Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави се квалификуваше во нокаут фазата на Светското првенство. Избраниците на Маурисио Покетино забележаа две победи против Парагвај (4-1) и Австралија (2-0) во групата, но синоќа во последниот натпревар од групната фаза загубија од елиминираната Турција со 3-2. На прес-конференцијата по поразот, Покетино истакна дека атмосферата е како САД да се збогуваат со турнирот, а Турција да ...
Кошаркарот на Панатинаикос, Џеди Осман, би можел да ја напушти Атина и да се врати во Истанбул ова лето. Според турските медиуми, Осман би можел да го засили Ефес, кој наводно испратил понуда до Панатинаикос. Осман е во Атина две сезони, но е отворен за разделба, а контактот со неговиот поранешен тим веќе е воспоставен. „По заминувањето на Ергин Атаман од Панатинаикос, Осман е исто така на работ да се раздели со атинскиот клуб. Се очекува ...
Словенечкиот репрезентативец Јака Малус доби големо признание за одличните настапи во ЕХФ Европската лига, откако беше избран за најдобар среден бек во идеалниот тим на сезоната. Малус беше меѓу најдобрите стрелци и асистенти на Вардар и одигра клучна улога во пласманот меѓу најдобрите осум во ова натпреварување. Покрај словенечкиот плејмејкер, во елитниот состав на сезоната се најдоа уште неколку звучни ракометни имиња. На голманската ...
Во сабота, со почеток во 23 часот, фудбалерите на Англија ќе го одиграат натпреварот од последното трето коло од Групата Л на Светското првенство во Њу Џерси, а победа против Панама ќе им го обезбеди првото место. Англија и Гана имаат по четири бода, додека Хрватска има три, а сите три репрезентации можат да бидат први во групата на крајот од групата. На почетокот на првенството, Англичаните ја победија Хрватска со 4-2, додека потоа ремизираа ...
ФИФА ги потврди плановите за проширување на Светското клупско првенство на 48 учесници, почнувајќи од турнирот во 2029 година. Одлуката, донесена во соработка со Асоцијацијата на европски клубови, отвора врата за поголем број тимови од најсилните европски лиги. Следното издание на Светското клупско првенство, закажано за 2029 година, ќе има сосема нов формат со 48 тима, што претставува значително проширување на моделот на Светското првенство, ...
Македонскиот второлигаш АП Брера Струмица објави дека Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим. Стојчев е добро познато име во клубот. Покрај тоа што во минатото успешно ја предводеше Брера до вицешампион и на европските натпревари, зад себе има и извонредна сезона со младинскиот тим. Во сезоната 2025/26, под негово водство, младинците на АП Брера Струмица ја освоија двојната круна, триумфирајќи во Младинската ...
Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, се огласи по големата победа над Катар и пласманот на „змејовите“ во нокаут фазата на Светското првенство, испраќајќи емотивна порака до навивачите. На натпреварот против Катар, Џеко го имаше својот јубилеен 150. настап во дресот на Босна и Херцеговина, со што дополнително го зацврсти статусот на најголема легенда на тамошниот национален тим. На социјалните мрежи, тој им се ...
Евролигата донесе тешка одлука и на местото на Монако следната сезона во Евролигата ќе се натпреварува Бешикташ. Управата на најсилното европско натпреварување очигледно не беше подготвена да ризикува сезона со финансиски нестабилниот Монако, од која профитираше турскиот Бешикташ. Претстојната сезона на Евролигата 2026/27 ќе се игра со 20 клуба, а местото на Монако го зазема Бешикташ. Турскиот клуб треба влезе во Евролигата благодарение на ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Норвешка има само еден пораз на последните 18 одиграни средби (13 победи, 4 реми). Франција последен пат имала три победи на трите меча во групната фаза од СП уште во 1998 година. ...
Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија, новото засилување покажа дека може да биде важен дел од тимот во завршницата од претквалификацискиот циклус за Европското првенство во 2029 година. Со само неколку тренинзи со новите соиграчи, Стјуард веднаш ја презеде одговорноста на теренот. За повеќе од 30 минути игра ...
Најдобрата македонска фудбалерка на сите времиња, Наташа Андонова е нов член на швајцарскиот шампион Сервет. Официјалниот трансфер на најискусната македонска репрезентативка денеска го потврди тимот од Женева. Андонова пристигнува во Швајцарија со богато интернационално искуство зад себе. Таа претходно настапуваше за европските гиганти Барселона и Пари Сен Жермен, а нејзин последен клуб беше шпанскиот Леванте Лас Планас. Со овој потпис, ...
