селекцијата на БиХ славеше над Катар со 3-1 за огромен чекор напред кон нокаут фазата од овој мундијал, триумф што беше најавен со прекрасниот погодок на Керим Алајбеговиќ. Крилниот офанзивец тргна во соло-акција, одлично си создаде предност, за потоа со проектил од дваесет метри да го матира катарскиот голман и да донесе радост на илјадници босански фанови на стадионот во Сиетл. Уште позначајно – Алајбеговиќ испиша мундијалска историја ...
Комплетирањето на табелите во првите три групи ја даде и првата двојка од нокаут фазата на овој светски шампионат, па така Канада за противник ќе ја има селекцијата на Јужна Африка. Станува збор за две репрезентации кои никогаш досега ја немаат минато групната фаза на СП, па своето деби во нокаут-рундата ќе го иамат една против друга, За одбележување е дека дуелот закажан за недела ќе се игра во Лос Анџелес, вчерашниот пораз на Канада од ...
Ко-домаќинот Мексико во голем стил стигна до првото место во својата група на овој мундијал, забележувајќи ја и третата победа откако рано утрово славеше со 3-0 над Чешка, за трет триумф без примен погодок во низа на светското првенство. Одбраната повторно беше непробојна за противникот, а нападот профункционира дури во вториот дел, откако во првиот мрежите мируваа. Чавез Гарсија го отвори резултатот во 55. минута, а Кињонес со голот шест ...
Бразил го освои првото место во својата група откако „кариоките“ славеа со 3-0 на последниот натпревар во кој за ривал ја имаа селекцијата на Шкотска. Во главна улога беше Винисиус, кој со два гола ја донесе победата ан составот на Карло Анчелоти во дуелот во кој Нејмар конечно заигра за најтрофејната репрезентација. Самиот старт го одбележа катастрофалната грешка на Мекена, кој во обид да ја исфрли топката само го погоди Рајан, таа се одби ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина славеа со 3-1 против Катар во натпревар од последното 3. коло од групата Б на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Откако скоро половина час мируваа мрежите во Сиетл, водство за БиХ од 1-0 донесе младиот Керим Алајбеговиќ со прекрасен гол во 29. минута. Bosnia and Herzegovina [1] – 0 Qatar – K. Alajbegović 29' byu/West_Agent4651 insoccer Само пет минути подоцна веќе беше и 2-0 ...
Остин Ривс планира да остане со Лос Анџелес Лејкерс и да потпише четиригодишен максимален договор вреден 185 милиони долари, објави Шамс Чаранија. Бекот на Лејкерс претходно одби играчка од 14,9 милиони долари за да направи место за нов голем договор со франшизата. Во последната сезона од новиот договор, 2029/30, Ривс ќе има играчка опција, а со потпишувањето, тој ќе стане сопственик на најбогатиот договор за недрафтуван играч во историјата ...
Лионел Меси во весела атмосфера го прослави својот 39. роденден во кампот на аргентинската репрезентација за време на Светското првенство, откако соиграчите му приредија незаборавно полноќно изненадување. Фудбалерите на „гаучосите“ среде ноќ ненадејно упаднаа во хотелската соба на својот капитен и со роденденска песна го разбудија од сон. Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ беше видно изненаден, но со широка насмевка ги пречека своите ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина имаат предност од 2-1 на полувреме против Катар во натпревар од последното 3. коло од групата Б на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Откако скоро половина час мируваа мрежите во Сиетл, водство за БиХ од 1-0 донесе младиот Керим Алајбеговиќ со прекрасен гол во 29. минута. Bosnia and Herzegovina [1] – 0 Qatar – K. Alajbegović 29' byu/West_Agent4651 insoccer Само пет минути подоцна ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина поведуваат со 1-0 против Катар во натпревар од последното 3. коло од групата Б на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Откако скоро половина час мируваа мрежите во Сиетл, водство за БиХ носи младиот Керим Алајбеговиќ со прекрасен гол во 29. минута. Bosnia and Herzegovina [1] – 0 Qatar – K. Alajbegović 29' byu/West_Agent4651 insoccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Германскиот репрезентативец Леон Горецка станува се поатрактивна опција за Јувентус, пишува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“. Гигантот од Торино и новоназначениот извршен директор Џовани Карневали имаат тешка задача да го засилат составот на „бјанконерите“ во лето, но се очекува пропуштањето на Лигата на шампионите да има значително влијание врз приходите на клубот и способноста да привлече играчи од највисоко ниво. Договорот на ...
