Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Низата засилувања за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкендија Арачиново ја дополни и со младинскиот репрезентативец Дашмир Елези. 21-годишниот напаѓач ќе биде вистинско засилување за Шкендија Арачиново за новата сезона. Елези доаѓа од екипата на Работнички, а претходно во својата кариера има настапи и за тетовска Шкендија, грузискиот Торпедо како и косовска Приштина. Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Расплетот во Групата Е е во моментов на Светското првенство 2026. По првото полувреме, Германија и Еквадор играат без предност, 1-1, додека на вториот меч, Брегот на слоновата коска води со 1-0 против Курасао. На Еквадор и на Курасао им се неопходни победи, како би стигнале преку третата позиција во елиминациската фаза од шампионатот. Германија поведе против Еквадорците уште во 2. минута со голот на Сане, но Еквадор израмни со погодокот на ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина постигна историски успех со пласманот во нокаут фазата на Светското првенство откако го победи Катар со 3-1. Златан Ибрахимовиќ, легендарниот фудбалер со потекло од БиХ, полн емоции ја дочека победата на Сергеј Барбарез, на работ на солзи… „Се ежам, затоа што од таму е мојот татко. Затоа се игра фудбал – да се зближат луѓето, а особено за Босна и Херцеговина, која толку многу страдаше. Ме ...
Денеска на програмата на Светското првенство 2026, меѓу шесте натпревари се и оние два финални од групата Е, каде што се игра последното коло. Еквадор ќе се соочи со Германија, во обидот да се избори за пласман во елиминациската фаза. Но, во очекување на дуелот во Њујорк несекојдневни сцени. Навивачите на Еквадор се испотепаа меѓу себе… Ecuador fans fighting each other in New York. pic.twitter.com/YM4pOfu5jJ — World Cup HQ (@WorldCup26HQ) ...
Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 15 години загуби и на вториот пријателски натпревар против соодветната селекција на Албанија. По поразот на првиот контролен дуел во Корча од 4-1, избраниците на Горан Станковски загубија и на вториот тест, овој пат со 0-2 на дуелот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Стрелци на головите за Албанците беа Албион Ќорај во 60. минута и Сантјаго Перкола во 70. минута. Крадењето ...
Вардар триумфираше со убедливи 12-0 против италијанскиот нисколигаш Норчија на пријателскиот натпревар во рамките на подготовките во Италија пред настапите во квалификациите за Лигата на шампионите. Најефикасен во редовите на „вардарци“ беше Закариќ со пет гола, по двапати во листата со стрелци се запишаа Николов, Дурански и Пиреш, а Италијанците постигнаа и еден автогол. Следниот тест за Вардар е против екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, ...
Селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез, брутално ги критикуваше сите оние кои се сомневаа во неговите методи на работа на клупата на националниот тим. Босна и Херцеговина е позната како земја на милиони селектори. Секој знае како некој друг треба да си ја врши работата, особено водењето на фудбалската репрезентација. Поради тоа, критикуван беше и селекторот на репрезентацијата, Сергеј Барбарез, кој сега одлучи јавно да ги повика сите „експерти“. ...
Македонската кошаркарска репрезентација триумфираше со 91-87 на контролата против Бугарија во рамките на подготовките за претквалификациските натпревари за пласман на Евробаскетот 2029. Македонија победи на дуелот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје кој мина низ главно израмнета игра, со наизменично водство и на двете страни во текот на натпреварот. Бугарите подобро го почнаа мечот, па во 5.минута имаа предност од 10-15. Но, потоа со поените на ...
Македонската кошаркарска репрезентација во моментов во салата „Лазар Лечиќ“ во Градскиот парк во Скопје го игра пријателскиот натпревар со Бугарија во рамките на подготовките за престојните претквалификации за Евробаскетот 2028. Но, првата четвртина од дуелот беше одбележана од повредата на плејмејкерот на МЗТ Скопје, Марин Петков кој се повреди при обид да направи прекршок. Петков, според првите информации, заработил сериозна повреда на ...
Трејд пазарот во НБА се загрева уште повеќе по драфтот, а денеска е објавена уште една голема зделка. Шарлот Хорнетс ги испраќаат бековите Ламело Бол и Џош Грин во Минесота Тимбервулвс. Во спротивна насока ќе отидат Наз Рид, незаштитен избор од првата рунда во 2033 година, три замени за избор во првата рунда (2028, 2029 и 2030), како и три избора од втората рунда (2029, 2032 и 2033). BREAKING: The Charlotte Hornets are trading star guard ...