Ракометарите на Вардар ги дознаа противниците за групната фаза од Лигата на Шампионите, во сезоната 2026/27 во која „црвено-црните“ се враќаат во елитното европско натпревараување. „Вардарци“ се наоѓаа во четвртиот шешир во пресрет на ждрепката, па токму затоа и можат да бидат задоволни од исходот, откако беа извлечени како дел од групата Б заедно со екипите на Нант, Мелсунген и Висла Плоцк. Противниците воопшто не се наивни, но со кој ...
Светското првенство на ФИФА, кое се одржува во САД, Канада и Мексико, официјално стана најпосетеното во историјата, објави ФИФА. Имено, рекордот поставен на Светското првенство во 1994 година во САД беше соборен, кога речиси 3,6 милиони гледачи ги гледаа натпреварите од трибините. Новиот рекорд беше потврден за време на второто полувреме од натпреварот меѓу Германија и Еквадор во Ист Радерфорд, кога стадионот објави дека вкупниот број на ...
Досега, познат е епилогот во шест групи на Светското првенство 2026, по што познати се поголемиот дел од двојките за 1/16-финалните пресметки. го добија епилогот, па затоа се познати и одредени парови од 1/16 финалето. Четири натпревари веќе се закажани, првиот ќе биде на 28 јуни, со почеток во 21 часот, кога Јужноафриканската република и Канада ќе се сретнат во Инглвуд. Еден ден подоцна, Холандија и Мароко ќе се натпреваруваат во Монтереј, а ...
Селекторот на Еквадор, Себастијан Бекасесе вчерашниот триумф на неговата селекција над Германија и пласманот во нокаут фазата на Светското првенство 2026, сосема очекувано го прослави на еуфоричен начин. Бекасесе славеше со трк кон трибините каде прослави со свои блиски лица. По мечот селекторот на Еквадор се осврна токму на тој момент… „Луѓето ме видоа како трчам на трибините и ја бакнувам таа дама, а многумина се прашуваа која е таа. Таа е ...
Еквадор од доцна синоќа го слави својот нов национален херој – Гонзало Плата е играчот што ги стопли срцата на целата нација со еден единствен потег, постигнувајќи го голот за водство против Германија. Погодок што се покажа клучен за Еквадорците да стигнат до победата со која го продолжуваат и настапот на ова светско првенство. Еквадорците повеќе од десет години се немаа израдувано на триумф над ривал што доаѓа од Европа, а синоќа го сторија ...
Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, потпиша нов тригодишен договор со клубот од Пиреја, а грчките медиуми ги откриваат и финансиските детали од соработката. Искусниот стручњак ќе заработува околу два милиони евра годишно според новиот договор, што значи дека вкупната вредност на соработката ќе достигне речиси шест милиони евра. Ова претставува значително зголемување во споредба со претходниот договор, според кој Барцокас инкасираше ...
Уште една голема репрезентација е во огромни проблеми пред клучниот натпревар за пласман во 1/16-финалето на Светското првенство. Уругвај ќе брка позитивен резултат против Шпанија, а со победа, дури би завршил на првото место во групата. По два одиграни натпревари, Уругвајците имаат два освоени бода откако ремизираа против Саудиска Арабија и Зеленортските Острови. Според медиумите од оваа земја, во уругвајската репрезентација пред натпреварот ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Арда Ѓулер стана најмлад стрелец за Турција на светските првенства (21 година, 120 дена). Турција даде два гола од првите два шута кон голот на САД. Турците претходно не постигнаа ниту еден гол со 62 шутеви упатени кон головите на Австралија и на Парагвај. Австралија не даде гол на два мундијалски меча ...
Mакедонскиот интернационалец Бехар Фета повторно се врати во редовите на словенечки Марибор! Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, откако една сезона мина во редовите на Алуминиј, сега повторно се враќа во редовите на Марибор за кој клуб настапуваше од 2023 до 2025 година со една полусезона и на позајмица во Домжале. „Фета помина низ период на созревање, играњето за Алуминиј беше добредојдено за него. Постигна десет гола и со ...