Машката селекција „Под 20“ години забележа убедлива победа (85-55) во првата проверка во периодот на подготовките. Машката младинска селекција на Македонија со победа над БиХ, и тоа доста убедлива, го отвори оној втор дел од подготвителниот период во кој во „преден план“ ќе бидат контролните натпревари. Вечерва, во малата сала на СРЦ „Кале“, избраниците на селекторот Никола Велев делуваа доста сигурно во текот на сите 40.минути, и на крајот ...
Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, почувствува потреба да проговори во врска со критиките за воведувањето пауза за хидратација во текот на двете полувремиња. Оваа новина, која подразбира играчите да земаат пауза од три минути на секое полувреме за да се освежат, не беше одобрена од повеќето навивачи, ниту пак играчите се задоволни што мора да го прекинат натпреварот. И додека на многумина брзо им стана јасно дека ...
Дури и кога нивните натпревари не се играат на Светското првенство, сепак се зборува за нив. Лионел Меси денеска го слави својот роденден, два дена откако стана рекордер на Светското првенство и еден ден откако Кристијано Роналдо стана играч со голови на шест различни Светски првенства. Дури и во доцните години од играњето, двете најголеми суперѕвезди на светскиот фудбал се уште се натпреваруваат, што го инспирираше аниматорот Хамид Сахари да ...
Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер е обвинет за расизам во неговата анализа за Брегот на Слоновата Коска. Пред натпреварот во Торонто, кој Германија го доби со 2-1, Швајни, како коментатор за германскиот јавен сервис, рече дека Брегот на Слоновата Коска играл „африкански фудбал“, кој го окарактеризирал како „понекогаш необичен, малку див, не многу тактички“. Неговите коментари предизвикаа реакции на социјалните медиуми и во ...
Македонската фудбалска легенда Даниел Мојсов и официјално стави крај на својата долга и успешна играчка кариера. Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на домашниот фудбал заминува во пензија на 38-годишна возраст, заокружувајќи ја својата приказна таму каде што и ја започна, во матичниот ГФК Тиквеш. Зад себе остава импресивна интернационална кариера. Низ годините со голем успех настапуваше за екипите на Вардар, Македонија ЃП, Војводина, ...
Пред клучниот натпревар од третото коло од групата против Катар, Босна и Херцеговина остана без Амар Дедиќ, кој го пропушти последниот тренинг поради здравствени проблеми и многу е сигурно дека нема да биде во составот за вечервашниот меч. Неговото отсуство е сериозен проблем за тренерот Сергеј Барбарез, со оглед на тоа што е еден од важните играчи во дефанзивната линија. Дополнително, Босна и Херцеговина е без Тарик Мухаремовиќ, кој е ...
Мартин Алаѓозовски е стратегот што ја доби довербата на раководството на Беласица да ги води струмичките „сино-бели“ во новата второлигашка сезона. Неколку дена по официјализацијата на разделбата оа тренерот Стојанов, стручани денеска потврдија дека за нов шеф на стручниот штаб е именуван Алаѓозовски. Овој млад стручњак минатата сезона седеше на клупата на АП Брера, не успеа да го спаси овој тим од испаѓање по што се повлече од функцијата. ...
Англија не успеа да слави на дуелот со Гана на кој беше аутсајдер, а кога Хари Кејн промаши зицер од пет метри многумина се сетија на објавата на врачот од Гана, Нана Кваку Бонсам, кој пред неколку дена најава дека му фрла клетва на англискиот капитен за да не може да даде гол против оваа африканска селекција. Истиот врач денеска се јави со нова објава, со видео во кое ја тргнува клетвата од Англичанецот преку неговата вуду-кукла, најавувајќи ...
Доминик Ливаковиќ бранеше извонредно на голот на Хрватска и беше меѓу најзаслужните во победата над Панама, но одличниот голман веднаш по натпреварот доби лоша вест – дека нема да му се исполни желбата да застане на голот на Бешикташ. Ливаковиќ е под договор со Фенербахче, но овој турски клуб воопшто не смета на неговите услуги и веќе му порача на Доминик дека може да си бара нов клуб. Хрватот сакаше да се докаже во турскиот фудбал и ...