Кошаркарскиот клуб Рома СПКР, во кој Лука Дончиќ е еден од главните инвеститори, ги објави првите засилувања за следната сезона. Според италијанските новинари, станува збор за плејмејкерот Нико Манион, кој ќе добие пет милиони евра за тригодишен договор. Манион има 25 години, а претходните две сезони ги помина во Олимпија Милано, за која во Евролигата имаше просек од 4,2 поени и 2 асистенции за 11 и пол минути. Во интервју за Газета дело ...
По официјализирањето на соработката со Дарко Илиески, освојувачот на купот на Македонија, Силекс го објави и второто засилување за денеска. Нов играч на тимот од Кратово е Никола Богданоски, кој пристигнува од српскиот суперлигаш Напредак Крушевац. 27-годишниот Никола Богданоски настапува на крилните позиции во нападот, зад себе има настапи за повеќе клубови од Србија и Казахстан, како и настап за младата репрезентација на Македонија. ...
Голманот Марко Богдановски во наредните две сезони ќе биде меѓу стативите на Бутел Скопје и ќе формира голманско трио со Градимир Чаневски и Атанасиј Трсунов, потврди клубот од скопската населба. Богдановски доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две и пол години по трансферот од Аеродром, а во овој клуб бранеше од 2022 до 2024 година. 24-годишниот голман потекнува од редовите на Металург, а низ кариерата имаше настапи и за тимовите ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс го засили дефанзивниот ред со Дарко Илиески, кој во Кратово стигна од ГФК Охрид. 30-годишниот Дарко Илиески настапува на позицијата централен дефанзивец. Во својата кариера има настапувано за повеќе клубови од домашното првенство, а зад себе има и интернационално искуство во Ерменија, Словенија, Таџикистан и Албанија. „Станува збор за искусен и сигурен стопер кој со своите лидерски квалитети, цврста ...
Иранската фудбалска федерација официјално побара од ФИФА да не организира церемонии или промотивни активности поврзани со ЛГБТ движењето за време на натпреварот против Египет на Светското првенство во 2026 година. Како што објави „RMC Sport“, барањето е испратено пред натпреварот од третото коло од групната фаза, кој ќе се игра во сабота на стадионот „Лумен Филд“ во Сиетл. Неименуван претставник на иранската репрезентација изјави дека ставот ...
Одлуката на ФИФА да го промени примарниот критериум за местото на табелите на Светското првенство во фудбал, ставајќи го меѓусебниот дуел пред вкупната гол-разлика, предизвика лавина од негативни реакции и страв од сериозни контроверзи во последното коло од групната фаза. Критичарите предупредуваат дека овој систем предвреме го убива натпреварувачкиот дух. Веќе по првите две кола, дури девет репрезентации немаат за што да играат во последното ...
Фенербахче не успеа да ја одбрани титулата во Евролигата, но амбициозните газди на турскиот гигант се решени сериозно да инвестираат во играчкиот кадар за тимот на Шарунас Јасикевичиус во наредната сезона повторно да го нападне тронот на кошаркарска Европа. Информациите од Турција говорат дека Фенер веќе договорил две одлични засилувања, и тоа Шејвон Шилдс од Олимпија Милано и Брекстон Ки од Валенсија, кои ќе потпишат двогодишни договори со ...
Македонскиот ракометен шампион РК Вардар 1961 официјално се враќа во најелитното европско друштво по пауза од четири години. По добивањето на специјалната „вајлд-карта“ од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), денеска беа објавени и официјалните шешири пред утрешната ждрепка, каде двократниот европски првак се најде во последниот, четврти квалитативен шешир. Новата сезона во Лигата на шампионите со себе носи и радикални промени во ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Германија славеше на двете пресметки со Еквадор, со 4-0 во групната фаза од СП 2006 и со 4-2 на пријателски меч одигран во мај 2013 година. Германците се без пораз на последните ...
Марк Кукурелја е стандарден во шпанскиот состав на овој мундијал, а левиот бек во меѓувреме го комплеттираше и трансферот од соништата од Челси во редовите на Реал Мадрид. Дефанзивецот ќе ја има „неблагодарната задача“ да настапува на истата страна од теренот со Винисиус, левите бекови на Реал вообичаено имаат повеќе работа бидејќи Бразилецот не е премногу заинтересиран да помага во дефанзивните задачи, но Кукурелја воопшто не е загрижен ...