Гледањето Светско првенство е уште повозбудливо кога можеш да го претвориш своето фудбалско знаење во вредни подароци. За време на натпреварот помеѓу Норвешка и Франција, Златна Копачка организира ново издание на „Маалски Сезнајко“- квиз, во кој секој љубител на фудбалот има можност да покаже колку навистина знае за историјата на Светските првенства. Додека трае натпреварот, на еден од ТВ екраните во обложувалниците на Златна Копачка ќе се ...
Репрезентативецот на Еквадор, Гонзало Плата, по пласманот на неговиот тим во следната фаза од натпреварувањето изјави дека тешките моменти од групната фаза дополнително го зајакнале тимот и разбудиле уште поголема желба за успех. Во 77. минута, напаѓачот на јужноамериканскиот тим успеа да се протне и да го совлада Мануел Нојер, водејќи го својот тим во нокаут фазата (2-1). „Во првите два натпревари работевме напорно. Сакавме порано да ...
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер својата кариера ја продолжува во грчкиот гигант Панатинаикос од Атина за трансфер вреден 3,5 милиони евра! Како што пренесува грчка „Прототема“, веќе се е договорено меѓу двата клуба за преселба на македонскиот напаѓач во редовите на грчкиот клуб кој ќе треба да му исплати отштета од 3,5 милиони евра на швајцарскиот шампион Тун. Растодер имаше извонредна сезона во редовите на Тун со кого стигна до ...
Фудбалерите на Холандија убедливо го надиграа Тунис во 3. коло од Групата Ф на Светското првенство и го обезбедија првото место со победа од 3-1 (2-0). На овој начин, популарните „лалиња“ го „избраа“ второпласираниот од групата Ц за свој ривал, а од претходната вечер знаеме дека тоа ќе биде Мароко. Тежок противник за првата нокаут фаза, но претходно беше познато дека ждрепката беше немилосрдна кога ги „вкрсти“ првопласираните и ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го суспендира членството на Непал во таа организација. ФИФА испрати писмо до сите свои членови, во кое се наведува дека членството на Непал е суспендирано до понатамошно известување. Непалската репрезентација, како и клубовите од земјата, повеќе немаат право да учествуваат на меѓународни натпревари додека не се укине суспензијата, а исто така нивните членови не можат да ги користат програмите за развој, ...
Фудбалерите на Парагвај и Австралија ремизираа без голови во последниот натпревар во групата Д на Светското првенство. Натпреварот во Сан Франциско беше директна пресметка за второто место во групата, кое „на хартија“ ќе донесе полесен ривал во осминафиналето. Сепак, уште пред натпреварот се знаеше дека нерешено ќе ги задоволи и двете, бидејќи сигурно ќе стигнат до нокаут фазата. Така и беше. Австралија, која има гол разлика од 2-2, заврши ...
Турциија ги победи Соединетите Американски Држави со 3-2 (2-1) во последниот натпревар од Групата Д на Светското првенство. На овој начин, избраниците на Винченцо Монтела се збогуваа со Светското првенство, каде што имаа големи очекувања, но не успеаја во обидите за пласман во елиминациската фаза. Од друга страна, иако домаќинот на турнирот немаше резултатски императив, а Маурисио Покетино ги „измеша картите“ во составот, сепак ќе биде малку ...
Повеќе од интересен расплет во Групата Е на Светското првенство 2026, по кој е јасно дека Германија и Брегот на слоновата коска се во 1/16-финалето, а таму сигурно ќе им се придружи и Еквадор како една од најдобрите третопласирани селекции. Сето тоа благодарение на огромното изненадување кое го приредија Еквадорците благодарение на пресврт-победата над Германија од 2-1. Во вториот меч во групата, пак, Брегот на слоновата коска славеше со 2-0 ...
Низата засилувања за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкендија Арачиново ја дополни и со младинскиот репрезентативец Дашмир Елези. 21-годишниот напаѓач ќе биде вистинско засилување за Шкендија Арачиново за новата сезона. Елези доаѓа од екипата на Работнички, а претходно во својата кариера има настапи и за тетовска Шкендија, грузискиот Торпедо како и косовска Приштина. Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Расплетот во Групата Е е во моментов на Светското првенство 2026. По првото полувреме, Германија и Еквадор играат без предност, 1-1, додека на вториот меч, Брегот на слоновата коска води со 1-0 против Курасао. На Еквадор и на Курасао им се неопходни победи, како би стигнале преку третата позиција во елиминациската фаза од шампионатот. Германија поведе против Еквадорците уште во 2. минута со голот на Сане, но Еквадор израмни со погодокот на ...