Миодраг Тодоровиќ, младиот стратег кој приреди огромно изненадување со пласманот во големото финале од плејофот со тимот на Маџари, изненадувачки го напушти скопскиот суперлигаш и се пресели на кормилото на Кожув. Тодоровиќ извонредно го водеше Маџари, со лимитиран буџет најпрвин влегувајќи во Топ 6, потоа и во плејофот, за таму да го елиминира ТФТ со 2-0 и да обезбеди пласман во големото финале, резултати со кои дефинитивно го заслужува ...
Екипата на Силекс денеска претстави две нови засилувања, потпишувајќи договори со Нихад Шеро и со Есмир Хусакиќ, странски фудбалери кои би требале да бидат од значајни адут на Александар Васоски во новата натпреврувачка сезона. Шеро е офанзивен фудбалер кој ќе треба да ја засили навалната линија на кратовци, тој пристигнува од босанскиот претставник Челик, а претходно ги има брането боите на уште неколку тимови од БиХ. Хусакиќ е корпулентен ...
Кристијано Роналдо на најдобар можен начин ги замолкна критичарите, откако постигна два гола против Узбекистан и ја предводеше Португалија до првата победа на овој мундијал. Големиот ас не го криеше задоволството од својот настап, потенцирајќи дека веќе се навикнал да се носи со честите критики кои пристигнуваат на негова адреса. „Зад нас беше тешка недела за сите, особено за селекторот кој беше жестоко критикуван. Имаше и коментари на моја ...
Сениорската репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Aндреј Јакимовски од вчера се приклучи на подготовките на националниот тим, се очекува крилниот кошаркар да настапи на претстојната контрола со Бугарија, а потоа и да ја предводи Македонија во завршните две средби од претквалификациите, против Ирска и Луксембург. „Не ...
Новиот тренер Ибон Наваро пред неколку дена пристигна во Белград, а Црвена Звезда денеска го претстави и првото засилување за анредната сезона. Американскиот плејмејкер Крис Џонс е ново име во таборот на белградските црвено-бели откако искусниот плејмејкер реши да си замине од Хапоел Тел Авив, а од неколкуте понуди на маса ја избра токму онаа на српскиот клуб. Џонс потпиша двогогипшен договор со „црвено-белите“ и ќе претставува замена за Коди ...
Кил експресно го реши тренерското прашање по разделбата од Филип Јиха откако денеска беше официјализирана соработката со Берге Лунд, норвешкиот стратег кој во следниот период ќе седи на клупата на германскиот ракометен гигант. Лунд своевремено и како играч ги бранеше боите на Кил во периодот од 2007 до 2010 година, освојувајќи три титули во Бундес-лигата и една во Лигата на Шампионите. По завршувањето на играчката кариера тој заплови во ...
Интер неочекувано остана со празни раце во трката по Марко Палестра, па иако десниот бек веќе беше виден како ново име на „Џузепе Меаца“, тој на крајот сепак кариерата ќе ја продолжи во дресот на Челси. Десниот бек беше главна желба на италијанскиот првак како замена за Дамфрис и се чинеше дека сите детали се веќе средени, за вкупен пакет од 50 милиони евра плус процент од следниот трансфер. Ситуацијата се промени буквално во „пет до ...
Европската куќа на ракометот по финиширањето на фајналфор турнирот ја објави и официјалната листа од десетте најубави погодоци во изминатата сезона од Лигата на Шампионите. Апсолутно заслужено, на врвот се најде македонскиот ас Дејан Манасков, со неповторливиот погодок што нашето лево крило го постигна против Барселона, фаќајќи цепелин по долгото додавање на голманот Митревски и сместувајќи ја топката во мрежата на Емил Нилсен. Зад Манасков ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? БиХ има само една победа на последните осум одиграни средби во рамките од 90 минута (пет реми два порази). Меѓу нив и ремито со Македонија на мечот одигран во Сараево во пресрет на ...
По речиси 200 порази во претходните три сезони, Вашингтон Визардс го направија првиот голем чекор кон нов почеток. Како прв избор на НБА драфтот, го избраа крилниот играч од Универзитетот Бригам Јанг, Еј-Џеј Дибанца. Визардс се одлучија за талентираниот 19-годишник пред бекот на Канзас, Дерин Петерсон, кој важеше за втор најдобар играч на генерацијата. Дибанца и Петерсон важеа за двајцата најперспективни кошаркари на драфтот во текот на ...