Златан Ибрахимовиќ има ангажман како ТВ-аналитичар на овој светски шампионат, а легендарниот голгетер не го криеше воодушевувањето од Керим Алајбеговиќ по одличното издание на новиот бисер на босанскиот фудбал во триумфот над Катар. Алајбеговиќ постигна гол за паметење уривајќи рекорд на Килијан Мбапе, но Златан повеќе од тој момент е импресиониран од една друга работа – самодовербата што овој 18-годишник ја покажа на најголемата сцена на ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски е нов член на италијанскиот прволигаш Наполи Баскет. Нашиот 25-годишен крилен кошаркар донесе одлука да остане во силното италијанско првенство (Серија А), прифаќајќи ја понудата на амбициозниот клуб од југот на Италија. Јакимовски претходно ја активираше излезната клаузула од договорот со Тренто, каде што ја помина својата успешна дебитантска сениорска сезона во Европа.За неговите ...
Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ повеќе не е член на Зенит откако денеска и официјално го раскина договорот со рускиот клуб. Димитријевиќ пристигна минатото лето во Зенит, но неколку месеци подоцна тој ги промени клупските бои, замина на позајмица и го облече дресот на Баерн Минхен, повторно настапувајќи во Евролигата. Македонецот по завршувањето на позајмицата требаше да се врати назад во Русија бидејќи имаше уште една ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период, а противник повторно ќе биде селекцијата на Бугарија. По првата проверка во Самоков, каде домашната селекција славеше победа, избраниците на селекторот Жозе Марија Берокал ќе имаат можност за ново мерење на силите со добро познатиот ривал, овојпат пред домашната публика. ...
Најголемите фудбалери на денешницата го вадат најдоброто од себе токму на најголемата сцена, доказ за тоа е и Винисиус, кој блеска за Бразил од почетокот на овој шампионат. Двата гола против Шкотска се уште еден доказ дека напаѓачот на Реал Мадрид е во топ-форма, Анчелоти ја промени формацијата, Винисиус играше поцентрално и одлично се снајде, покажувајќи дека секогаш е вистинска напаст за противниците. Против Шкотска беше МВП, како најава ...
Од самото доаѓање на Жељко Обрадовиќ за нов тренер на Панатинаикос се шпекулираше со бројни звучни имиња како потенцијални засилувања за ПАО, но никој не очекуваше првиот нов кошаркар под водство на српскиот стратег да дојде од лутиот ривал Олимпијакос. „Зелените“ синоќа ја шокираа кошаркарската јавност со објавата дека е потпишан договор со Мустафа Фал, одличниот центар кој со години беше дел од ротацијата на Олимпијакос, но пред само ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Канада за првпат се пласираше во нокаут фазата од едно СП. Канаѓаните се домаќини со најмал број на освоени бодови што влегле во нокаут-фазата (четири бода), рамо до рамо со САД на СП 1994. Јохам Манзамби и Рубен Варгас се првиот швајцарски тандем што постигнал голови на два мундијалски меча во низа, ...
Елиот Андерсон во следните 48 часа ќе стане најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата откако Манчестер сити влезе во завршна фаза од преговорите со Нотингем Форес за трансферот на одличниот играч за врска. Андерсон беше меѓу најстандардните фудбалери во Премиер-лигата минатата сезона, во меѓувреме стана незаменлив и во англиската репрезентација, па челниците на Сити неслучајно го избраа токму него како идеално засилување за летово и ...
Репрезентацијата на БиХ стигна до суперзначајна победа над Катар на стадионот во Сиетл, а Амар Мемиќ не ја криеше благодарноста до навивачите кои им дадоа огромна поддршка на избраниците на селекторот Барбарез и на овој натпревар. „Овде беше како да играме дома, пред нашиот народ, а се наоѓаме во Америка. Горд сум на себе, на момците, на целата држава. Сите може само да слушате и да уживате во оваа атмосфера“, еуфоричен беше Мемиќ по ...
Един Џеко со години наназад е апсолутен лидер на репрезентацијата на БиХ, тој се опорави од повредата за да може да ја предводи својата селекција на БиХ, но не сме навикнати да го гледаме големиот ас во епизода како онаа во второто полувреме од синоќешниот меч со Катар, кога збесна на одлуката на селекторот Барбарез да го повлече од игра. Един беше видно незадоволен кога го виде својот број на семафорот што судијата го држеше за замена, седна ...